Мојот пројдае одкако почнав да му давам Бекутам б витамини и самбукол. Ама не одма поссле еден месец одприлика.
Девојки малиов еве втор ден како се утепува од плачење кога спие. Значи навечер се буди мижи и плаче и ништо не помага дур се исплаче. Во текот на ноќта се буди сигурно едно 5 6 пати. Денес и на дневната дремка се разбуди со вриштење. Ноќен терор исклучувам како можен причинител. Сесомневам да не е увото, некогаш се врти на лева страна со главата ја навалува, некогаш знае и да се фати со рачето. Ама ова се случува само додека спие. Дур е ден си е весел, си игра. Ако е увото нели би имал константна болка?
Иста беше и мојата вчера, јас препишувам на 5ките. И дадов пола доза сируп и заспа. Прво мислев дека е заради првиот ден во градинка, ама после почна да трла ушите и да ги става раците во уста.
@BabyT* Може од градинка да И биде. Синко кога почна цел месец плачеше ноќе. Ако го земев во раце се туркаше бегање, ако го спуштев во креветче пак плачеше. Но И забите се причина.
Незнам, може и да е тоа. Така прави и ако ја оставам неколку часа со баба и. Веројатно се вознемирува, се надевам ќе помине. @thinkerbell како поминувате кога дома сте за викенд и после пак одново? Денеска многу подобро поминавме.
Исто и мојов, 12м има без некој ден Вчера од 12ипол скоро до 3, кенкање,плачење со затворени очи, па ај ќе цица,па ај вода,цуцла...на крај му ги соблеков чорапите и заспа. Не знам дали беше до чорапите или нешто друго,ама не беше топло во собата,под 20 степени сигурно и јас со чорапи спиев... Можеби има врска и тоа што дедо му го чува од сабајле,јас тргнав на работа Ама не ме бара и не плаче,убаво се дружат... Ако е до тоа ,што да кажам за две недели кога планирам во градинка да тргне...
Исто е и кај нас две вечери по ред се буди и плаче. Не сака ни млеко го земам во раце се смирува и после неколку минути пак плаче. Пред неколку дена наполни година да не е некој скок во развој?
Имам шанса да се вработам, добра понуда шо не се пропушта, има кој да го чува син ми само како да соберам сили и да прифатам. Премногу ми е тешко, помислата да се оделам од него ме боли, а од друга страна и седењето дома ми е психички тешко. Се изнаплачев овие 2 дена.. Дајте ми кураж вие што сте вработени мајки, незнам како ке издржам..
Колкави сте? А зошто да не прифатиш добра работа. Дете ке порасне, плус има кој да ти го чува. Јас немав таква среќа. Дадов отказ од работа која многу си ја сакав. Сега седам дома и со душа чекам да дојде пролет, да ја пуштам во градинка и да одам на работа. Не пропуштај шанса.
Да те окуражам со тоа што поскоро тоа подобро и за тебе и за него. Многу се приврзуваме и после е уште потешко да го оставиш. Јас решив да почне во градинка и иако мислев дека е друштвена и дека ќе се справе од нога, најгласна била таму со плачење, срцето ми се кине кога ми кажуваат ама неможе цел живот за мама заврзана.
Ако ти е тешко седењето дома, ќе се преродиш кога ќе тргнеш на работа. Јас едвај чекав да се вратам на работа, и супер се осеќав кога почнав. Ич да не се мислиш. Може помалку време ќе поминуваш со детето, ама тоа некогаш мора да се случи, а во моменталнава состојба добра работна понуда не се пропушта. Ако имаш доверба кај што ќе го оставиш, одма прифаќај ја понудата.
ајде и јас да те поддржам да си почнеш со работа... помисли и на тоа дека паричка плус добро ќе дојде за сите , за синко највеќе!!! Таман е со возраста, моиве денес 17 прават, доколку сум во твоја ситуација би ги пуштила одма.. ама јас имам некакви си привилегии да влечам уште малце дека државно работам , па барем до кај нова година ќе се снаоѓаме со мене, а до пролет баби нека му ја мислат ... тоа е... време лета .... треба и за нас конечно да ни дојде времето, животот си тера...
Пред нецел месец и јас почнав на работа, одма се прилагодив, се мешаш во луѓе, кафе пијано, мисли сменати, енергија обновена. Си идам дома имам поќе енергија и гледам остатокот од денот да го поминам со неа. Малку ми е тешко дека порано 24 /7 сега пократко, со баба и поќе седат играт, ама знам дека мора да дојди таков период. Од дома постојано седење нема многу корист, можи само нерви да изгубиш, на секој чоек му треба малку промена. Па ако и работата е одлична како што велиш, ич не му ја мисли. Среќно!
Сепак не биле 5ки. Денеска регуларно си јадеше палента за доручек и телешко за ручек. За вечера гриз со ад планирам, ама ке видиме. Се насекирав, таман доби боја и почна да го враќа обравчињата.
@thinkerbell и мојата еве 18 месеци, се повторува што и кажуваме, но уште не збрзува два збора. Кога кажува за неа се кажува со име, одговара на се што ќе ја прашаш, извршува команди. Најново ја истура цела кутија полна со играчки и вика бомбаа. Само тоа и е интересно да ги растури и толку. И многу сака да се качува на двосед, тросед, трпезариска маса, прав каскадер. Ако свртам поглед 2 мин и ја гледам некаде искачена, одма ми поминуваат милион мисли. Но не ме слуша, тоа и е омилено сега. Во врска со тргнување на работа, не се ни мислете ако имате можност. Многу подобро стојам психички од кога одам на работа.
@paleska3 @thinkerbell Мојата сега наполни 15м, уште не зборува, не вели ни мама. Кога ќе и дојди неколку пати на ден ќе речи тата, нешто гласови како ма, не, ха Иначе не распознава кои сме, мм и вели кај е мама и покажува кон мене, знае тато, баба. Носи ако и речам нешто, ама не збора уште. Плус не е ни проодена. Какви беа вашите на 15м? Кажете и некој збор на мајкава да не се паничи. Некои денови ич не се нервирам, ќе си прооди ќе си прозбори си велам, ама некои денови како сега ептен паѓам психички. Сите деца во околината проодеа, дури и помали од неа по 3 месеци, тука во групата па сигурно последни сме шо немаме проодено
Ние проодевме на 15 soo what Ќе одиби алапача најголема ќе биде. И мојава не збори. Али брбља на велико @MilaSs12 Ке ти ја дадам мојава на чување. Исто мени имаат изгледа секој ден