Да, се превиткуваат напред, а позади се стабилни за петата. Нас ни се погодија. @FreeMind Фала за насоките, тоа ќе барам. @BabyT Види ја пааа Ќе ја носам надвор кога е мокро и има снег. Одвај чекам да заврне. Али ја имам тазе проодено дете што сака да фати и потфати се. Да, си седне во вирче. Зимово уживаше надвор на снег Плус, живеам во Лисиче, светски најзагадена општина Дете само за надвор е кај мене.
На планина ќе ја однесиш, ем од свеки ќе одмориш Кое дете не сака да се шлапка, греота е тоа да се скрате. Се разбира колку атер да направиш 10,15мин да не го разболиш
Баш вчера ја пофалив дека е мирна, вчера кога се сопна од столот, незнам забите како не и паднаа. После 10 мин и реков идам за 2 мин мама биди мирна, и само слушам бум, мислев дека го соборила тв или звучникот, а она да го искористи моментот кога не сум таму, да се качи на комората, да изгуби рамнотежа и да падне. Толку многу плачеше и се тресеше, таман и помина една џумка, сега има нова. Среќа аркадата не ја пукна..
Детево мое многу слабо пие течности т.е. вода. Дали и другите што цицаат вак се понашаат? Му цедам портокал или компотчиња....на јок малку вода и се друго е цицка. Се плашам дека не му е доволно.
Колку месеци е твојата? И мојата е иста, само прави глупости, паѓа и се треска само да не се повреди. Некои бре ко бубачка се мирни. Им се восхитувам како седат и ги оставаат по куќа. Јас ко џандар, стално сум позади нејзе да не направи нешто. Се научи да станува навечер и да ја попушта греалката
Мојата е 20 месеци. И јас бев се по неа, ама во последен период и кога сум со неа се си паѓа. Таква си е, од најмирно бебе, стана најлошо дете. Нема ден да нема некоја глупост, сега во последно време кога ја носам кај баба и и дедо и, по цела улица оди и пее, дедеееее и Нанаааа
Овие се со варена дебела гума и многу тешко се виткаат. Најди нешто послично некој ставаше на темава марки кои ги има у мкд кога зборевме за чизми пред некоја страна.
Кога не е нешто по нивно Сега на 17м приметив јас. Заби бе луѓе уште немаме нови, 18ипол месеци е. Кецовите излегоа во рок од месец ипол, на 11ипол излезе првото.. Тој се си јаде без проблем, ама оти па да нема уште
13м е денеска го имаше официјално првиот тантрум викање пиштење ке се превртеше од хранилка, и тоа оти посегна по ножот јас само го поместив не ни реков нешто, ручавме иначе. По нејзиниот карактер и темперамент знаев дека ке има изразени тантруми само се надевав покасно дека ке почнат. Немаат врска забите со џвакање колку шо знам , па и наеднаш вадење заби од мали не е убаво, душа ни извадија на сите дома не само нејзе
Назад ти се тебе нервозите Тантрумите по книга почнуваат од 18 месеци. До 18 се бебиња кои плачат на се драматично. Тоа е вовед. Од 24 месеци се ѕверови кои се фрлаат на земја ако направиш само еден погрешен потег. Од 18 до 24 е подготвителна фаза за родителот. И визуелно и физички да добие на кондиција. Од 3 години велат ружи цветаат и сите ќе лежиме на столици за нишкање додека дете таму само си игра. Само трпение
Фа, да. Во столица за нишкање, во некој центар за рехабилитација @flower55555, Свати ги тие испади на нервоза исто како да си светнала цела кујна. И вариш кафе. Прво ти се истура шеќерот на плочки, после на рингла, и на крајот ти претекува кафе. А ти си кул. Иста нервоза ја чуствува и детето, ама незнае да се исконтролира. Јас вака се тешам. Логиката на мм
@FreeMind топ, јас пред време сум при крај со нервите, до тогаш таман ќе отрпнам @srekice хахахха ептен сликовито имаш објаснето, само шо одамна немам видено така светната кујна, или било шо низ дома Како и да е, јас за глупости се нервирам, а за така по големи испади прибрана сум, барем за сега. Нашите тантруми се појавуваат ко ќе е гладен, дури го научам шо му е, пола играчки ги искрши. Мм ми вели на мене е цел, и кај мене богами се изразени тантрумите ко ќе сум гладна
Колку сликовито објаснето,ме изнасмеа. Поголемава ближи 3 не ми личи дека ќе се смири за брзо. Како и да е,ми го направи денот
И мојата е ужасна кога и се јаде. Доаѓа во кујна, и мора да ја држам во раце додека она гледа што се случува. Несмеам да ја спуштам. После иде кај хранилицата и се пентари сама. Кога ќе стане сабајле, ја носам во кујна, иште не пресоблечена, мора одма да јаде.
По книга заврши 8 скок, кај нас почна... Ако биде вака ко последниве два дена цел месец ќе избегам негде жими се. Сама! Никад не кенкал волку. Така од ништо. Си шетка низ дома и одеднаш ќе си ја потпре главата на гарнитура и ќе си поплаче. Втф? Цело сабајле нешто си приплачува. Среќа па не е пискав. @Presrekna ти кажав дека кај нас ќе почне кога сите ќе го пројдете. За да сум сама у мука... Пред малку ме извади од памет. Се улета накај трпезарија, се засопна и удри со чело у металната ногарка од столот. Ама дека беше улетан ептен силно удри. Помодре од плачење и заспа. Џумка на повидок... Ај уште само пола ден пред нас...
Синко напреден за се, па и за тантруми. Ако ова е припрема, татко му официјално ке каже дека не сака уште едно. Како кифла превртена се прави кога нешто не му е по кеф. Па потклекнува, со раче објаснува, солзи лее. Смешно и трагично во исто време е.