Јас би ти предложила гин гира беби спреј, за да и се обнови кожичката, после секоја промена на пелени н чиста измиена со вода и сува кожа.
Супер изгледа, немам пробано вакво нешто. Баш утре ке направам. Кажувај др рецепти @aceee99 кажи му на докторот брис да земи да испита не само мокрача, чим не помагаат кремите и се повторува можно е да е внатрешно. Душиче.
Што да кажам кога моево јаде само пет работи Овесни и палента секој ден. Веќе ми е здосадено. Незнам дали постои друго вакво дете. Стсната е многу лоша. Не спие. Сто пати се буди навечер. Си ја кубе косата, несака стегач. Пелена несака. Чорапи несака. Вреќа за, спиење несака. Патики несака,. Денес се дереше и трескаше со лице во бетон ги фрлаше патиките. Јас стварно незнам што се случува
Регресија има тогаш, така долгичко трае Не ги чекаш тројките сеуште мислам и они знаат ваква состојба да прикажат.
 Wtf А ова бојкотирање за патики, кога завршува!? Цел ден внатре сама, со нејзе, ич не ми е забавно
Се е на фази. Мине за некој месец. Треба да те тресне и онаа каде не сака да се бања еве уште трае. Ама пак де навикнуваш некако не знам како да опишам се навикнуваш на тој тоналитет+вино и некако мине облакањето, патики, пелена, бањање, јадење не ова она, преспивање, будење... И одма читаш статија дека треба да си радосна дека те треска фазава оти децата брзо растат и ќе ти недостига тоа рикање и стрес. Се гледаш во огледало се прашуваш каде ти згреши у животот. Јеботе како на оние таму им успева само ти попушташ нервно. И правиш мал милион стратегии како да заврши денот во кој дефинитивно не уживаш иако звучи сурово. Па се обвинуваш зошто такви мисли ти поминале низ глава, па плачеш од немоќ, гушкаш дете силно до следната пелена, па пак одново пцуеш кога ли ќе заврши периодот и така во круг. Донт вори и јас сум како тебе. Само потивко да не не слушнат оние од статијата ќе не маркираат со портокалова ѕвезда на груди. Право у Аушвиц!
Женооо, излези од мојата глава Ми читаш мисли. Ова е се што ми поминува секој ден низ глава. Каде грешам Значи не грешам. Арна сум си
Ти си таман. Тие од статијата треба на колец да ги набодеме јел е тоа цела машинерија во пропаганда против психолошкото здравје на мајката. Тие кои ни прават да се чувствуваме уште полошо од што ни е. Тие среќо моја се за кол. Ќе ги најдеш насекаде. Само не им ѕиркај дома ќе се зачудиш како им мине денот
Потврдувам на ќерка ми и излезе пред недела дена осип доле ,читав доста за кремава дека е одлична не само за бебиња туку и за возрасни, и ја земав помалата верзија од 40мл и веднаш се смири ,наредниот ден веќе немаше ништо. Прашај во аптека да не имаат тестери да ти дадат да ја пробаш прво @aceee99
@srekice не требаше да ти реплицирам. Ми ја вратија од градинка две недели во карантин имало во групата дете позитивно на Ковид. Акцент на две недели 24/7
Не се жалете, јас со неа сум 24/7, се треска од земја, плаче, урла, секаде се качува(последно се качи на комодата за тв јас додека вадев ручек, исто ми се скри зад плакар), не сака да спие денски, ама сношти заспа во 8 заедно и јас со неа и стана дури во 9 сабајле. Да кажам дека не сум уморна секако ќе излажам, здравје од септември дури на градинка, а до тогаш уште бели влакна ќе ми излегуваат
Може и јас да се пожалам? Јас не знам на толку пазење, здраво хранење каде настина пак?! Душа ме боли цела вечер не спиеше од затнато носе... Ми се чини од како престана да цица само се споболва, ова е трета настинка после одбивање. Ексик.
Ова со носево сите поминавме. Мали немаше никаков проблем освен носе. Прво затнато, после повеќе од недела дена како чешма течеше. Со заби со се беше кај нас. Физиолошки ставај. Јад да прашам ова удирањево по глава што период е? Не кога плаче него онака додека шета низ стан си се удира и си брмчи. Ако му речам немој така како за инат ќе се шлапа уште повеќе.
Да, памтам и кај вас беше така. За удирањето стварно не знам и мојата така прави, нешто и е интересно и тоа додека шета низ соби, маршира и се удира
Што збориш Ај со лесно. И ти во карантин @Neda997 Качување на комода, одење по гарнитура, стоење на глава ми е веќе нормално. Овие испади и се нови моменти @Мариаа. Тоа ти и е воведна фаза, на ова што јас го пишував. Со лесно
Јас мислев само на синко му е интересен звукот од ѕвекање на главата во ѕид. Патики сака да облекува затоа што ке оди на чао а тоа е радост за него. За бањање уште добро се држи, само плакнење на коса е хорор ама два пати неделно се трпи. Синко ај што се качува по мебел, туку и се џипка брзопотезно без знаци и насока. Камиказа. Им љубоморам на мајки чии деца јадат! Сериозно, завидувам што имаат деца кои отвараат уста на се. Синко со молби и пак ме заебава. Најубаво месо, зеленчук, значи вкусови кои ги сака, густина, со одење по кеиф. Ѕвер!