@Larahappy и мојата сака сирупи, капки шо и да е, бара уште некогаш ми носи шишенце и лажица и вика "уште малце". Иди па објасни се.
@Larahappy @TeddyGrey блазеси ви Ај да е некој гаден па да разберам овие баш убаво на јагода мирисаат тешко е , баш борба водиме за ова
Знам каде да се обратам за детален одговор. Ќе го имам на ум тоа дека треба да се со текстил во пределот кај што се виткаат прстите. Се мислев за оние целосно гумени за на влажно и калливо ама тие се толку крути што попрво ќе падне цел со нив у кал. Ги гледав и timberland ама и тие се крути. Значи такви за наредна година Фала Фри @Larahappy thanks
Јас имам тимберланд за синко и не се крути, се виткаат. Ортопед кажа да бидат само со лепенки, патент никако. Исто ни нагласи анатомски не, како цицибан и сличните. Исклучиво рамни внатре. Кажа дека ортопед ако напише дека треба со анатомска влошка тогаш. И обавезно да се тврди кај петата за да е стабилна ногата. Јас затоа пак купив топлинки на Кеги Колев, само тие се со тврда пета а рамни внатре.
@The Unicorn јас земав на kickers пред некој ден. Многу се флексибилни и удобни. Е не се лични баш, ама има и многу други модели, мислам дека ги има во МК. Мојава одма ги прифати, без проблем трча во нив.
Мене па и на око ми се убави. Сега побарав, во офис шус го има брендот ама само сандали, чизми не. Како и обично, кај нас нема вакви квалитетни брендови.
Ич не ми се свиѓаат, ко кловн ми е во нозете. Ама овие беа најфлексибилни од чизми што ги најдов овде и без проблем оди во нив. Заглавив кај патиките. Дајте совет што да се прави. Nike tanjun се дефинитивно најудобни. 21 и се мали, а 22 и се многу големи. Изнагледав еден куп други, додуша сегде овде каде има патики бев и сите што ги видов ми стојат за многу поцврсти и не знам што да праам. Од интернет не ми се нарачува на непробано. Додуша јас 22ка ќе и земав, среќа ми се видоа многу големи па и ги пробав и видов дека многу простор има позади, два мои прста лабавко. Зарем толку разлика има од број до број? 21,5 нема.
Извади ја влошката и така измери. И јас така како тебе мерам мерам и 22 се таман ми се чини. Кога го однесовме на ортопед 22ката ептен мали, црвени напред прстињата. Сега носи 23,5 и му се таман, јас мислев дека во пролет тек ке му се добри.
Во Capitol има отворено еден нов дуќан. FlO се вика. Некни на поминување видов премногу модели. Детски, бебешки, машки, женски. Имаше стварно многу добри, на изглед работи. А и поприлично ефтини. Што фирма се. Знае некој, сте купувале
Глупо прашање Од кога давате цитрусни овошја на бебе? Скоро 15 месеци е мала, уште не сум и дала ништо а сега ќе почнат мандарини, портокали.
Дадoв пoсле гoдинка, сезoнскo oбoшjе. И давам пo еднo резанче и самo шмука или знам да и исцедам пoртoкал и гo мешам сo вoда.
Заспива цицајќи. Вака убаво функционира. Не гледам потреба за покасно јадење. Ќе и прави тежина. Не е многу по јадењето. И досега не ми има дадено сигнали дека е гладна ноќе. И тоа што станува за Цице повеќе е од навика и да види дали сум тука а не од глад. Пробај со пола час помести вечера и види како ќе се однесува. @Mia Fuentes и јас скоро дадов мандарина. Лимон има пробано. А сокови не пие така да портокал така ќе јаде
Портокал дадов на 7 месеци (педијатарот ми кажа дека можам да давам ) наредниот месец и имав дадено и киви. Сега е 13+ почнав да и давам и мандарини Јас сакам да прашам краставица, домат како давате, вака по парченца? Ми е страв од краставицата да не се задави. Ја рендате ли? Јас кога јадам бара да гризне, и дадов кога гризна парче огромно, одма и го извадив од уста
Ирис се дави во цеден портокал. И јас дадов прв пат како Корицаки на 7-8 месеци. Сега имаме домашни портокали секој ден или преку еден ден цедам. Само никогаш не давај чист, секогаш раствори го со малку вода дури и за себе кога ќе праиш.
Краставица дадов после годината од страв од давење. И давам долги парченца, за да може да држи во рака и грицка сама. Домат средна големина летово знаеше да гризе како јаболко. Сега не давам домати и краставици, последните што ги земав ептен пластични беа. Иначе и правам болоњезе со чери, сос од @KuklickaSk рецепт го имаше пишано одамна уште кај бебињата, само плус додавам некој зачин ако ми се наоѓа при рака.
Фала женски ќе пробам Инаку домат сецкан давам, а краставица на долги парчиња како компирчиња Многу сака домати не знам како ќе преживејме без нив зимава
Мандарина дадов пред роденден одма после тоа и портокал и правам и цеден помешан со вода, тоа и е единствено нешто што пие освен вода и млеко. @koritsaki краставица на лентички а патлиџан го јаде на коцки сечен доволно за да може да го фати.
Јас давам саат пред спиење. И мојата огладнува. Ми се има случено да се разбуди ноќе и да бара да јаде Откако го укинав ноќниот подој. Некогаш со вода се задоволува. Ова е ретко, но се случило