Денес примивме Мрп, ми рекоа реакција најчесто се јавува тт или осип околу 8ми ден. Бевме од 11ч. цел ден си е со вообичаено расположение како и обично. Сега кога се разбуди од преспивање се истури на два пати од повраќање во млаз и од уста и нос. Јаден е денес оброци кои ги имал и претходно , немаше ништо ново. Дали е можно повраќањево да е реакција од вакцинава ?
@MilaSs12 не давам павлака ама не ми текнало, давам кисело млеко, а зошто не би смеело на пр. павлака , имаш чуено нешто? @Neda997 сол ? патем да ве прашам да не знаете на пр. зошто цеден сок не смее да се дава (освем шеќерите што ги содржи) сум прочитала во две литератури дека не се препорачува поради бактерии, но јас и онака свежо овошје давам. Некои од вас го обварувате ?
Не, знам дека зденките воопшто не се здрави, ни за возрасни, па се замислив дали и павлаката е нездрава. Има поинаков вкус, би дала со палента, ама не сум сигурна дали да дадам. Немам слушнато дека цедени сокови не треба. Која е разлика од свежо јаболко до цедено јаболко? И зошто не шеќери? Па тоа се природни шеќери. Овде сите деца се над 1 година. Сите доктори велат може исто што и возрасни да јадат, ама со минимална количина сол.
па затоа се чудам, зошто не цедено а свежо може. Чудно ми е , мојот мн сака сок ,ако нема сок навечер наместо цицање немам што да давам.
Ноќе освен вода не треба ништо. Ни цицање нема потреба. Ќе се расипат забите. Преку ден не гледам зошто да не се дава сок, ама пак не по цел ден да пие. Еднаш седнува испива и готово. Од постојано пиење сокови се расипуваат заби, од тој аспект не е добро.
да знам, затоа туривам во шишето(јана со пластична цуцла) скоро до пола па го мешам со вода, дење давам само вода.... и јас си го научив така лошо... станува и плаче не запира ако не цица , и почнав затоа сок да му давам... секоја вечер викам од денес ќе прекинам ама ете уште истото... 12 месеци сме скоро 13
Викаат и препорачуваат овошјето да се изеде веднаш и на тој начин ќе се внесат витамините. Со самото цедење се губат витамините. Некој постручно можеби знае да го објасни. Верувам дека има врска со тоа колку повеќе стои сокот толку побрзо се губат витамините
Очекувај за максимум година циркуларен кариес, сронети заби, гноеви... Направи си услуга и на себе и на детето, престани да даваш. Ќе плаче еден период, па ќе се навикне. Ништо не значи што го мешаш пола пола.
Мојата пак не пие сок. Воопшто. И не нудам. Не гледам некоја потреба. Овошје веќе од 9-10 месеци не варам, свежо го давам, блендирано, рендано или парчиња пред да го дадам. И синко не пие сокови. Нити свежо цедени. Многу ретко портокал кога е болен . Ноќе бебуш сеуште бара цице. Некогаш ретко, некогаш почесто. Повеќе како утеха при заби, но И едноставно од потребата за Мама. Гледам во последно време и не цица ноќе. Само се буди ќе побара И презаспива,или се гали.Вода си пие преку ден. @Mamy. Јас сега на 13 месеци дадов прв пат свинско. ]
Јас од бебе ја научив навечер млеко не. Тогаш се консултирав со педијатар, ми кажа дека подобро е кога е уште помалечка да ја научам навечер после 9-10 млеко да не пие, отколу кога е пораснета потешко ќе ја искоренам таа навика да станува навечер за млеко/сок/вода. Имаше периоди кога се будеше навечер за млеко, ама тоа дали 2 пати во годината се деси. Јас сок давам или 100% или компот без шеќер од праска, јаболка или слива. Исто така со консултација со педијатар за примање на 100% сок од слива или праска, бидејќи имаше ептен ептен тврда столица и освен со тие 2 врсти на сок, друго ништо не ни помагаше. Свинско и јас воведов после 1 година, ама џа - бе, нит пилешко, нит риба а недај Боже свинско да јаде. Ептен ептен ретко, еден пат во 2 месеци може 2 мали парчиња месо да јаде. Претежно сме на млечни производи, брокула, карфиол, краставица, домат, пиперка, апсолутно се од овошје и зеленчук. Дете од никаде качи температура, нема ни секрет, нити ништо. Мислам дека е поради вадење на 3ки, и цела недела не јаде ништо.
Да. Овде се прима вакцина и ревакцина на мрп. Потребно е само месец дена растојание. Три месеци е доволно време за ревакцина. Со вакцината има 95% имунитет и му фали уште делот кој недостасува со ревакцина. Најчесто никаква реакција нема на ревакцината. Сосем е во ред, нека ја прими. Ако почне на англиски да збори претпоставувам во школо нема мајчиниот јазик да го научи или? Цртаните влијаат на застој на говор. Влијаат, а не се 100% причинители. Штом детето почне да збори на било кој јазик цртаните не влијаат повеќе. Тоа се смета за прозборено дете. Не се плашете нема дете кое мајчин јазик не зборува не е возможно тоа. И да не сака ќе го збори зошто е мајчин
и мене ми е страв најмн од кариес , свесна сум за тоа и зафоа сакам и сок да му укинам , иако не давам мн , само 150 мл. Преку ден пие вода или јогурт. Инаку не се будеше навечер еден период од 2 месеци за ништо... ама пред да наполни годинка се смена многу, најверојатно поради забчињата што почнаа наеднаш да му растат, сепак ми е мн страв од кариес па ќе го искоренам и ова. Добро утро од нас ,сега се будиме
Денес пак плачки во градинка, 5 дена не беше со викенд ако сметамени толку е. Маж ми ја носеше и ми се јавува целиот потресен "Леле што направив, леле детето го оставив плачеше". А мене ми викаше е добро де, ќе плаче, мора да се навикне. А сега грутка во гради имал вика. Туку сакав да прашам на 18 месеци колку збореа вашите? Мојава многу зборови кажува, само повторува по нас, знае како се викаме сите, куклите по име ги кажува, ама не сврзува по два збора. Сите зборови и се со значење, разбира се што ќе кажеме, сите делови на телото ги знае, до веѓа до трепка, и ги кажува точно, ама реченица со два збора никако.
Исто како мојата. Сврзување на два збора ќе имаш набрзо, нема ни да приметиш. Не памтам точно кога, ама отприлика 19 - 20 месеци да била кога почна и цела реченица да кажува. Поврзувај и ти, како вежба. Пример знае да каже Маче и Мјау. Ти вака ќе и повторувашЧ Мачето прави Мјау. Пилето пее. Кучето ав ав. Немаш никаква причина за загриженост.
Прв ден во градинка со плачки, најгласна била таму, ептен протестирала, кога си ја земав одма се расположи. Што знам мислам дека ќе се навикнат. Околу зборењето исто на 18м зборови само сега на 20м сврзува 3, 4 збора. Мама и тато имат патики. Јас имам кики. Јас пиам вода. Јас сакам миам, сакам бањам, сакам љуљам. И пее песни
Незнам од кога може да се смета детето за прозборено, моево сврзува по 4 збора. Раскажува што гледа, што прави. Најчесто користи по 3 збора во реченица. Моево мислам дека прооде и прозборе од мака, за да го стигне брат му. Си играат заедно го разбира концептот на играта, на пример купуваат продаваат, чуваат бебиња. И големиот ќе му каже ајде сега бебињата ќе спијат, или ќе јадат, и малиот му носи храна ги рани. Или па ми даваат парички и купуваат нешто од мене. Кај мене маката е што неможам поединечно да работам со нив, зошто обавезно се прават заедно.