речи welcome на тантрумите. Со големото беше вака. Од година ипол па до пред на направи 3 години .... Да не ти пишувам. Да прашам постарата генерација. Кога да се очекува да почнат за зборуваат?
За спиење и моето до пред 2 недели се будеше нон стоп исто како на Лаки,ама немав проблем со заспивање. Нормално ќе заспиеше,ама ќе се разбудеше 5262637пати . А сега почна да се буди само 2 пати,мирно спие,ама едвај заспива. И беснее,вришти,се нешто му истекнува во 12. На сила да му прекинам игра,не доаѓа во обзир,вришти како да го дерам и нема смирување,дури полошо ќе си направам. Претходно кога ми правеше вака,не памтам точно,морам да прочепкам низ мислењата,ама мислам дека беше пред да прооди,или пред да почне да се крева сам. Можно е @BabyT* да е поврзано со зборење,само што мојот најверојатно би почнал да збори,дааалеку сме од неколку зборчиња. Се надевам дека нема уште долго да трае, ептен ме истоштува ноќното борење како со мечка. А преку ден ептен лесно заспива,лудилото почнува пред спиење и трае скоро 2 недели. Да се јави и @lackygirl кога ќе заврши со работа,да даде совет или барем утеха . Фри можно е јогуртот лошо да му влијае на столицата,тоа е единствено нешто без што не поминува денот,па си викам он да не му создава мака? Не е тврдо мешето,ама се гледа дека го мачи,па прди,па доаѓа до мене ми вика како кога му се кака,дури и легнува на кревет и ги крева нозете како што му правам јас кога кака,ама не може. Неколку пати му ставав од тие клизмички или како и да се викаат,ама не е тоа долгорочно решение. @MilaSs12 овој прашок смее за деца? Се пие подолго време и ја регулира столицата или само по потреба? Си го пронајдов одговорот Сум ја тешела Лаки,ќе стиснам заби и јас .
@hello-kitty.90 да да, па ти пишав дека синко го пиеше кога имаше запек. За дозирање ке прашаш во аптека.
@hello-kitty.90 извини што ќе се замешам, ама јас знам дека јогуртот е природен пробиотик и баш помага околу регулирање на столицата и дека чаша јогурт дневно се препорачува за здрав метаболизам. Јас среќна сум што мојава почна да пие јогурт и кефир, единствено од млечни производи што почна да консумира сем цицка. Ама некој ако знае поинаку нека сподели. Да прашам генерација па и вас со поголемки беблаци, пред да почнат да зборат дали си збореа по нивно и звучеа ко мали јапанци? Можда е глупаво прашање, ама се мислам дали ја буниме со 3 јазици, иако педијатарката ми рече не е никаков проблем, ама нели секое дете е посебна приказна, или сите имаат таква фаза без разлика? Да знам со време да вклучам експерт можда. Седи, врти сликовници и си збори нешто и скроз звучи ко јапанка. Едит. Јапански не ни е еден од трите јазици.
И јас знам за јогуртот,ама ај викам тоа да не смета нешто . И моево си збори така,ваљда така треба. Ептен јапански
На кинески збори сеуште и многу брзо. Тоа е фазата пред зборење и трае индивидуално кај секое дете. Кај мене пушта и зборови на германски и англиски, ама најчесто на кинески зборува. Битно секој ден има напредок во развојот и тоа се приметува. Од најн најн премина на но но ама никако на не и на да. Денес по кола од градинка ги пееше буквално кокомелон. Иф ју хепи клап јор хендс со чукање раце со нозе со пеење со све. Во градинка ме известија дека почнала да разбира и извршува наредби на германски што значи го совладала како македонскиот. Мојата е позната по тоа секоја фаза да ја вежба до перфекција па потоа да ја покаже. Така и ова ќе биде. Кога ќе отвори уста ќе бегаме од станов. Како што е гласна ќе грми
@hello-kitty.90 леле не сум те дочитала до крај. Се пие некое време и се регулира столицата. 7 10 дена, така нешто пиеше синко, да не те лажам, не памтам точно. Само знам дека од ова му се среди и немаше мака веќе.
@Yowannty Кинески, јапонски со изразена буква Р и Л Оваа е грлата на мене. И јас многу се дерам кога зборам @hello-kitty.90 Ние мака мачевме со какање ептен. Незнам колку пати имам ставено клизма Од кога почна да ги јаде овие житарици на Хип за доручек, дете секој ден кака,и тоа убава мека столица. Пробај, треба една недела да помине за да почне да делува. Јас плус овошје ставам, со вода ја спремам
Не знам дали се разбираме. Кога велам јапански не мислам на она бебешко зборење џибериш, па демек не разбирливо за нас туку баш праи звуци кои ако не ја гледаш, а само ја слушаш има таков призвук и ќе си помислиш дека за јапанче се работи. А може и се разбираме. Ја овие мусли на хип не ги наоѓам овде, само тие со јагода. Се мислам дали може да давам обични мусли како за нас за да и сменам повеќе вкусови или не се ок тие за неа?
После годината почнав и тие со јагода да и ги давам. Впрочем така и дадов јагода за прв пат. Поубави ми се на мене, имаат и какао. И ги мешам со млеко и банана најчесто. Туку да ве прашам нешто, тие што завршивте со доење. 7 месеци како не ја дојам, повремено знае капка, две млеко да излезе. Ама последниов месец десната града ми е значително отечена. Лево до ареолата имам и едно топче, многу боли на допир. Прво мислев овулција, ама помина и тоа и циклус и еве пак овулација, а јас ја осеќам се потешка градава. Ми излегува и од прслук. Бев на контрола во мај, се беше супер и ми закажаа за една година. Утре секако ќе се јавам да закажам пак, ама ме интересираше дали некоја има вакво искуство. Многу црни мисли ми прелетуваат низ глава.
Исто. Одма по годината ги дадов и така дадов јагода прв пат. А не ми текнало овошје да додадам, ќе пробам така следен пат. За другиот дел не би знаела што да ти кажам, сем да се провериш како што планираш. Не се секирај, сигурно не е ништо.
И мојава правеше вака со спиењето минатото лето и прооде во октомври и ова лето цело станува сред ноќ и си играме со часови. Значи ноќеска стана во 2 и седеше до 6. Ова лето почна нагло да збори, разбира и поврзува цели мисли. Можно е да е поврзано со тоа. Друго што забележав е дека ако е преморна не спие. И сега и вратив две дремки и можеби подоцна ноќта ќе заспие, ама после спие убаво. Не знам колку е исправно, ама на некој магичен начин кај нас функционира.
Тоа зборење е нормално за деца од мултилингвални семејства. Не се грижи, со тек на време ќе прави разлика меѓу јазиците и правилно ќе ги изговара зборовите на јазикот на кој зборува. И ќе знае со кого на кој јазик да збори. Многу голема предност имаат децата што растат во мултилингвална средина, од старт учат различни јазици.
18, 19 месеци, на 19 почна се да повторува по нас, сега ќе прави 22 месеци муабет си прајме можам слободно да речам, врзува, 4, 5, 6 зборчиња. @hello-kitty.90 неможев да ти вратам вчера, исто како што опиша се исто поминавме, можно е и со зборувањето да е поврзано, уште тешко заспива, во 12ч со нишање в раце, двајцата со мм се менуваме, имаше 2 дена кога немаше денски дремка ич ни 5 мин, заспиваше во 20ч и стануваше 37373 пати ноќе и плачеше, а ако заспие во 12ч станува 1 или 2 пати и одма презаспива, во последно само по 1 станува и иди кај мене в раце па презаспива, ама ова за нас премија е Слатко ме насмеа со ова горе иста сум, велам спие, почна да спие, а тој станал 2 пати ноќе друга утеха немам, уште сум и јас за тешење со заспивањево навечер напорен е мноогу. Др проблем кај мене се јави што неможев да презаспијам, несоница ме фати, почнав да пијам Лунерба+ па ќе видам дали ќе има ефект, само 3, 4 дена ги пијам. Нз кој пиша, моево не зборуваше кинески, почна дирекно македонски а многу ми се слатки децава што зборуваат така
Мајки на цицачи поточно на касачи како се справувате(вте) , буквално секое цицање каса и тоа силно, цели брадавици ми се разранети. Се вратив на ланолин. Некогаш колку и да се воздржувам премногу боли и реагирам и тоа и е игра. Само во сонот не каса. @Kaetana ќе ја тагнам И стручно да ми каже. И општо многу е груба, тегне за коса, штипи, мава на нас и на себе. Од друга страна е пак мила само бацува и нас и предмети. Посебно мали деца на слика или алишта. И многу се Гали. Овие два дена и вежба одење, сама се крева од земја без помош, стои и по 5-6 мин па тргнува до негде да се фати по 10 чекори или на газе паѓа. Само се прави многу претпазливо.
@Presrekna јас го решив проблемот со касање со строго НЕ и вадење на цицката од уста, целосно го прекинувам подојот. Дали два три пати ме касна. Сите 5ки се отечени. Не јаде. Се тегли за ушите. Пика прсти. Се лигави. Душа мила, го заредија ептен.
Уште цицате? Ау, само ја како ненормална се залетав по вино од цела генерација, и одбив дете. А и тоа касањето ми беше како неблагодарност. Се зезам, нејќеше да цица човечево мое. Со тоа викање 'не' кај мене се кезеше уше повеќе и бетер касаше иначе.