Мојава соработува, почна да го носи трејнерот на 2 и 10м. Јас реков шанса нема да го носи ова чудо... Она спие со тоа цела ноќ Неможам да сликам што чудо е, дека спие со него... Вака е Спојлер: Трејнер , но розев (тој потврд силикон е, за неа такво требало рекоа)... Чекаме сега месец дена па ке дадат и вежби со тоа додатокот што го има во него. Битно со него учи правилно да голта и на правилно место да биде јазикот. Забар само стоматолог тешко да знае што треба. Ние бевме баш кај специјалист за вилица со препорака од забар. Бидејки тука не се проблем само забите, проблемот е во вилицата...
Ортодонт. Како ортопед ама за заби Точно е дека повеќето стоматолози имаат слабо познавање на темава, ама треба барем да препознаат дека нешто не е во ред и да препраќаат на специјалист. А и се да е во ред, откако ќе никнат сите заби би требало да се има една таква контрола. Исто како што и на ортопед одиме многу рано уште пред да стои детето.
Кога се рачуна за проодено детето? Оди сам од маса до комода (макс 5 чекори), а мајкава пукна да нарача постапалки.
Кога ке стане само од под и ке почне да оди. Додека да дојде до таа фаза ке помине уште најмалку месец, може и повеќе. По оваа фаза, откако ке почне да пушта по повеќе чекори, ке почне една фаза на лазење, а тек потоа ке почне сам да се исправа. А постапалки можеш да правиш кога сакаш.
И мене ми е мерак @MilaSs12 по ова шо го опиша значи беба кај мене е проодена? Станува сама од под ама не секогаш, дава и по десетина чекори се случило неколку пати да изоди соба, ова сето почна да го прави за многу кратко време неспремни не фати е сега има денови кај шо 90% од времето лази и тоа ме буни многу
@Presrekna @Yowannty @The Unicorn @Мариаа. @Septemvri леле вие сте се изнапишувале мене ништо не ми стигнало Не ми се во ред нотификациите а сама не ми текнало да проверам. Мило ми е шо сте сите добри, па ќе се чуваме за скокот. Мојата малку беше настината, па ја одложивме вакцината и така. Кога ќе ме види после работа не знае како попрво да ме изгушка Инаку е мирна и само првите дена ме барала. За развојот, стопати велиме дека сите се различни, во ништо да не ги споредваме ама ете те фаќа страв. Мојата имитира само куче маче и мечка, а сите ќе ти ги покажи/донеси. Кога слушаме музика игра и пее НаНаНа. Знае да каже каде и се очи, уши, нос, заби и коса. Кога ќе и речиш Добар ден таа се поклонува со главата Нонстоп читаме и многу и зборуваме, среќа па и бабите се малку помлади и убаво работат со неа дури да тргни в градинка. Секој ден нешто ново ја учат. Вака се си е супер, е кога ќе ја споредам со малата на деверите која е месец постара, нивната ми се чини поџандар. Мојата надвор е помирна. За цуцла, не знам шо е работата, во последно како кај Мариа, ако ја види сака да ја земи и се лути ако не и ја дадам. А мора шо побрзо одвикнување Ве гушкам
Нормално е така, сега некое време ке паузира, па преку ноќ ќе забораи на лазењето и ке трча. Лесни чекорчиња
Девојки малиов од сабајлево почна да ми задткува, како да ги развлекува зборовите. Вака не правеше до сега. Течно си ги кажуваше. Да чекам некој ден, да реагирам некако одма?
За мерак кога сакаш можеш да маправиш постапалки. Навистина не е битно дали пушта по 5 чекори или трча. Јас правев кога почна да пушта по 10тина чекори.
Ај да прашам генерација како стоите со бањањето? Бањањето ни се претвори во хорор периодов. Од летото почнав под туш да ја ставам. На плажа, видов не реагира лошо, напротив, па продолжив и дома. Сама си одеше до туш, расположена. Ќе ја соблечев и за раче сама си влегуваше. Се до пред некое време. Одеше со мало негодување. Па почна со кенкање. Па знаеше да приплаче. Последниве 2 пати глава и немам измиено од што премалува и буквално бега. Последниов пат едвај само со вода и ја наквасив главата. Сега после толку време и почна да и е страв од тушот? Што да правам? Не би пак да ја вратам во кадичка...
Јас најпрвин ја туширам па ја кревам во раце,гушната накај мене и ја навалувам главата и под чешма ја плакнам. А ја наводенувам претходно со канчина со кои си игра додека е под туш. Се надевам добро објаснив.
Кога од под ќе стане сам без да се придржува за нешто и ќе тргне. До тогаш може да помине уште месец-два. Ако се исправа со помош на масата и прави чекори ортопедски не е проодено детето. Јас лично го сметав за прооден кога почна сам да станува од под и кога одеше стабилно без да има точка од-до за да се фати. До тогаш се ми беше тетеравење Прави си колачи кога сакаш.
Нормално е тој период исто беше, среќа помина, сега го капиме во копанка/корито во када но туш не користам во кофа вода полнам за плакнење и така го плакнам на крајот инале ужива да се капи плачи кога го ваѓаме а од тушот се плаши и плачи. Кај Фри уште плачи за капење, нема пропуштено малата
Ке и помине за еден месец. Туку, како сечете нокти.?! Сега тоа е проблемот. Оние на нозе па ич не дава. И да, менување пелени е трчање со голо газе по дома. Влажни и павловиќева не користиме со месеци Кога е какана ја мијам. А ако успеам да шлапнам стоечки павловиќева, одма се пипа со раче и лиже
Ако ти кажам дека до сега јас му немам сечено нокти..... На почеток дур беше бебе-бебе му сечеше маж, сега кога идеме на гости кај сестра ми ја терам она да му исече. Со ножички му ги сече. Мене ми е страв ножичката да му ја приближам
Мене не ми е страв. И јас со ножички сечам на раце, на нозе со грицкалица. Страв ми е од палчињата на нозе да не зараснат во месо. Тие се мака голема. Ама недава. На раце успевам со турпија да ги средам. Али нозе
Му пуштам цртани и чекам да се загледа па сечам. Исто и за пелени, го легнувам, му го пуштам омилениот цртан, му го давам тел и со брзина на светлината го средувам. Цртаните ми се спас мене
@srekice дури беше помал му сечев без проблем, знаеше дека нешто му правам и чекаше... а сега... хорор , и можеби е безвезе ама му сечам кога спие И за пелени е хорор, бега , ако го застанам почнува мостови да прави да плачи да се нервира.станат му менувам и секако павловичева неможам ни на сон да му ставам. Едино ако му е црвено газето, му шуштам и јас омилен цртан чекам да се загледа и правам се на брзина @Yowannty за бањање почнав во када да го капам и сакаше многу, и еден ден се уплаши од тушот , а ништо не вообичаено не направив но ете.. сега пак се вративме на кадичка додека заборави. Главата ја мијам секој 3 ден затоа што неќе,па да не му правам хорори. п.с дали на некоја мајка детето и се плаши од кола ? бебе сакаше многу кола , значи колку и да беше плачко во кола пресреќен. Но летово воопшто не го ставив во кола , секаде со количка одевме, и една вечер ми се расплака во количката и си реков мм е излезен нека не однесе со кола до дома. Седнавме на предно седиште , се зачуди многу можеби дека на вечер и на предно седиште не се возел до тогаш и почна многу да плачи ама со страв, и еве веќе 2 месеци неќе да влезе во кола , пробав пред неколку недели последно... незнам што би требала да направам. Некој совет ? или да чекам само да му помине ?
Бањање обожава, откако е роден сака да се бања. Проблем кај синко е кога го вадиме од бањање. Инаку го бањам во кадичка во соба, а само тело во када. Ладно ни е купатилото и ми е страв целиот да го бањам. Летово го бањав и во када цел, ама бега, плус сака да ја фаќа чешмата а еден дел е многу жежок (од каде што тече жешка вода), па полесно ми е во каидчка. За нокти, му давам нешто да се заигра, нешто недозволено, пример веледа за пеленска регија, метално е пакувањето и може да се изгребе, ама додека сечам нокти се занимава. Се случувало и со 4 нокти исечени, останати долги да оди.