Јас мерам колку изел секој оброк, опсесивно мерам и сметам - во кашата има тоа и тоа, густа е, месо има, компир, добро е. Кога ке изеде цела каша јас славам. Најчесто го форсирам ручекот да го изеде цел, вечерата најчесто ја скока. Или ако се смета 10 лажици. Се што е над 150 гр го сметам за успех. Околу 12 кг варира еве 4 месеци. Не знам точно колку има, ама се врти околу таа бројка а во висина оди. Слабичок ми е, во понеделник ке му проверам крв. Да беше слаб а да јадеше - добро, ама не јаде, мирен е само кога спие, во висина оди а килажата иста си стои. Плус и анемичен беше.
Еј не може преку ред.ќе не оставите во кал тука нас сироти неискусни Кој ќе не подучува? Затоа тебе Теди те нема тука? Сте киднале @FreeMind зар имаш душа да не оставиш предвреме. Генерацио моја? Ај пред да бегате од тука барем кажете до кога трае ова врескање на цел глас. Не се трпи веќе. Кога сме кај членките што ги нема @Мецаа91 не ја читам нигде. Во исхраната кај бебињата често ја читав. Сега ја нема. И @Софија 88 со близначињата ја нема нигде. Колку се дружевме бремени. @Lianna Anna, @PoisonGirl и уште некои имаше кои ги нема сега.
Здраво, јас тука сум ненстоп ве читам и ги земам сите информации и правам like. Све по ред се случува работи нови кај син ми Адни. Тантруми има многууууу затоа што е многу гален ептен од страна на дедовци и баби. Уште 4 дена полниме 19 месеци: си збори многу све што кажуваме ние тој мора да имитира, учи две јазици наеднаш затоа што кај маж ми свекорот и свекрвата зборот на Македонски а јас кај моите и со маж ми Албански. Многу е напорен некогаш ме ваѓа од контрола не знае за не, све по негово да биде. Моториката мислам добро му е почна да оди кога наполни 15 месеци само се секирам не знае да слезе по скали а да се качува секаде се качува каде мислиш нема шанци овде да се качи баш таму ке се качи. Со јадењето имаме ептен проблем уште јаде само блендира и знам дека ке ме карате ама му ставам пред себе на парчиња малку гризе и све ги фрла намерно низ соба ама без да има нешто на раце не јаде ништо тој се занимава со нешто јас му пикам во уста од кашата да знам дека е најаден затоа и да го оставам 6 часа или цел ден без јадење не бара ама кидер (киндер) маф го прави за секунда, не јаде леб никогаш, ниту палента, трана, ништо само од хип кашичките, супа, чорба, грав, јаде, овошје све блендирсно а во рака само Бабане ( Банана), од мал не фаќаше цицка па со пумпа се молзев па млеко пие само кога спие од бебе и така остана. Вода пие само од чаша друго не или од флаширана вода дирекно од пластиката. Сега му излегуваат тројките па е напорен, плаче за глупости. Одамна е на една дремка со 1. 30мин ама заспива во 20 најчесто ама знае и до 22 да не спие ама станува во 08 или 07 се на све спие 13 или 14 часа. Пие млеко на 23 ноќе после во 05 сабајле и тоа на сон ако случајно се буди нема шанца да го пие млекото и ако е гладен така ке седи ама млекото буден нема да испие уште сме со Аптамил ако не му давам млеко ненстоп на сон ке мрда низ спална знам дека му се пие, не знам како да му скинам комплет млекото ама и не сакам затоа што не јаде ништо млечни произвофи само кисело млеко за ручек. Вечера не јаде никогаш ептен ретко ми успева да му давам и тоа ноќ кашици од хип. Сите песни во моб ги знае. Многу сака да игра со музика, не игра со играчки ептен сака трсктори. Тоа мислам све напишав ако ми текне нешто ке допишам. Од вас ги земам сите потребни информации за јадење, облека, обукву, за све па му соопштувам на мм и ги употребувам. Фала многу што ти текнува за мене. Јас сум во тек за сите вас затоа што нема ден што не ве прочитам. Поздрав до вас.
Машала колку голем дечко е. А те "караа" дека нејадеш додека беше трудна. Таман си е детето сега И мојата прооде на 15 месеци, и сеуште не се качува по скали сама. Не ни треба ако јас, се прашувам уште тоа ми фали. Твојот гледаш што убаво си зборува, и тоа два јазика паралелно слуша. Ние не кажуваме ништо. Ретко одвалува нешто. Очекувам чудо еден ден Горе доле сите се исти, а толку се различни Едит : Тракторот е топ.
Фала, е за зборување не прекинува ненстоп за се на албански nuk (не) а да ништо не кажува кога го прашувам дали сакаш нешто за да вели ајде. А све разбира на двете јазици. Преска му вели свекрва ми ај седи да го видеме коњот тој ајде и седна ама повеќе на албански зборува. И твојата кај и дс е ке почне да зборува сигурно не се секирај. Сестра ми пред да почне да зборне мојот рече овој кога ке прави 3 години ке зборне и како за инат од неа не помина една недела мојот почнува да кажува зборови и тоа најтешките прво и твојата убавица за инат ке збори подобро од сите мала е се уште. Поздрав гушки до вас. А за тракторот поубав да купите.
Колку вода треба да пијат дневно? Леле тргнаа тројките изгледа пак одбива храна освен краставица. Значи стварно не знам шо дете родив со неполни 13м се залета сите заби да ги вади
Тројките тргнаа одма по 4ките ама тие 2 или 3 месеци не излегуваа а беа набабрени со бели врвови, најтешко нив ги извади со тт 2 дена и нејадење 3 недели...
Пред некое време ја извади последната четворка викам ок малце раат ама нема. Од шо ве читав колку многу се мачни паника ме фака Се уште не е кенкава како што знае коа вади заб ама храната ми е прв знак и доле десно како набабрено е не можам да видам убаво.
Синк 5ки вади и уште помачни се од 4ки и 3ки, а можеби памтиш дека ги извади сите 8 во исто време за месец и пол. Сега пак заебава со јадење, нервозен е, плус тантруми.
Толку долго излегуваат?? Приметувам тумби румби по непцето. Бели и се и горе и доле, и 3-ки и 4-ки. Таа уште втората двојка доле не ја извадила. Може затоа не спие. А се чешка како од болка, со плачење и раче во уста. Да чекам заби значи
Да да се секавам, значи нашиве деца не знаат за стоп со забиве. Како бе 5ки помачни јас па си викам да испаднат тројките и да здивнеме од заби.
И јас така си мислев. Таман излегоа овие, почна да јаде, еве сега нови заби. Да излезат овие и да здивнеме сите, синко, јас, татко му, нашите.
Генерацијо и остали здраво живо. Ај бе споделете што праат малишаните, да знам што следно да очекувам. Да пријавам дека ја прими ммр пред некој ден. Е сега нели ко на иглички седам деновиве, оти очекувам најлошо можно сценарио. Ирис разбира 3 јазика, во тоа веќе не се сомневам. На кој јазик и да и се обратам, сфаќа. Ги знае овошките и зеленчуците бар оние кои ги имаме пластични, поедини предмети низ дома, само неколку животни. Плишаните играчки сите ни имаат име, нив одамна знае кое е кое. Ама уште не покажува со прст. Освен кога таа си покажува нешто, дур си праи сама со себе муабет. Сеуште книгите и се омилена занимација. Од пред да наполни годинка прво почна сама да ни го носи прстот на сликите очекувајќи да и раскажуваме како што ние сме и покажале претходно, а потоа и самата таа почна да си листа и покажува внатре, и си раскажува. Иначе сеуште го бара и нашиот прст, и сака многу да слуша. Последно, додека самата си раскажува, почнува и да тропка на вратата во сликовницата со црвенкапа, каде што јас и визуелизирам тропкање со раката кога волкот стига кај бабичката. Па сега оди и тропка со рачето секаде кај ќе види врата. Посебно кога ќе ги слушне комшиите дека доаѓаат, трча и им тропка на вратата додека тие отклучуваат, а и тие ја научија, па и тропкаат и тие нејзи. Таа жива среќна. Со врескањето мислам дека ќе се дружиме уште долго, и дека ова е само почеток. Тантруми тропаат на голема врата и така периодов ни е се во духот на тропањето. Сака многу да си игра брканица и криенка. И било која игра, сака кога играме заедно. Исто, се заигрува и сама, што посебно ме радува, па можам бар кафе да се напијам на раат. "Ам, ам, ам, ам" значи дека и се јаде, и претходи на барањето на мојата рака за да одиме во кујна. Си доби блок и боички, па го имаме и првиот цртеж, апстрактна уметност, кој чека рамка за да биде соодветно урамен на ѕид. Сака да ми отвара и ровари низ кујна, па меѓу другото разгледувам да и земам кујна за Божик. Се мислам дали би ја заинтересирала или џабе пари, оти пак ќе ја претпочита мојата. Кој е за кафе?
И Ирис околу 3 месеци вадеше 3ки и 4ки заедно. Ужас, ужас, ужас период. Чим има ридчиња кај и да е ќе излезат. Исто бевме.
Нема правило. Генерално со сите заби немаше мака, а 5ките не ги осетивме, случајно ги видов излезени.
Моево од 4 и пол месеци почна да станува на 15 мин,на пола час, на 1ч, цицаше по цели ноќи, на 6 месеци извадо 2 забчиња и почнаа со ред, на 14 сите 4ки, одма по нив тргнаа 3ките и мислев да 1 недела ќе излезат така набаберени црвени, ама не, небеше толку лесно 5киве мислев во јули ќе излезат ама еве декември дојде