@mal.ecka @KuklickaSk Да да женски, секој ден ќе ја вадам додека има сонце, барем 1 час. На секој му треба прошетка на воздух, па за деца да не збораме.
Остај ти, мажите се тресалковци Шетај си дете да не му е досадно дома. Јас неможам да доседам, а не па дете.
Јас сум зимурлива и се водам по мене. До сега се нема испотено, а кога му е жешко веднаш се поти на брковите и кај вратот. Го следам, знам дека е облечен доста, ама во 8 9 е ладно. За зима ке набавам скафандер.
Како што ти кажала Кукличка, од вирус или бактерија може да настине дете. Од ладно не. Секако, соодветно облечено, не да се поти, не да му е ладно. И кога дува ветер капа, а кога дува многу јас не го носам надвор. Уште малку ке смрди надвор, па сакале не сакале ке мора дома. И во природа носи го секогаш кога ке можеш. Синко го носам надвор од бебе, соодветно облечен. До сега ни носе не му течело, а камо ли да е настинат. Имунитет се прави од храна и од воздух. Нека се челичи.
@Makedonka007 јас ако не го извадам во денот на глава ке ми се качи еднаш го ваѓам од сабајле сат и пол два се изморува убаво и се наспива,малце во количка па го пуштам по трева по лисја, во камчиња, секако внимавам кај што е чисто сака да фаќа се,а кога сака да оди ме држи за прсте ако се осети сигурен и ќе се пушти ако не со мене, и втор пат од кога ќе стани и ќе се најади повторно го ваѓам ама по кратко 1 сат. Без разлика дали дува или е ладно, проблем ми е само кога врни. Денеска на пр го облеков долу во подебели тренерчиња, боди по кратки , блуза и елече.
@flower55555 @MilaSs12 @NewMama Мојата уште не е проодена, па то ми е поќе проблем, оти треба или в раце или в количка, а сама не можам долго да ја држам в раце. Ама арно паднавме на муабет да се пофалам почнува полека да се пушта. Од масичката до креветот се пушта по 2-3 чекорчиња. По некое време пак оди со држење за креветот ама кај да е ќе се пушти целосно
и ние сосема на исто сме . Ама надвор на отворено помалце се плаши и оди а ме држи за прст од ракава. И знае и да се пушти ке оди ке оди и ке падни на газе патем го оставам јас да си лази во трева надвор
Ке се пушти кај и да е. И во количка нека е, и ние синко го шетаме во количка, иако е прооден. Сепак, гледам да оди, со тоа истражува и се развиваат многу работи: рамнотежа, моторика груба и фина, има и сензорни аспекти итн.
Јас три пати на ден ја шетам ја облекувам во тенка јакничка и на ноџињата топлинки/патичиња. Ги вади и ги фрла додека ја возам во количка , ама кога ќе биде баш заладено не и бегаат чизмите
Факт е нема споредување на деца..секое си е различно, и по книга едно друго..но...15 месечни дечиња дали кажуваат нешто, ве разбираат ли, знаат да покажуваат на прашање, да имитираат, и сл...ме убива ова Ич не можам да направам нешто од ова со моето дете. Јас и му зборам,покажувам и се, а он не ме регистрира, дали и некое ваше е вакво или само моето....и многу работи ми ги прави ОН КОГА ЌЕ САКА ИЛИ НЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ..... СОВЕТ, ИСКУСТВО
Пробај почни со на ти го, дај ми го. Давај му предмет, (дали ќе те разбери за да земи), па после побарај му го (дали ќе ти го даде). Ако не сака предмет, обиди се со некое јадење или чоколатце. Не мора да збора на 15м, еве и мојата тата мама дада баба, тоа збора само, ама ме разбира што и зборувам. Не очекувај кузнај колку да те разбира, најбитно ти е дали те слуша ако викниш, дали те регистрира со очите, ова со на ти го, дај ми го дали делува. Со тек на време ќе си напредува.
Добро утро мајки напатени Имам прашање. Вие чии што деца не спијат во креветче, преку ден кога спијат на, спална. Ги пазите? На кој начин? Ги оставате сами во соба?
добро утро ни под разно. Го оставам кај баба му да го гледа дури спие. Ако не е тука јас седам до него и си одмарам, работните обврски за денот ке се одложени . порано додека си спиеше во креветче пуштав камера, сега не ми помага воопшто
На средина на спална опколена со перници. Од кога го совлада симнувањето од спална не ја проверувам често. Мада она и кога ќе стане одма ми вика. Претходно ја проверував често.
Јас ставав и перници, џабе преку нив се тркалаше. Сега се трти со гзот наназад додека отиде од средина до крај на кревет и се симнува сам. Веќе не го проверувам, он иде мене да ме провери. Кога ќе може да се спушти сама, оставај ја така.
Зависи од детето колку е големо и дали само може да се симнува.Син ми сега на 19 месеци ке го заградам со перници и кога ке стане си ги бутка и се симнува сам зашто од одамна прво ми беше да го научам како правилно да се симнува.Како магнетофонска лента бев и нон стоп му зборував со газето да се симнува. Кога беше помал ке викнеше по мене но сепак треба додека спие да се ѕирка детето без разлика колкаво е.
16 месеци е. Се симнува сама. Но кога ќе, стане не е стабилна. Просторот е тесен и знае да се зашутка. Пред некој месец ми имаше паднато. Јас, седам до нејзе, или мм. Или работам и нон стоп ја ѕиркам. Мислев зарем само јас го правам тоа. Ама ок, ми олесни штом знам дека и другите го правите исто. П. С. Се испокарав на оваа тема со свекрва ми. Затоа прашав. Зашто сум ја пазела, зашто спиела со нас. Зашто јас така сакам
Денски спие на спална или во дневна а јас одмарам до него. Ако јас имам работа некој друг, битно не е сам.
На стр 554 се тераше муабет за вино. Епа живели. Си викам пред спиење да цврцнам една чаша па преку цицање малку и бебчо да проба, сигурно и нему убаво ќе му дојде па и поубаво ќе спие. Жива ненаспана сум изминатава недела посебно последниве 2 дена а најпосебно ноќеска. Друго на кое сакам да се пожалам е играњето. Абе да не пофатии играче да се заигра. Нит па сака цртани да гледа. Ептен ретко.
А како ги научивте да се симнуваат од кревет? зборувам демонстрирам и пак главечки залетува а знае да се качи