Moјата дури сега(2г1м) почна да користи ЈАС, ТИ, Секогаш кажуваше: *Името* пие вода. *името* се бања...
Здраво мајки,споделете некое искуство за заспивање на 20 мес бебе,се успиваме во лулашка,сакав да сменам малку да си олеснам☺
Ние ако не сака нешто да прави и и викаме јас, јас и она трча она да го направи и од таму и дојде и ЈАС да кажува, инаку си го кажуваше името.
Ајде јас пак. Добро е, весела ја земал. Па пољупци на учителката, смеење, се по ред. Јадела супер, што многу ме радува дека не одбива јадење. Од утре со спиење. Тоа е, мора. Па пак викенд па плачки од понеделник. Туку имам грижа на совест што се радувам на моментот што она ќе биде во градинка, а јас втора смена од понеделник, па ќе имам време на фризер конечно да се исфарбам и ишишам.
Јас се молзев и оставав млеко за да даваат татко му или бабите, за јас да излезам. Одевме во кафана со маж ми, јас излегував со другарки и се радував на тие моменти. Откако закрепнав од царскиот, му давав да цица а јас излегував на еден час. Здрав разум е многу битна работа во мајчинството.
Какви топлинки да купам за веќе проодено дете? Во стилот на Кеги, Пеко-Цицибан или нешто друго? Веќе му е ладно на ламинат.
И моето така уште за него вели Гого Дојди мацо Гого ова од денес, да дојдело мачето кај него. Гого пија вода да. (Сакал вода да пија) Нејќит Гого.... (ако несака нешто) итн.. 22 месеци на 10.10 прави, за мене вели мајка ти, поретко мама или мамо, и на име некогаш ме вика баба ти, дедо ти...знае и баба и дедо да речи, како ќе му дојди во моментот Вујце и цице (вујче и чиче). Почна да врзува (КОНЕЧНО) повеќе часа сон, станува еднаш или двапати и си презаспива, не бара ни вода повеќе, дали конечно ќе имам малку сон и јас или 5ките, кои се на пат пак ќе ми го пореметат мирот
Само Пливит Д3 друго ништо досега немам даено, еве го 22 месеци е. @TeddyGrey уфф дај Боже и кај синко така да е
Кеги колев му купив јас. Во кеги имаа поубави модели за око ама позгодно ми беше во сити мол да одам. Сега имаш попуст и таму и таму. Ама не се сите меки и убаво свивливи, види си ги во живо. На синко не се дебели, имаат дупчиња, колку да не му е ладно на паркет. Цицибан се анатомски, ортопед не препорачува такви. Во ваикики има убави, ама броеви нема многу избор.
Мало е. На 14 ги има сите заби од 1 до 4, горе и доле. Како што читав и за тоа е мал. Денеска одби палента. Сега го намолив ручекот да го изеде. Доле 5ките се како отечени. Можеби и халуцинирам. Памет немам со нејадењево.
А ако ти е за низ дома само, во чорапари и во Waikiki имаш онакви чорапи со кожа одоздола. Супер дебели се и не се лизгаат. Околу 250 беа. Јас такви планирам, но ние имаме теписони низ дома.
Јас на Кеги Колев И зедов. Но оние најмалите за проодување. Мм од Кеги шус И донесе вакви. Но јас дома над тенки чорапи оние со гума И ставам. Вигантол по 2 капки. Вчера педијатар ми рече И бебето Омега да давам со паузи.
Има ли друго некое детенце што е со зборењето како моето? Све разбира,не фаќа не носи за рака и покажува што сака да му дадеме,ме носи до фрижидерот и бара ам ам. Ама вика само Мама,Тато,Дедо,Баба,Бебе,Тето, Мамун за мајмун името си го кажува,имињата на неколку блиски им ги знаее. Ама предмети друго нешто не. Ако нешто не сака вика не а за да клима со главата. Денес го прашувам каде спиел вика дедо,кај дедо му спиел. Ах со ова зборењево збрлавев а и плус ммр ја ставив. Иначе после три месеци почна да јаде а сега откако ја ставивме вакцината еве седми ден само меле нешто. 21 месец е.
И мојата така ги извади ама 5ки ќе почекаат. Еве сега на @FreeMind почна да ги вади, а и, мојата дава знаци и двете рано вадеа заби. Ако те маче со јадење јас би пробала со сируп за апетит, кај мојата имаат резултат.
Пие. Месец и пол не јадеше додека вадеше 4ки и 3ки. Пие малтофер затоа што е анемичен, плус бекутан мултивитамин. Јадеше до вчера. Денес и вчера едвај го намоливме да отвори уста. А и почна пак да става раце во уста. Можеби овие го чешаат што веќе пробиле, можеби 5ки се спремаат. Само сакам да јаде, опседната сум со тоа. Пред бекутан пробав пилпвит и пикомулти, не ги сакаше.