Ааа се жалитее, да удрам и јас! Неколку дена по ред заспива околу 8 9 и се буди по 15 минути наспан и спремен за игра. Со боси ножиња так так так, се кара, објаснува со раце да мандарински. Се дере, со солзи, со мрсули, со тага во погледот. Маж ми работи тоа време. За вино сум, ама ке си земам шампањ, од детскиот. 5ки отечени, прсти во уста, се лигави и брмчи. Јаде барем, една среќна околност во овој хаос. Се шетавме и сега заспа. Да одам на кафе или да одморам, прашање е сега.
Со @MilaSs12 сме тука негде со (не)пиење и цицање, а со @Yowannty со ноќно станување. На @Мариаа. Не и се жалам да не се премислил сваќата што ќе му прави на двете ѓаволчиња И да откажи договор. Ни скок, ни враг имаме сега а ноќе станува по милион пати. И плус цица на секое станување. Ако не и дам се Кара со мене и може да ме натепа. Ноќеска прв пат не стана од 1 до 5. Јас не верував на сатот кога го видов. Утрово нова двојка горе се јавила. Се надевам до нареден заб ќе врзам 2 часа ноќе. Денските дремки ги преполови. Инаку добра е преку ден. Не дека е бајче, но се трпи. Кај нас важи ова Барем се пожалив
За заби зборите, мојов само кецовите му излегоа на 11ипол месеци, во рок од еден месец сите, а сега други нема ни на повидог. (17 м. е) Како оди тој процес?
Здраво и од мене. Ме примате ли во друштво? Кај нас малото е 18 месеци Има 12 забчиња Најголем проблем ми е што не сака да си игра со играчки, игра со телефон ( гледа цртани ), на тв мора да има пуштено по цел ден, си играме со даљинска , сега земавме со рутерот од интернет го корне, си игра со кабли, со штипки, со корпа за алишта како да ја заинтересирам да си игра со играчки, јас седнувам да играм со нејзе ама не сака. Да ве прашам дали на вашите им давате сируп за имунитет и каков? И дали можам и јас да и давам дали има резултати.
Прво го гасиш тв и не пушташ цело време. Дај си сама себе ограничување колку ќе пушташ. Јас дозволувам од 1 до 2ч дневно, инаку и мојата би гледала цел ден. Гасам тв и одам кај играчките седнувам, сакала, не сакала почнува да се заинтересира. Многу е тешко со дете што не се заигрува лесно, ама ќе бараш занимации. За имунитет давам Бекутан, има апетит од него, за имунитет незнам пошто во 1 месец, 2 пати настинува.
За тоа си во право, сега ја земам ќе ја облечам и за рака еден круг ќе свртиме ја гледам сака да ја изнесуваш гледа во дрвата сака цвеќиња прееска две си скина така сака место по цел ден да е пред тв ќе се потрудам периодов да ја заиграм што повеќе зашто зимоска не можам на секој саат да ја изнесувам
Мислам дека немав полош ден. Сабајле дете спремно за кај баба и, и кажав чекај мама да те слика многу си убава, луѓе кога рикна, а пред влез бевме, добро ај помина тоа. Си дојдов од работа, она ни залак не е јадена, не сакала, добро, ај и тоа помина. Си дојдовме дома, кенкава, ништо не и е погодено, мм го нема, ај викам да ја заспам, аха, шипки варени. Луѓе кога почна да плаче, да рика, се до пред пола саат кога конечно заспа. Бевме излезени во еден ресторан, мислиш смао ние имаме дете, бруки невидени, прв пат го видов мм толку изнервиран од неа. Многу ми се има насоберено, и во пмс сум, сите ми се криви, едвај чекам да почне во градинка, едвај чекам некаде да излеземе со мм сами, едвај чекам да и излезе 3ката, едвај чекам баба да ми дојде, уморна сум, у м о р н а. Е така, се изнаплачав и одам да чистам.
Друштво што опфаќа прегледот на здраво дете на 1 година? Има некој во Систина што го правел и кај кој доктор? Малиов Симонида го водеше од пораѓај, ама не знам дали пак да идеме кај неа, да не е само за новороденчиња она.
Исто како и секој преглед за здраво дете до сега што сте го правеле. Мерење тежина, висина, обем на глава. Проверка на фонтанела, совети за исхрана, витамини. Тоа. Можеш да го носиш кај Симонида. Јас го носам кај Фидановски од старт и баш го прашав до која возраст може да одиме кај него бидејќи и он е неонатолог и работи баш со најмалите бебиња и ни рече до кога сакаме.
@Мариаа. @Yowannty @Presrekna ве гушкам. Завчера ја заспивав 40мин и солзи ми течеа, грбот ќе ми паднеше вратена од втора смена. Денес воопшто не преспа преку ден, вчера само еднаш. Влезени сме во скок ама ме мрзи да отворам апликација да читам. Збесната е, ја гледам дека повеќе разбира, пушта некои звуци и гласови, се интересира за се, АМА, не се трпи ова. Преморени сме со маж ми. Ќе ги пуштиме на спремање по математика, а ние се собираме на греено Ќе спиеме ко ќе се отселат.
А дали ги вадите надвор малите, по колку време и како ги облеквате? Се си мислам дека малку ја вадам Ваши искуства?
Секој ден е надвор. На сабајле по 2-3саати, после ручек 1. Блуза и шушкавец носи, секако не е застанат не му е ладно.
Шетање еднаш дневно, а надвор е постојано. Имаме голема тераса, па откако ке стане е влези излези. Не е загадено, подалеку од центар е, има дрвја и сонце пече. Нагоре носи боди, пижама и џемпер дебел. Надоле пижами и тренерки.
Не е премногу облека? Моиве блуза на долги и џемперче или блуза и елек. Долу хеланки или тенки тренерки. Наутро ги шетам 2 часа,или се надвор а попладне зависи како ќе завршиме со обврски саат- два.
@flower55555 @MilaSs12 @mal.ecka Значи јас сум катастрофа... Во зграда сме, 4ти спрат, не ја вадам секој ден. Мм вели ладно ќе и било, одма носето ќе и течело, глупости! Морам да ја превземам ситуацијата во мои раце, фала
Зимоска ја вадев се до февруари,кога се породив. Секој ден,цела зима и се растекуваше носето и ништо друго. Одкако се породив неможев ради беба и се изпоболивме. Сега ги вадам двете уште од 9 наутро. Ако е поладно и со тенко ќебенце ја покривам малку беба и шетаме.
Нема да тече нос од ладно, ниту да се разболи. Ќе се разболи ако закачи вирус/бактерија. За децата е убаво да се на отворено, секако пд ноември пак ќе биде загадено, па ќе мора да седиме дома, затоа користи убаво време додека можеш. @MilaSs12 и јас мислам дека ти е многу облечен, во зима на 2C како ќе го вадиш? Барем долните пижами извади ги Мојот ќе праи година за 1 недела. Секој ден е надвор по 3 саата, во 11 сабајле на врата е нацртан знае се шета, исто и во 5.30 попладне. Јас и кога роси надвор го вадам. Ништо не им е, ни од ветер. Го облакам во тренерки или фармерки доле, горе боди на долги и џемпер или дуксер. @kukla21 фала на инфо. Ќе закажам кај Симонида тогаш.