Oursensoryfamily @srekice има во Џамбо убава бебешка количка има разни големини, има и ваква малата ама воопшто не е квалитетна се сокрши. Инаку топ занимација е земи и бебиња и по цел ден ќе вози.
Малце глупо прашање имам Бебе во последниве неколку дена ко шо си седи на земја станува сама и пушта чекор два, е сега прашање ми е дали да стимулирам некако или да ја оставам како и до сега? Страв ми е да не ја исфорсирам па да ве прашам 11+ е
Нуди интересни играчки, викај ја да дојде. Нема што да форсираш, ако се чувствува спремна ке дојде сама. Форсирање е да ја паткаш.
викат зависи од коската. Поцврста вилица потешко избивање на заби јас со првото исто ниту еднаш немавме кемкање со забите ни нервоза ни ништо. Како од шала ваѓаше заби.
исти сме и ние. Само што јас не можам да работам додека е седнат на под. Ако се крене за маса или кревет одма коса ми се крева. Претежно до него сум страв ми е да не падне. Не е страшно тоа што ќе падне туку тоа што ќе се залпиши и после ќе му биде страв да се пушти само. Работам кога ќе го седнам во дубак,некогаш големиот батко е тука да го анимира ама и тоа му се здосадува. За внимание како што прашуваш мислам дека доволно им е. Како растат се повеќе ќе сакаат внимание и тогаш ќе почне глумата за да си тука до него.
Не се квалитетни викаш. Ни за по дома. Видов во Topolini добра дрвена, ама многу ми е некако 3500 Или вакво да и купам, па нека вози Прееска ја изнедов бо двор. Лазеше, кубеше трева. И ја внесов дома. Кога врисна да плаче. Оф боже значи
За дома и ја користевме, за неполн месец се сокрши. Овие ок се, само сите ако се потпира на нив ќе се преврте. И јас гледав дрвена ама претерале со цената.
Јас видов косилка и планирам да ја купам. Најдов една страна со активности по месеци, и меѓу другото, и косилка/ количка е препорачана. https://www.google.com/amp/s/www.se...ties/top-activities-14-month-old-toddler/amp/ https://www.sensorylifestyle.com/toddler-activities/top-activities-14-month-old-toddler/
Епа слично како што гледав. Не е косилка, ама тој стил. Ама многу се стварно. Јас ке купам, али мм ке ме убие Овие се тие @BabyT* Му дадов предизвик на мм да направи, од дрвена гајба и тркала силиконски. Ќе видиме сега
Ај да ве прашам, ја приметувам малата едното ноже го витка навнатре кога оди, не е многу изразено ама се приметува кога ќе загледаш, ќе ја носам скоро и на ортопед секако, 1 и 4 месеци е а прооде на година, значи четири месеци веќе оди. На другарка детето исто така како мојава, и совет од ортопед добила да му ги облекува обратно чевлите. Имал ли некој сличен проблем да ме посоветува?
Од едни пријатели исто девојчето ја виткаше ногата навнатре и ортопед ја советувал да и ги облекува обратно чевлите.
Ја незнам што ќе беше ова. Сакав да ја прошетам денес. Се симнавме по количката во подрум. Да ја ставам, кога рече се витка наназад, се дере, плаче на цел глас. Легнува на земjа. Ајде, викам нема шетање. Ке се водиме за раче по улица. Па несака госпоѓата ни за раче. Сака сама. А неможе сеуште. Ке падне, ке се утепа. Е оваа фаза е тешка. Сакам да помине
а тек да знаеш како се зезнавме јас и маж ми. Излеговме со количка и додека шетавме го извадив синко да оди. Леле, кога запна да ја гура количката, ама сам, ако фатам јас он вика. Едвај стигнавме до кола и веќе не ми текна да го вадам од количка додека се вози.
Ја поминавме ние таа фаза пред месец. И до дома во раце сум ја носела. Пошто несака кај татко и нели. Ова е нов момент. Вчера исто ми направи испад. Бевме во двор, си играше, лазеше. Лом се направи. Кубеше трева и цвеќе, бркаше мачки. И ај да ја внесам. Кога рече пишти цело маало во воздух. И ај пак надвор, и тоа по чорапи. Ни патики не ми даде да и облечам. И така цапаше надвор
И моево е во некоја фаза , едвај да ја седнам во количка за шетање. Кога се шета не вреска, ама додека седнеме е работава а тек кога ќе прооди е тогаш тешко нас што мака ќе видиме во столче не сака многу да седи , освен ете песнички ако не и пуштам нешто да ја занимава и затоа гледам набрзина да ја наранам. Сега си правам разлика, значи колку разлика има помеѓу двете деца. Ова е обратно на првото. Големата беше бубаче , дури заспиваче во хранилката. Не дека и таа беше нешто мирна (од ко прооди ја започна кариерата ) ама ова каде каде е разбеснеато. И што прави во последно време, не знам дали е ова тантрум или како се вика.. Ако нешто и забранам да фати или ја повлечам од некаде , почнува да ја мава главата со рацете и да се треска на земја. Изгледа почнаа маките
Аууу. Со тоа влечење некни ке умрев за малце. Спремав во кујна, а она се бутна во канта за ѓубре. Мм дремеше на телефон и му свикав. И дојде ја зема за рака, ама ја крена. Кога рече плаче. Вришти дете. Се држи за рака и плаче. Мене ми се стемни. Палење кола и право во Систина. Беше недела и незнаев каде да ја носам. Среќа на пола пат се смири. Па се паркиравме пред болница, ја проверив сто пати дали ја движи раката. Дали има оток и дали ја боли. Ми текна ти или @Yowannty кажуваше за шинато раче. Се потресов до максимум.