Дали уште ви пиштат за пресоблакање , пелени менување??? и ставање јакни за надвор? а надвор бубалчиња... ама дур се излезе... исто и за враќање ,од врата кога ќе се влезе..
Барем зимата да ја поминавме. Изгледа само успана ќе цица. И тоа каков цицач е да знаеш. Колку сака И кога сака ќе се наврти. Пика рака под блуза и не гледа никој. Среќа не сум по виното па ќе цица. Што проста сваќа имаш. Ајде може на старост ќе се распијам И мојата на НЕ се кези И уште повеќе каса. А Еве @MilaSs12 си има воспитано бебе. Ајде може период е . Ќе почекам уште некое време. Фала ви женски
Си пишти секако, не му се чека сака така да излези. Па ако ме види јас да се спремам одма вреска си мисли без него ке одам, па спремањето низ нос ми го вади. Нерви ќинам буквално
Прекини подој и налути се. Ама биди сериозна. Не само да ѝ кажеш не, туку и да ја тргнеш за да сфати дека мама се лути. Фаза е - ама мора децидно да им се посочи дека не може така.
Можеби кај мене функционира затоа што не му викам, не го карам воопшто. Кога прави бељи со разговор го враќам назад. Затоа кога се налутив и кажав НЕ, затворив прслуче и го ставив да седи, ме сфати сериозно. Синко не пика раце под блуза ама кога ке види дека вадам цицка е пресреќен.
Кога ќе речам "цице" и вадам од блуза, кај и да се наоѓа, лази накај мене со брзина на светлината. )))
И пишти и бега, пресоблекување хорор. Сега пак како залади, па боди, тренерки, додека да ја облечам, жива вода сум . За надвор едино патики дава да и облечам. Си седнува и чека да и облечеш. За палто нормално бега.
злато. Јас кога вадам цице, уште не е извадено цело, синко веќе ја фаќа брадавицата. Можеби мисли ке се пишманам. Или кога ке кажам -'ајде цицајо' почнува да ме лиже.
Ехе мојот е 21 месец,уште е страсен цицач . По цел ден би ме жвакал. Сам ми крева маица,ме влече и си вади цице. Ако стојам,ми дава рака и ме води да седнам на кревет,од тука он презема понатаму. Дури и сите играчки ми ги има изредено да " цицаат" додека цица и он . Исто и ми носи чашка,вади цице и си молзе како од крава млеко директно во чашка . И јас чекам да пројде зима,па ќе го одвикнувам, а може и не . За касање,пробал неколку пати,ама луто му свикам и одма пушта. Претходно имаше некоја фаза кога забите му излегуваа,сега знае кога нешто е лут да ме стисне малку повеќе,ама не силно,чисто колку да изрази револт. @Kaetana одамна сакав да те прашам,смее ли да се јаде луто додека доиш? Ептен јадев луто пред бременост,еве веќе 3 години како немам јадено,а многу сакам .
и ние цицаме јас од кога чекам ред за вино... Ама ќе биде некој ден откако навечер ќе го заспијам да живнам со едно лавче
Од денес ќе бидам така строга И одлучна. Искрено кога ќе И речам НЕ по 2-3 мин пак вади цице И буквално ме моли со рачињата И нормално паѓам а колку строга бев со синко има гревови да плаќам. морам да се вратам на старата јас инаку готова сум ќе ме сомеле бебе Исто. Преку се поминува И веќе е залепена на мене Исто како на Кити и мојата. Сите кукли и гумени играчки ги цица и нишка. И тоа со устата кај нејзиното цице. Кога ќе И текне сама пика рака И буквално за брадавица ја вади И си цица. Ако пак И речам ајде цицање скока од радост И цела се треси до поцрвенувње на лицето. Прво се молемолев до 6 месеци да имам млеко барем до дохраната. Потоа до кај година мислев, да почне се да јаде, заби скокови. Ама ја гледам како се радува, како ја смирува, а и мене ме исполнува, па ќе си слушам препорака од СЗО до кај 2 год Па лето е родена ќе чекаме есен па ќе турни до кај 25-26 месеци ако не И повеќе. И така нигде не одиме.
За зборувањето, така зборуваше и големата ќерка па оддеднаш потоа почна да кажува зборчиња јасно т.е. да прави разлика со јазиците. Прво прозборе македонски. И тоа кога зборуваше само со мене муабет правеше, на другиве им зборуваше јапански тоа беше така бидејќи скоро цел ден беше со мене па и нормално ќе беше прво мк да научи. Па потоа грчки прозборе убаво кога тргна во градинка. Сега убаво ги зборува и двата јазика, и на двата пишува и чита. Кога одиме во Мк и кога зборува со други луѓе се чудат кога ќе им кажам дека е родена во Грција и до ден денес само мк и зборувам насекаде. Познавам некои мајки наши што живеат тука , кога ќе слушнам дека им зборуваат само грчки ми се крева косата. Грчки секако ќе научи сепак во таа земја живее. А и педијатарот ми имаше кажано уште на почеток , секој родител треба својот јазик да го зборува на детето. Сега исто и со втората ќерка. Секој на својот јазик зборува. А гледам дека веќе и не разбира. Вчера и викам донеси ми го топчето, отиде ми го донесе. Свекор ми исто, на грчки и вика каде е топчето, таа отиде му го донесе. Разбираат се и се им прима сега мозочето
Може има тема неможам да ја надам. А тука совет секако ке добијам. Како да се справам со љубомората која ја покажува кон брат му? 18месечен се соочува со бебе. Јас мислев нема да реагира но не било така. Ако ми го спомнам дојди да го видиме бебе он вилицата ја стега ја грчи. Неее нее вика. Му ја зема цуцлата,го маваше на прва средба. Сега ноќе малечкото кемка го буди и станува и он глуми дека плачи како бебе,ајде се преместив во друга соба два пати стана и дојде. Му се изремети се на детето и жал ми е. Незмам навистина како да му докажам дека местото никој ми го нема завземено.
Ахххх....а јас сакам да го одбијам мојот страствен цицач,но никако не успевам. Кога му се цица му текнува и во секунда добивам мноогу бурна реакција ако не дадам одма. Знае дека го намалувам ритамот и баш обратно тој подраматично бара да цица. Само гушкање и зборување. Ке потрае додека стане доволно голем да се соочи со промените. Сестра ми е во иста ситуација веќе 6,5 месеци и мислам дека дури сега има нијанса промена. Тешко е многу, можеби сега и не толку...од кога ке стане бебе позахтевно. Не би сакала да те плашам, после тоа ке следи еден убав период кога ке станат најдобри другари и нема д им треба друштво друго за игра. Само трпение, новата ситуација е за сите вас, а детето е многу мало за да може разумно да се соочи со тоа.
Здраво девојки Сигурно сте збореле за ова ама немам време да барам. Шо се смета за преодено дете? Пишав пред некој ден дека малата почна да се пушта по некој чекор но за два три дена почна да прави и по десет чекори, значи се крева сама од под и трга. Тоа е тоа или рано е? Од коа почна да прави по волку чекори се буди на сред ноќ и си игра по еден саат и тоа се заигрува како никогаш до сега
За мене проодено дете е дете што оди. Може многу нема да се согласат. Малиот мој се пушта по 4-5 чекори од точка А до точка Б ама не го рачунам за прооден. Што знам. @Presrekna една од многуте предности на "продолжено" доење (што е нормално доење!) после 2 години е и дека статистички полесно и поприродно завршува приказната доење. Големи се, разбираат.. можеш компромис да направиш, и самите веќе се "продаваат" за нешто друго (многу лесно можеш да ги сматкаш со нешто друго). Инаку дај после 5-10 минути да цица, ама со строго објаснување дека нема веќе касање. Зборувај ѝ ко на возрасен, верувам ќе те разбере. @Happyinlove многу трпение. Јас се наоѓав меѓу лутина и жал. Те бев бесна, па после ќе ми беше криво. Многу трпение, многу зборување. Најди дел од денот за поголемото, без бебето. Најди нешто што ќе го правите заедно, макар било нешто 20 минути. Кога ќе заспие бебето, потенцирај на глас дека "ова е време за вас двајца". Мислам, секако ќе го имате, ама потенцирај му гласно работи кои сака да ги чуе. Зборувај му за бебето и дај му значение во животот на бебето - дека бебето едвај чека да порасне и да го запознае, дека едвај чека да си играат заедно. И такви работи. Гледај да го направиш дел од сѐ што правиш со бебето. Вклучи го во работи (и најмали) и зборувај му многу. Малечок е, ама верувам ќе вроди плод твојот пристап. Трпение огромно.
Секако дека да.. Yes, it’s fine to eat spicy food while you’re breastfeeding.Traces of what you eat enter your milk, but it shouldn't unsettle your baby if you eat spicy food. In fact, it may benefit your baby. The flavour of your breastmilk changes according to what you eat, and this introduces the idea of different tastes to your baby. She may be more adventurous with new flavours once she starts solids at about six months. Go by trial and error. If your breastfed baby seems upset or irritable, you could try eating a milder diet to see if makes a difference. Ова е за ексклузивно доени бебиња, така да не гледам зошто ти со тодлерче не би си каснала лутко
Абе леле срце мало. Уште е и тоа бебе. Не се грижи, фаза е и поминува. Ја минував и јас со моите ќеркички. Како што читав тогаш, трае околу 6, 7 месеци плус минус, додека се навикне на новата ситуација. Не се разочарувај, може да биде и многу помалку. Ќе биде можеби малку потешко и понапорно, ама ќе помине. И како во мислењето погоре, после ќе ги гледаш неразделни и ќе си играат заедно. Опреми се со многу трпение, живци, објаснување, гушкање и љубов. За да ја убалажите љубомората, за почеток вака: Те сакам и гушкање многу повеќе од претходно. Објаснување често дека е бебето мало и дека му треба ваша и негова помош за да порасне како него. Кога го пресоблекувате, вклучете го и него. Да подаде пелена, подлога или крема итн. Кажувајте му дека без него не би успеале сами. Ќе се чувствува корисно и од помош и за вас и бебето. За бањање исто вклучување. Да го донесе шампонот, демек да провери дали е добра водата, да го донесе пешкирчето. Пунете заедно вода. За целото тоа време бодрете го и фалете го. Раскажувајте дека кога ќе порасне ќе си играат заедно. Кажувајте му дека треба бебето да научи да ги прави работите како него и дека за тоа му е потребна ваша помош. Лежете заедно со бебето и читајте, пејте или раскажувајте или играјте си нешто друго. За да види и дека со него заедно нема никаква промена. Можете и на бебето заедно да му пеете или читате, божемски го учите да збори. Не знам дали доиш, ако да, мене тоа ми беше најтешко, оти тогаш беше љубомората најистакната. Ја земав неа на една страна и и читав книга или раскажував приказна. А бебето цицаше на другата. Па им ги мењав страните. Мислам дека ако тогаш не полудев од тоа колку ми беше тешко, озбилно нема никогаш. Само овој начин го најдов за најсоодветен. Или во тој период за доење, ако е изводливо, може да си играте штркот бара боја или бара предмет сеедно. Додека бара оно, да лежиш додека доиш колку толку. Ќе ти треба одмор. Исто и слики кога бил бебе се од голема помош. Како сте грижеле за него како за бебето, за цицање, бањање, хранење итн. И како сега ништо не е сменето во однос на љубовта и грижата. Ако имаш можност, помини време на само со него, на прошетка или слично, а мт со бебето и обратно. Работите нема да се сменат магично преку ноќ, ама ќе се сменат. Со тек на време ќе почне да разбира дека никој не му го зема местото и дека е сакан многу, дека никој не му ја краде љубовта. Дека е потребен за вас и за бебето исто како мама и тато. Дека бебето ќе учи од него, дека ќе му биде позитивен пример итн. Живо и здраво да ти е малото. Ќе биде малку потешко на почетокот, ама ќе свикне големиот батко на ситуацијата. Уживајте во љубовта.
@Happyinlove Си се породила а јас незнам. Ни ти честитав. Срам да ми е Да е жив и здрав синко Btw , мали не цица цела недела скоро навечер. И пак се буди во просек 2-3 пати. Значи не е до цицање Такво е бре важно не цица
Па кога фрливте камен во труднички од кај да дознаеш Фала среќо. Да си ми жива и здрава. И на тебе честото слободна града можеш тутун да се почастиш. Фала ви на советите,се трудам неговото секојдневие да не биде променето. Јас сум и хормонално нестабилна сеуште за па дури и бес чувствувам кон себе на моменти дека не ме бидува. Дека нема да помине...но ке пројде и оваа ситуација. И после ке порасне ми рече него го сакаш повејќе и ке ми иде да си излезам од кожа. Мајка...