И јас не давам леб за ручек, неколку пати само сум здробила во манџа што била ептен ретка и течна. Леб и давам за појадок 2-3 пати неделно. Смутито и јас го правам погусто, па и давам со лажица. Туку кажете кога се научија малите да јадат сами со лажица а да не заврши се на под и во скут? За со велушка нема проблем, си јаде сама ама лажичката никако да ја научи.
Со жешка вода и прашак за алишта, ама не го користи уште, мн ретко. Гого леб јади дробен во манџички, грав, намачкан со намаз и сл..а некогаш знае и само леб да си јади
Во градинка ја научија. Ги гледа постарите и учи. Знае да и паѓа сеуште ама ништо страшно. Инаку има време за таа вештина околу две години треба да ја совлада сама.
Леле конечно најдов сродна душа во нејадење леб. (Имало доста тука лебонејадачи). На 8-9 месеци гризеше корка, па имавме еден период од 2 месеци на нејадење, живееше од цице, и сега од година навака(утре 15 месеци) леб не јади, ни во манџа, ни мачкано, никако. Ако и дадам плука. Мојата ни јуфки, ни тарана ни палента солено не јади. Палента со јаболко и цвекло. Вчера прв пат со несолена урда и денес кускус касна ( неколку пати) Живее од овошни каши со житарки наутро, зеленчук за ручек( во последно време многу малку каснува по 90 гр). Или крем супа зеленчукова може да помине. За вечера пак овошје (тиква, јаболко авокадо и сл со овес, гриз или сутлијаш) Месото воопшто не ми го сака периодов. Риба повеќе сака. Јајце само во банана и тоа жолчка. Ова ме загрижува повеќе, а не лебот. И јас не јадам леб. 1 парче интегрален домашен на 2-3 дена. До душа и месо воопшто не сакам. Бласеси ти. Мојата деновиве по 100 гр не јаде. Освен доручекот околу 180гр. Ужините и се по 2-3 лајчиња. Инаку јас како мала многу сум јадела и растев полничка ( читај дебела, во шесто одделение имав 69 кг, а сега со бебушка на пораѓај со толку појдов). Но од седмо осмо одд држев здрава диета, ослабнав до кај 57-58 кг. Од тогаш таква сум. Сега го допрев мин-56. Така да кај мене не се покажа точно дека се шири желудникот.
@paleska3 големата ќерка на 16 месеци јадеше сама со вилушка и лажица, многу беше претпазлива кога јадеше , не сакаше воопшто да се исфлека и навистина не ми правеше ѓубре.
Јас ќе и давам да изеде се. Но ми е страв да не се прејадува. Иако знам дека децата знаат за доста. Или се лажам Ама не е секогаш вака. Некогаш не јаде, ако не е погодено Десети скок официјално заврши
А што е тоа проширен желудник по дефиниција на свеки? https://studenti.mk/dali-zeludnikot-navistina-moze-da-se-proshiri/ Давај му на детето да јаде колку сака. Нит желудник се проширува ниту се прејадува. На 2 години во развој па ич. Ако се прејаде ќе ја врати храната ништо страшно. Си знаат они кога им е доста. Тргни од себе пица и боранија јадеш иста количина? Или некад ти се јаде некад не. Може не те држи појадокот па ќе каснеш повеќе за ручек и можеби ќе скакнеш и вечера некој пат. Така да среќо моја ич да не ми се секираш. Дете во раст мора да јаде. Лошо е да јаде колбаси и паштети односно храна која е токсична за толку млад организам. Ти не го храниш со пушени меса, саламишта, прженици во еден ист зејтин три години, шеќери, млека. Тоа не е храна да се разбереме вие си го труете сопственото дете. Сосем друго е еднаш да проба или ретко да конзумира, а сосем трето е да му на мени од раѓање. Од ништо не му е си патиме како народ. Ајде бе ништо не му е и пола држава на гастро. Абе јас за Ози кога готвам внимавам што ќе ставам во храната дали ги има застапено минералите, дали омега 3 има во продуктите, дали доволно добива ц витамин и така натаму што е сепак десет пати посилен организам од човечкиот во вид на исхрана. А не пак на дете. Абе него му немам дадено паштета, колбас, салама, виршла, а не пак на Емили да и дадам. Она нема ни да знае каков е вкусот на тоа срање се додека некаде во основна школа не види некој да јаде. Животот е толку драматичен станат со нездрава животна средина што дури ми е несфатливо и дома преку храната да го “дотепаш” сопственото дете. Ама нас не ранеле па еве живи сме. Да живи сме. Јас имав гастритис на 16 години. До бременост пиев реглан како бомбони. Родена карши Топилница ноќно време мајка ми стануваше се сеќавам да ги затвори прозорите зошто се гушевме од киселини и ни даваше вода да пиеме бидејќи не пржеше на грло. Не будеше загадувањето од спиење со силни кашлици. И они упорно си живееа на исто место. Јел ништо не ни е Ама на крајот на краиштата сите ние од главата си патиме нели
Јас одамна не мерам колку изел, ставам во танјирче и колку изеде изеде. Некогаш ќе изеде цело танјирче, некогаш само три четири лажици. Знае кога му е доста и не го форсирам да јаде колку што јас сум замислила дека треба, на пример 150 гр. Единствено гледам да има секој ден доручек, ручек, вечера и две ужинки. Тие оброци ги нудам, а колку ќе изеде од секое оставам на него.
Ма она кога е занесена во некоја занимација, јаде многу. Незнае за доста. Затоа ми доаѓа шубе, колку да дадам количински. Ама, штом не е проблем нека јаде. И така е 9.5 кг За здраво, здраво и давам. Знаете, јас ни чоколадо не давам Се е зготвено, ништо готово од тегла не сум и дала. А и фала Богу, не јаде нешто многу
Мајка ми вика така демек занесена у цртаните и многу сум и давала да јаде. Веднаш ја уклучувам на грав, боранија и грашок манџа пуштам цртани после десетта лажица нејќе дете. Мајка абе нели е занесена? Оти не јаде? Не е занесена среќо, вкусно и е и затоа си јаде со сласт. Плус 9,5кг е каков желудник какви бакрачи
Моево па не сака никакво овошје,дури ни цреши и јагоди не сакаше да јаде. Уствари не сака ни да проба,а секако му имам понудено,и смути,и сецкано,и парчиња и ренданои цело,никакво неќе,па ни банана . Зеленчук јаде,салати обожава се,освен патлиџан,се друго јаде. Патлиџанот го сака во салата колку сос да му пушти,а не го јаде. Свеж кромид најмногу сака. Јадење ни сама не знам грамски колку јаде,ама некогаш јаде повеќе,некогаш помалку,ама барем почна да јаде колку - толку. Ама затоа редовно скока оброк ( појадок или вечера). Некогаш место појадок цица,некогаш си јаде. Не јаде многу работи,па ми е тешко за идеи за доручек или вечера. Јајце не сака,па со тоа не јаде било каков специјалитет со јајце,а ги има многу . Житарици не јаде,ништо потопено во млеко,чорба не сака,се гади. Тостови,потпечени лепчиња гризнува неколку пати,па и тоа не би било оброк. И така. Се надевам ќе смени. Стигнавме до будење по само 3 пати ноќе . Напредуваме ми се чини. За префрлање во поголема група,страв ми е,читам има нови епизоди на неспиење,плачки и вриштења во сред ноќ .