ние сме 12+ за некој ден 13, сеуште има страв да се пушти , а може да оди и сам. За зборување абер нема , си брбља по негово ама разбира многу работи,ќе си проодат ќе си прозборат
Да не готвиме посебно. Еднаш јас, еднаш ти. Синко јасно кажува мама деде баба тата, и имитира ајде ајде, бре и слично.
Па знам среќиче, ние и вие бевме, останавме само ние Нека збора колку сака, само нека збора. @NewMama така е.
@Makedonka007 воопшто немаш потреба за грижа. Секое дете си е различно. Треба само да следиш дали извршува команди, дали те разбира што зборуваш. Мојата релативно рано почна да кажува зборови, но тоа е индивидуално, може да прочиташ на темава имаме доста зборувано за тоа. Некаде поназад објаснувавме до кој месец кое што прави, секакви искуства. Нема место за паника, ќе си прозбори и преоди кога ќе и дојде време
Исто со плачење сме деновиве ама гледам денес отечено непцето доле за 2ки. Секое вадење заби кај нас е со плачење ноќно време. Во која градинка го запишавте ? Ние уште чекаме, има место, па нема .. ова во аеродром.
Фала ви мајки најмногу Прифатив, за брзо почнувам. Знам дека ке му е убаво дома, убаво би го чувале, само ете на мене ке ми треба изгледа време за адаптација како на децата во градинка. Криво ми е шо имав можност ама неможам да доседам дома, во последно се осеќам дека психички запаѓам, анксиозност ме напаѓа, депресивни мисли, стравови и што уште не.. Хормонално ли е или до монотонијата од седење дома незнам, само знам дека се осеќам изгубено, и имам препорака од психолог да почнам со работа за да би се вратила во 'колосек' шо би се рекло. Тешко ми е многу, ете преемотивна станав мајчинството многу ме смени, ама се надевам на подобро. Ве гушкам
@BabyT* нас не фати викенд и плус 3 дена дека пак ми настина. Тргна во четвртокот и плачки само насабајле имало, кога ја оставал татко и. Вчера остана и на спиење, спиела саат ипол што е одлично за прв пат. Мислев ќе биде полошо, ама ок е. Па шкртки цртежи има и од неа истакнато на влезот, а мајкава ќе пукне од гордост
Кој патики беа поголеми адидас или наик? До сега само адидас сум и купувала, но сега меркам и наик ама незнам кој број да земам? Некако малава за еден месец ги надрасна 22-ка адидас, незнам дали да земам 23 или директно 24? Ногата со брзина на светлината и расти
Во продавница ме убедуваа дека најк имале поголем калап а јас што имам, најк се помали. Синко носи 22 а има и 23,5 најк. Можам да кажам дека 23,5ката е прилично поголема од 22ка.
Адидас. За еден цел број им е различен калапот, ги споредував влошките. Мојава носи моментално 23 адидас. Таман и се според дефиниција на ортопедот, еден прст да има напред луфта. Ми се гледа големко, ама цел број надрасна за еден месец. Инаку јас и ставам маска и со мене во продавница ја земам. Најсигурно ми е за да не губам после време со замени. Макс 10 мин се задржуваме.
Јас ја вадам влошката и мерам до кај и е ножето, сега на 22-ката гледам скроз и е напред, плус на адидасот има и ознака до кај треба да биде.
Добро двојките за избивање толку ли се мачни и тешки? Ами кај се другите, посебно катниците. пред да пробие едната горна двојка беше леле мајко. Ден два се смири пак сега иста прича. Не се спие навечер. Ноќеска беше вртаници низ кревет чиниш ора. На првото по 4 одеднаш му излегува и пак не беше толку нервозен. (Него тантрумите јако го дрмнаа).
@marchi-cool ние немавме ама ич мака со двојките и катните , преку ноќ си излегоа, ама сега со тројките сме уништени, ни спиење ни јадење.
Јас кога ја оставав малата сите плачеа, дури некои беа од почеток на септември тргнати, ама внатре си играле не плачеле. Таа разделбата со мајка /татко ја сфаќам како ок, само додека не плаче таму.