@Sofi.ja јас од 13 м почнав со кравјо за приготвување каши и др јадења. Но не е некој фан и обично 100-120 мл максимум на 2-3 дена ги прима. @FreeMind се согласувам со тебе за млекото. Јас освен јогурт и млечни млеко немам пробано. Еве сум жива. Така планирам и со бебе. Додека цица ќе пие од мене после со к. млеко, јогурт, сирење ќе внесува. @Makedonka007 @thinkerbell со помин на дечињата. Зошто не чепчиња за тем? Синко со чепчиња е пораснат, а и на бебе 1-2 пати и имам ставено. Посигурно ми е. Ние пред спиење четкаме заби со силиконскиот напрсток. И со што би можеле само 2 запчиња има. Инаку има четка за гризење И забава. Немам време да пишам, во некоја збесната фаза сме. Само вреска, обесена за мене. Ако е на под, како пијавица за нога е фатена. Пак се врати на лазење. Оди само кога сака таа. Ноќе има мирни ноќи со 1 станување, но има како ноќеска 108736367284 станувања за цицка ( а не цица) И за во раце. Цела ноќ се галиме И мазиме. Сигурно заби ќе вади. Почна да надмигнува со двете очиња, многу е јака. Кога ќе ја прашам како се вика вели Нана ( Илијана) Таман во прво ќе си го каже целосно. Толку од нас.
Само мојата на два месеци вади заб. До три години се надевам ќе извади се. Синоќа ја касна оса за прст. И тоа во салон на тепих. Било је врло весело
Ве читам но никако да пишам. Несмеам мибилен да покажам пред синко одма кенка да му ги дадам, и после плаче зашто не го добива. Мобилните ни стојат во фиока, тоа р, ѕиркаме кој не барал. Инаку одиме, трчаме, 13 месеци е, јаде, прибира, цела рака во уста се лигави од заби. Навечер само пие млеко на ад сме и планирам да продолжам со козјо млеко, проба еднаш и горе доле го испи па ќе видиме, вака јаде кисело млеко козјо, овчо и тн. Не го интересираат играчки и веќе ннезнам со што да го занимавам, гледа цртани преку ден кога ќе му пуштиме не премногу, обично на српски и македонски, поретко на англиски, зашто сметам дека дете кога прозборува треба да збори првин на мајчин јазик а не на друг, почесто слушам коментари од типот повеќе знае англиски туку мкд, за мене тоа не е во ред. Има време и место за учење на друг јазик. Страв имам од претстојниот период, му давам бекутан омега сируп, ќе продолжам со вит д.
Ти кажав 5ките се мачкина кашлица,3ките душа вадат. Јас кравјо само кисело млеко и сирење давам.Ретко пие чоколадно,обично дозволувам ако протестира за јадење па колку да знам дека внесла нешто,ма да исто ко ништо.Ништо корисно нема.
Синко јаде палента за доручек секој можен ден. Само тоа сака да јаде, или ке е палента со јогурт, или ке е со абц сир. Ставам и јајце два пати неделно. Благо не сака да види. Овошје никакво не сака. Ручек скоро се јаде, освен спанаќ, денес само 100 гр изеде. За вечера се водат битки, ништо не сака, инстант каши гриз ориз. Понекогаш пудинг ке дадам ама не е тоа решение. Нудам животинско царство, едвај парче две. И за вечера ке почнам палента да давам. Кај синко 4ки и 3ки на една мака, не знам кои беа поопасни.
Некаде прочитав дека пред да проодат имаат фаза за во раце или грешка сум? Иначе е многу самостојно бебе шо никогаш не сакала да биде во раце, е сега е како коалче, значи буквално е закачена за мене по целллл ден. Утешете ме дека фаза оти тешка е душа немам 11+ е и се пушта по два три чекори. Две четворки испаднаа уште две се на ред За тројкиве паника ме фака од шо ве читав колку се лоши и плус осекам дека ке бидат одма после четворките раат јок
Де бре. Што се жалиш Ние на палента живееме. Секој ден, минимум два пати. И мојата несака благо. Од овошје сака малини и кисели работи. Па еве, добра е. Рачунај, зеленчук никаков не јаде Јас не се нервирам одамна. Едит : Пробај палента со путер и овошје. Јаболко, слива или малини. Може ке пројаде.
Како изгледа нејадење од заби? Неколку денови ми одбива секаква храна, без воопшто да проба. До сега кога вадел заби сме немале ваков проблем. А реално не покажува некоја болка или да плаче од тоа што го боли. Весел си е нормално, само што ќе доближам лажица, врти глава. Од дете лапачко, прав нејадач е деновиве. 4ки отечени, хорор. Бај д веј. Еден трофеј за мајките со деца нејадачи. Какви живци треба за ова?
Може палента два пати? Решен проблем и за вечера. Ручек јаде синко. Е сега јаде, јадење значи молење. Некој од татко му или бабите глуми театар, јас го хранам. Ама го земам во скут, он нешто мота по раце и така отвара уста. Механички е, знам. Пасирно е а џвака и кине корка без мака. Ама подобро така отколку ништо. Спремен е да не јаде ништо. Еее живци ние немаме. Месец и пол, скоро 2, сите 4ки и 3ки ги преживеа на цицка. Весел, плаче повремено и не јаде. Ништо. А понудено му беше се, од брокула до чоколадо.
Баш така беше за тројките, јадач голем од сам почеток, за 3ките нз на што живееше, не цицаше, млеко не запи никакво, само некои глупости, кроасани јадеше, нз не се сеќавам што јадеше, ама знам дека по 3 јадења правев и ништо не каснуваше...лошо беше, за 4ките поблага варијанта од ова.
Не сте сами. 14 месеци само 2 кеца долу има. Многу ни се слични бебушкиве. Со мали стапалца, палчици... Само што мојата палента не сака освен со јаболко цвекло @Мариаа. Ќе се разјади зетко. Ако не праќај го кај баба. Живци еден тон требаат. Ама период им е поминува.
Аф... Сите заби извадивте ние на 13 месеци само со кецовите останавме. За кравјо млеко сте пишале со големиот мислев дека сум свезнајна (ама ич не сум била) давав од полни 6 месеци ама затоа па сега давам само еднаш неделно во каши и тоа многу малку количински. Така и ќе остане. Уште цицаме а кога ќе се одбиеме не планирам да давам да пие. Инаку сакав да прашам од поодамна ама не ми се вдаде да пишам. Во последно време почна многу интензивно да лази и да се исправа и паѓа и веќе почнаа модрици на нозе да излагаат. Прво реков да проверувам крв да не е нешто сериозно после ми текна од што може да биде. Кај вас останатите дали е така? Или сепак да посетам лекар?
Нормално е, ке се чукни некаде нема да го сетиш. И мојов беше така дури лазеше, паѓаше на играчките и со модрици беше.
Луѓе дете не јаде цела недела, само млеко пие, вода и сол. Дали сте имале таков проблем при излегување на 3ки?
Девојки не знаев каде да го поставам прашањево, се надевам дека овде е во ред. Ако не, нека го преместат. Внук ми има 1 година и 10 месеци. Денес им се јавија за ревакцина за Mrp, а јас како што знам ревакцина се става кога ќе почнат на училиште. Има некој вакво искуство? Не е многу рано за ревакцина? А вакцината Мrp ја прими пред 3 месеци.
Да не им се јавиле за ревакцината на 18мес.што е од петовалентната вакцина да не не се разбрале убаво. Ммр се прима на 13 мес .па после таму на 6 години незнам кога точно беше.
Сол како јаде? Оти со вода и млеко сигурно не му раствараш па ме збуни Ако ја прими пред година, на мрп има уште една ревакцина ама на 16или18 месеци така мислам