Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    185.166
    Пол:
    Женски
    А со растење ќе се изедначи со другава што е израсната или не? Некако кога гледам ми стои многу подалеку од првата... :?: И кај првава што веќе е порасната ти личи дека има простор за тројче? Оти нели рече тројките се пошироки..

    @Ava.84 скоро 14 месеци е. Јас и зборам на македонски, татко и и збори на грчки, ама јас и маж ми најчесто комуницираме на англиски оти така ми е полесно мене. Значи слуша 3 јазика. Па се замислив дали може не е едноставно спремна на тоа, па може треба да внесуваме еден по еден. :?: Мобилен воопшто не сум дала до сега, тв давам најчесто кога треба да пружам алишта, а не можам да ја земам на балкон со мене оти не можам да ја довардам ми ги чепка кактусите. :D Тоа е прилично кратко.
    Средувам се најчесто претходниот ден кога маж ми е дома, за ние кога сме сами да и се посветам само неа. Деновиве се изначитав се и сешто па почнав да се преслушувам дали јас правам нешто погрешно.. :|
     
    На mal.ecka, Makedonka007, Presrekna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    34.156
    Пол:
    Женски
    Не ,не правиш ништо грешка.Се е во ред додека ги делите јазиците.Значи нам ни е стрикно кажано да збориме само македонски и таа ќе учи во градинка и школо германски. Едноставно 3 јазика е тешко одеднаш да се научат.Точно дека учат брзу ама сепак и за нив е тешко.Мала е уште ама ако имаш можност посоветувај се со логопед како да направите. Дали ти и маж ти да комуницирате на грчки или е добро вака трите јазика да ги слуша?Сега детето и да тргне на логопед ќе учи само на грчки.Секако и премногу е мала. До душа тој и е приоритетен оти живеете во Грција.
    Не се разочарувај ако касни со говорот едноставно таа учи многу пред другите деца.
    Почести средби со баба и дедо да јљ оставиш на некој саат верувај многу има позитивен резултат со средбата после нив.Ова од искуство.
    Еве пример за мојата ќе ти кажам што е билигвално дете.На две години имаше многу мал фонд на зборови и кажуваше нешто ама не беа точни зборови(вава-вода, виви-името, итн) После накај 2 ипол почна по два збора да кажува, додека другите деца веќе збореа.На три почна да збори со прости реченици.Со германскиот заостануваше и кажуваше максимум два збора.Ми предложија од градинка логопед.Докторот дециден до 4 ќе чекаме.На четири имаме преглед и пред да идам ја прашувам воспитувачката што мисли.Никако нема потреба од логопед веќе е скоро на ниво како еднојазичните деца:o
    Отидовме на доктор докторот и постави некој прашања и и даде слики да види дали ги знае од 20тина слики само две не знаеше.На мк ги знае .Ама докторот рече јас сум задоволен нема потреба од логопед.Сега на 4 год и 3 мес. Не престанува на мк да мели , дури ако и презбориш на германски обраќа и продолжува германски па и не учи мене и татко и:rofl:
    Стварно многу поспор и е развојот ама кога ги слушам германските врсници па и таа толку знае на македонски да збори.Сега граматика уште греши ама е 4 години.
    Така вие само учите и знај ќе излезе тоа на површина кога тогаш:)
     
    На Yowannty, Makedonka007, Presrekna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.999
    Допаѓања:
    14.807
    Пол:
    Женски
    4ките имаат 4 "врвчиња" (тубери), можно е тоа што излегло прво да е едно од задните туберчиња, па со никнување на предните да се изедначи. Можно е и да не се еднакви забите од двете страни, и тоа се случува. Во секој случај, не се прави ништо во врска со тоа и затоа нема потреба да се замараш. Забите ќе никнат таму каде што се зачнале во вилицата и тоа е тоа. Иако идеално треба да има по 1мм помеѓу сите заби, има деца и со поголеми простори, има и со сосема споени заби. Ако има некаков проблем, откако ќе никнат сите заби ќе се консултираш со ортодонт. До тогаш само грижи се за хигиената на забите.

    Едит: најдов добра слика од забите на малата, напред и се споени а еве колку место има до 4ките. Изгледа многу, ама нормално е.
    Screenshot_20201011-195212_Gallery.jpg
     
    Последна измена: 11 октомври 2020
    На Мариаа., lackygirl, hello-kitty.90 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    4.002
    Мислам дека до годината па и малку после неа, ништо не правеше. Скоро исто како твојата што прави. Околу 2 години нагло, значи одеднаш промени и многу работи почна да прави. Не се сеќавам искрено, само ти кажувам да не се секираш без врска, секое дете си е различно, немој да споредуваш, што треба да биде ќе си дојде само себе.
    Те гушкам и ве бакнувам :inlove:
     
    На Yowannty, Makedonka007, srekice и 3 други им се допаѓа ова.
  5. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @Yowannty ние сме 13+ тука така сме. И јас бев премногу загрижена до степен да плачам со часови,посебно после читањрто по нет. Бев на педијатри на доктори и сите се сложија дека нешто со мене не е во ред а не со детето.
    Животни не емитира освем куче а патем имаме куче. Со прст не покажува плаче кога нешто сака и се гледа во предметот. На сликовница понекогаш покажува кај е кучето и кај е бебето. Не ми носи предмети. Ми подава предмети од негова рака кога ќе му кажам - дај на мама ,но само кога тој сака. Не прави папа, не прави браво. НО
    се смее на луѓе , возвраќа на насмевка , прати кој влегува излегува , си кажува мама баба тата, знаеше до пред некое време да каже џиш и да се гледа горе во сијалицата, сега не сака. Активен е, сака деца се радува, си ги знае дел од играчките ,знае кој е тато баба дедо.. Игра,листа сликовници ,сака животни, емитира мимики,знае да се крие и да биде најден.. сакам да кажам дека по литература и по некои критериуми не покажување со прст и не користење на невербална комуникација навестуваат проблем.. НО ако се друго е во ред нема никаква причина за загрижување.. ние сме мајки и се секираме , треба на детето да му се даде простор и време за да научи и сфати,не се сите деца исти , најлошо е кога имаме во близина генерација и си правиме споредби но тоа е многу погрешно...

    радувај му се на душичето, посветувај колку што можеш време и уживај во неговото растење.. ке помине одма и ова..мене ми требаше време за да го сфатам ова само барав мани од тоа читање по интернет. Гушки до вас

    патем да кажам за цуцли јас почвам да го привикнувам од чаша да пие , цуцла не фати никако.. па те од шише со пластилна цуцла те чаша.. :D
     
    На Kallias2, koritsaki, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ако јаде млечни производи јас не би давала млеко. Со првото не давав никогаш. Цицаше и после годинка додуша, ама како што намалуваше јас не давав млеко, освен млечни производи. И до ден денес не пие млеко. А и ние не пиеме за право.

    @Yowannty многу е нормално да се буди сега со четворките. Со ќерката кога вадеше четворки а после тоа и тројки ( прво се четворки па тројки) беше хорор. Со будење цела вечер, вриштење, паники, .... Катастрофа.
     
    На NNA, Мариаа., koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    @Presrekna @Мариаа. @MilaSs12 @srekice
    Фала женски, ќе разгледам од понуденото па ќе одлучам, битно имам избор сега :)

    @Yowannty и мојата е 15м, па не имитира животни, деновиве почна неколку пати на ден да вели мама тата, ама кога ќе ја прашам кај е тато, покажува со прст накај него исто за баба за мама(кога мм ја прашва). Слуша наредби Донеси го куклето, Дај ми го. Ама не зборва како шо велат за 15м, нема ни проодено, ама ќе биди и тоа. Како шо рече @srekice ко ќе се разборат после, најголеми брбливки ќе бидат :D

    Иначе повторно ме фаќа оној период кај шо морам да балансирам меѓу фамилијата и работата, поќе обврски во двете сфери, мала доза на анксиозност, ми олеснува кога ќе ви пишам.
    Неколку дена немав добар сон и последица вртоглавица, главоболки... Плус сега 3ките се на ред, не се почнати ама туку се негде.
    Ќе дадам максимум од себе да се опуштам и да се спремам за периодот:)
    Добра ви ноќ :inlove:
     
    На Emma2, NNA, srekice и 2 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Еве да пишам и јас.
    Бев голем поборник за цуцла, дај и ја и мирна глава, ни плачки ни ништо. +-беше 24/7 со неа. Активно почна да ја бара после 16м.
    Преку слика тета @Spidy откри дека малата има отворен загриз, баш од цуцлата.
    И така избезумени, НА ОДМОР, ја зедов цуцлата и ја исечив со ножичка за нокти.
    Како што кажа Фри, 3 дена беа плачките и секоја ден со намален интензитет. После само ќе ја спомнеше ама не плачеше.
    Инаку малата имаше проблем неможеше да ги доџвака парчињата, ама никогаш не мислев дека тоа е проблемот, не ми ни текнало.
    Исто има слабо шуштење во зборењето.
    Еве и слика да знаете дека не е играчка :)
    IMG_20201011_222517.jpg
    On the bright side.
    Има какво такво подобрување за 2 месеци.
    IMG_20201011_222719.jpg
     
    На Flower123123, Kaetana, mariz и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    185.166
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 јас бев првично на идеја англиски да исклучиме, со маж ми да комуницирам на грчки, а со неа на македонски. Се консултирав со педијатарката која патем ме советуваше дека нема потреба од логопед и дека нема потреба да исклучам англиски. До 36 месеци учат само од слушање, совет добив да пуштам тв само приказни да слуша без да гледа, дури и кога си игра да оди нешто во позадина. Има такви на македонски, има на грчки, без слика, само тон. Јас претпочитам јас да и раскажувам, а и сака да ме слуша. Некогаш повеќе, некогаш не е заинтересирана.
    Островов е мулти култи, пола од браковите се мешани од секаде, па според тоа, докторката рече според нејзиното искуство полесно е да научи јазик сега отколку да оставам за понатака. На секоја контрола ме прашува што прави, што ново има месецот научено и што и е омилено да прави. За сега не ми рекла дека нешто е проблематично, јас имам искуство со преувеличување и дијагностицирање сама :wasntme: откако ќе се изначитам нели работи на нет и ќе ми проработи црвот. :wasntme: Ама нели оти не секое дете исто се развива и нема исти афинитети, може баш моето е поспоро за јазици. :?:

    Иначе да дополнам, ми дава само ако држи нешто во раце, да и речам дај на мама ќе ми даде. И да, за се нешто вреска и се добива врескајќи. (facepalm)


    Девојчици фала ви на искуства и совети. :f:
     
    На Kallias2, NNA, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    18.863
    Пол:
    Женски
    Веќе една недела не заебава со јадење. 5ки отечени. :|
    Јаде кашкавал, леб, чоколадо, јогурт и цица. Ке си полудам со нејадењево.
    Патем, бакутан пие ама уста не отвора. Не е до бекутанот, до забите е и до ништо друго.
     
    На Kaetana и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  11. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Да се само надополнам многу работи се погрешни со овај интернет , има корисни работи но има дупло повеќе работи што ќе не збунат , јас едвај излегов од анкциозноста .На крај краева додека ние се секираме за нашите здрави и прави деца има мајки кои што имаат такво дете и се борат до крај за неговата среќа.. пред само два дена го шетав малиот со другарка и забележавме на еден балкон голо детенце на околу 6 години (аутистично)со рацете во вис и врти ли врти , испушта звуци... другарка ми одма рече брее што родители се овие го слекле во октомври не им е гајле топло е ама не е до толку- таа не знае за што станува збор... страшното е што и јас да немав деца можеби истото ке го искоментирав. И кажав се додека не е родител да не коментира за грижата на други , затоа што секоја психички здрава мајка го посакува и го прави на детето само и само најдоброто, за дете боли најмногу.

    Муабетов ми е дека ние се правиме за нашите деца најдобро и се трудиме да имаат најдобар развој, се друго е воља на господ или на универзумот (кој во што верува) . Затоа радувајте му се на вашите деца и уживајте во поминатото време со нив. Добра ноќ:hug::hug:
     
    На NNA, srekice, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    34.156
    Пол:
    Женски
    @Yowannty уште нешто што ме советуваа воспитувачките Јас цело време и викав :-Мама кажи топка Топка.Топка. Чекајќи детето да повтори.
    Кога детето нешто каже, ма што и да каже или ти даде, сум треба да кажам пр .-Да, душо тоа е една шарена топка.Или така е тоа е топка( ма макар ништо не рекло или само нешто измрмрало).Или ти кажа топка, па толку убаво кажа топка, супер ,браво...
    Понатаму се продолжува да се збори за топката, каква е голема и интересна, на се што ќе кажеш повтарај го и акцентирај го зборот топка.Така детето со толку повтарање ќе научи и што предмет е и за што служи.Па можеш да и кажеш да си подавате па некоја песна да измислиш.Така се стимулира детето, ама никако да викаш -Инес повтори топка,топка ,Тооо- пп-кааа:DЈас така правев ама не требало.Колку повеќе работи збориш за еден предмет побрзу ќе го научи:)

    Секако дека не се проблем три јазици, само стимулирајте говор и многууу трпениее.А секоја мајка помислува на најлошо.
    Затоа рекле : што ти мисли мајка да не те снајде, ама жена што ти мисли да те снајде( демек да не е мажот со швалерка ):rofl::hug:
     
    На Kaetana, NNA, srekice и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    185.166
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 тенкју фор да типс. :f:И зборам јас и така и така, ете не сум знаела дека треба.. За секоја играчка вака некако звучам - види каква убава топка ти си имала, ај кажи топка. Тоооп-кааа!! :D Да знам да го проширам описот од денеска. :D
    А за ова се пресмеав по сабајле. Да си жива и здрава :D
    :rofl:
     
    На NNA, mal.ecka, Мариаа. и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    185.166
    Пол:
    Женски
    @Spidy пак јас.
    Ако може да ја ѕирнеш сликава уште еднаш, извини не можам подобра да направам не дава.
    IMG_20201011_152910.jpg
    Дали тоа запче што се гледа што е излезено лево на сликата, нејзино десно, ти стои за 4ка или 3ка? Оти после него има друго излезено што грепка. Можно е ова да е 3ка толку далеку? Пошто ја за 4ка го рачунав..
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.999
    Допаѓања:
    14.807
    Пол:
    Женски
    Од оваа слика ништо не можам со сигурност да кажам. Најверојатно се 2 тубера од истиот заб, четворка, според описот.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.609
    Допаѓања:
    185.166
    Пол:
    Женски
    Измеѓу ова што се гледа и другото после него има поголем простор од овој на сликата. :?:
    ОК, фала ти во секој случај.

    Никако ред да им фатам на забиве. (facepalm) Неделава секако сме на контрола па педијатарката ќе ја види.
     
    На Spidy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Makedonka007 Ма јас ги читам сите, и срам ме фати. Мојата е од онаа клапа на @FreeMind. Мудро си молчи. И кога ќе се пушти, ке незнаеме кој крај со мм да го фатиме.Матичната истото ми го кажа. Пред 18 месеци освен да брбља нешто, друго не очекувам.
    Сега е сунѓер, и после кога ќе пукне:D

    Мојата не е без ич. Кажува мама, тата, даде, баба. Но кажува, само, не ми се обраќа мене. Значи не е сеуште свесна.
    Имитира само змија кога ќе и речам "Ссссс".:D Кобра мајкина. Другите животни јас ги имитирам а она се смее. Посебно овца кога имитирам.

    Околу наредбите, само тоа што сака извршува. Носи топка, играчка. Се качува и седнува во хранилицата. Ми подава каишеви да ја врзам. Сама се соблекува инаку. Обавезно одибда ја фрли пелената, и чека раце да и измијам.
    Со прст не покажува, кога сака нешто, по секоја цена мора да го земе. А ако и го дадам, го фрла и почнува да плаче (facepalm)

    Може има и други работи, ама не ми текнува :D
     
    На Emma2, lackygirl, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.999
    Допаѓања:
    14.807
    Пол:
    Женски
    Ако случајно успееш да направиш подобра слика, пушти ми ја слободно, ама со преглед најдобро се гледа.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.085
    Допаѓања:
    108.936
    Пол:
    Женски
    Моево во последно време мноогу се лигави , најверојатно и ние ќе имаме некој нов заб. И не само лигавењето , навечер некако ми се буди често деновиве и насабајле ко ненаспана сум , некогаш се случува и да заплаче во сон. Си викам заби ќе се , нема што друго :wasntme:
    Гледам сте зборувале за цуцли , моево готово лажливката ја откажа целосно и така само навечер и сабајле пред спиење и ја давав , сега воопшто не ја сака. Ама за цице се буди поготво сега некако навечер што ми е вознемирена , по 10 пати. И тоа ќе цицне , па ќе каже мама (со затворени очи) , па продолжува со цицање , па пак мама и така неколку пати ќе повтори и заспива.
     
    На kitty.m, Kaetana, NNA и 5 други им се допаѓа ова.
  20. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @koritsaki оо душиче колку слатко си заспивало :inlove:
     
    На MilaSs12 и koritsaki им се допаѓа ова.