Јас на почетокот и прашав како оди одвикнувањето од пелени тоа на интервјуто за градинка Емили беше три месеци. Како ме погледнаа страм ме фати. Ми рекоа дека тоа е руска школа и дека они оддамна не ја практикуваат. А јас читав тука и тоа ми беше едно од прашањата. Какви се не глупости сум трескала додека не ми помина низ кожа секој момент од развој. Ама сега сум експерт за деца до 2 години. Фала богу кога им збориш за подобро ретко кој те сфаќа. Или си гугл мајка или многу се курчиш. Така остави ги нека се прпелкаат со месеци со дубаци, мубаци, паткања, перници, нокшири, блендирани храни. А колку уствари се природно иде во точен момент со мала насока. И најбрзо не само природно.
И јас на мојата кога е будна и сечам нокти, ама затоа до Македонија не слушат како плаче. Денеска апсолутно ништо нема јадено, ни доручек ни ужина ни ручек, ќе си пу кнам. Луѓе сабајле вратата на спалната е била отворена и малата без да ја осетам си отишла во дневна, на масата, а сношти до касно гости имавме, тоа пива, чаши, цигари лом. Само слушам звуци од дневната, незнам како сум стигнала до таму, сега психата ми е да не е чепкалка во пукавци, да не е голтналс нешто, ама секако ќе е закашлеше. Психа тешка сум!!!!! Ќе си пукнам, до сега еден пат у неделата добивав нервен слом, обично мм ќе ми зборува и ме смирува, сега секој ден
Ова сега и се случува. Никогаш не било проблем бањањето. Маж ми и го држи сунѓерот мој горе кој патем е во сите бои ради тоа. Таа гледа нагоре и јас и мијам глава. Сега бега од тушот како од ѓавол. Вреска, целата се витка ко кифла. А цело лето е под туш. Не знам што и стана, што се исплаши толку... Еве ме просветлија дека е фаза. Морам да отворам книгата со фазите, последно време не постигам да прочитам ништо, преуморна сум, ме утепа со неспиењево овие 3 месеца. Ноќеска се разбуди во 2, до 4 беше будна. Се пробавме со маж ми. Песни, во раце де кај мене де кај него. Не, не и не. А знам дека со сила не бива. И дека чим е будна дур не побара сама да спие, светот може да се заврти наопаку ама таа нема да попушти. Ама ај, пуста надеж дека ќе се предаде. Нормално, се беше џабе. Денеска сум зомби. Ги мрзам комшииве. Се прибраа од Паксос. Толку се несовесни за останатите луѓе околу немам збор. 20 пати ја треснаа вратата и конечно ја разбудија од дремка. И сега само 45 мин спиена. Јас на сред полнење пиперки, рерната пуштена, кујна хаос. Таа почнува да вреска. Не знам кај попрво да се завртам. . . . . . Еве ја долу сега си разгледува сликовници, јас сум мртва уморна, со сите прсти кацнати од нож измотани во бетадин. И си замишљам во главава, шубаво ќе беше да имав еден митралез сега и цела зграда ратата ратата ратата.
4ки, нејадење,9ти скок, и по некој тантрум зашо затварам врата од ходник и сум го седнала во хранилка за да идам до вц на секунда. Папсав.
Да кажете на свекрвите дека каснеле. Баба ми на 3 месеци на нокшир ги седела чичко ми и татко ми Од 4 манџи јаделе ко сите дома
Не знам дали добро ти го сфатив коментарот, ама зошто? Па како прво таков е муабетот,а плус сакам да си прооди, време и е, 1г 3м има. Не знам шо е чудно тука...
Златен медал доделен. Ако не се јави некоја од еден месец што јадело само ти го однесе пехарот. Неверојатно. Сестра ми е 78ма родена. Мајка ми и за неа со дохрана почнала од шест полни и седела од осум месеци. Она вели дека тогаш имало бабици кои ги советувале, а во болница седеле по две недели од породување додека не научат се. Подоцна можеле во болницата да добијат информации за дохрана и слично. Но овие свекрвиве не слушале оти уште тогаш изгледа се знаеле
Девер ми бил роден 2500 гр. Од старт пиел сок од јаболко и јадел кашички од тиква. И ете, што им фали Јас во облаци сум летала Официјално влеговме во 10-ти скок Излегуваат долните двојки, но ме буни цело непце. Ептен е потечено и бело. Раце до лактите и се во уста. Се лигави жива вода. Само соблекувам блузи. И упорно ми ја носи frezyderm да ја мачкам Менито ни е сведено на палента и овесни. @FreeMind Мајка ми не доела само до година. Ни давала со лажица гребено банана и јаболко. Друго ништо. Генерација 76, 80 и 87 ма
Алергична сум на тоа НИШТО НЕ МУ ФАЛИ!!!!! А тоа за гревови сме, проблеми со масти, притисоци, неплодност, ракови, тумори, и што уште не...
Ни фали, за жал. И тоа многу. Само не сме се провериле За нив е глупост дете од година да јаде житарки за појадок. Се знае, колбаси со јајца и пола кило леб За ручек, купус манџа со пушени ребра
Се извинувам. Се збораше на поќе теми, па веројатно си помисли ти дека за свекрвата пишам дека не ми дозволува, ама не. Мислев на малата, та не дозволува во смисла не оди, не проодува уште Знаев дека не можи таков коментар како шо мислев да дојди од тебе, Бацкии
Жени како се справувате со тантрумскиот период да го речам на вашите дечиња???? Ние сме 15м, и мислам дека сега му почнува и е неподносливо ова
Јас пак разбрав малата дека пушта чекори а свекрва ти не ти дозволува да правиш додека не прооди саглам. Немај гајле мајка. Синко денес е на кашкавал, чоколада и смоки лино. Цицање стандард. Ке си пукнам од нервози. Некое време сакаше да проба од тоа што јадеме ние, а сега ни тоа не сака.
И ние сме 15м, пола ден на работа сум, пола дома, па гледам додека е со мене да сум целосно присутна, играм со неа, ако почни да е нервозна, почнувам друга игра, и правам смешки, пуштам музика, ја седнувам во хранилка на пајнче ставам парчиња овошје и си јади, јас малку на мира кафенце пијам. Не е кај нас сеуште неподносливо, изгледа на почеток сме... Менувај се со некој да ја почува, да ги наполниш ти батериите
Пероиодов сме заедно, настинат ми беше,па јас...и не сум на работа. Првите денови беше дете за мерак, јадење,спиење,дружба,играње и се.. Овие 3-4 дена пиштење, особено денес. Деновиве не можам во хранилка да го седнам, се стега и ми се исправа,едвај некако ќе успеам..јадењата скоро сите со молење и до пола, а му се земе нешто од рака пишти корне...а па денес во парк, едвај до дома стигнавме..се лулавме начекавме празен парк, послето од нигде никаде почна да пишти нејќе дете да се смири со ништо, мислиш го коле некој, леле до дома пикотници, го залажав некако, па тв да се смири, ау жени што ќе беше ова.. Исто и кога треба да се пресоблечеме или за пелена..
Ne se plasam jas da ne se zadavi mu davam i smoki i kifli i kompiri peceni plazma rupka jade ama ne jade kolkcinski kasnuva ednas dva pati i koga ke zapecati usta kraj neznam kako da go ubedam da sedne i da jade da se najade.... jas sum nesto kriva ama ne znam sto kiselo mleko jogurt toa ne saka od koga e roden uporno go nudam ama ne banana ovosje seckano ne pasirano so lazice ne,se odviva bukvalno se i cokolado duri odbiva sekoj den nudam porcija seckana hrana abe ne probuva i kraj i jas mislam ke proba od glad ama ova eden inat ima od ovde do beskraj
Поздрав мајки. Вчера бевме на преглед за колкчиња. Нели на 9 месеци требаше. Кај немаше термин, па дури за вчера имав закажано пред 1,5 месеци. Одам таму и др ми вели што сте дошле немало потреба . ми одеше да го убијам. Матичниот ми вели мора да одите, во плодност само ренгенолог ја има видено и тоа на 6 месеци. Овој ме закопа Ни ехо и направи ни ништо. Ја пушти да оди. Ми кажа како да седи на под. Ми рече проодена е штом станала и станува од под сама. Му кажав дека е уплашена ми рече нормално е ќе има фази на одење и лазење. Тоа беше се. За контрола ништо не ми рече. По потреба пишува на извештајот. Како е кај вас? Сега бебе е во фаза на "читање" И брборење. Покажува на сликивниците, нешто брба И чека да И речам пр:-"да Мама тоа е бубамара". Плеска со рачињата И ја имитира како лета. Не дај Боже да згрешам ќе чукни по сликовницата И чека да кажам точно или врти по страниците да го најди тоа што сум го кажала смешки е. Изгледа забите ја мачат, може И скокот ја фатил. Цела ноќ на цицка виси. Веќе и втората двојка ѕирка, а кај се тек единиците горе и двојките долу. Со @srekice се тешам. Ако не тука се свекрвите ќе најдат некоја бајачка, а ги имало бајаги Отидов јас ве сите
Мајки, на вашите 15 месечни дечиња што давате за имунитет? Дали давате мед, маџун, рибино? Капки вит. Ц? За апетит?