Ова ми се случи синоќа и сабајле. Кога ја земам во раце. Гледа деколте и брцнува раче. Ќе отворам сезона на ролки Сабајле ептен ме изнасмеа. Се научила дека секое утро пиеме кафе со татко и. Сабајле ние станавме а он остана да спие. Си сварив кафе, а неговата шоља ја оставив спремна за кога ќе стане. И госпоѓицата се нацрта во кујна. Се крева да ја земе. И ја подадов, и ја однесе до мојата на масиче Срце мило. Колку запазува
@S.J.Parker на @BabyT* имаше таков период на 20 месеци кој беше поврзан со експлозија на зборови. Ако не се заби од типот на тројки тогаш веројатно станува збор за истата појава.
@flower55555 Цела година бебе е само со мене 24/7 , затоа што немаме никој. Он сега е во фаза пред проодување,исправање на се опасно низ дома, а јас станувам многу нервозна, почнав да викам од неможност да направам било што без 20 прекини за да видам кај е, да го тргнам бебе, додека сум се вратила он нова локација намерил и така во круг. Резултат јас страшно ослабена, апетит 0, лицето преморено,телото исто така , енергија за бебе вон обврските низ дома сведена на минимум. Чекам потврда од градинка дека е примен и се враќам на работа. Заспиваше само со цицање ама работам во смени па тоа мораше да го сменам. 2 дена пробав јас да го заспивам без цицање тоа беше плачење, тегнење, врискање до бескрај, па од 3от ден само му реков на мм ако јас цела година се вложувам колку што можам и неможам, нема знам, незнам, ти го заспиваш, јас излегов на тераса. Веќе 10 дена он успешно го заспива, со него заспива за 5-15 минути, а со мене саат време му требаше. После цела година излегов со другарка на кафе.
Точно е, од сам старт се борев со сите за никој да не ми се меша туку јас сама да се грижам за бебе. Си мислев зар е тешко едно дете да изгледаш, сакав скроз да му се посветам на него. Спиена не спиена за се сама терав, имав помош од мм, ама како шо растеше син ми така и тоа го скратив. За шо и да треба мама е тука. Еве година ипол нигде немам мрднато без син ми. Имам на кого да го оставам, ама не замисливо ми беше бебе дома да седи јас да шетам. И ете затворена дома 24/7 по цел ден едно исто, ми беше тешко ама одев со глава во ѕид, за да на крај си ја доведам анксиозноста до највисок левел, па да незнам сега шо со себе..Пак ке речам за ништо не жалам, само можев барем еден саат во денот да одвојам за себе психички да одморам. Поука за тазе мајки, помош околу дете не одбивајте никако
@kitty.m ете мој калибар на мајка Да кажам дека го жалам и мм незнам дали ке погрешам, оди на работа и на тренинг, 2 саати дали е дома. Моментално сум кај моите, ама ко ке си одам ке стиснам заби и ке мислам само на себе, ко ке дојди време за спиење ке излезам од дома, како знаат нека се снајдат... Незнам дали да си верувам на зборовите
Душе.. Абе колку се паметни уште многу ке се чудиме. Мојов овие 2-3 дена нешто ми покажува со рацете ама незнаев шо е. И му пуштам прееска цртани wheels on the bus цела ја изигра како децата на видеото, а јас ваква кога научи се чудам. Дури трчам низ дома, и си мислам цел ден како да го заспијам тој си учи нови работи во меѓу време.
Никако не сакаше да спие кај мене, ниту навечер. @S.J.Parker да те утешам дека не е до цуцлата затоа што и јас ја одвикнав баш тогаш и само 3 дена плачеше за дуде. Глава и паѓаше и не спиеше, хистеришеше и чекав да папса од плачење за да заспие, врз мене. После тоа почна да сврзува по 3,4 збора. Јас со тоа си го поврзав пошто престана да плаче, а почна да зборува.
Од 1 саат до саат и пол, ретко пола саат, многу ретко 5, 10 мин, ова вака од одбивање до сега е еве вечерва од 10 и пол почнавме со мм до 12 го заспавме со многу плачки, гасниш струја плачи вика Тато пути туата, мачно е многу, згора на се уште станува ноќе...
Женски дали на боцнатото од ММР ставате антипиреа лепенки? Во диспанзер викаат не треба, АМА... ме јади црвот
Ден 4828638. Се буди на секој саат ноќе. Не цица поише од месец. Вреска. Претходно маж ми можеше да ја презаспие, овие денови го гледа он оди накај неа и појачава тон автоматски. Морам јас. Евентуално на будењето накај 2-3 останува будна до 4-5. Од забите ли ова? Проодена е. За зборење и е рано. Што мајлстоун сега? Равенки ли ќе почне да решава??? Ова веќе е навистина многу напорно. Скроз на скроз сум исцрпена, се будам со ужасни главоболки деновиве. Сериозно ми доаѓа да скокам од тераса. Генерацијо, како го поминувате периодов? Мојава ли е само ваква напорна?
До дропки, делење и множење сме стигнати. Забите се мачкина кашлица. Никаков скок, регресија, заби или факинг дел од книга ова не го објаснува. Си за вино?
Ставаја од свеки амајлијата Поголемава е 2 г.и 10 месеци,уште се буди,а беба си станува како твојата на пола саат до саат. Од 6 на борбена линијаТек допрва со заби што следува...
Не е. Многу подобро од лента диазапам. Ова барем до втората чаша е за здравје @flower55555 праша како го преживеав периодот. Со вино, многу вино. Те опушта и те носи во позиција на окееј е и тоа е окееј и тоа ќере и тоа ( ниедна мајка не се опила на дужност да не ме разбере некој погрешно )
@lackygirl не ме плаши сега, таман се решив да го одбијам добро а да го оставите така до кога би седел? Мојов заспиваше до 8ипол најкасно, сношти го оставив до 10 и тогаш даваше отпор ама немаше сила па за едно пола саат заспа. Имам приметено ко ке го форсирам по тешко оди, затоа си мислев да го оставите да се премори. @FreeMind наздравје пола чаша розе се напив пред некое време, одма ме фати се отепав од смеење незнам колку смеам дека дојам и дали е препорачливо секој ден. Мада ми е страв ако ми прија ке се навлечам и од тоа ке треба да се лечам
Т'га за југ? Поише Т'га по сон ќе му дојде. Значи и кај вас ѓаволот наминал. Што ќе праиме Мариа, давај идеа што да се праи не можам веќе полудев. Дење е ок. Ноќе... Ноќ не сакам да дојде. @mal.ecka никаква амајлија не помага овде. Овде треба егзорцист директно од Ватикан да пуштам абер да ме посети. 3 месеци се буди ноќе. Требаше да се опраи. Таа на полошо отиде. Малку и беше 2-3 пати ноќе, сега 2-3 пати во еден саат. Среќна сум ако цел саат поврзе.
Мојава и дење не спие,во 2 часа се буди 4 пати и во раце ми спие,морам така за да дремни поголемава.Кај наутро ја буди во 6 бар дење малку да поспие. После 3-4години ќе биде полесно
Ти најде да се жалиш Чек да ги повикаме @lackygirl и @Milaаа991 на која чаша се стигнати Упс @Milaаа991 не ни пие уште има цицалче па ќе ја вметнам во најтешка категорија