И мојата сама оди, ама некако не се пушта онака слободно. Повеќе лази. Пред некој ден неколку пати стануваше од земја простум за да се пушта, па падна на уста. Многу плачеше И некако се заплаши. Вежбаме, ама не ја присилувам. За брборење брбори по нејзино, кажува некои зборови, важно се разбира. Ќе прашував @FreeMind мислам за ова има пишувано. Бебе цел ден е со мене. Нормално јас со обврски не можам цело време да ја анимирам. На под е скоро цело време. Кај јас таму и таа. Се заигрува со посатките во кујна, со чевлињата нејзини пред врата... На телевизија и пуштам детски песни, ги слуша, распознава, игра на нив ама не се загледува повеќе од 2-3 мин. Во денот 1-2 часа и читам, учам каде е носето, очето... И давам наредби однеси донеси. Нормално неколку часа ги спие, јаде, пресоблекува, но останатото време е сама на под, јас цело тоа време ја надгледувам, и зборувам ( комуницираме) ама ми е страв да не е запоставена. Колку време треба да се посветува онака буквално или доволно е вака?
Синко вчера и денес само кива, сабајлево и носето му потече...што да му дадам...ми настинува изгледа,а...15м е
Во врска со занимавањето , исто и јас понекогаш се прашувам дали доволно и посветувам внимание.. два пати во текот на денот и пуштам песнички и веќе ги имам научено на памет па и ги пејам и пуштам песнички кога треба да завршам некоја работа а нема кој да ја чува, цело време гледам да и зборувам колку можам секако поради обврски со големата (имаш и ти поголемо дете знаеш како е ) па не можам и неа да ја запоставам, седиме учиме и за тоа време татко и ја шета надвор. Од 24 часа , 20 е со мене што викаш исто, се заигрува во кујна со лажици дрвени, отвара затвора фиоки , па со чевлите ќе се заигра. За нејзина возраст мислам ок разбира , покажува со прст што сака, знае кој е кој, си брбори понекогаш нешто, најчесто кажува мама, баба , папа , тата
Ова е многу широка тема. Да се обидам накратко да ја скоцкам во неколку реченици. 1. Зависи кој какви очекувања, надежи и можности има за своето дете. Ако се зборува за класичен просек нека е живо и здраво со сите петки во една земја како Македонија каде не ти ни треба нешто многу за успех освен дебели врски тогаш анимирањето на детето може да се сведе и на гледање турски серии. Буквално. Доволен е домот, бабите и дедовците и комшиите се разбира. 2. Доколку од детето се очекува некое поголемо достигнување или насочување кон нешто поголемо тогаш со детето се работи од 0 месеци до 18 години. Јас овде за пример ќе ја земам @danichap која е мајка на која слободно може да и се поклониме сите стоечки. Кога мислам на активна работа со деца мислам на Дани. Дани секојдневно работи развојни игри без ни ден пауза. Дани може своите деца слободно да ги тестира со останати деца на иста возраст и јавно да ги објави резултатите. Но, ние не сме Дани и не може да бидеме. 3. Тука сме сите ние просечни душички кои се обидуваме на некаков начин да ги стимулираме и анимираме своите деца. За континуиран развој за високи очекување со детето се работи од будење до заспивање. Бидејќи бев со малата до 15 месеци дома мојот ден изгледаше разочарувачки во однос на очекувањата и обврските кои ги имав од себе. Денот изгледаше вака: - будење во 6.30/7ч - развојни игри до 9 часот - појадок со кокомелон - од 11 часот на прошетка во природа -13ч дремка -14 ручек со кокомелон и останати цртани до 16 ч воедно одмор за мене - играње фудбал, ракомет, криенка низ дома - прошетка во природа до 18/19 ч - развојни игри математика и логика ( тука се сортерите, боите и дрвените играчки за редење) - вечера и спиење Од кога оди во градинка каде е под педагошки надзор денот изгледа вака: - 7 будење и спремање за во градинка - 15.30/16 ч е дома играње фудбал, брканица, искачување на справи, ракомет, тенис, сликање - 17 ч прошетка во природа - 18 ч вечера со кокомелон - 19ч е во кревет со мечиња, кукли и остали играчки Фактички градинката го презема развојот составила сложувалка со три дела, реди сортер со голема брзина, точно разбира што е круг, коцка, петоаголник, знае да разговара со кукли и животни со гласови, да работи во “кујна”, да имитира песнички со игра. Сакала најмногу да си игра со животните и да црта. Била социјално активна личност која си барала и мир и сакала и сама да си игра. Знае да се качи сама на лизгалка и да се лизга, да вози боб кола, да разнесува песок со камион. Концептот на градинката е: - 7.30/9 прием -9-9.30 појадок -9.30-11 прошетка во природа и штала со животни или игри во дворот во градинката кој е преубав и има се за анимација -11-11.30 ручек, па спиење до 13ч -13 час имаат тема за работа како цртање, логички вежби, читање книга, пеење песни и слично -14.30 ужина и слободни спортски активности до земање ( возење точаци, искачувања на душеци, игра во двор) Дома со детето се создава нервоза и дестимулација. Најчесто на детето му е досадно секој ден да му е ист и во тој случај нема развој за кој зборам. Плус домашни обврски еден куп кои чекаат зад аголот да бидат во моментот завршени. Плус готвење и менување пелени. Тоа исцрпувачко темпо дома создава незадоволство и најчесто придонесува до повишување на глас и испади кон детето за глупост. За развој е најбитен хармоничен дом со многу љубов, позитивна енергија, активно играње со детето и напуштање на играта кога веќе е задлабочено за да научи само да си игра мин десет мин. Многу емоции, гушкање, зборување, пофалби. Најважно е детето да поминува два часа во природа каде ќе учи за светот и нема подобра анимација од тоа. Близина на животни има исто големо влијание врз развивање емпатија и одговорност од мали нозе. Милиони мали коцкички во големата слика Ако можеш да ја набавиш е од голема помош за насочување на детето и развивање на сите страни од нула месеци. Добра научна литература за насоки. И секако Дани на инста е бесплатна за идеи. На кратко
Твоето објаснување ќе ни служи на сите нас! Фала Фри, што би правеле без тебе И во однос на вашите активности јас се осеќам уназадена, иако и посветувам 100% од тоа што можам. Бабите ми се предност во некои моменти, но моментално надополнувам едукација, усовршување... И јас сум го погодила моментот ама ми е потребно многу за напредок, така да ќе морам да комбинирам како и досега, со акцент ставање на развојот на малата Убав неделен ден женски
И јас се запрашувам често дали посветувам доволно внимание , со оглед на тоа што правам се сама. од ручек до чистење ручек за бебе хранење на бебе.... гледам да му посветам максимум внимание ,стануваме сабајле па се гушкаме па јадеме со анимирање изигравам кловн со играчки и притоа го хранам. Пуштам кокомелон кога морам нешто да направам а тој не седи мирен. Сам игра некогаш и по 20 минути , со количиња,со коцки, отвара фиоки, игра со тунелите и замоците ,заедно си играме и криенка јас се кријам го довикувам и тој ме бара (ова ми е омилено) ,го шетам 2 пати дневно по сат и пол. Одиме до кај баба му дедо му секој втор ден , сеуште не се пушта сам да оди ретко но не мн сигурно, не знае да збори ама брба мама тата деде баба , разбира работи како на пр.кај е тато кај е мама , ги знае играчките кога го прашувам кои се и каде се , ме емитира ако кашлам се смеам или правам смешни звуци .. на моменти ми е мн тешко ама собирам сила секој нов ден само за него. @Presrekna исто така и мојот падна на уста и си го поткаса јазикот среќа ептен малце... се уплашив многу... патем да ве прашам мајки дали е нормално бебчо лево десно врти со главата(како за не) и се смешка ,последнава недела почна да прави така 12+ сме
praevme pauza so omega 3 sega pocnuvame pak 19 meseci sme me interesira mollers dali ste koristile i dali e efikasen? do sega davav omega3 so d 3 od babytol i vigantol , veke nema.
@FreeMind Фала ти на "краткиот одговор".се е така како што кажа. Го знам тоа само се проверувам Знам дека колку повеќе се работи со дете подобри резултати Понатаму. Децата се најдобра инвестиција. Како онаа ако сакаш долгорочен плод инвестирај во детето. Со синко убаво истеравме, одеше во градинка, на многу активности од мал( кои му претставува задоволство) и мислам дека успеавме да изградиме личност, не само за македонски просек(иако звучам нескромно така е) Дома седењето ме фрустрира и покрај многуте гушкања, љубови, прошетки. Бидејќи ја не можам да одам негде изгледа бебуш ќе ја пратам во градинка кога ќе примаат. До тогаш на бабите ќе се ослониме. Макар што мислам дека бабите требаат од друга гледна точка. На дете му треба социјализација, да развие емпатија, да види дека има и подобри од него и полуди и попаметни Некогаш активно поминато време макар и од 2-3часа мислам е поефикасно од 24/7 само поминато време. @danichap и јас ти се поклонувам.Секој ден едвај чекам да пратипратиш пост тука или на Инстаграм
А тебе фала ти на муабетов, ме утеши дека не се осеќам само јас вака седејки цело време дома. Не ме бива за housewife и не ме бива Ми смета монотонијата, неможам да се посветам квалитетно на син ми, се на нерва ме мава па осеќам грижа на совест. Стиснав заби ке одам на работа
@flower55555 да почнеш на работа и психички појака ке бидеш и по квалитетно време со најмилото ке си поминеш јас немам сеуште таква шанса, чекаме одговор од градинка а немам на кој да го оставам
Колку време правиш пауза? Мали ги пие веќе трет месец. До ноември ке завршиме со шишето. Да ја одморам еден месец? Почна многу да ги вози играчките на точак низ дома. Да земам онаква бебешка количка, или глупост е?
Паузата беше спонтано, во теков на летово, 2-3 месеци...без некаква препорака од доктор. Бебешката количка многу ја сакаат моиве.
Мене топ ми е ова https://www.kupindo.com/Igracke/61642425_Gradjevinska-kolica-B546 Ги има кај нас секаде по продавниците за играчки
мајки сакам да ве прашам неколку дена веќе и еве сега не заборавив. Во врска со перница , малиот во последно со нас спие , и на вечер мн се тркала ида со главчето бара место на мојата перница , или оди кај татко му на перницата. Ако нема место се мести со главчето на ракава моја или на стомак. Се додека не се намести се мрда. Дали тоа значи дека му треба перница ? и каква ? јас до сега не сум користела никакца перница за него @hub лесни чекорчиња
Ги гледав, ама моево сега прооде. Ке се утепа со ова. Оваа ја гледав. Или пак количка за пазарење, со овошје што е. @NewMama И мојата истото го прави. Јас и ставив една помека перница над мојата, хоризонтално си легнува, и преспива цела ноќ. Еднаш се буди и не цица веќе Стави пробај така.