@Septemvri @Yowannty вчера не ги видов коментарите кога го пишував постот сега ве прочитав. За менување пелена сме исти. После капење се бркаме, таа гола за да ја облечам. Што рече @srekice по еден крем јаде за да се облечиме. А на даска од пред година нема шанса. Еве доказ Спојлер Кај ќе се најдиме таму се облекуваме. И гаќички пробав, исто е. А за викањето веќе пишав. И радост и лутење се со дерење... И за јадењето @Yowannty период е. Со две лажици вилушки јадеме. И сама повеќе сака. @Мариаа. И @The Unicorn слабо ги читам. Изгледа бебушите нивни се совршени и немаат што да пишат или полоши од нашите се па неможат да пишат. Ве гушкам
Мајки дали нутрино ноќното млеко со овес и банана го давате? 16м сме Исто се буди во 3 ноќе секоја вечер и пишти за цицање..малку му е, знам Ама каква јака вечера да му дадам за да го држи...
Јас за вечера давам гриз со млеко и банана,или овесни со млеко и банана. Ја држи цела вечер. Или палента со урда. Пробај
Не само вечерата да е јака, и ручекот нека е 'јак', повеќе месо, компир, морков. За вечера пробај со гриз, ориз. Ама можеби и не е до вечерата, синко јаде два оброци а вечерата е кога како, не запира цел ден и некогаш не станува да цица или еднаш околу 4 5. Ортопед кажа 10 години. До тогаш се формира стапалото.
Ве читам и се чудам како може сите да го прават истото Ова со плукањево ни беше шема до пред 2-3 недели, фонтани, утоп на секои 10 мин Рикање и фрлање по земја за се што не и е по ќеиф, глумење до бесвест Зборува, се објаснува пример: беше кучето даде лепче јаде, шеташе онде скина цвеќе мириса ммммм Јас ја разбирам се, мм малку се мачи. Посебен интерес има за редење сложувалки и коцки, а во последно време пошо пробувам да ја навикнам на моментот дека доаѓа уште едно бебе и давам да Раниме кукли, па ги облекуваме, ги качиме. Некогаш ги игра, некогаш ќе ги џидне во некој ќош и ги заборава по 3 дена. Многу сака да и читаме сликовници, Биби и Боби ни се хит моментално. Е екстремно ме нервира што со баби и дедовци цел ден е пред тв и не ја вадат надвор по цел ден, многу било ладно Секој ден се расправаме на темата, немаат гајле, пак си тераат по нивно. Зе зарадував од оваа недела не одам на работа па планирав шетање по цел ден, ама трет ден корона позитивна и јас и бебе... Со температура и затнати, се здробивме од кашлање
Оф душичке. Со помин да е побрзо Едит : Кое млеко користите за, спремање оброк? За трајно мислам, за да можам да го варам.
Ох со помин да е и со лесно да го пребродиш ова. Сите се исти влезени во “terrible twos” еве едно интересно текстче кога ќе ти е тешко прочитај го: https://www.healthline.com/health/parenting/terrible-twos Од 18 до 30 месеци е ова. И тантрумите не се секогаш тантруми. Ако е претерано и има намера за повредување и самоповредување треба да се збори со детски психолог. И секако од тука ќе почнат да се јавуваат последиците од пиењето “една чаша” во бременост. Исто и семејната дисхармонија и ќотекот како мерка за воспитување. Само 2 години требаат да се видат последиците од своето однесување. Нека ни е со лесно на сите до 4 години треба да се намалат тантрумите. Имаме само уште две цели
Се плашам да пишам. Да не случајно некоја ‘виша сила’ ни ја поремети хармонијата. Шала на страна, не знам дали детево ми е стварно мирно, или пак јас уште у бременост се имав подготвено за такви плачки што сега се ми се гледа лесно. Да се разбереме, права кенкавица сум, и спанка и мрза и некуварка и се, ама детево стварно не ми е захтевно за да се пожалам. Има и он жути минути нормално, ама ете засега добро се држиме. Сум рекла и претходно, веројатно ќе ми наплати у тинејџерски години...или утре! Никад не знаеш. Јас еве веќе година и нешто сум под штрек дека наутро ќе ми се разбуди еден мал ѓавол. Инаку ново нема ништо. Чекам да пушти некое зборче. Мама бар. Он кажува нешто што личи на ма-ма-ма, та-та-та, да-да-да и слично ама уште ми е без значење. Доручекот ич не ми го сака. Ручекот и вечерата ги јаде океј. Ама јаде исклучиво со занимација. Да гледа цртан, да си игра со нешто а ја да го ранам или уопште да не седи на столче туку да шета и да доаѓа до мене за да земе залче, или јас да го бркам низ дома со лажицата. Сакав да ве прашам Мрп кога планирате да ставате? Колку што пратам од генерација само @Mia Fuentes има ставено. @Мариаа. другарке, и тебе те нема. Како сте?
Ммр ептен ја закаснивме, здравје на пролет планирам. Многу големи бројките со ковид и од страв не го однесов. Во септември кога требаше па настин два пати во рок од еден месец по цела недела.
Добри сме. Смирени, се разбираме и мајка несака некој урок да не фати. Ммр не сум ставила. Не дека нешто намерно ја одложувам, така се погоди. Со последна доза од пнеумокок, ќе ја прими и ммр.
Ние од млеко за пиење бегаме ко ѓаол од крст. Ама цица. Во каши (ретко) и ставам кравјо, повеќе и земам на хип и холе млечни каши со АД што се и со вода и ги правам. Млечните оброци ни се преку кисело млеко, домашен овошен јогурт,сутлијаш и сл. Туку ќе прашував дали пазите во денот колку млечни, месни, овошни/зеленчукови оброци и житарки примаат? Јас сеуште се придржувам до тоа, но бидејќи не јаде тарана, леб, палачинки, мафини (многу ретко) дали и е доволно преку житарките Давам 2 пати во денот. За појадок обавезно некоја житарица(пред се полно зрно варена) со овошната каша. Па за вечера повторно дали сутлијаш, дали варено просо со тиква, палента со цвекло.. .Ако дадам за ручек најчесто ориз тогаш во појадокот ставам јатки или банана без житарки. Или пак вечерата нема житарки. Месо давам 3 пати, 2 пати риба, еднаш грав или леќа и еднаш жолчка во зеленчук за ручек. ( неделно) Има 2-3 пати овошје и 1-2 пати зеленчук.(дневно) На контрола не сум ја однесла од септември. Искрено ми е страв. Најмногу се грижам за кс и железото. Вака убаво изгледа, не јаде многу, но цел ден душа ми вади.
@Presrekna цица и мојов, ама за мусли или житарки некои давам Битолско. Сега на 18м проба прв пат, до сега и јас млечни на холе давав.
За гриз да сварам. Јас гризот го правам така што прво правам смути со овошје, и после варам. Мојата цица уште. Не сака млеко.
Пред некој ден мислам дека го имавме првиот тантрум (јас тоа го викам напад на беснило) леле.... Се сетив како и со првото имав исти испади. Само грдото ми беше што тоа се случуваше додека бевме излезени. Друго. Земав б-комплек витамини се надевам дека ќе придонесат за зголемување на апетит. Последниве 3 недели не знам што се случува. Јаде 30 пати на ден по 3 залаци. Не ми е мирна душата зашто друго е ко ќе седне и во еден оброк да се најаде а друго е вака. Почна и да се мршти и да одбива одредени вкусови. Секаков ред ни се поремети. Јадење со лажица не доаѓа во обзир,тоа не е јадење туку играчки шлаканици. Ни можам да го направам ни ми дава јас да го ранам. Веќе 2 месеци како сака сам да јаде со лажица ама последниов месец е неподносливо и преминавме на фингер фуд. Трето... Се случува навечер и по 6000 пати да е на цицка. Некогаш буквално ни еднаш. А спие 10-11 часа. Не знам што ќе беше ова ама верувајте овој период би сакала да го прескокнам