Женски убави вести од мене, прооде и мојата среќичка! На почеток се пушташе од тросед до масичка само, сега се сегде оди кај што и душа сака. Врати затворам само. Ве читам сите, се пронаоѓам кај поќето од вас во муабетите и си се тешам дека не сум единствена Иначе сум преморена периодов, 3ките се на ред, полека и набубруваат непцата. Дома не знам од каде да почнам, ручек, машини, чистење.. И дека не знам од каде, не ни почнувам некои денови така си стои се, во мирување убо ми е на работа, уживам! поќе од секогаш ми се оди на работа, срам ми е да кажвам дури Ве поздравувам женски, ќе пишам за брзо останете ми добро
Сте почнале со жалење ? Ај да се вклучам и јас да не сум покуса . Абе моево ептен малку спие,се на се спие по 10 или 11 саати. Имавме околу годинка ваков период,па околу година иппл,еве сега на 22 месеци опет . Не сака да заспие навечер,се додека не " падне" од умор. Не заспива пред 12 никако,а сабајле би спиел до 12 да го оставам,ама го будам во 9 ипол или 10 . И пак не си легнува порано . Дење спие еднаш максимум 1 саат. Ноќе се буди само 3 пати ( огромен напредок ,цица и презаспива). Сеуште не јаде,обавезно ми скока некој оброк,а и она што јаде не е многу количински. Ептен е разлигавен периодов,се МОРА да е по негово,ама баш се. И со убаво објаснувам,и скренувам внимание,и свикувам,ама ништо не помага,што намислил си работи. Ако не е по негово,спискува,си удира глава од што му се најде пред него,фрла,вришти..... Не знам како да се справам со ова. Стварно не може се да му е дозволено,ама како да го научам. Да гледав вакво дете пред да го родам моево,ќе викав колку им е невоспитано и поалено детево,мора да се постават граници ( така мислев дека е пред да станам мајка),а сега читајќи статии и се нешто,како треба да се постапува со деца,постојано се преиспитувам дали грешам. Да не случајно сакајќи да станам добра мајка, не постапувам како што треба и прерасне детево во хулиган? Уште нешто. Многу се плаши или неќе бебиња,кукли. Штом види на реклама,или некоја песна ако почне,или види кукла,одма почнува да вика да сменам или ја зема куклата/ бебето и ги фрла. Ниту е плашен со нив,ниту му е зборено нешто па да реагира така . Се плашат ли вашите така од нешто?
@hello-kitty.90 синко од прсвосмукалка која работи се плаши. Кога не работи сака да сѓука, објаснува како брчи, ме имитира со цефката. Ама ако работи му фуфка. Не знам ни јас зошто, не е плашен со правосмукалка, се разбира. Бујна мечта имаат веројатно.
@hello-kitty.90 22 месецииии Па до кога ќе трае ова лудило И јас така зборев пред да имам дете. Сега се ми се враќа дупло. Додуше, мојава од ништо не се плаши. Мува не ја лази. Посебно не од правосмукалка @MilaSs12, одвај чека да усисувам. Се мкне по правосмукалката. Неможам да закачам видео, да видиш што прави Синоќа се разбуди. Кога гледам прокиснала пелената. Земав да сменам . Иииии, следуваше хорор. Такво вриштење не сум видела. Крв ми се заледи луѓе. Одвај ја сменив, и остана гола да седи. По пелена само. И така од 1-3ч се шетавме во раце. Изгледавме и филм "Службеник од рајот" ( интересен филм) После заспа конечно. Слушам имало земјотрес. Кома сме биле.
Кити и кај нас ништо не се сменило, не си сама Заспива 11, 12, почесто 12ч, ноќе станува од 1 до 4 пати, неколку ноќи стануваше еднаш, ете сношти пак 4 пати Станува во 8ч сам насабајле, една дремка од 12 до 2ч, или од 12 и пол до 2 пол, или од 1 до 3ч. Најчесто е 12. Шта да ти причам кад све знаш Баш со бејби, спајди и хепи пишевме дека касно заспива, ама порано неможиш да го земиш за спиење, рика плачи ко да го колат не пие ништо, нагласувам, не менувам пелена, не прокиснува, ама си станува, иди в раце кај мене и презаспива, е е вака е 2 год, вчера 23 месеци направи. Со кукли пред некој месец иста реакција имаше, ја фрли налутено мечиња плишани не сака, од 6 месеци до сега само со коли е в раце тоа е... Се плаши од правосмукалака пуштена, исто кога шетаме надвор пешки ако види кола бега скроз настрана и чека да помини, ко да се штрекнува, дури и мене ми вели мамооо игази колата. Нз можи некој несвесно му имаме речено и си врзал в крпче. Му кажувам дека нема да не изгази За спиење совет од @Spidy барај, јас ја прашував и прашувам скороцело време, ама не сме изгледа инат ние, попуштаме тој дел со децава. Др нз шо да речам. Последна надеж ми е градинка
@hello-kitty.90 мојата спие 10ч ноќе и 1,5-2ч преку ден. Други деца на нејзина возраст спијат 12ч ноќе и 3ч преку ден, ама не е поентата тоа да споредуваме. Битно е овие саати да и ги распределам како што треба. Заспива 21ч навечер, станува во 7. На пладне спие 12:30-14ч. Само што ја легнав. Не ме интересира дали и се спие, ако е време за спиење иде во кревет и крај. Има денови кога протестира, ама лежејки во кревет што ќе прави друго освен да заспие. Јас стојам на мислењето дека ако се воведе строга рутина (без никакво попуштање) за 1 недела секое дете може да фати ред. Ама за нас возрасните е тешко тоа да го издржиме.
Маjки да не знаете кoj е цртанoв? Утрoвo на boomerang гo имаше бебе се уби oд радување и смеење, oбичнo не регистрира цртани Делфинче тoпка бркаше
Скриена е правосмукалката, само шо ке ја види писка а не па да ја уклучам. Од кај 10м почна да се плаши преку ноќ а пред тоа гајле немаше. Вие шо сте со помали 12/13м по колку спијат се вкупно?
И мојов го гледаше и си пееше do do do како на baby shark ама ич не видов кој е. Ќе го има пак сигурно. Или пребарај на yt.
Мојов вреска за да му ја пуштам правосмукалката за да чисти. Ја кријам во вц оти само шо ке ја види влечкајки ми ја носи и вреска укучи(уклучи) Чистење само ко ќе е надвор, далеку од дома да не ја слушни А за спиење имаш пробано да спие со вас?
Од ко е роден до мене спиеше на спална, бидејќи креветчето е старо и не се пушташе оградата, тој е ваков цело време, сега е подобро, 1, 2 пати да стани е премија за мене се пробав исто е.
Мојава малечка овие два дена многу е залепена до мене, некоја фаза ли и е, не знам не можам ни до вц да отидам плаче на врата, ајде кога сум сама ја ставам во столче ќе и пуштам песни нешто ќе направам,а кога е мм дома наутро не ме остава ништо да направам, лазејќи стигнува до мене и ќе сака во раце да ја земам. А тешка е за во раце. Од одење уште абер нема, а наскоро сме 14 месеци ќе застане за момент исправена без да се држи некаде и толку ќе седне доле. Денес толку не, ама вчера поготово плачеше што да ви кажам. Денес имаме именден, па ајде на торта
Значи исти се ко мојата за правосмукалка. И она ја тегне, ми се плетка меѓу нозе. Појачува брзини А тек косилица за тревааа обожава  Затоа се друго ни е наопачки. Дека ова потаман
Вечно име Пред некој ден се жалев за ова, значи буквално една секунда не седи сама, закачена ми е за нога, оди по мене постојано. Во хранилка седи само додека јаде ни секунда повеке, јас на шоља она до мене
Даа, ма не само шо ми се плетка и не ми дава јас да чистам, тој сам сака. Пред некој ден имавме тантрум за косачката оти не му ја пушти татко му