Јас од кали шус порачав многу се убави. Спојлер Еве да видиш. Од Ваикики имам од пролетта и тие се многу убави. Спојлер Еве стара слика. Хелоу од мене. Бебе упорно чкрипи со заби. Не дека ги има многу две единици долу, две двојки горе и една девојка долу сега никна. Ако и речам НЕ како за инает повеќе чкрипи. И имаме нов момент плачење со врескање ако се најде во креветчето. И ноќе посебно преку ден. Заспана цврсто штом ја ставам се буди и плачи Ако не ме сети, спие, но кога ќе се разбуди вреска. И ставив нова постелнина пред некој ден. Без нејзините фамозни мечиња за кои ме буди среде ноќ да ги Гали И бацува. Можно е за постелнината да плачеше? Утрово И ја вратив старата, радости до небо, сама се префрли во креветот. И сега таму спие. Кога ќе станеше И видеше дека ги нема плачеше на глас, го туркаше јорганчето како што турка кога нешто не сака ги крава рачињата и вели аш. Можно е една педа човек да ме манипулира за две мечиња што се гушкаат?
Денес бевме на вакцина и контрола, ставила 500 гр и 2 см пораснала за месец ни кажа за вакцината дека по 9 ден ќе може да има температура , уф сега одвај чекам да поминат овие 9 дена, мн ми е страв Докторката се смееше, цело време и мавташе со рачето, а не само на неа, на сите на улица мавта многу е интересна. Не праша дали оди, викам не, ама во последно време стои сама и не се држи за ништо. Но тоа кратко трае, одма паѓа доле. За зборување,кажува нешто и на грчки и македонски, на мк кажува мама, баба, даде, кака (топка) Кога и кажувам гушни ја мама , си легнува со главата на мене или гали ја мама , ме гали кога ќе речам бакни , не бакнува муааа Колку растат ,се поинтересни
у реду је. Знам во право си затоа и не пијам ама ете падна муабетот за вино па една чаша.... Шта да не. имам грижа на совест и ден денес бидејќи со првото не знаев дека сум бремена а до вториот месец цицав алкохол ко смок, ко камила вода и она знаете "тинејџерски живот" (а јас пустата 22 год) ни јадење ни спиење ни в од витамини ни ф од фолни киселини. Кога дознав дека сум бремена и кога се испадна ок се зареков дека више никогаш нема да пијам. Сериозно. Еве 7ипол години како не Пијам. Дали вкупно сум се напила 7 чаши во овие 7 години. Некогаш ми иде помисла на вино ама немам време да јадам како човек а не па да пијам. не беше муабетот подобро да му дадам туку преку млекото кое го цица ќе си му појде и виното,се привратив да проверам да не нешто лошо сум пишала.
Девојки... малава е 1год.и 8 месеци... сакам да почнам да и давам Маџун од грозје, по колку треба да се дава на ден и дали можи да се меша со храна? Знам дека е добар за слабокрвност и за имунитет кај децава, па набавив од Кавадарци Поздрав
Еве не и нас. Два дена кака по 5 пати дневно. Давам пролајф, не е течна столица но пак е многу. Почна да игра со се што не треба, машината за садови, тенџериња,капаци, чевли и сл. Иако викам не, ништо не ме слуша. Мајка ми или некој друг коге ке му рече не,плаче драматично со солзи како кој знае што да му направиле. Се чудам како ке спиеме во зима, не трпи ќебе, веднаш се буди го осеќа, вреќа па ич,плаче, не дава ни да ја облечеме. Ова мое дете само голо да е. Вие добри ?
Две работи да ги споделам. Едната е исто како што пишала @Presrekna чкрипи многу со забите и страшно ме нервира. Толку ме ежи што не можам да издржам да слушам. Туку втората. Детево е нетокму и не знам што да му се направи. Почна веќе со драми кога нешто не е по негово. Ама драми од типот - ржи, вика, треска со играчки, и обавезно неговата фрустрација продолжува со неговиот signature move - се фрла наназад со главата. Значи сето ова што го опишав се случува во три секунди. Пример - некоја лего коцка не може да ја стави - почнува ва вика, ја треска од земја, и се фрла назачки со главата. Кога е на кревет ми е гајле, ама кога е на земја, не бира.. камиказа. Колку пати со маж ми рипаме во милисекунда за да го спасиме од сопствените фрустрации, оти ќе се отепа, сериозно. Еднаш - два пати се акна, па знае сега да се бламира - демек се фрла наназад ама не оди до крај.. ама сепак знае да се занеси и пак да се удри. Искрено - cannot wait да почнат тантрумите. Овој ќе е бетер од сестра му. А таа беше pure evil. @Septemvri моево секој ден кака по 4-5 пати. Ама и си јаде, и си цица. Ко куче е некое. Ако некој шушне со нешто, одма доаѓа да види кој што јаде и не поминува без да му се даде и него.
Многу си ми интересна. Јас така на една тема водев евиденција до каде сум со читање и ставав на сите лајк. Дека увек касно се убацував па да знам до кај сум била со читање демек. После 100 години пишувам, ама за кичмата да ти кажам "лек". Праќај го мт да го зема бебето почесто, да одмориш. И мене претходно креветчето ми беше подалеку од кревет, јер нели, естетски причини. Се мењавме со мм се додека не почнав да ескивирам. Се враќам еднашка дома, гледам преместил. Само јас ли да сум штедела на кичма. А колку добро место си имам во спална за креветчето. Штета. Ни јас, ни он сакаме да стануваме. Сега само страните од креветот ги мењаме. Имам јас последици уште од претходната бременост. Не знам тогаш што се случи, ама болката ми остана. Преку ден не чувствувам толку, може дека сум во движење. Али у лежење е страшно. Со тие помалите креветчиња што се до 6 месеци, полесно беше некако. Го движиш кај сакаш. Како си го влечев, како приколка. Колкаво ти е малото? И така. Стави ми лајк, да знам дека си ме прочитала. @Kaetana исто. Ама исто скроз. Најмногу се нервира со дрвените коцки и уште повеќе со чашите за редење кула. Оти овие по големина се, па он кога го става најмалото прво, нормално дека поголемото што следува ќе го поклопи. И сцена! Кога не успева, ги бутка и ги фрла насекаде со страшно фрустрирано понашање. И после ја фрла главата наназад или се треска од земја исто наназад. Значи буквално, буквално се мава на под. Е пошо се има и удрено, сега легнува на стомак и главата ја лупа од напред, ама нежно. Дека знае оти боли. А ноџињата и рацете ги мава ко на мотор да му се. Ох, какво глуматорче ми е. Проблемот е, не знае да се справи со негативни чувства и нема трпение. А мојот проблем е, што уште не сум нашла нешто со помош на кое ќе ги канализира негативните чувства. Пренасочувам внимание на друга активност, гушкам, објаснувам. Ја правам истата активност и грешам намерно, па демек пак пробувам додека успеам. За да види дека и грешките се во ред и нормални. Јер трпение, спасение нели. Па ќе видиме. Ако најдеш начин некој, помагај.
@Kaetana, @Lianna Anna Исто се случува и кај нас. Милион пати на ден. И се жалев на матичната. Рече, тоа е начин да изразат чуство на бес, револт кога нема да успеат да направат нешто што сакаат. Незнаат да контролираат чуства. Исти сме и ние нели Само без помош, остави сам да сработи. Само надгледувај да не се повреди. И исто, сега се почнува со градење на авторитет. Да не станеме деца на нашите деца
И јас порано ставав лајкови да бележам до каде сум прочитала. Со акцент на порано. Јас пробав се за какање и не ми успеа ништо. После млекото се надевав дека се регулира бидејќи врза една низа од сабота-вторник-четврток и потоа пет дена пауза. Вчера беше на ред клизма кога сама се реши да се испразни. На у7 прегледот кој треба да се прави на крај на две ќе го прави во средина на Ноември на 21,5 месеци. Поради преселба сакавме овде да биде оценета од нејзиниот педијатар. Ќе видиме како ќе помине. Мести сложувалка ми кажаа во градинка од три дела. Дома сортер со пет фигури го мести за две секунди. Формите ги разбира дефинитивно. Ги пее сите песни по нејзино, пушта германски зборови ми вика шау мал. Добра е и на англиски. И нула зборови на македонски Секако само на македонски се зборува дома и разбира перфектно. Остана најголем проблем преспивањето преку ден. Останаа уште две петки горе кои се речиси пред излегување. Од ден на ден е поинатлива. Буквално за секое не следи повторување на истото со некој злочест поглед: еве направив и??? Од градинка информациите говорат дека ги копира поголемите деца со помалите не и е интересно. Сака да се дружи, нема срам. Но сака и сама да биде да одмори. Бунтовна за се. Моето дете најчесто се влече на под. Ако и ставиш капа надвор и во кал се фрла. Ако ја прекинеш во игра е драма. Најтешко заспива и прва се буди. Ќе имам со кого да се карам прилично многу во иднина. Се надевам инатот ќе и го сменам уште во пелени карактеристика што ме вади од памет. Ќе ја оставам да биде бунтовна. Тоа е засега.
Здраво мајки! Синко се оправи со јадење, секако со молби и лажење е, ама јаде. Си остана верен на палента за доручек, ручек со мевце и вечера ретко успешна, најчесто леб со нешто, некогаш и сув леб. Нека врти нешто во меше. Да го допие малтпферот и ке проверам крвна слика, ама верувам добра е, му се врати бојата. Мислам дека ви кажував за мојот страв од давење, епа непотребен е. Јаде леб сум без мака, краставица пола круг соџвака кп ништо. Морков, јаболко, ју нејм ит. Е за месо уште долго ке ми фуфка. Синко се џипа наназад со глава исклучиво ако го држи некој, инстинктот да се заштити од болка му е совршен. Манипулира со драми, солзи, мрсули, дерење и тоа е се. Бунтовен е, нервозен на татко му. Јас сум мирна вода, само умеам да викнам. Синко е како оса. Последнава недела има се повеќе обиди да повторува зборови по нас. Чучи е нешто како чучи низ заби. Тенџере е тене ама низ заби пробува да каже тенџере. Капак е капа. Чефче е чече. 5ките ке излегуваат подолго, уште ништо нема пробиено ама се влече за уши и пика прсти. Кога ке заспие не можам да му се изнагледам и изначудам колку е совршен и мој. Чизмите се топ, фраерски а задоволуваат мој критериум за квалитет. @Lianna Anna на може никако да се смениме со маж ми затоа што презаспива со цицање, така да он џабе ке станува. Почнав до масажи, ке почнам да вежбам и ке биде подобро. Голем удел во боките има и килажата.
@Lianna Anna кај си ти и зошто те нема? Со фрлањево назад исто имам проблем. Само јас научив како да ја фатам, за да нема простор како да се удри кога ќе се свие како кифла за секунд назачки. Маж ми уште го нема усовршено тој детал, па пред недела дена да ја земе, таа фрлање глава назад и мавање од ќошот на фиокарот. Среќа помина без последици. Ама цела ноќ не заспавме, само ја следевме дали диши, иако таа веќе се поретко плаче кога ќе се удри. Затоа е драми за се друго. Менување фокус веќе не успева. Додека не престане сама тоа што си замислила, џабе е се. Ќе се издрецка и после ко ништо да не било. Прави работи кои никој не и ги покажал. На пример денеска шета со гумената жаба во уста и раширени раце како да гази по јаже. Од кај ги добива идеиве да ми е да знам... И последно време се смее фејк. Толку го има усовршени, што некогаш не знам дали навистина ми се смее или само ме заебава. Маж ми и зема ракавици. Превртев очи и му реков нема шанси да ги стаи на рака. Таа по цел ден е со ракавиците на неа. Уште ручекот е проблем. За доручек и вечера ќе јаде се, ама ручекот купечка кашичка. Не знам што ќе се праи. Навистина.... Шубаво си јадеше дете, што му стана што се испекмези... А секое земање нешто да грицнеме, прва се мести и отвара уста. Ако не даеш, ќе ја слушнат и на соседните острови. Почнавме да се организираме за грицкање како да сме вработени во агенција за разузнавање. Знаеш дека постојат, али никој ни чул ни видел.
@Presrekna остави ја нека шкрипи. Интересно и е дека и растат нови запчиња. Нормално е ќе помине. Не и викај ништо, така може да и прејде во навика. Луѓенца јас навистина ме знам што да правам со ова мое нежно дете. Месец ипол во градинка 3ти пат ми настинува. Среќа овој пат нема тт, ама затоа мрсули за извоз. И кашла шлајмови, се дави дури. Пробиотик давам, вит. Д и вит. Ц. Многу пазам на исхрана, внесува доволно мислам од битни нутритиенти. Имуностимулатори не сакам, педијатарот исто ме советуваше не. @FreeMind те читам сте земале куќа, ќе се селите. Честитки. Ние решивме од март да почнуваме со градење, неколку месеци нема да сменат, а времево скроз се расипа веќе. Мислам мене психички ќе ми сменат, едвај чекам да се тргнеме од зградава. Ама едвај. Маж ми вика само некаде среде пустелија за мене.
Јаболко е број 1 во гушење. И да јаде (моево јаде од старт по blw јас немав страв од гушење) мора да соодветно исечено (тенок лист).. освен ако не е варено па така на кришки. Браво што јаде само , јас многу ги охрабрувам сите да имат доверба во децата за јадење. Со добра поставеност и надзор.
И ние од 10 месеци сме на blw методата. А прв заб на 11,5 месеци извади. Важно успеавме. Сега 14+ јаде парчиња, гризе и жвака убаво скоро се. И месо почнувам по малку да и давам сецкано. Но за доручек сеуште и блендирам овошје со житарки, исто и за ручек месото,бидејќи малку ќе изеде само на парчиња, а и така е нејадач. Но и давам да држи и каснува од храната во раче. Како за ужина или измеѓу оброк грицка брокула, јаболка, крекери, смоки, кашкавал, малини, капини, боровници, сега И калинки, леб, бисквити. .. Скоро се. И со лажица сама јади, но Мама нема многу нерви да И дозволи целосно сама да јаде. Некако замре темава. Изгледа мирно е кај бебушиве. Ние имаме многу моменти, лутење, чепкање нос, смеење како коза, имитирање буквално се што гледа. Час е расположена И се смее И Гали, нареден момент плаче И се лигави. Ама некако е помирна, мислам може да направам повеќе работи со неа. Се заигрува повеќе. Но И се треска И фрла наназад кога не е по нејзино. Толку од нас.
Самиот си пројаде. Секако јас давав ама не форсирав од страв. Бабите ме охрабрија, веројатно од искуство беа уверени дека ништо не му е. И навистина не му бидна ништо. Под надзор е константно додека е буден. Толку многу е брз а љубопитен, ако не го пазам ке направи беља. Успева и додека го пазам да ме превари. Само во креветче е сигурен, го оставам со безбедни работи. Нема каде да стави нога за да се прекачи, инаку се обидува да излезе.