За мене, алкохол и цигари се забранети во бременост и за време на доење. Штом алкохолот оди во бебето, тогаш нема потреба да го испијам. Неодговорно е и себично. Една чашка нема да смени ништо, а одговорно тврдам дека нема ништо да и биде на мајката ако не се напие. Ако се напие, оди во бебето и тоа ми е доволно објаснување. Кога ке престане да дои, има цел живот да пие флаши вино, не чашка. Пред да останам бремена немам пиено неколку месеци, цела бременост и 15 месеци колку дојам, ни капка. Ништо не ми е. Ех да знаете колку ми се пие...
Секако дека збориме за пола чаша или ете 1 чаша од време на време за руек или откако ќе заспие бебето. Алкохолот од 1 чаша вино се губи од организмот на мајката во период од 2 часа, и после тие 2 часа, 0% алхолол оди во млекото и во детето. 0. Не фрлајте со камења одма, прочитајте. Од крв и месо сме, и секоја го сака најдоброто за детето.
Се коментира за тоа што сака да му биде нешто де, како што и е неа кога ќе се напие. Секоја мајка го сака најдоброто за детето, ама дали знае што е најдобро за него? Чаша вино, за да се наспијат и двајцата
@NewMama @MilaSs12 не навлегувам за причината зошто некоја мајка би пиела или би пушела цигари. Фала богу дека е најдобро да не пиеш воопшто и да не пушиш цигари воопшто, не само за бебето, колку што и за себе. Но, пример да речеме, роденден ти е, и сакаш да наздравиш со една чашка. Why not. Или пример си бил страствен пушач, зависност е - не можеш да се откажеш (не сите луѓе се со силен карактер). Секако дека препораката би била да доиш а да намалиш максимално на цигарите.
По мене за годинава само. Ако треба да го носи и до година ке и биде како вреќа. Брзо растат и се менуваат, нека се живи и здрави.
Ако не се решиш за втора бременост до 1 година, после година и пол тешко тогаш е забавата, е тогаш само ќе си одлагаш Со лесно на трудничките
Не можеме да научиме да возиме коли, ги вртиме само тркалата Јас му го буткам количето он упорно врти тркала.. Ме игнорира дури
Откажав од доење пред околку 2 месеци, немав никаков проблем со градите, се до денес. Десната брадавица ми е отечена, поизразено розе боја, болка на допир, има 2-3 бели точки на врвот се лупат. Некоја да знај нешто за ваква ситуација? Утре ќе посетам гинеколог, но вечерва да ми каже некоја искуство, баш убо ми ќе дојди за психата.
не се секирај и обраќај пажња на други работи. која возраст е твоето ? пополека ке сфати и ќе вози. На бебињата им е фасцинантно дека нешто се врти а стои во место и затоа често и го прават тоа. Следен пат уште пред да ја фати колата , ти застани и возија и испуштај звуци, драматизирај.
Во Waikiki имаш женски. Тамо видов. Јас имам од сестра ми што ми праќа. Светска работа. Фротирските со патен посебно. За секунда во трчање ја облекувам
Вака ве демнам ми недостигате Се борам со љубомора и давам се од себе за "поголемиот" да разбере дека неговото место неможе да го замени никој. Многу е интересен периодов на 18 полни месеци. Секој ден нов збор ми кажува,сврзува два три збора ме разбира што го прашувам. Со заби завршивме се до 5киа и се молам нека задоцнат. Не ми требаат и тие во моментов. На новите тазе трудници им посакувам лесна бременост,зборувајте со вашите деца и спремајте ги за новиот член. На второто нема да му се тресете ви гарантирам. Јас хепи паника кога ова го пишува значи е така. За брзо ке се вратам на форумов со полна пареа ви ветувам. И чувајте се