Остај, за рацете не збори кој страв го имам.Во рок од 6 месеци два пати ја извади раката, десната. Првиот пат мм ја потегна и ми текна од големото дека рачето и се извади. И не ја мрдаше. Ортопедот ми рече ако еднаш ја извади потоа при мала повреда ќе се вади. Дури ми кажуваше како сама да и ја местам Вториот пат беше сега пред некоја недела, се превртуваше во кревет кога оддеднаш почна да плаче. Гледам мирна седи, не ја мрда раката, ја штеди. Ја ставив да лази, не можеше. И пак правец на ортопед , ми стана срам ќе речат што му прават овие на детево ама не ја фаќам воопшто за рацете, само под пазуви. И избегавам да ја оставам на кревет а уште не оди, нема абер
А што да правам со мојава што ми се беси со раката? Умирам од страв дека ќе си ја извади. И ова е фаза некоја? Памет немам веќе. Доаѓа ме фаќа за прст и очекува нели да станам за да шетаме. И буквално почнува да ми виси и да ми се тегне за рака. Не да ја пуштам, туку така си подвиснува сама. Многу се нервирам за ова. Мислам дека и го раздолжува одењето сама. Убаво си одеше. Знам, ве читав сите дека потоа следи период кога нема да одат, ама ова? Значи и кога одиме не се потпира на мене, не ја држам, пак сама оди, зошто ми го држи прстот кога може и сама? И ова со тегнењево. Знае дека нема да ја пуштам да тресне долу, валда се осеќа безбедна и затоа ми се обесува. Не знам иначе зошто го прави ова. И надвор. Едвај оди, а сака да трча од што не знае што попрво да напраи. И на крај ќе седне и ќе збира пикавци, а сум ја исподотерала. И дома се враќаме калосани. Затоа и земав 10 пара тренерки и сега само во тренерки оди надвор. Едни на неа, уште 2 пара екстра за пресоблакање. @koritsaki околу годината имавме фаза кога плачеше во количка. Помина. Немаше шанси после лулашка да ја седнам во количка до дома. Сега си седнува сама. Ја станувам, ме фаќа за рака и сама оди кај количката. Не трае долго таа фаза и мене вака ми кажа @BabyT* и навистина така бидна. А за тантруми ги има за сенешто. Не може да ја извади коцката од кутија - вришти. Отишло топчето под кревет? Иако има уште 10 други исти, таа вришти и драми. Се потрошила батеријата и не свири играчката кога ќе стисне - oh the horror! Не и го давам филџанот да го држи оти има кафе во него ќе се попари - вришти. И оди наоколу и фрла на под се што може да дофати.
И лук и кромид давам од 9 месеци некаде. Синко обожава каши со кромид, многу убав вкус дава. И праз може.
Кромид и давам од пред година, превкусни беа кашите тогаш, сега манџички јади со кромид, исто превкусни. Лук немам дадено, дека јас не јадам изгледа зато
Моментално сме во ова фаза: Какво одење, каков полесен период. Нека се врати времето додека лежеше на меше и играше со тропкалката над него. И тантруми на велико. Ако затворам врата од ходник, а не му се допадне тоа легнува на земја и вришти на цел глас, ако во моментот има играчка во рака ја фрла силно и плаче. Имам фобија од затварање на врати моментално. 9ти скок почнува, па да се опремиме со крстена вода.
Оф во иста каша сме сите. Плачки при затварање врата, како сликата од @Мариаа. буквално сме. По 3 дена не одам во тоалет на какање од тоа станување. @Yowannty и нас таа фаза не има фатено. Како да се плаши да оди. Мора да држи нешто најчесто мене или тои во место или сака да трча. Уште постапалки не сум нарачала чекајќи профи да оди. И инает бре луѓе невиден. Кога решила да види што има пример во третиот дел од кујната, милом или со врескање и фрлање на назад ќе си добие. @Neda997 лук и кромид јаде од 8 месеци и тоа редовно. Обожава. Пред некој ден селско се налапка, а риба без лук не поминува. Денојве убаво и се ми јаде но малку во количина околу 100 гр. Ама не се жалам да не треба крстена вода и за нас. Бај д Веј од кога е 9 скок. @Мариаа. сваќе? ?? ? Кога ќе се спои со заби вадење, полатрантуми, разгаленост, мислење дека се можи сама ни бајачки не ќе помагаат Овие два три дена зголеми втора дремка по 2-2, 5 часа. До скоро ги кратеше сега си спие.нешто да ја пофалам
Кај синко додадете 5ки, а со тоа и нејадење, капак една дремка од 2 часа. Денеска стана во 7, спиеше од 10 и пол до 12 и пол, заспа во 7. Мудро ке е да си легнам и јас.
@Presrekna рано ни е за 9ти скок. “With leap nine at about 64 weeks (almost 15 months), it’s time for your toddler to explore the world of principles.” Ние арни. Мама почна скоро на работа, ама не full time. Првите денови бев хаотична. Возев ко луда побрзо да се вратам. Сеа сум океј. Ама не скроз! Го чекам денот коа ќе можам лабаво да си отидам на шопинг 3 саати без грижа на совест. Ќе дојде ли? Сватив дека малце сум lost in touch with the outside world. А може и многу...којзнае. Не дека ми фали, и пред бебе си бев интроверт, само се мислам дали од страна личам на чудак @Мариаа. мојот си влага со мене у wc. Ја се навикнав веќе на публика. Пишувај почесто како сте, некако се изгубивме @Septemvri @Mia Fuentes арни ?
@Yowannty, @Presrekna и мојава ја имаше таа фаза. Баш едни комшии не тешеа кога гледаа како се влече пред влез, дека синот така им правел и они му дале балон на хелиум да држи за врвката и дете буквално почнало да си трча со балонот во рака. Уште не се сигурни, ама за многу кратко ќе се усовршат. Сега хит и е по скали да се качува и симнува (тоа не е симнување, самоубиствено рипање е), па замислете колку време ни треба да се качиме до 6ти спрат. Конечно во овие грди месеци имам повод за частење. Купивме плац, почнуваме со средување документи за градење куќа. Уствари завршивме голем дел, бидна и планот, веќе се заљубив
@Presrekna @The Unicorn Почеток на 60та недела почнува 9ти скок. Помеѓу 61-62 недела е веќе громчето. Ми стигна нотификација дека почнува забавата. И кажете со дремките како терате? Ние напред-назад сме цело време.
Ние веќе долго сме со една дремка. Трае околу 2ипол-3 часа. Со две дремки не ми заспиваше до 1. Има еден период после 4ипол часа од дремката кога станува кенкав а уште е рано за ноќното спиење, ама го анимирам и му проаѓа. Многу полесно ми заспива вака со една дремка. Некако фативме ред и се си дојде на свое место. Мислам дека фората е у тоа дремката да трае подолго за да издржи со една.
Ееее ама другарчево ваше макс спие 60мин и спремен за авантура е. Никако да сврзе 2-3 саати и да издржи до вечерта. Браво за вас. Ај може ќе фатиме ред до Божиќ.
Да си ми жива и здрава на муабетов. Имам и хелиум и балони еден куп дома што ми останаа од роденденот. Сега ќе ја носам на плоштад да истроши енергија и ќе и земам балонче. Честитки за плацот. Да си го полните со најубави спомени.
Нашата генерација ја повикувам за совет (20+) Има ли некое дете веќе да нема попладневна дремка,или уште е рано? Имаше ваква фаза,пред 5,6 месеци мислам,кога навечер и покрај тоа што му се спие,не ми дава да го успијам. Знам дека му се спие,ама играњето му е поинтересно и почнува да вришти ако сакам да го земам. Пробувам претходно да му го одвлечам вниманието од играчките,да го смирам,ама ништо не помага. И ако успеам да го земам да спие,за кратко му текнува,станува и нервозно бара низ соба со што да се игра. Нормално,целиот процес е пропратен со вриштење. Се играме преку цел ден,ама некако ноќе се му текнува. А изигран е преку цел ден. И не спие многу. Дење спие од 30 до 40 мин и најдоцна до 15:30 е станат,ноќе едвај до 1 заспива,а станува во 10 и тоа јас го будам,он уште би спиел. Да не спие преку ден можеби подобро би било . Друго,почна да ме удира и мене и играчките,и него се тепа,ама тоа уште од поодамна,ако нешто не успее да направи со што ќе му дојде до рака или со рака се удира по глава. Ама сега почна и мене и мечињата и тоа баш удира. А сигурно нема видено тепање,или да сме го тепале ( никогаш не е удрен), постојано е со мене,па знам. Освен баба му (ако му има кажано удри го ѕидот,ако се удрил,или удри ја плочката,ако се сопнал,само тоа ми паѓа на памет). Инаку почна да спие. Се буди 2 пати за цицање ( некогаш знае и 3) ,ама супер е и толку,наспана се чувствувам . @FreeMind како ја регулиравте столицата,знам дека се жалеше и ти за малата? Со храна не би можела зошто не јаде,а пробиотиците досега што сум му давала контраефект ми имале. Му имам давано еден сируп од слива и смоква,цело шишенце испи,без ефект. Се мачи постојано,ептен тврда столица има,како брабушки од коза. По цел ден си кажува дека му се кака и никако не успева. А не јаде само суво, јаде и палента и јогурт и супа,и грав и грашок чорба,и ориз ( ама количински не многу).
Синко пиеше прашок, effecol 3350 и имаше ефект. Го пиеше и тој сирупот ама без ефект. Храна исто така не помогна затоа што не јадеше. Дете на другарка има 2 години и некој месец и има една дремка дневно. Ама нема правила. Синко околу 1 година се префрли на една дремка. Денски отсекогаш спие малку, акп други деца на иста возраст имаат 3, синко има 2 дремки.
Ние го поминавме тоа лудило кога не сакаше да спие, среќа кратко траеше. Исто од екипата неспијачи беа на @Milaаа991 и на @lackygirl. И кај нив полека се регулира тоа, ама еве они нека си кажат Исто беше и кај малата, вриштеше како некој да ја коли. Мислев се плаши од нешто, глава и паѓаше ама не и не... Седевме до 2,3 по полноќ. Незнам колку беше поврзано ама после тоа почна нагло да сврзува 3,4 зборчиња.
@hello-kitty.90 тука сме сите ако ти се чини дека исчезнавме. Ние како секта функционираме на парафорум. Ама секој ден има некој да апдејтува за форумов новости. До сега немам резултати сеуште кака на три четири дена. Нема запек не и е тврда столицата али како да собира и потоа искача како на голем човек фекалии. Пробано ми е: - пробиотици еден обичен и еден најсилен - исхрана со повеќе влакна - исхрана со актив јогурт баланс и кефир - исхрана без кашкавал - и последнава трет ден исхрана без млеко и млечни производи сведени на мин. Во комбинација со цедено овошје секој ден со урми и сливи. И најчест зеленчук грашок. Ако и ова не помине, а еве трет ден денес не е сигурно какана се откажувам. Заклучувам дека детето има бавен метаболизам и ќе крка “диетчиња” како тинејџерка. Нема болки, редовно има гасови и нема тврд стомак. Се е нормално само што кака на 3 дена. @thinkerbell само убавини да ве следат и да си ја направите најубавата куќа на светот.
Јас се пронајдов во делот за удирање.Еве веќе 1 недела мојава има некоја страшна нервоза и ја искажува со штипење и мавање по мене и татко и.Се молам да е некој скок или заби оти вака кога ме штипе по раце ми иде да ја мавнам еднаш.Ама тоа штипење мислиш кожа ќе ти откорне и ги стега забите како некое ѓаволче.И други пропратни глупости прави што не се баш својствени за неа ама ај да не набројувам.Решение нема,освен да помине само од себе како и секоја друга развојна фаза.Битно живците ми ги истенчи до микроскопски размери. За спиењето,правилото вели:колку порано легнува,толку подобро.Ама од секое правило има исклучок.И мојава се заигрува кога треба да спие,и баш тогаш сама се заигрува , а преку цел ден ме влече до неа да седам.Ама јас си терам рутина и не ме интересира дали игра или не. За столицата ако не си пробала,пробај со Провен пробиотик.Не се сите пробиотици исти.Дури може да се дава и подолго време додека се регулира,се разбира,ако веќе има ефект од него. @thinkerbell со среќа и на здравје за промени и нови почетоци.