Да им мине побргу на сите дечиња.Уште @thinkerbell ја чекам да каже дека е подобра малата. Дојдов да кажам дека сум задоволна од четкичкава од ДМ.Не е скапа а многу е мека.Има мала глава и баш лесно се користи и во најмала уста.За почеток е одлична. Имав и чико ама влакната ко боцки и се.Ја фрлив.
паста такви работи???? или на суво, дали со вода или баш на суво..... абе имам напрсток од аптека, никако да се нафатам на овој чекор....ах.... знам дека ќе е комплицирано, не си ставам сол на жива рана Ако може да споделиш почетоците какви ви беа.... со лажење, со играчки, со песни, со тинтири минтири
@Mia Fuentes ќути, од памет се извадив, си велам толку од забите да е.. Абе се прекршваше. Здравје, поминва полека. @Emma2 бубната @babydust истата ја имам, и мојата ја сака. Чисто на прво ја зедов и задоволна сум @NewMama фала Капките, сирупи што пишува до 25с кај ги чувате, во фрижидер или не?? Не пиши на нив во фрижидер, па да видам вие како прајте.
@Makedonka007 Јас чувам во фрижидер. Дома тт ми е 26,27 степени сеуште. @FreeMind многу рано почнале петките . Почна ли да збори малата?
@Makedonka007 Со помин нека ви е @Emma2 јас веќе една недела и ги мијам забите пред спиење со четкичка и паста - на Фрезидерм имам земено , баш тука и една членка ја пофали , па прифати да се мие , среќа нема плачки и сл Ние денес бевме на контрола по роденденот , пораснала 1 см , а во килажа 50грама додала тоа е од година па натака веќе нема многу во килажа додавање , секако очекувано. Ми рече можам се да и давам да јаде. Баш се. Ете за мед не ја прашав. Ја прашав за доењето и очекував некој совет да ми даде како да ја одбивам веќе , ама ништо посебно не ми рече. Само ми рече можам и кравјо млеко да и давам. Пробав ама не сака да го пие. Не ми е толку за млеко да и давам , си јаде се на крај краева , ама како да се одучиме од цицање навечер. Е таков совет ми требаше ама не ми даде
@koritsaki јас давам подој само пред спиење, а ако прашуваш за преку вечер,имам во шише цеден сок оклу 1/3 и дополнето со вода. колку да заблажува , и ако сака да цица давам од тоа. Млеко кравјо или ад неќе да мирисне.
Фала Јас ќе ти дадам, оти пред 2 недели на иста мака бев. Речиси бев убедена дека нема шанси да сака, ама решителна станав и успеав. Пробав една вечер со млеко како демек барем да видам, не не, ни шише не допри, вриштеше, ајде дадов тогаш цице. Наредна ноќ реков пробвам да ја заспивам и точка. Пак ќе ја спомнам @BabyT, та ми рече се гледа дека се немаш решено, ако се имаш ќе откажеш. И зедов наредна вечер, прво ја уморив преку ден поќе, па пред заспивање убо вечерана, малку цртани, да и подзамижват очињата, и исклучив тв, почнав со нишање и пеење, (немаше светло во собата, од другата соба доаѓаше светлина малку), па таа плачи, јас пејам, та плачи, ја нишкам ја галам и пејам, едно време попушти, заспа и ја нишкав уште 10тина мин да влези во длабок сон, па ја легнав, и одма го зедов моб да пишам на форум оти стварно ми беше достигнување Ноќта стана, пак со нишање и заспа за 5мин. Другата ноќ пред спиење искапена, пак уморена, полесно одеше. И така три дена се навикна. Да ги издржиш плачките првата ноќ. После ќе е полесно
Од какво шише пие сок/вода? Мојата само од чаша пие , ваква Цуцла лажливка и давам навечер ама често ја плука и бара цице. Може треба да бидам по упорна да не и давам
Еден испадна и другите наскоро. Нон стоп е ваква: Ама пак уште овие се и готова сум јас. Ќе славам за последниот Почна да пушта на германски и англиски јазик. На македонски не, не и се свиѓа очигледно јазикот или преку папочна врска сум и ја пренела “љубовта” кон земјата
@koritsaki на иста мака сме биле хахха шише со цуцла неќе никакво, пие или од чаша или од јана шишенцата малечки за вода што се како со пластична цуцла , имам купено милион и во такво редам пробај
Подобра е да. Цела ноќ имаше тт, ама 37.7 до макс 38. Не дадов ништо, само гледав да не е претоплена. И со маж ми сме со подочњаци до колена, се менувавме синоќа на саат. Од сабајлево нема тт, ама носот де тече, де се затнува. И најново, името почна да си го кажува
Паста од старт ја користам на чико без флуор.На четката си има ознака ( сините влакненца) колку паста да ставиш.Јас само малку ставам за да има вкус.Е тоа што она сака да ја шмука и грицка четката е друг проблем.Па ќе и дадам малку да се гледа во огледало и се занесува со четката во уста.Па малку се инаетиме дај ми - на ти, и на крај четкам насекаде дур не почне да прета да престанам.Битно некако завршувам работа.Ќе си најдеш начин ама почнувај уште одма.Ќе стекнуваат навика постепено.Време е. @thinkerbell најлошото поминало,сега одморете малку. Иста е и мојава со рацете во уста по цел ден @FreeMind . Веќе цела недела е таква ама уште ги нема петките.Долните се местат,горе нема ништо.Ама не можам да се пожалам, онака ми е добричка.Или тек допрва ќе биде интересно.
Баш во другата тема прашував за кравјо млеко. Дали по годината може да конзумираат храна приготвена со кравјо,како на пример мафини?
Вчера излезе и доле десно. Мислам дека петките ги извади најлесно од сите заби досега. Се надевам и горните ќе искочат за две недели и нема рака да видам во уста повеќе! Кравјо за приготвување е од шест месеци. Можеш да спремаш оброци слободно со млекото. Кравјо за пиење воопшто не се препорачува за еден цел живот. Ама ако некој решил да му дава на детето тоа треба да е најмалце 1,5. Кравјото млеко може повеќе штета да му донесе на детето отколку корист, но изборот секако е ваш. Најмногу ќе им влијае на железото за некој месец.