Ќе научи, треба време да го процесира тој дел. А залета со глава, речи му 'не' и заврти го со дупе, ее така, браво. Бодри го, пак врати го назад па пак. И така за некој ден/недела/месец ќе науче, зависи до детето. @marchi-cool де како стручна, објасни како 'убаво' влијае винцето на бебе?
Мојата научи сама околу 14 месеци. Ама уште ми е страв и притрчувам. Боље да спречам, него да лечам. Некни лазсјќи се лизна на ламинат. Директ на уста. Па, со заб ја раскрвари
@marchi-cool абе озбилна си? Најодговорно, реално, без заебанции, озбилна ли си? Ако си, стави му и бело винце на непцата, да се опушти дете како што треба барем. Уствари чекај, да не не ме сфатиш, не ставај (иако верувам дека си пробала до сега). Мислам во стварно напредни времиња, кога имаме информации достапни со еден клик, бам, шок, читаш глупости и искрено ти е жал за тие дечиња. И мојата сама научи да се симнува. Сега сака главеечки да рипа од кревет. Застанува и ја гледам дека се пресметува што да направи. Да си пукне човек. Полека почнува да сврзува по 2 збора. Не секогаш ама ете го почетокот. Буквално преку ноќ како што кажувавте. Денес точно 19 месеци. Дете големо.
Пијано дете поубаво спие. Секогаш кога ке појде со глава, врти го, кажувај не, еве вака, спушти го и кажи браво. Со тек на време ке научи. Прво учи да се качи, па тогаш да се спушти, така оди развојот.
Фала ви девојки Пред некое време ве прашував шо се смета за проодено дете? епа треба да частам постапалки беба шета по цел стан мојата ако спие на спална некој мора да има до неа од таа причина шо не знае да се симни сама, така да 90% е во креветче
Откако е родена преспива во креветче. Не ја ставам нигде на друго место освен кога е во седиште во кола. Ноќе знае со забите кога има мака да ја земам кај мене обично после 3-4 и да ја оставам до утрото. Но во 6 таа не буди така да немаме проблем. И двојка долу на повидок, во 4 дена три заби вади. Важно јаде, колку толку И 2-3 вечери ноќе ги спие со едно будење. Советов не е за бебе ама активни сме тука. Дали некој има порачувано од Pat Pat? Гледам имаат евтини цени и дали вршат достава за МК. Фала
Јас имам порачувано за големата ќерка летово ,ми стигнаа за околу две недели работите. Има многуу убави работи и евтини , квалитетот е супер. Баш ме потсети сега нешто за малава да земам за во Грција испраќаат, над 29 евра поштарината е бесплатна (инаку е 5 евра) За Мк не знам дали испраќаат.
Јас го оставам во креветче за спиење, оти ми е страв во сон да не се преврти и да не падне од спална. Не дека спие многу немирно, ама од кај да знам. Иначе креветчето се отвара во средина и го оставив така за да излегува кога ќе стане, оти знае и од спална да се симне. Вратата му е отворена исто и сам си доаѓа. Не доаѓа, ами вика по мене, само кога не е доспан и сака да продолжи, па нели му требам за да му помогнам да презаспие. Иначе го гледам на бебикам. Не се научи сам да се симнува, го научи сестра му. Цело време го бодреше и го вртеше од другата страна. Сега имам страшен стрес, има обиди да се качува на трпезариски столици и еднаш му успеа. Како не знам, оти беа во прашање 3 секунди кога ми промакна и доживеав шок кога го видов исправен на столица. Уште па и ми цупка пресреќен. Ги гледа сестрите и се сака да прави како нив. Не дај боже да го тргнеш од опасна ситуација. Одма тука имаш нешто налик тантрум или тантрум. Сакам да го одбијам од ноќно цицање. Станува по 667254468 пати. Ни една серија на раат не изгледав. Озбилно, само нешто испаѓа. Или е скок, настинат, заби... Никако да почнам. А може па и до мене е проблемот, може не сум спремна и одолговлекувам.
@Lianna Anna синко умее да се качува на столици. Исто, цупка од среќа. @Мариаа. Ти купи тимберланд чизми за синко твој? Како се со броеви?
Мајки бебе 16 месеци има и од пред некој ден почна многу да се нафрла на лице после јадење. Црвено и како ситни фиски. Не пробал ништо ново, бап ми е чудно, ај чекаме да помине ама не поминува а педијатар не ни дава ништо да го мачкам. Имала некоја сличен проблем? п.с. Настинат е, ако има тоа некаква врска.
Јас имам порачано пред да се роди емили и е ѓубре. Класична кинеска роба. Плус бројки и димензии тоа според кинески мерки за минијатура. Плус грешки во нарачка од едно две исти другото го нема. Сервис на клиенти очај. Не ти препорачувам. Кај мене и се појавуваше како бебе од јајца ваква реакција. Ќе мораш да видиш на што ти реагира и направи пауза од тој продукт. Ми изреагира и на лешник. Во последно време ми реагира почесто, а немам сменето продукт ниту нов производ. Веројатно во градинка имаат некои зачини или кој знае што ново ставено. Дома ми изреагира на моцарела која често ја јадеше, сепа покажува реакција. Мораш да знаеш од што е. Најчесто избива ваква реакција два часа после јадење. Води и список што јаде за побрзо да укопчаш што е. Не да го укиниш продуктот туку ќе го паузираш две недели потоа пак па пак пауза. Организмот се бори така. Јас мачкам еуцарина од бебе. Ме мрзи да станам да ти ја сликам ако не заборавам утре ќе ти сликам. Таа е за вакви реакции.
Нашето креветче е на 3 нивоа, оддамна е наместено на 3 ниво, ама многу многу е немирна и страв ми е да ја ставам да спие во него, може да падне, сум ја забележила дека брка и во штековите, иако имам ставено и заштита, и тоа го вади. Затоа спие меѓу нас. Планираме да земаме обичен кревет како за поголемо дете, плус со заштита(во вид на ограда е). За слегување и качување се научи преку ден, пополека со нозите на долу да и висат и така се научи. (амаобјаснивБогдачува) Додека да останам бремена обавезно си пијуцкав, ракија, вотка, виски, узо, пиво се се, ама од кога се породив до ден денес се немам ништо напиено. И така, тантруми пуштени на најјако, плус едната тројка и излегува, хаос сум. Цел ден зборува нешто, сите зборови што ги знае ги повторува по 83928 пати, и тоа е
Комотни се за носење? Прегруби ми изгледаат за дете. Кажи како ќе оди во нив и јас сум во потрага по идеалната чизма и еве Ноември дојде уште немам најдено
Извини што прашувам, оти може и не те разбрав. Ама стварно не ми е јасно како може да падне од креветче што е спуштено на трето ниво? Моево се има превртено од прво и второ ниво директно на спална. Сега уште му е на второ, оти е отворено. На трето ми е прениско, многу пониско од креветот. Кај мене тоа би функционирало само ако не ми е залепено до спалната и ѕидот. Брца и мојот по штекери. И кај мене се заштитени, ама јас сепак го тргам и објаснувам нешто што уште не разбира нели. Оти сакам да научи и не ми иде баш добро. Ама ок, мало е. Па почнува со плачење, и му пренасочувам внимание. Што се однесува до него, една од омилените активности би му била, ставање пуњачи за телефон во штекер. А види пуњач, се превозбудува.
Не се воошто. Така изгледаат само. Не го спречија во спринтови. @MilaSs12 23-24 и Кеги носи и Адидас. Зависи од моделите.
Добро, зошто ко ке му речам НЕ за нешто шо не треба да го праи, ме гледа во очи и упорно го праи. А многу добро ме разбира и знае шо смее, а шо не.