Исто. Само што не се засркнуваше толку често претходно. Многу ретко. Периодов нема ден неколку пати да не се деси. Ако е тргната негде без цел и види нешто поголемо ќе проба да заобиколи. Ама најчесто е фокусирана на нешто и кога е фокусирана да стигне негде ништо пред неа не гледа. Денеска ќе се стумбаше преку онолкава кофа полна лего коцки кога ме виде носам банана. Среќа стигнав навреме да ја фатам. А со врискањево што праиме? За се се вреска колку што ја држи глас. Ја учам кога нешто сака а не може сама да дојде до мене. Не бе брате ќе се изнавреска и демонстративно ќе фрли се од раце. Уште нешто дур сум овде. Дали сите ви бараат да јадат сами? Мојава да може нема ни главата да ја помести да се приближи до лажица и е тешко, камоли сама да ја крене лажицата. God forbid. Значи, значи!! Со нас на маса сама и е дадено да се рашлакува од почеток, ама само рашлакува. Чека со отворена уста, па тек кога ќе види не и носам до уста ќе подаде раче. Ова исклучиво кога е во хранилка за главните оброци. Иначе се друго си јаде сама.
@srekice кај нас ново е да се врти во круг и да паѓа, со главата директ во врата се чука па плачи. Ако го фатам и да не му давам да изиграва рингишпил, седнува ми бега и пак исто. @Yowannty ние јадеме со 2 лажици/вилушки. Со едната тој буричка, со другата јас го ранам.
Мајкички мене моментално најголем проблем ми е менување пелени. Другите глупости налет, ама со се каки неизбришан бега. Влажни марамици ретко користиме, обично го мијам во када ама и таму не застанува фаќа со раката насекаде и газето и сифонот и на крај едвај да не заврши во уста. Вриска плаче и мава додека да го залепиме памперсот, често е изместен од што не застанува и прокиснува. До кога ова ке трае. Не се сеќавам за првото дали сум имала ваков проблем. Од што менувањето пелени е проблем, кога е мочан чекаме да се наполни пелената до крај, за што помалку да мењаме.
И синко се засркнува од шише, ама тоа го препишувам на различен начин на цицање од цицка и влечење од шише. Треба да земам некапечка чаша затоа што од наша чаша умее да пие ама кој ке го брка постојано? Внимава каде гази одамна, кога има препреки ги скока или заобиколува. Ама затоа се сопнува на теписи. Бара да јаде ама додека јаде оброк не давам, му давам потоа. Бара лажица да се шлака и да јаде. А и сака сам да става во уста суви работи како смоки штрудла итн. Главното јадење е друга приказна, молење и колење, па кај го молам уште шлакање ми фали. @Yowannty
Среќо моја,и со право помислуваш на мене. Јас мислам цела енергија ја трошам во одење позади "големиов" и збирање остатоци по него. И само викам Не тоа,Не таму,Врати го...џабе. Фрла се живо во рака што ке фати. Да не се знаело шишето да си го остави без да го тресне. Пасирам среќо и јас уште. Срамота е више А за муабетот брат/сестра кога ке дојде времето да им купите. Е тогаш Хепи ке преспие ноќ. Хронично ненаспана сум
Ова со шишето ќе прекине наскоро. Кај мене исто правеше никако не го оставаше само го фрлаше со сета сила. Уста пена ми фати од зборење бидејќи постоеше шанси и Ози да го убие од хранилка ако лежи под неа. И наеднаш преку ноќ почна да ми го дава во раце или да го остава ама сигурно имаше 18 месеци. Значи претходно не било сигурно после тоа почна да биде внимателна. Може и во градинка да ја научиле само знам дека беше изненадувачки преку ноќ смени. За гледање каде оди голема среќа што е порасната со куче па сакала или не уште од први чекори мораше да внимава доле каде оди да не го згази. Сега и мали коцки заобиколува. Ако не внимава само ќе и речам внимавај или гледај каде одиш и одма застанува. На истата наредба ја предупредувам и за праг, тротоар. Има проблем само кога гледа телевизија се враќа наназад и тогаш не гледа ништо. И една лоша навика или намера да ме провоцира е седењето на сам раб на кревет, но наопаку со грб за паѓање. Еве неколку месеци трубам и очигледно за инат го прави тоа. Така седнува и на столица. Некако се е на фази. Чим една фаза ќе заврши почнува друга. Во оваа најнова фаза која ја тресна рика за се’. Ама буквално за се’. Плаче и рика. Ама рикање на цел глас. Од утро до мрак. Петките искочија уште последната ја чекаме. И нема веќе изговор до забите е туку такво си е детето рикачка.
И Вики пие од некапечка чаша сама вода ако ја дигне чашата ептен нагоре се дави , дали многу тече кога ќе го стисне силиконскиот дел со забите, не знам. Ама не она нешто премногу да се задави, ќе се закашла и толку. Ние ја имаме таа на Нук За јадење, зависи што, првото дете беше некако по сталожено да кажам , ќе и дадев лажица и се обидуваше оваа возраст сама да става храна во уста (на 15 месеци сама јадеше со лажицата без да се умачкува со јадењето) А малово и дадов лажиче додека ја хранев и хранава ја фрлаше на земја. И блендирана и на парченца, исто прави. А сама да и ставам чинија со парчиња, страв ми е. Оддеднаш се ќе стави во уста, не чека да голтне па друго парче да стави.. вашите прават вака?
@koritsaki па тоа се чудам нема течење кај некапечката кога ќе кренеш. Додека не повлече сама не тече. Башка не тече многу. Јас сум пробала да пијам. Никогаш не и залетнуваше толку, сега периодов е нон стоп. Ај реков да не нешто се десило со чашата од користење и нарачав нова за вода. Иако ја проверив и не ми стои дека е нешто расипано. Многу лошо и залетнува, ми е страв. За во уста не става се наеднаш, ама ако јаде нешто кога ќе дојде при крај место уште 2-3 пати да гризне, ќе си го пикне цело парче во уста. Ама не реагирам. Ако е нешто што се топи оставам. Други работи и давам јас мали парченца, или сама ако земе, знае и да плукне ако и се види преголем залак за оддеднаш. @Septemvri врескањето и претањето при менување пелена го решавам со забранет предмет. Прво местам се на кревет за госпоЖата да не чека, и ги давам моите капки нос да ги држи или последно време лампион и така набрзински. И давам уште пред да ја легнам оти ако ја легнам прво ќе пушти рикачката и ништо не ја смирува и интересира отпосле. И давам да држи и зборам за тоа и ја легнувам и тераме без протест. Fun fact. Прочитав пред некој ден дека Шарк Денс на Кокомелон на јт ја поминала со гледаност дури и Деспасито. Малишаниве од форумов со сигурност имаат прилично допринесено за популарноста. Ма да на Ирис сеа за денсање хит и е фриз денс.
Од се што се пожаливте имаме. Од воденење и плукање,@srekice од ноќно врескање,@KuklickaSk од бесење за нога и газење преку се @Yowannty до почеток на трантуми фрлање на земја и наназад @MilaSs12 . Плус имаме моменти(читај нон стоп) кога не можам да ја седнам ни во хранилката ни на под, за да и облечам чевли. Се кочи во колената нема шанса да попушти. Исто така излегуваме со трицикл се враќаме пешки плус таа да го турка. Некогаш оди и трча сама некогаш бара прст и ме шета кај таа сака. Најново е ноќното заспивање со плачење и будење по милион пати со ќемчење. Само во мене пикната сака да спие. И пак ќе речам вреска, писка на цел глас. Ако на првото Мама не одговорам, наредното е Мамаааааааааааа колку што ја држи силата. И по цел ден зборува по нејзино ама уста не затвора. Кај да е ќе шизнам Како сте со јадењето? Мојата пак намали и сака сама да држи лажица, вилушка. Вчера каша јаде со прсти.  може да замислите што стори И јас сеуште ја цицам И не пиеВ. Но никогаш не вели никогаш ќе се распијам на старост.
мандарини и лимон давав од 4тиот месец сега само што излегоа задов си јаде. доматот ми го јаде како јаболко. Краставица давав ситни парченца ама ќе поџвака и ќе плукне па ми текна рендана да ја давам така си раче си ја јаде. да прашам брусница каква давате и од каде земате?
Марчи, давам од онаа сувата од кам мислам. Знам деке има шеќер, ама ставам десетина зрна. Ги варам за да омекнат, и млже да го пие чајот или да користиш вода за спремање оброк. Исто и со сувото грозје правам.
@Septemvri мене уште ми успева да го пресоблекувам со цртани. Му пуштам на тел, му го давам тој сам си го држи и брзински сменвам. Инаку се бркаме по соба
Мојата уште не гледа и паѓа ако ти е за утеха За врескање исто си вреска како да живее сама во зградата За јадење јаде сама ама полесно е мама кога ја рани Моето е големо ама уште е бебеСе може сама ама полесно е мама ако го направи, а мама со мешето нема сила Пробај да и нагласуваш сама да јаде и земи ја нејзината ракичка и покажувај и како да јаде.Неколку оброка така, на крајот кажувај :"Браво Инес ти ручкаше сама, големо дете си веќе".Исто кога јаде гледај да нема нешто што и одзема внимание. Моето мораше да се научи на 14 месеци оти во градинка одеше и таму бараат самосталност.Да видиш дали нема да се научи кога ќе ја остават сама и на крај пред да и соберат ќе и стават само две лажички во уста и толку.Цел ден гладна, е ај да видиме утре дали ќе гледа во чавките или ќе јаде
Дечки фала ви на советите, мојов штом го земам чистиот памперс веќе знае дека ке треба д смениме и тогаш почнува да бега и да хистерише, во тој момент ништо веќе не ми пали. Тоа е...или ке му помине, или ке рика едно 5-10 мин додека д го смениме и го држам и со раце и со нозе. Во моментот друго решение немам. Ако нешто ми запали во меѓувреме ке ви пишам за сите што го имаат мојот проблем.
До децата е. Мојата прави од роденден навака. Значи пет месеци и побетер станува. Соблака пелена.Бега, знае и да ми се измочка некаде. А малото на девер ми е 13 месеци и уште на даска ја пресоблекуваат. Цвеќенце мирно. Мојата така??? Цела павловиќева ја јаде за триесет секунди додека ја пресоблечам и одма ја граба пелената да ја фрли во вц. Па чека и раце да измие
@Ava.84 драга, ја тебе ќе те земам за кума, здравје ако имам некогаш пак уште едно девојче опција е Инес да биде. Иначе и зборам ја учам како да јаде сама ама нејќе да научи. Овој феномен на мрзливост е само додека е во хранилка. Надвор од неа, не дозволува ништо да и ставам во уста пред таа да го земе и изанализира, па да го стави во уста самата. Искрено највеќе за врескањето ми е. Звучи фрустрирачки, а ако ме гледа и сака нешто да направам знае да призвучи и ко наредувачки. И не знам што да правам. Се со убаво и со објаснување, полека пристапувам, ама џабе таа пак вреска. Не сакам да и премине во навика па да и остане така за се нешто и понатака. Дали воведовте печурки и како? И какви печурки? Имам шампињони во конзерва. Или да купам свежи? Како да се приготват за прв пат и дали да и воведувам по малку или можам одма да пробам со супа на пример? Уште едно прашање, кај ги чувате играчките? Цело време купувам од Џамбо едни баш наменети за играчки, ама одма се расипуваат 6 сменив до сега. Оние што се као шкафчиња исто не се опција. Не се стабилни и ги турка и влече. Имам едно па морав место негде на високо да му најдам.
Боже му го збркав ли името да девојчето Извини Ирис А за кума многу сум оскудна за имиња не можам на мојата име да и најдам изгледа ќе се роди детето без имеА кога гледам овие па по две им ставаат од кај ги наоѓаат За такво пискаво врескање нормално е бидејќи не знае да збори и така изразува емоции.Кога ќе презбори ќе се подсмири, ама пак ќе биде гласна ма уште погласна