Од коа е родена мм сече нокти и тоа си седи мирна кај него никаков проблем немаат. Мојава сака да се бања проблем е на вадењето вриштење на нај јако пелена сеуште успевам да сменам без да бега ама и мојава е помала од вашите кај и да е јас ке бркам бебе со голо газе низ дома
@NewMama Нема да можам на спиење. Таа се буди ако ја покријам, не да фатам нокти да сечам. @flower55555 Ми палеше едно време финта со цртани. Сега јок. Таа се џапа по ножици и тегне прсти. Пелена не е проблем пошто pants користиме. Проблемот е кога ќе избега и ќе се помочка некаде на теписон и шлапа со раце додека да ја фатам
Од раѓање јас му сечам нокти, прво со ножички сега со ноктарка, секогаш кога ги сечам ме гледа, пред 2, 3 месеци нешто почна да ми се буни, ама не му попуштив, имав малку проблем, неколку пати така ме туркаше ама му ги сечев упорно до крај и помина и тоа, пак си седи мирен, за нозете понетрпи ама пак стои, незнам што совет би дала, за цртани пишале, на спиење неможиш, со зборување, или да земиш некоја кукла, мече па да му ги сечите прво него ноктите, нешто така пак низ игра да е @srekice
Дали има наеднаш поголем вокабулар, можеби и сврзување? Најчесто е развојна фаза во говор, по која следат или на која претходат нови и повеќе зборови. Значи физиолошки (нормален) процес кој го минуваат некои деца. Сепак треба да исклучиш психолошки или друг фактор. Иначе не, не треба да реагираш. Однесувај се како да не го прави тоа. Многу е важно да не го прекинуваш, дополнуваш или предупредуваш. Само повтори после него полека и правилно. Се надевам било само утрово од збунка или брзање и дека е сега ок. Во спротивно, ако продолжи, јас би превенирала примарна фаза.
Си сврзува по 3 4 зборови без проблем. Не е сосем разбирливо ама за возраста супер. Од сабајлево почна и еве уште трае. Знае да каже и без завлекување ама и со завлекување. Денес почесто зборува со развлекување, со сецкање. Баш ме исплаши. Ќе почекам неколку дена. Си мислам да не му стана вака нешто интересно да прави. Ќе го пратам па ќе видиме. Фала ти
Само кога спие. Со ноктарица од прв ден и сечам. Не знам не ми било никад страв или да паничам. Али никако будна. И така ќе идам до 18 години.
Да да пишав уште на првиот пост дека кај ортодонт ама да не се повторувам 100 пати, плус не ме сфати членката па на неа и го објаснив така..
На спиење Спие на стомак, ама ке се разбуди. Ке смислам некако. Ке и дадам ноживи да си игра, за, да можам со ноктарица да работам Се надевам фаза е, и ке помине. @MilaSs12 Епа ќе те моча кога не си го одвикнала на 10 месеци од пелени За подетални информации пиши во inbox. Ке ти дадам контакт од свеки Денес пак ми потенцираше како нејзините пред година не носеле пелени. WTF
Свекрва ти нема ли попаметна работа? Зачлени ја во некој пензионерски клуб, може ке најде другарка (или другар) и ке те олабави.
@srekice се извинувам но,свекрва ми е победник. На 5 месеци веќе ги седнувала на нокшир. Пред година сами си кажувале.
Исто и свекрва ми. Тие генерации на бебиња очигледно биле генијални. Моево дете на 5 месеци ни со перници потпрена не седеше, а не па на нокшир
И на маж ми и на брат му. Мора малку повеќе да се отвори темава, особено кога се работи за рестрикции кои не се видливи од прва со око. Нема што да те гледаат како будала - откако сум член на многу групи со мајки чии што деца не ги дијагностицирале на време, и те како сфаќам што значи касна дијагноза. Освен проблеми со вилица и заби, колку мајки споделуваат искуства за деца со доцнење во говор, нечисто зборување, грешни дијагнози за проблеми со говор, за на крај да испадне подврзан јазик / уста. Сечам нокти ама со декрет ќе ми се одземе правото. Веќе втор пат му го сечам толку длабоко ноктот што крв му пуштам. Еднаш како бебе, еднаш еве во вчера. Се дупна од плачење. Душа. А големата ми вика дека длабоко ги сечам, ама што да правам. Поинаку не знам. Туку и Маличе почна да се пушта. И не е застанат откако се пушти. Цел ден кружи низ дома и му е многу интересно. Баш се пушта од еден до друг крај на собата.
хаха ме потсети на кумашинчето. Веќе 4 месеци девојката нејќе да и сечат нокти на нозе и и сечат дур спие и тоа мора двајцата. Мајката држи светло накај нозе, а таткото сече
Јас незнам стварно. Толку ли не сметаат за глупи и заостанати. Се прашувам да имаше ќерка дали исто ке и збореше. Прееска останав шокирана. Уште ли пелени?!?! Моите пред година веќе не носеа. А баш некни слушав одвикнување е помеѓу 2-3 години. Со исклучок на некои. Ова ме закопа.
Нека купи нокшир да и кажеш. Да не закасни. За ноктите јас веќе со месеци пред огледало му ги сечам. Само тоа успева.
Меѓу 2 и 3 години е одвикнување од пелени, точно. Секаде тоа го пишува и од тоа што го глеам околу со друштво, сите тогаш тргаат пелени. Мојот мајмун е скоро 1 година, и веќе аман од прашања дали седи на нокшир. Не го ставам, немам намера барем до 18 месеци. Џабе да го седнуваш кога уште е мало да сфати што му се случува.
И јас сум изгорена за постапалки да порачам ама никако мојава не ми дозволва. Не и не Абе кои постапалки, јас шампањско ќе частам кога ќе прооди
@srekice нема ќерка нормално. 1. уште пелена ? ах лелее ве мрзи да трчате да ги соблекувате. 2. Уште го доиш ? што млеко е тоа после 1 година ? 3. многу е слабо детево греота. Треба да му моташ на секој сат се во уста ! јас од 3 месеци бисквити давав !! @Spidy нивните синови се само генијалци нашиве греотички хахха