Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.617
    Допаѓања:
    185.201
    Пол:
    Женски
    @koritsaki @Kallias2
    А дали памтите, дали се друго исто следеле како покажување со прст, команди, имитирање животни?

    Имено, пред неколку денови се расчитав низ нет работи, па и оттаму мојата грижа. Меѓу другото налетав на статија каде се вели дека тие работи може да се поврзани и со јазиците и во некои случаи може да настане блок поради нив.

    На пример, цела генерација пред месец дена најави дека веќе извршуваат команди и имитираат животни. Ирис тоа не го прави. Да не работам со неа секој ден, ок, ама и јас и татко и работиме со неа. И ај, повторно не се грижев оти нели си велам боже мој, секое дете е различно, Ирис прави други работи.
    Ги имаме именувано сите плишани играчки дома за да знае кое е кое и секое, буквално секое го знае на име, знае точно кој е Дамбо, Пепа, Тото итн итн... кога ја прашувам знае точно што прашувам, се врти, со поглед наоѓа ама не ми носи, ниту ги покажува со прст. Исто и за книгите, знае точно која е Црвенкапа, Лебедово Езеро, Трите прасиња. Ама не носи. Книги обожава. Најдолго со нив се задржува. Може да листа и да си збори и раскажува пола час и повеќе. Точно знае да покаже на животните внатре со прстето, и да го земе мојот прст или на татко и, да не однесе преку цела соба до книгата за да и покажуваме и раскажуваме, книгата не ја носи до нас. Ама да и речам сама да покаже внатре во неа не го прави тоа. Самата си покажува со прст кога ќе види нешто што и краде внимание и си прозборува нешто, ама не и јас кога ќе и кажам.
    Од друга страна, многу брзо совлада да и кажам да дојде да ме баци, исто и кога татко и ќе и рече, сигурно повеќе од 2 месеци има како знае да го направи тоа. Некогаш имам чувство дека разбира се, ама пак не прави што и велам...

    Не имитира животни. Освен за мачето вели јаиј, тоа и е мјау. И за како трчка коњчето шлапка со јазик. Тоа може оти уште и немам вклучено силиконски за целосна слика. Отворам нови дел по дел да и ги давам, за да може да се посветиме на сите потемелно. Сега сме околу зеленчукот и овошјето, а може грешам и треба да и ги дадам и нив.

    Се на се, се прашувам ако постои некој блок, некоја пречка, како би знаела? Не сакам да оправдувам со секое дете е различно, а на крај да излезе дека постои нешто што можело да се исправи на време, а јас не сум забележала. Тука ми е грижата, да не не приметам дека уствари постои проблем.
     
    На NewMama, NNA, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Женски кај да најдам вреќа за 1 ипол година девојче? Да е добар квалитет?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.348
    Жени кажете рецепт за брокула со тестенини, Антонија почна да откажува љубов на зеленчукот а обожава тестенини па да и ја протнам брокулата така (fingers)

    ПС @Makedonka007 јас лани на Антонија и купив од Стружанка за 2-3години беше величината.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    17.695
    Пол:
    Женски
    И мојот голем не носеше кога ќе побаравме нешто. Па дури ни со прст не покажуваше. Он се си добиваше ссо плачење :) Не се секирај, јас мислам дека немаш причина за грижа. Едноставно несака да извршува команди. Ќе почне се да прави, не се секирај.
     
    На srekice, NNA, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    @Yowannty како постара, не стручна но искусна со порастени неколку дечиња ( синко, 3 девојчиња на јатрва ми во иста куќа и едно на сестра ми сега и бебе) немаш баш никаква причина за грижа. Пак ќе повторам границите на бебињата се мнооооогу големи.
    Гледај од генерација некои проодија на 10 месеци некои 15 ближат не одат а утре сите ќе трчаат. Некои јадат парчиња од 6 некои од 18 месеци. Твојата извади запче на нецели 5 а мојата на 11,5 месеци, а само неколку дена се разлика.. ..
    Да не редам понатаму. ШТОМ РАЗБИРА НАРЕДБИ НЕ СЕ ГРИЖИ.
    Па може не сака да ги покажува и имитира животните. Мојата е инает невиден, па кога ја терам нешто секогаш не прави. Кога сака таа ќе направи.
    Порано имитираше животни сега само коњчето, прасето и мачето ги кажува. Со прст се покажува. И додека не добие упорно до плачење мука.
    Ги покажува сите во црвенкапа, кога и речеме не бацува, вели Чао, дава пољупци, ги покажува сите делови на главата, оче, уше, носе.. . Со мимики кажуваме приказни и песни, но има работи што некои врсници ги прават таа не. Пример сама не слегува од кревет, а од мала ја учев - читам Ирис тоа го прави.
    Денеска тоа што го прави утре нема. Пример велеше мојата Да и тоа чисто кога ќе ја прашав нешто сега не вели.
    Важно разбираат.
    На оваа возраст синко ништо не кажуваше а сестра му кажува 10-13 зборови. На јатрва ми близначките цела година се помали од синко и повеќе зборуваа на 14 месеци одколку синко на 26 месеци.
    Еве го сега го гледаш кај е. Не си ставај на душата. За некој месец кога ќе дојдеме на Море кај вас не се сеќаваме кога што кажувале. ;)@Happyinlove и јас баталив труднички
    Да е здрав и жив бебуш да ве радува.
    Тешко ти е сега ама за некоја год ќе уживаш со дечките. Издржи.
    Јатрва ми кога синко мој имаше година роди близначки со ин витро. После 4 месеци забремени пак и три девојчиња бебиња имаше на 14 месеци разлика. Тешко многу. Во една куќа имавме 4 бебиња. Синко 26 месеци, близначките 14 и бебе тогаш родено. Секој на секого љубоморен, а требаа раце за работа, држење хранење.
    Близначките беа љубоморни доста, гледавме тие да се со мајка им цело време, бебуш го гледав претежно јас со синко. Само за цицање и го давав, додека ги анимирав тројцата. Тешко беше но поминува. Некои 2-3 месеци после ќе се навикнете. Големото не ќе знае дека растело само. Многу гушкај го зборувај му, но никогаш немој негативно за бебе. Секогаш кажувај му дека така исто беше и тоа, ако имаш помош нека бидат со бебето повеќе.
    Не се осудувај. Замисли колку мајки има како тебе и со повеќе дечиња, па сите пораснале. Стисни заби. Ќе пораснат и ќе ги бараш да се мали
    @Makedonka007 јас од Кали Шус нарачав дебели и слаби, но не вреќибтуку со ногавици. Многу се убави и квалитетни. И на синко му земав од Лидл. Ако сакаш ќе ги сликам
    @S.J.Parker мојава пак се дави во зеленчук и овошје
    Еве на сликата е еден омилен рецепт. Тестенини со сос од брокула.
    Динстам кромид и морков на путер додавам брокула и малку вода, домашна Вегета и да се сварат. На крај една лажица павлака или неутрална хопла. Може и месо и домат како Болоњезе да дојди. Вака може да маскираш и др зеленчук.
    Може и урда или сирење.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mia Fuentes, Makedonka007, srekice и 7 други им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Мојата не имитираше животни до 19 месеци. За куче имаше свој назив само овца знаеше некогаш да каже мее. Од 20 месеци преку ноќ ја листа книгата или игра со животните и сите до едно ги прави со звук. Ономатопејата која ја молевме од десет месеци да ја повтори.

    Моето лично искуство задега говори дека развојно детето се дели на бебе до 14 месеци, моторика вештини до 18 месеци и после 20 месеци е сосем некое друго дете кое разбира десет пати повеќе од она на 18 месеци. Претпоставувам со говорот ќе биде од 24 месеци.
    Секое дете различно, но ова е мое согледување дека магичната границца е на 20 месеци.


    @S.J.Parker вариш една рака спанаќ, потоа брокула колку да омекне. Запржуваш лук на путер, кисели краставички рендани, додаваш моцарела и фета, избледнирани спанаќ и брокула и тестенини. Павлака.

    И сервираш со макарони или шпагети. Белиот сос секогаш бара лук и кисели краставички рендани. Во белиот одат спанаќ и брокула, зелена пипера, маслинки. Зависи што ти јаде. Пченка.
    Во црвен сос со домат идат месни продукти, чедар и зеленчук од типот на модар домат, тиквица.

    Тестенини јадат со се маливе :)
     
    На Emma2, lackygirl, BabyT* и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Од Тила земав многу е убава.

    Иначе јас да додадам една моја грижа голема.
    Знае само да имитира звук од куче и маче.
    Посебно за куче дома си знае ептен како неа звучи. Како две кучиња да иам дома.
    Е сега кога листа сликовница има на една страна исто такво црно куче и секогаш кога ќе дојдеме до таа страна се тресе и лупа по сликовницата. Ама буквално исто реагира секој пат.
    Некогаш и ја фрла сликовницата и несака да продолжи. Ама тоа се дешава на истата таа страна.
    Дури језиво ми е некогаш. :|
    На нет земав да читам и нормално одма некои чудни дијагнози дава де.
     
    На Mia Fuentes, Makedonka007, srekice и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Јас се осеќам глупо кога ќе ме прашаат за оваа ситуација
    Ние тој да го наречам проблем,го немавме,немаше и нема љубомора воопшто,напротив...
    Несакам да звучам обесхрабрувачки,незнам ни како би советувала...
    Ние и зборувавме на Дора премнг дека ќе дојде бебе дома,но сигурна сум дека сите го правеле тоа.
    Кога дојдовме дома,па се до денес (3месеци има бебе) ги вклучувам заедно во игра колку можам,објаснувам на поголемава нонстоп што ќе правам со Бела
    Ајде сега мама ќе и дава на Беа да цица,ајде сега заедно ќе ја облекуваме,ајде заедно ќе се шетаме,па таа да ја бутка количката обожава итн...
    Но секое дете прифаќа различно,карактери нели.
    Единствен совет @Happyinlove колку можеш повеќе вклучувај го баткото со бебето,не му викај не,нека седи до бебето,давај му да го гали,да му дава демек цуце,да ти подава работи кога го пресоблекуваш,да се осеќа убаво покрај бебе,така ќе го засака и ќе свати дека си е негово бебе :hug:
    Во секој случај трпение спасение :l:
     
    На Makedonka007, srekice, NNA и 7 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    18.864
    Пол:
    Женски
    Синко уште не покажува нос око уво, само уста, и знае да стави храна кога ке кажам 'ајде стави во уста'. Ама знае глава да покаже, коса, се чешла, суши коса со фен и брчи. Знае за мотор, кола.
    Куче имитира, коза, коњ, знае да ги покаже. Сликовници сака да кине, па не му читам, има гумени играчки и му раскажувам јас приказни.
    Моторика му е јака страна. Оди, трча, се качува и симнува сам, дури и од високи столици, сам влегува и излегува од кола на акумулатор. Сам умее да го стави клучот во бравата на колата со акумулатор без грешка. Одамна ги користи палецот и показалецот за да фати трошки. Стабилно оди по секакпв терен, рамен, нерамен, трева, земја, песок.
    Обожава да крие работи. Обожава да игра.
    Сметам дека не е загрижувачки ако детето не знае да прави нешто а умее да прави нешто друго. Не се развиваат сите еднакво и не сите имаат предиспозиции да се физички или психички понапредни.
    Едни ке бидат доктори, други спортисти, за ова не е потребен развој исти области. Малку површно обајснето ама ме разбирате.
     
    На Makedonka007, Kaetana, srekice и 4 други им се допаѓа ова.
  10. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    @Yowannty @Мариаа. Мојот не имитира ниедно животно. А живее со куче. Ниту пак ги покажува со прст. Мислам дека уште не ги ни знае кое е кое. Зборчиња исто не кажува. Само некое мрмљање мамамамама, тататата и нешто што личи на “ајде”. Командите ги разбира, но не ги прави. Некогаш само ако сака.

    Се загрижив за цуцлата. Мојот е и преку ден и преку ноќ со неа. Постои ли некој полесен начин да ја тргнеме? Или едноставно да ја фрлам и тоа е тоа? Си ја цуца и преку ноќ у спиење. Не знам дали и како ќе спие без неа. Ама па вие од цице успевате да се одбиете, па јас за една цуцла...:| Битно, ми светна ламбата дека е време да ја баталиме. @FreeMind ако не ми отвори очи, кој?
     
    На Makedonka007, Kaetana, srekice и 7 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    18.864
    Пол:
    Женски
    Јас имам од тила, убава е ама скапа. Плус не е многу дебела, ние сме во куќа и за зима ке треба подебела.
    Лани земав од бејби ко, годинава ке земам повторно. Дебели се и не се скапи многу.
    Квалитетни се и двете, перени на 60, во сушара цела зима, гајле немаат.
    И двете се со ракави. Во ваикики и без ракави има. Има и како скафандер, ама синко не спие во таква, поубаво е кога доле се слободни.
     
    На Makedonka007, Presrekna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Мојов е многу љубоморен на куче.
    Некогаш и намерно иде го удира и вика 'бааааам' и се смее злобно. 8-|

    Ја за цуцлата сфаќам сега дека најтешко нешто ќе биде. Ја користи само за спиење, ама преку ден ако ја види одма ја става во уста. Ако е расположен и му речам дај ми ја, ќе ја даде без проблем, ако му ја земам така плаче.
    А без цуцла нема шанси да заспие.
    :worried:
     
    На Makedonka007, Kaetana, NNA и 5 други им се допаѓа ова.
  13. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Остај што не заспива без цуцла, не заспива ни без шише млеко. А нели после миење заби не треба ништо. Пак да се враќам на нишкање а? :worried: А таман се пофалив дека се си дошло на свое место...
     
    На Makedonka007, Мариаа., NNA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    14.820
    Пол:
    Женски
    Тоа е главниот проблем кога заради една мака си отвараш друга. Заспива со цице, па смени со шише. Па да не заспива со млеко, дај цуцла. Па на крај пак одвикнување од цуцла.
    Знам дека ти и секој друг што прошол низ тоа сакал со понежно и полесно, ама на крај три пати се мачиш за истото. Детето треба да научи да заспива самостојно, без реквизити и активности.
     
    На Makedonka007, NNA, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.086
    Допаѓања:
    108.938
    Пол:
    Женски
    @Yowannty животни уште не имитира. Јас и кажувам кучето прави авав мачето мјау ама ништо не имитира. :) а и мислам мн е рано , тек по 18 месец , барем со големата како што се сеќавам , близу две години беше. За прст ќе покаже јас кога ќе и покажам нешто , некогаш сама и тоа. Наредби ако и кажам донеси ја топката или дај ги клучевите, знае кое е топче а кои клучеви ама не ми ги дава.
    За книги ги врти , со прст нешто ќе покаже и толку. Исто и за тоа е мала да покажува и да имитира на пример од книгата ама убаво што и читаш доколку ти дозволува :)
    Секое дете си е различно не само за прозборувањето туку за се, и за проодување, за да јаде само и др.. Уживај :)
     
    На Makedonka007, srekice, NNA и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.617
    Допаѓања:
    185.201
    Пол:
    Женски
    Да не ве тагнувам сите, ви благодарам за споделеното искуство. Знам и свесна сум дека секое дете е различно и баш и не би ме загрижувал тој факт што не прави некои работи, доколку не прочитав дека тоа е можно оти се вклучени повеќе јазици. Мене тој дел малку ме измачува периодов. Дека сите се различни и дека може баш на мојава и се проблем повеќе јазици. Ама колку што ве сфатив до 2 години валда е се во ред, па да ги оставам грижите за подоцна... :?:

    Туку ајде нешто друго излезе сега, сакам мислење од стоматолозите на темава. Мислев дека двете 4ки долу се излезени, ама изгледа едната е 5ка. Дали е можно? Едното 4че се гледа веќе некое време, а другото не, па дури сега приметив дека е доста назад. Исто грепка малку и 5ката до првото четворче. А 3че нема ниедно. Едно горе е обелено, ама така си седи со месеци, па претпоставувам можно е горните 4ки да излезат пред него.
    Во прилог слики кои едвај успеав да ги сликнам, ама мислам се приметува разликата. Ме интересира само дали може да е 5ка, или 4ката расте многу назад, и ако е така, дали може да се направи нешто околу тоа.
    IMG_20201011_152746.jpg IMG_20201011_152910.jpg

    Во некој ужасен период е. Сегде читав дека трае околу 2 месеца, ама кај неа тера 3 и се чини нема крај. Ноќеска се будеше на секој час како новороденче со врескање. Презаспива одма, ама се буди со врескање. Заспа од 9, до 4 ипол утрото се менувавме со маж секој час, веќе почна да се разденува. Не здроби двајцата.
     
    На Makedonka007, NNA, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.004
    Допаѓања:
    14.820
    Пол:
    Женски
    4ка е, ако ти изгледа многу назад. Тројките се пошироки, плус по 1мм простор меѓу забите ако има како што идеално би требало да има, и таман на место си е. Може 4ки и 3ки да никнат во исто време, или 3ки и 5ки. Ама нема шанси да има 5ка пред 4ка.
     
    На lackygirl, mal.ecka, Makedonka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    34.160
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е Ирис веќе? На кој јазик и зборувате?
    За билигвални деца каснат малку, учат паралелно два јазика и ако едно дете треба да има за таа возраст 10 збора таа има 5 збора од едниот и 5 од другиот јазик.
    Не е страшно и мислам уште е мала.Нејзе плус ја брка што двата јазика од утробата ги слуша.Само упорно учење , а и секое дете нешто повеќе знае нешто помалку.Еве моето веќе на 18 месеци си ги знаеше деловите на телото на двата јазика да ги покаже ама ав и мјау не знаеше.Чак на 2 години почна.На браручетка ми пак син и знаеше од 10 да брои на 2 години, на моето му требаше до 2 ипол години за да научи. Секое е различно.Вежбајте најважно фина моторика , груба исто, надвор шетајте трчкајте и вежбајте пасивен јазик.После две години ќе настене експлозија и ќе се чудите од кај ги знае зборовите.Многу приказни раскажување, песнички и ќе научи:)
    Помалку или скоро ич телефони и телевизор.
     
    На Makedonka007, Kaetana, NNA и 4 други им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Секако без цуцла или шише млеко ќе заспие. Како и за се така и за овие работи е три дена. Првата ноќ најтешка втората е така така и третата лабаво.
    Уште од вечерва не се спремајте веднаш фрлете ја цуцлата. Само вечер ќе е тешко. Моето никад не фати цуцла али ќе ја повикам од сектата @BabyT* она на одмор ја фрли од одма за две секунди кога сфати дека проблем и направила на забите. А малата зависна од цуцла шо дење ноќе со неа. И така Бејби лута зема и ја исече во миг. На одмор да повторам. Така да од одма почнете на неспремно. Нема друго решение.

    И тоа млеко за заспивање е мачкина кашлица. Јас на мојата и давам секој пат млеко во кола после градинка и наеднаш од понеделникот прекинав. Се бунтуваше само ден во кола сега не ни памети дека пиела. А чисто да проверам дали ќе се регулира столица кначе пак ќе и вратам млеко. А може и не. Ако слушнам од вас зошто не би и вратила? Јаде млечни најмногу и се. Млекото и доаѓа како ту мач.
     
    На lackygirl, mal.ecka, BabyT* и 6 други им се допаѓа ова.
  20. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Makedonka007 јас сега купив од Waikiki. Топ е 900 денари. Имаш и други бои и големини. Како јорганче тенко е. Супер е.
     

    Прикачени фајлови:

    На Makedonka007 и MilaSs12 им се допаѓа ова.