Покажувај и и врти ја со нозете да се спушти. Ја така му правев цело време и од спална кпга се спушташе и од кауч вп дневна и сега се спушта сам. Освен кога многу е возбуден да види нешто па заборава да се сврти ПС. 1 роденден славиме за неколку дена
Даа Нереално ми е Многу сум емотивна деновиве, ми се врака цел филм од лани и колку беше мала а од друга страна срце ке ми пукне од радост Ролеркостер емоцииве
Мајки може е глупо прашањево ама да прашам. Мене ми е многу страв од пусто разболување, 2 пати бевме болни еднаш лежевме во болница и сега сакаа да не задржат ама јас не дозволив заради короната и дома ја лечев. Да ја изнесувам вака кога има сонце по 1 саат надвор ако е ладно? Нема ништо да и биде? Да не настине, носот малце и тече многу ми е страв и кога ја изнесувам и облакам боди, тренерки, блуза по долги, холахопки, и бунда ( да бунда од што имам страв безвезе да не се разболи ) и нормално кога ќе и ја соблечам бундата испотена е , ноќеска на пример се испоти зашто беше по дебели пижами без холахопки ама и бувнав ќебе и јорган, и ја будев да ја пресоблечам жива вода беше, а она се отскрива навечер е ладно и климата и ја пуштам. Не ме карајте дајте ми совет се трудам да се опуштам дека нема ништо да и биде нормално е да се разболи дете е, ама кога е болна толку се нервирам што дури и желудникот ме боли ни можам да јадам ни да пијам помогнете ми
Мораш сама на себе да си помогнеш. Ова е измачување на детето, толку облечено. Ти ја разболуваш со тоа наоблекување, се поти, па пресоблакаш и во круг. Замисли на - 20 што би правела. Моите деца до сега никогаш не облекле хулахопки. Првата зима ни беше баш таа кога надвор беше по - 20/-25. Тренерчиња, боди и скафандер. Толку. А сега не е ни ладно за да ја преоблекуваш. Полошо правиш и за себе и за детето.
Ахам холакопки ќе и облекувам. А место бунда да и облекувам сега палтенца оние како шушкавни што се ама внатре дебелки не се тенки пролетни ги знаеш сигурно
Среќен роденден И со лесно бременоста уживајте, од судбината не се бега. Јас порано сакав децата да ми се на помала возраст, ама храброст немам, за 2-3години здравје
@Marijana93 наместо бунда облекувај елек посебно ако се вакви сомчеви денови или ете ако ти е шубе шушкавно јакне.. дури нема потреба ни холахопки овие денови. Јас го облакам долу тренерки, а горе маичка со прерамки боди и тренерче. И ништо повеќе. Навечер го покривам со едно кебе ,топло ни е во собата дека цел ден на сонце е. А и зимата кога беше помал додека спиевме преку вечер ништо не пуштав за греење. Повеќе ми е страв од сувиот воздух одколку да не му е ладно. Го облекувам во врекичка и толку. Опушти се малце разговарај со некој што ти е близок , за да немаш такви стравови
Веќе е голема и нема потреба да и трупаш слоеви облека. Води се по тебе и следи дали бебе ке се поти. Облекувај слоевито и соблекувај ако видиш дека на дете му е жешко. За болест мора да има вирус или бактерија. Со претоплување ке се поти а така се поголеми шансите да се разболи. И мене ми е страв од настинки, на која мајка не и е?
Ќе направам така. Морам да се опуштам, а каде можам да најдам таква вреќа? Зашто она се открива со мене спие не сака во креветче и како да ја навикнам да спие ви креветче ако ја ставам внатре плаче мислиш ја коли некој па неможам цела ноќ да ја покривам и мене ми се спие, а кога и ставам и јорган потешко го вади Чај од брусница може ли да и давам? Нане и камилица не сака да помириса, а тој го пие
@Marijana93 за да ја навикнеш треба да ја оставиш неколку вечери да поплачи Вреќичка јас купив од ваикики затоа што ми се допадна со ракави и ногавици е, може и да се врти и се во неа. А за чај можеш , само знам дека камилицата е препорачлива бидеќи не содржи количина на кофеин како другите чаеви(ако грешам нека ме поправат други мајки). Јас лично давам и од нане и од камилица ама повеќе ми сака компот. Го правам од јаболка, дуња, шипинки и аронија не му фрлам шеќер, редам јаболка златен делишец пуштаат некоја блажина.
Предлoг за патичиња за бебе 12 месеци? Веќе се пушта сама чекoри па мислам дека е дoбрo да jа привикнувам.
https://www.nike.com/de/t/tanjun-schuh-fur-kleinkinder-hfJd4k Со овие на сите ни проодеа. Само вакви и ништо друго.