Од кој број почнуваат? На кеги Колев и кеги шус мојава сеуште 18 и се со еден прст големи, а многу ми се убави Тимбеленд, синко редовно ги носи. @Neda997 и мене ми е чудно како 3 ниво е високо да падне? Кај нас е скоро за земја залепено, го користиме само за играње и играчки. Од страна се отвара со патент во полукруг и бебе само лази внатре надвор. За во спалната не ми е практично, пониско од нашиот кревет е. Од прв ден бебе спие во класично дрвено креветче со страничници, спуштена од мојата страна на креветот. Вака Пак со прашања. Бебуш ми кака сеуште 3-4 пати во денот. И тоа сеуште поводена столица. Како кога беше бебе. Немам видено формиран измет. Се консултирав со 2 педијатри. Едната ми рече дека цица сеуште И е поводена столицата И претежно консумира овошје зеленчук, житарки - многу влакна. Нема проблем Другиот вели да исклучам млечни. Пробав неколку дена, нема разлика, ми се чини уште повеќе какаше. И од се млечно најмалку јаде. Некој совет И искуство, да се грижам или брз метаболизам е во прашање? (На мајка. Пред да забременам бев со иритабилен Колон со 4-5 водени столици во денот но сега мака мачам со Опстипсција.)
Добар ден девојки! Со полни 11м полека се префрламe на оваа тема, како што е редот почнав да читам неколку стотини страни наназад. Мали лази, се исправа држејќи се за нешто, деновиве се пушта и стои без да се држи по неколку секунди. Испушта секакви гласови, баба мама ајде дада итн. ама мислам засега се без значење. Знае да ми стави нешто во уста ако му кажам да ми даде и речам "аааа". Помалку почнyва да сфаќа да става играчки една во друга, или коцки низ дупчиња ама не е многу заинтересиран. Она што ме мачи е, не мавта за чао, не плеска со рацете, и не покажува, иако показалецот нон стоп му е во функција ловејќи трошки и допирајќи ствари. Не нѐ имитира, освен кога му се смееме, се смее и тој. Инаку е многу "комуникативен", обожава луѓе, се гушка со било кој. А да, и подава раце ако сака да го земеш, или ако му кажам Дојди кај мама, или Ајде. Највеќе ме загрижува плескањето и мавтањето, скоро година има, нели би требало одамна да ги прави? Фала ви и cheers to another year ahead.
@Мариаа. Фала, порачав како овие ама со лепенка. Има попуст, 2700 беа. Ке ги сликам кога ке стигнат. 22 носи најк а 23 му порачав од овие, па ке видиме.
Тие се транспортни креветчиња или како и да се викаат. Ова моево е дрвено, се отвараат 3 од шипките во средина на клик. Не се симнува цела страница на моето. А трето ниво е исто прениско за разлика од креветот. Па скоро и на под му доаѓа. Да нема кревет залепено до него, исто лесно се излегува преку отворот и од трето ниво и нема шанси да падне. Едноставно излегува директно на под. Јас на второ го оставив, оти на исто ниво ми доаѓа со креветот. Иначе ќе треба или он да прекачува на спална или јас да "гњурам" у креветче за да го земам. Вака попрактично ми е. Лежам и само раце подавам, он веќе исправен е и чека. Се случува и сам да дојде кај мене преку отворот. Сакам да кажам дека креветчето не е мое, на бебето е. Вака е кај мене. Баш на искачење е. Може членката мислела на спалната. Друга локига не гледам, освен ако зборуваме за прво и второ ниво. Ете моето за акробат се спремаше. Се предомсили кога го отворив и научи да излегува и влегува. Се осеќав како кога ја учев мачката да влегува и излегува од затворена кутија за песок и да ја бутне вратичката.
Мене пак креветчето ми е физички одвоено од нашата спална. Гњурам за да го земам а има 12 кг, можеби и повеќе. Кичмата не знам моја ли е, не ли е. Во еден период, кога беше бебе, лулката беше кај нашите нозе заради греење. За доење морам да станам и да се разбудам, па и мобилен штракам. Запазете логика на фешн груп: порачав чизми, ама достава до 3000 е 160 денари, над е бесплатна. Чизмите 2700, му порачав и блуза за пролет од окаиди, 400, поисплатливо отколку карго да плаќам. Сега ми стигна меил дека ја одвоиле пратката заради различни магацини.
Женски, идеи или од лично искуство да ми предложите како низ дома да ја занимавам за да не е многу пред тв? Играм со неа, се смејме гушкаме, ама морам да пуштам машини, јадење, кафе да се напијам, онака да олабавам малку.. Како да ја оставам без тв во тие ситуации??
Ако си сама скоро цел ден , тешко е, сосема те разбирам. И јас не сакам да ја ставам пред тв, среќа кога е пуштен не се загледува уште во него ама и пуштам песнички , јас работам што треба да се сработи низ дома и истовремено и пејам сите песнички ги научив на памет
https://www.fashiongroup.com.mk/cizmi/130943-todler-cizmi Ги нема веќе, ама овој модел. И овие ги меркав, https://www.fashiongroup.com.mk/cevli-2/114422-todler-cevli
Кога ја вадам пералната за садеви, она ми подава јас редам. Со пералната за алишта ги става алиштата внатре, јас ставам прашок, она ја пушта. Јадам со неа или кога спие. И кога конечно сакам да олабавам и пуштам да гледа
Како некој кој работел на рецепција во хотел со спа центар, најдобронамерно советувам. Деца под 16 не во спа. Пред се е затворен простор. Полно е со хлор за водата да биде чиста. Јас никогаш не би влегла во таа вода, а дете никако.
пишува во упатство, на 6 саати. ако е неооходно на 4. Сепак советот е што побрзо да се прејде на сируп , поради можно разранување на газето
@srekice пие некаква течност ? компот, сок, чај... ? јас така дадов кога ми крена висока температура од вакцина.(инаку го плукаше чисто) Во шишенцето (од вода јана) ставив мн мала количина на сок значи 1 цм можда и шприцнав внатре далерон,и ми делуваше. Чепче само еднаш ставив кога ми кррна вечерта во 3, 38 со 7