Добро утро Излезени сите 3чиња и 4чиња. Бебла 3 дена спие ноќе. Е ноќеска пак приплачуваше во сон, ама не се разбуди ниеднаш. Сега е проблем заспивањето ноќе. Има една дремка веќе 2 месеци, последниов период трае само 1 час, и навечер пак не заспива пред 11. Не е дека се мрцвари по цел ден, имаме доста активности што вклучуваат трошење енергија, ама пак навечер и станува интересно буквално се, се што преку ден воопшто не погледнува. И нема шанси да земам да пробам да ја заспијам, па тоа рикање, па тоа крокодилски солзи, па тоа драма... И така со маж лежиме на кревет, утепани двајцата и чекаме на шефот да и се приспие. Вчера прими ревакцина за менингокока ц, за следен месец ни остана ммр и конечно да одмори од вакцини. Ги касневме 1 месец оти беше болна ама доктор рече не е проблем тоа. @Mia Fuentes да каже дал имаше некаква реакција. Имаме нова ситуација, почна да си чачка у нос. И го тргам прстот и и кажувам дека не е културно така, ама се чини дека баш и не и е гајле.
Добро утро наспани душички ) Се надевам ќе продолжи убаво да спие сега кога ги нареди запчињата. И мојата беше ужас една недела стануваше ноќе и приплакуваше од нигде, и ОП уште една единица. Официјално сме со два заби За ММР рано е да кажам, најчесто на 7-8 ден имало реакција, досега е се супер, убаво јаде и спие, не е кемкава, ама коски ми се тресат да не качи температура. Стискајте палци. Некако сум позитивна, мислам ништо нема да има реакција Наздравје вакцина и на вас. Само ни нагласи како и секогаш да не даваме ништо ново во смисла на храна, и праша дали има пробано жолчка и кравјо млеко. @Larahappy со лесно да си ја истераш бременоста, и здраво живо да си го гушкаш. Многу убави вести.И среќен роденден на големата дада. И мене ме фаќа некоја бебе манија
@MarijanaKolevska Ти пишале за вреќа, имаш во Waikiki. Мене ме спаси. Иако јас ја топлам спалнатс на 18-20 степени. Инаку е грч ладно. Обично е 12-14 степени. Не ми дава да ја покријам, а вреќата за таа тт не ми личи на соодветна Иналу подобро е сега. Само секрет од нос има. Сега јас и мм настинати сме. Заби стварно незнам дали ќе извади. Колку време треба Се разгали дека беше болна. Ми одбиваше јадења. Па постојано цицаше. Еее, сега плаче и тегне за да цица. И навечер, ама два дена дозволив и пресеков. Уште се буди два до три пати навечер. Значи, не било до цицање @Larahappy Нека е среќен
@Yowannty и мојот чепка со прстето во носе , мислев дека само моево е чепкалче , му го тргам рачето му кажувам не така , и пак директ во носе Деновиве ние имаме плачки пред спиење а и во текот на ноќта, ваѓаме двојка втора и мн се нервира. @Larahappy нека е среќен и со лес, само убавини! и не си сама со мала разлика,и јас вчера дознав дека сум со второ бремена , и многу сум возбудена Мали многу сака деца , ќе си има сега здравје и дома до година
Среќен роденден на тие што слават периодов, нека растат големи и умни . @Larahappy, @NewMama честитки за бременоста, нека ви мине со лесно. Сакав да прашам за белезите. На малата сеуште и се познаваат белезите на колената што ги имаше летово. Мачкате нешто за тоа или со тек на време да се надевам дека ќе исчезнат?
Дете треба да прооди босо. Кога ке почне да оди само ке почне да си носи патики. И јас ја имав истата дилема. Чорапи се доволни, да научи правилно да гази. Додека да почне да оди надвор ке помине уште малку време, нема потреба да носи патики за да се навикнува. Синко овие ги има, ама ги носи откако прооди саглам.
13+ e прво мн сакав второ, надежна бев ама ми беше некако предобро дека ќе биде. И бидна. Имав мн измешани чувства,ама сум сигурна дека бебчо многу ќе го сака и онака сме мала фамилија а тој сака деца и луѓе. ке се бодриме
не знам,ама ваљда како што влијае на нас така и на него не разбрав што сакаш да кажиш. Леле ние деновиве комедија сме. Од лазање пробува да се исправи без да се фати за нешто. Обувки за жива глава не сака да обуе што ќе беше ова.
Лајк ти ставив затоа што на сите ставам кога ке го прочитам мислењето. Не е нормално да мислиш дека треба да пиеш алкохол додека доиш. Исто ли е дете од 10 15 кг да е пијано и човек од 70 80? Освести се.
@srekice од секогаш сум замислувала две да ми растат заедно и уште едно малце потака со првово бев како мува без глава а сега знам како да се понашам од почеток Вчера имавме добра проспиена ноќ после незнам колку време. Се надевам овој тренд ќе продолжи
Истражувања кажуваат дека е дозволено 0% алкохол во бременост и за време на доење. Која сум јас да кажам дека НЕ Е НИШТО? Или ти или било кој нерелевантен извор.
Јас во бременооста првите 3 месеци не пиев ни кафе а подоцна умерено мн. Алкохол голтка не се напив за цигари воопшто ни коментирам ,не сум пушач и без тоа. Познавав мајки бремени во ист период како мене. Пиеа вино црвено со изговор дека било убаво за крвта. И спанаќот е убав за крвта, мислам колку глупаво да набројувам сите овошја и зеленчук се убави за крвта но НЕ и вино. Пушеа цигари со изговор дека 5 цигари не се ништо во денот. Едноставно не сакам да коментирам мн на темава затоа што сите сме мајки и секоја сака најдобро на детето. Само сите на ум треба да имаат дека ЗА ДЕТЕТО а не ШТО Е најдобро за нив , безвезно задоволство од алкохол и цигари како не напијани цел живот. Не разбирам значи
Мила, алкохол за време на бременост и алкохол за време на доење се две различни работи. И во двете ситуации алкохолот оди во крвта на мајката, само што во бременост постои ризик од интоксикација кај бебето особено во рана бременост кога е ембрион; ама со доењето - иако млекото се прави од крвта - е малку поразлично: доколку мајката се напие една чашка, количината која се лачи во млекото не е воопшто страшна за бебето и мајката воопшто не мора да пумпа и да фрла. Значи - се работи за една чашка од време на време. Не се работи за константно пиење. https://m.facebook.com/DrJackNewman/posts/422431411241244 https://www.llli.org/breastfeeding-info/alcohol/
Јас да ви кажам чат пат си пијам винце ама гледам да го мешам со нешто ако е бело со кисела вода , ако е црвено со кока кола , колку толку се разредува. Веќе не ја дојам како порано на два часа (13 месеци има) па мислам ништо нема да и биде ако така си испијам една чашка
првенствено муабетот беше : "ќе се напијам вино па можеби ќе му делува и него и ке се смири ,или подобро да му дадам"(за кој што мислам дека е доза на хумор, барем се надевам). Она што не сфаќам е тоа дека и да е мн мала количината од една чаша - Зошто ? Зпшто мајка би пиела алкохол за време на доење,кога има уште 100 вкусни напитоци. Можеби сум назадна ама за мене модерен човек е човек со висока свест и разум..