И мене ме нема во труднички и не сум ти честитала. Да е живо и здраво, од Бога благословено. Во дм ќе те барам да ми раскажеш искуства со две...
Ке ја тагнам @FreeMind она знам со сигурност користи на Nuk шише со клунче. Но и други што користат, би ве замолила да ми кажете искуства. Ги гризат ли цуцлите? Се кинат ли лесно? Мојава партали ја прави цуцлата на Мам, веќе нема кај да купам. Кој што прави, ја цуцли купувам.
Јас имам на мам, нук и бејби лов. Нук експресно брзо ја скина. Мам исто ја скина ама поспоро. Е бејби лов најевтината од 200 денари ја гризе ама тешко дека ке ја скине за брзо.
Не за пари. Него овие на МАМ ги нема во еурофарм веќе. И не ги носат изгледа. Прееска во четири бевме. Од Железничка до Лисиче. Никаде нема. И дадов едно од tommee tippee со клунче. Еве тегне. Нек се учи. Ама мора резерва да имам
Ја гриза ама не се кине лесно. Мој совет е чим си на премин да почнеш со цевка да ја учиш. Дај и ќе научи. Има и на авент со цевка.
Мојата уште цуце цуцла, арно ама веќе почнав да и ја давам само пред спиење, ем повеќе зборува, ем пополека и се губи шушкањето кога зборува.
Не само што ќе и оставиш засекогаш шуштење, може да добие и дигестивни проблеми бидејќи не знае да џвака правилно ниту да голта. Па ти размисли дали ќе и ја даваш и понатаму пред спиење.
Од цуцлата предните заби остануват без контакт и затоа децата шушкаат, плус лошо голтаат и лошо се развива целата уста. Штом се појават заби, цуцлата треба да се тргне.
Може да се случи и од цицање прст, но и сосема генетски. Во секој случај не е само шушкањето, тоа е само знак на други поголеми проблеми во развојот на вилиците. Тоа не значи дека ќе има сериозна аномалија, ама не е нешто што треба да се остави непроверено. Најчесто може да се корегира сосема ако навреме се третира.
Ne cical ni prst, ostanuva genetski, iako jas bi sakala ako moze navremeno da go koregirame, kade treba da go nosime, na pedijatar ili nekoj drug po strucen dr?
На оваа возраст само да го погледне стоматолог, откако ќе никнат сите заби најдобро на ортодонт. Ако има потреба и можност за корекција, тоа се прави штом детето може да соработува со некаков мобилен апарат. Шушкањето потекнува од тоа што предните заби не се допираат и детето го става јазикот мегу нив. Најчесто прво забите се поставуваат лошо, па потоа јазикот се пика таму, ама некогаш е обратно, од притисокот на јазикот се јавува простор мегу забите. Треба да се види која е главната причина и соодветно да се третира. Ако положбата на забите е добра, тогаш ќе треба логопед. Пак ќе речам, шушкањето само по себе не е ништо страшно и не значи дека мора да се корегира. Ама до сега не сум видела дете што шушка, а нема друг позначителен проблем со вилиците и забите.
Честитки Хепи. Да е жив и здрав. Сигурно треба да помине време додека да се навикне на новата ситуација и на новиот член. Издржи,период е,ќе мине . Само поради ваква ситуација и делењето од бебе мое додека сум во болница,не се нафаќам да родам второ сеуште. А и поради мачната бременост . А и само што почнавме да го регулираме спиењето . Можеби @Bella* може да ти даде совет.
Јас ќе ти кажам со син ни како беше. Му зборев од раѓање на Мак, татко му на Грчки. Не збореше до 2 години ништо, само мама, баба, дедо и татко му го викаше баба на грчки нели. Разбираше се, скроз се што му кажам и јас и татко му на Грчки ама не можеше да одговори. На 2 години и 2 месеца преку ноќ почна да кажува зборчиња, да повтара по нас , на 2 год и 5 месеци веќе зборуваше и македонски и грчки, знаеше со кој каков јазик да збори, значи воопшто да не се секираш, нема да се меша, така се створени дечињата, мајка природа е тоа, се си има како што треба, да знаеш.