Што и да и дадам да јаде , се би јадела покрупно блендано или сечкано на парчиња освен јаболко и месо ,страв ми е. Ај месо не толку ,ама самата не сака да го јаде така го плука осбено телешкото. 70% од јадењето и го давам блендирано уште (добро , не толку течно) поради тоа што мислам дека толку не ми јаде количински како кога ќе и го ставам во блендер. Нема доволно заби доле , па затоа го мотка во уста ај леб да е бисквита ги растопува , ама месото многу ми е страв. Баш пред некое време ми излезе од големата видео на мемори на фб кога била 15 месеца јаде сама со лажицата во рака. Со ова тешко дека така ќе биде. Сепак полека полека ќе и ситнам ако треба од месото со нож и ќе ја оставам сама да јаде , ама сега не , за некој месец ,плус нека и порасне уште некој заб
Мелено месо давај и, мојов само 4 запчиња има, кецовите и така го јаде. Инаку сега на 17 месеци пројави желба за сам да јаде, го оставам иако пола и повеќе завршува на земја
А како да го оставам сам да јаде кога бебе мое ќе му дадам во раче нешто да јаде и го бута цело во уста? Пример бисквита (од големите) пола урма, смоки,овошје што и да е...прееска цело резанче мандарина... полесно е на парчиња и парче по парче да му давам,ама треба и вака да се учи. Немам храброст да оставам тањирче полно пред него па макар и со парчиња,одма ќе проба да ги напика сите
Јас знам дека јаболкото се дава рендано баш од таа причина како и лебот, односно корка од леб. Мојата јаде парчиња од 8м, некогаш знае и цели парчиња краставици да ги бута во уста ама ја оставам затоа што ке види дека неможе и ке го плукне. Нема ништо поубаво од тоа бебе само да јади.
Ми изминало времето за редактирање па да пишам нов пост За јадење, не секогаш го прифаќа оброкот, знае да бира,некогаш ми проаѓа со лажги , некогаш како денес не. Денес на мени леќа манџа, не сакаше ни да проба. Едвај му напикав една лажичка, кога се смршти нејќеше да чуе за понатаму . План Б : леб со кисело млеко, една лажичка млеко зедно залче леб и пак патент на уста. Мм вика остај го,нека огладне. Јас викам гладен е не можам да го оставам. Земав овошна хип каша со житарки ја мавна за 5минути. Значи сепак бил гладен. Да напоменам леќата не беше блендирана,благо испасирана со вилушка,заради компирот. За вечера пробав да му ја бутнам испасирана,мазна, една лажичка и фаца бљак. Затоа па тиква и просо со цимет се изналапа, се мислев дали уште да му давам да не му е тешко на мешето. Пред некој ден сварив супа со парчиња ситни зеленчук, ја јадеше не направи проблем. Смешен е зошто има два кеца горе,два доле и една двојка горе,па си ја мота храната низ нив. Од летово јаде парче храна со гризање од моја рака: овошје, зеленчук, леб, бисквита од поголемите, од помалите си ги јаде сам. Смоки јаде сам,пика со рачето во ќеса Гледам најчесто да му оставам некое парче од храната во оброкот за да тргнеме блендирано ,ама не форсирам со оглед на 5 забчиња...ќе го почекам да му никнат Вода си пие и сам од некапечката чаша (конечно се научи без да се засркнува) Денес прв пат му дадов цеден сок од калинка, убаво му дојде. Отворивме сезона и со мандарини, тиква јаде веќе еден месец а денес купив и костени. Утре ќе ги сварам па нека јаде за ужинка. Проба и животинско царство, не да проба него има изедено 2,3 до сега по иницијатива на мм за да собираме сликички Му давам по пола, во размак од неколку дена, и кога ќе кажам нема веќе останува разочаран, ова дете ќе биде јадач на многу благо Тука ќе се префрлам од храна во развоен сегмент. Научи што значи "да" Сакаш чоколадо? Да Сакаш да одиме надвор? Да Сакаш вода? Да Што сакаш,да те земам (го прашувам) да И да не ги редам,детево пораснало и ме сфаќа што му зборам. Затоа пак "не" е многу забавно. Да се отвараат шкафчињата ,да се расфрлаат флаши,кутии,брашно,шеќер... да се чепкаат штекерите (ова веќе му е како игра,оди со прстето накај штекер се врти се смее и чека реакција) да се фаќаат обувките.... Кога сме кај обувките, веќе 10тина дена наназад убаво си стои во место,секој ден се по совршено. Дури имаше и обид за одење направи 2 чекора,ама од тогаш навака кога и да го викнам (а е застанат цврсто и свртен кон мене) се фрла како од скокалница во вода. Ај,се надевам и ова е фаза и наскоро ќе го решиме и тоа животно достигнување-одење Од зборови во моментов му е омилен тате, кажува и даде, деде,баба,тете,ајде,брм, дај, има едно те (ваљда мисли на ете, зошто го кажува кога покажува некаде. А јас кога ќе го прашав кај е мачето и ќе покаже ,му викав ете) ..нана(а мисли мама) и денес мамамамма. Не дека сум љубоморна или лутка,ама детево од цицање се трга и вика тате ,тате ,тате. Детево мое кажа мама помеѓу првите зборови, некаде на 8,9 месеци. Сега не сака за жива глава. Дури до пред некој ден ми се обраќаше со даде Во однос на извршување наредби, сакаш да одиме чао,ајде оди кај вратата-детево оди и се фаќа за вратата, Кај е овој, кај е оној одамна знае да покаже Дај ми-конкретна играчка, дава Каде е колата-покажува Како миеш заби? Покажува Каде ги стави мама кутиите (средував во плакар) покажува Над плакар има голема кола, кој ја стави таму колата-тате... Како те кара мама,мафта со прстето Кажува чао,дава бакнеж Сака да игра на музика, имитира аплауз (ги виде на реклама луѓево во квизот се или нешто ) Кај ти е носето, кај е увото,кај е мешето.. Итн задоволна сум сега за сега Од играчки,има разновидни ама нормално највеќе си игра со глупости ,ми се потроши фолијата за храна,па картонот го крстивме тунел а низ него поминуваат цефки. Исеков неколку цефки на парчиња ,му го држам картонот и ги пушта низ него. Забава до бесвест Сепак остана и верен пријател на правосмукалката. Такво радување немате видено 12+ е,уште цица.... ми треба цврста одлука во глава за да кажам доста е... ама изгледа не сум 100% решена. Одамна не ме налутил во спиење пу,пу Се буди пак 2,3 пати ама културно без кенкање цела ноќ ,без лигавење и искрено се надевам дека пораснал и така и ќе остане т.е. ќе оди на подобро. Е сега уште да кажам дека немав пишано одамна заради обврски, тргнав на работа, па откажав, па сега пак ме викаат... и пак прибирај документи за во градинка..а да не зборам дека ми се темни кога ќе ми текне дена ќе оставам дете друг да ми чува,па уште и непознат , па и во време на корона,па уште и не проодено.. И моето почна да шкрипи со забите
Што се наброја и нејадач бил.. Јас изгледа имав мнооогу нерви, и да чистам после секој оброк веќе година дена за ниеден оброк не му помагав. Луѓе тоа беше хаос, ама сакав, многу сакав, сега и сам се тушира некое време, прска со тушот, се мачка. Сака така, така нека биде. Срциња. Абе сите деца се различни, факт, ако не соработува, немам муабет тука. Си пробала, не иде, тоа е. Нема вечно да е така. Јас бар знам по спиењето. Нејќе денски, ма не книги изначитав, купував од амазаон, пробував, и кога имаше 3 дремки, и со 2, сега со 1, спие од 20 до 40 мин, станува свеж. Ноќе во 6 попладне, легнува тера 12ка или 13ка комотно до сабајле. Тоа е. Мене ми одговара. Денски сме турбо. Сите различно. Него ние за зборење сме тапа, само мама и некое дерење. Разбира се' команди, животните ги имитира, нешо испушта звуци, аааа, и толку. Чекаме чисти брисеви, има некоја бактерија, 4 недели беше во градинка, сеа дома, и пак на адаптација.
Ајде вака официјално на темава идеме со торта Бебе пресрекна цел ден плескаше со рачињата иако не го замислував вака првиот роденден беше преубаво Знам клише е ама стварно бе многу брзо растат Да се надоврзам и јас. Со храна немаме моментално проблем можам да кажам дека јаде се. Јаде сама освен ептен течна храна каде што мора лажица, до лажицата не сме стасани. Проодена е Мафта со рачето за папа/чао Дава бацки Крева рачиња за колку голема ке порасне. Ја игра две рачиња( врти со рачињата) Кажува мама и баба Сака музика и игра многу смешно Обожава животни посебно кучиња им се радува ептен,се треси цела од радост и писка колку шо ја држи глас. Разбира од да/не ама кога ке кажам не се смее и си тера по нејзино. Извршува команди: дај ми ја цуцлата/шишето, донеси го мачето... Има 11 заби Премногу е пргава и бесна две секунди нема застанато а не да седни. По целии денови е во движење, конечно научи да се симнува од кревет ама не секогаш Кога нешто не може да направи или не и дозволувам да чепка се фрла наназад и се кара на бебешки јазик. Со спиењето шо да кажам мислев дека почна да се управува ама катастрофа е. Денски уште сме на две ама ако ги собереш вкупно едвај една излева, се издржува Ама навечер заспивањето нервите ми ги искина, претешко заспива. Прво бега од спална ко ке успеам да ја качам на кревет се врти се пентери рипа скока се дере вика за на крај од немоќ да се успие. Почна да се буди со плачење ама ужасно плачење и се смирува само ако ја земеме во раце. Се препишувам на четворките уште една е а може и не е до тоа Страв ми е да помислам на тројките. Чкрипеше со заби на 7м сега не. Уште нешто сакам да кажам посебно до вас шо доите или сте доеле, еден до земја за мајчинството без алкохол. Не дека сум некој пијач ама по една чаша две во неделата ме спасувале да не побудалам Ај сега од мене и идеме женски во светот на тодлерите
@flower55555 Само пола!? Кај нас се е на земjа, или кај мама во уста Мојава се грози од "влажни работи" . Јаде сама само суви работи. Плазма бисквит, и солена и блага, тук, соленки и печен леб со вегета и маргарин. Несака да е накапана или испрљана. Додека не ја избришам не јаде. А НИКОГАШ не сум ја бришела додека не заврши со јадење. Ова и е нов момент. Лебот надробен никако Месо и готвам 50% блендирам а другото го сецкам многу ситно. Битно осеќа парчиња. @Sofi.ja Иста е. Цело во уста става. Па ко луда вадам зашто ќе се задави После и кршам на зслчиња, и едно по едно ставам во тањир. Зашто инаку се ќе стави наеднаш Сеуште јаде само одредени намирници, ама машалаааа, количински Навечер се буди и кажува зборови. Преку ден ги шепка во ќош. Скокот е на најјако Едит : Три дена по ред ми ја носи вреќата за спиење. Да ми даде до знаење дека и се спие
Нејадач во смисла на количина. Сеуште до 150 гр сме стигнати и помалку. Инаку јаде ( читај пробува) се но по малку. Во Овошје и зеленчук се дави. Не сака мачкано и суво и благо. Леб само да грицка и го плука. Обратно од на @srekice Конечно одимееее. Со станување од земја, менување насока од правец. Порачав постапалки, но ќе чекаме некој ден за нив. Генерацијо каде сте. Освен @MilaSs12 ве немам читнато тука @Septemvri , @The Unicorn , @Yowannty , @Mia Fuentes @Мариаа. . .
Доб Добри сме само од кога почнав да одам на работа станав нем набљудувачза пишување неможам да дојдам на ред на тел. Бевме, а може и сеуште сме во скок, баш не изремети, со хистерично плачки и само кај мама во раце. Не можам ни во вц да одам без да го слушам како плаче во позадина. Инаку почна да разбира повеќеоди донеси ова, дај она и сл. Ајде одиме чао, и ги носи патиките да му ги облечам. Се гали и гушкасрцка е. За јадење давам се што јадеме и ние само не благо и не многу солено. Не јаде количински многу но сепак јаде оброци и една ужинка и задоволна сум. Сеуште цица, тешко оди одбивањето, да помине скоков па ке пробаме пак. Толку од нас. Заборавив да пишам, спиењето не е сеуште средено, преку ден некогаш спие еднаш некогаш два пати, некогаш пола саат, некогаш два саати. Навечер бега од креветот за да си игра, и заспива после цел саат нишање и цицање. Се надевам ова набрзо ке се среди.
Ја уживам во славата. Преспива ноќ без да се буди 8373737 пати, извади 4ки, и го испративме громот од 9ти скок. Ииии, конечно е со една дремка без драми. Од време на време по некоја епизода тантрум се дешава, ама какви бевме, добро е. Ви викам до крстената вода е. Може детето урочено ми било.
@srekice до пола да, после јас превземам Манџи, јуфки се сака да јади сам. Со флеки се сите блузи И да, и мојов е многу "чист"
Тука сме другари, шо вика Септември од како почнав на работа само ве манијачам Добри сме ние, колку шо се можи, малку температура на 9ти ден од ММР, ама следниот ден ништо... Со спиењето, спомна Мариа, имаме проблем па ете веќе два дена пробваме да ја откачиме втората дремка. Многу шетаме на воздух каде нема никој (ако можи ова битолско чудо да се наречи воздух). Јади цврста храна уште пред роденденот, е сега ги откри Животинско царство ама се трудам да касни само еднаш неделно! Веројатно и горни кецови ќе излегуваат цело време си ги чешка и се лигави. Се опремивме со вреќа за спиење па ако е уба ќе земам уште една. Почнува да се опушта за зборчиња, вели вода, капа и прекарот на брат ми го кажва (дека лесен де).
И јас сум тука, читам ама немам што да додадам, ништо не се сменило во меѓувреме. Со спиењето ноќе уште е скарана иако сите 3ки и 4ки и излегоа. Со ручекот исто така водиме борби. Пре-тантруми ја дрмаат неа, таа нас и така во круг. Во меѓувреме играме заедно, денсаме заедно, читаме заедно. Почнува да имитира и повторува зборчиња што ги слуша рандом, а не оние кои ние ја учиме. Генерално деновите ни се организирани така што секој ден сме во парк или покрај море за вежбање моторика. Игри за ментална стимулација, забавни активности, активности каде сама бира што ќе прави, без наше активно учество, тука оставам да биде дете и да истражува водена од својата детска љубопитност. Кога спие готвам и немам баш време за ништо друго. Утре ќе китиме елка. Мислам.. Јас ќе китам, а таа и мачор ќе бидат повеќе гласни посматрачи.
И јас читам ама немам ништо ново да кажам. Една недела немаше отворено уста. Буквално за ништо. Живци искинав. Вчера и денес конечно јадеше нормално. Мислев забче е ама јок, уште у исчекување на долната 2ка... Уште еден месец до крај на скокот, громчето ни е за една недела. Може на тоа се должи нејадењево. Ништо ново инаку. Бевме у карантин 2 недели и малку полудевме сите. Уште сме климави ама полека се враќаме у нормала............оваа ‘нова нормала’. Не знам дали сум пишала за ова али у последно време некако поише почнав да уживам у времето поминато со бебе. Не дека до сеа не уживав ама некако бев заслепена од неговиот ред и тоа се да му биде под конец у текот на денот и малце се понашав ко робот. Малце поише Поише од година ми требаше да се освестам. Ама, смеам да препишам на хормони нели? Таман да ги опраам и да раѓам второ...