Јадат ли вашите леб за ручек? Им давате само од јадењето што е зготвено или јадат и леб со тоа? Моево скоро ич не јаде леб,со ништо и за никој оброк. Може неколку залчиња само да изџвака. Во манџи дробен леб не сака, а и посебно не сака да го јаде. За доручек најчесто палента,јуфки,шпагети јаде. За ручек ориз тава со месо,спанаќ и ориз, компири печени или некоја чорбичка,ама погусто пасирана,без леб. За вечера,пак нешто од наведеното за доручек јаде,или бисквити со млеко,или протестира па само салата јаде. И јас не јадам леб со ручекот, ама за мало дете да не е проблем?
Мојата не сака леб за ручек,си каснува понекогаш само леб.Дали е во ред незнам.Несака дробено,макано,се гади од натопенето лебче.
Исто и моето не јаде леб со ручек, што и да е, јаде за доручек или вечера понекогаш му давам лебче со кремсир, кајмак, пржена кришка на путер или тост со кашкавалче. Ама тоа може два три пати неделно ако се фати, некогаш ни толку.
Не е никаков проблем да не јаде леб. Поише е проблем како мојон, а види леб ништо друго не јаде додека не му дадеме. И више не јадеме ни ние. Не се секирај, нема ништо вредно во лебот. Нека си јаде сњ друго.
Не ни треба да јаде. Ниту ние како возрасни не треба да јадеме. Само на Балкан полна трпеза, а лебот кај е? Убаво си јаде само продолжи така.
Леб јаде само онака, ако се вртка околу маса и сака нешто да грицка. Во кашите има компир, има други зеленчуци, за појадок секој ден палента јаде, грицка бисквити, па леб е најнебитен. Побитно е месо да внесува, зеленчук и овошје.
Дали мoжам и е дoбрo да и цедам сoк? Денес и направив oд мoркoв, jабoлкo и мандарина и пoмешав сo вoда. Ептен гo сака. Нo oд друга страна да ме oстануваат самo шеќери сo цедењетo?
Јас давам два/три пати во неделата ама само цеден портокал помешан со вода, друго немам дадено. @hello-kitty.90 ако види леб престанува со јадење и се тепа за да го грабне, шо е до неа само леб ке јади, така да не давам освен ептен ако немам избор.
Гледаш има нешто абе се треси по лебот како сте уште е закачен за тебе постојано? Ја не можам да се издишам а воопшто не беше ваква
јас имам проблем со нејаденје :/ сабајле за доручек секој ден исто банана , авокадо жолчка и житарки толку друго не сака ништо, ручек едвај јаде повеке ориз со спанак, зеленчук со месо , вечера плазма со млеко други ништо не јаде наша храна уште цица 22 месеци има незнам како да го научам да јаде како другите деца:/
Последниве неколку дена не е толку, знае и сам да се позанимава. Посебно ако му оставам мандарини да се шлапа, 40 мин си игра со нив. После ја уште 30 чистам, ама се наоѓа занимацијава кога имам некој онлајн состанок, а да не се слуша МАМАМАМАА цело време.
Смути како давате? Тоест во што? За во клунче или некапечка е густо многу Просветлете ме Овие на Хип со лажичка му ги давам, незнае да ги шмука.
Од чаша обична стаклена или керамичка. Јас му ја држам и голтка по голтка. Вчера баш, се мислев како да му протнам портокал и калинка,па му ставив во блендер неколку зрна калинка, сок од портокал и пола банана ,му се допадна А за тие од хип,бебивита итн во кит го на рафт до бебивита имаше лажичка за него,па ја земав гратис со едно купено пире. Со таа му ги давам,пасува на сите фирми.
Ме насмеа со ова. Лани за крштевка полна трпеза, незнам што немав спремено. Кифлички лиснати место леб. И свекор ми кога рече "Леб нема" @hello-kitty.90 И мојата не јаде леб. Понекогаш печен пола кришка и толку. Нема ништо лошо. Лажна ситост дава само. Ништо хранливо. Јас гледам проја да јаде, и палента. Барем поздраво ми е.
А да ве прашам за количината на оброк. По колку грамски давате? Како мерите? Сум приметила, кога јаде нешто што и се свиѓа, јаде полн тањир. Исто можам и јас да изедам. Но, не ми личи на ок. Да не и го раширам желудникот па после беља
9 и пол години има мојов, уште не јаде леб со ручекот. Само за доручек и вечера ако е мачкан леб или пржени лепчиња, сендвич и слично. Не му фали ништо, има енергија за тројца. Малово кога како, некогаш јаде, најчесто не.
@hello-kitty.90 моето јаде леб , се дави во леб мислам. И тоа прави "мммм" додека јаде леб ама јас прво од ручекот и давам па потоа леб ,да се дојаде