Да си направам едно резиме, да имам напишано, ќе се потсетам некогаш . А и да ве поттикнам вие да пишете, да споделиме до каде се малишаните . Малата за некој ден 20 месеци ( порано многу ме нервираше кога некоја мајка кажува во месеци, а сега некако и мене ми се виде полесно незнам зошто ) Инаку приметив дека и оваа тема треба да бидат разграничена 12-24 месеци во две групи по 6 месеци како во подгрупа бебе. Груба моторика: Се искачува и симнува сама по скали без проблем, оди по секакви површини, стабилна е но од многу сигурност знае и да падне. Фина моторика: Реди коцки, прави кули, реде сложувалки, фигурите ги знае и ги погодува. Од бои ја знае само плавата боја па често секоја боја и е плава . Говор: Сврзува по 2-3 зборчиња, повторува се, но уште не знае да каже реченица. Обично тоа сврзување е ,,мама аде додии" нешто во тој стил. Ме разбира што и зборувам , но не секогаш применува. Јадење: Јаде сама со прсти и вилушка, со лажица пробува но не доаѓа до уста . Во однос на разновидноста, јаде многу работи, не сум имала проблем со тоа. Спиење: Има една дремка од 2 часа и навечер спие по 10 часа. Се буди само колку да ја занишкаш, од кога залади не пие вода навечер. Се заигрува сама по 15 минути, обожава кукли и кукла бебе, секаде го носи, го возе во количка, го бања, со него заспива. Ако го заборавиме одма бебооо . Спремна е малата за бебе само уште мама да се одлучи . Има многу цврст став, па мора да си го направи тоа што ќе се замисли, се траќа ако не и го дадеш. Тогаш се трудам да бидам смирена, да објаснам зошто не треба, но не ми успева многу. А да, ќе заборавев, моментално носи 24 патики адидас, менувам патики секој месец, ногата и расте со брзина на светлината. Гледам дека и се смалуваат, кај и да е ќе треба да купам и 25. Се на се, после 18 месеци гледам веќе мало дете кое разбира се што му се зборува, има комунакција, многу ми е поразлична
Да ти правам друштво да не се чувствуваш осамена Емили за некој ден полни 22 месеци. Груба моторика: прав мајмун. Може за пет секунди да се искачи било каде. На врв на столица која се врти, на ограда за да извади лампион од елка, итн. Искачувањето и е јака страна оддамна. Сега и слетување учи. Наместо да се симнува на нозе од софа се фрла или со раце, ласта или има обид да скокне од горе. Претпоставувам децата кои се постари од неа во градинка скокаат и она се обидува каскадерски дома. Доста опасно ако не и ја предвидиш намерата. Го заобиколува Ози во секоја прилика да не го згази. Не гази врз играчки, поминува внимателно праг на врата. Фина моторика: јаде сама со лажица и вилушка. Сортери со шест отвори ги реди за две секунди. Реди сложувалки. Ги краде малите колачи на Ози скриени во покривка за нушкање. Го гали по тело и глава, му буричка во уста да му ги провери забите. Храна: машала фати ред со храна и јаде се. Освен последна недела што изводи со вечера. Се обидува да пребира, ама тоа кај мене веќе не поминува. Ќе јаде само тоа што е зготвено макар и стоела чинијата пола саат пред неа. Приметив дека ме тестира до каде може да иде со пребирање. Штом увиди дека нема втор избор си ја јаде порцијата. Зборење: во градинка збори на германски со јасни зборови кои ги кажува и дома. Се обидувала секој збор да го повтори што го зборат децата. 100% говразбирала јазикот, извршувала наредби и учела хумор. Знае да прави драми со ох ноу ја мести и фацата засега во детски театар можам да ја пријавам права глумица е. Била многу емпатична особа. Кога плачело детето кое е на прилагодување Емили одела да му ја покаже книгата и да го гали за да го смири. Голема е сега има и помали у група. Емпатијата ја научи од живеењето со миленик. Јас само ја учам да биде внимателна кон природа, кон цвеќињата дома дека ги боли ако ги тегне, дека дождовните црви треба да ги заобиколи наместо да ги згази исто и полжавите. Да не се плаши од пајаци нема да ја изедат само безбедно да ги изнесе од местото каде не треба да стојат. Вака или онака детето за две години разви огромна емпатија кон животински свет. Не ја учев кон луѓе, но очигледно тоа иде заедно. Иако не би требало да биде емпатична кон нив според мене. Но она е посебна индивидуа и мое е да насочам. Спиење: менувам три пелени ноќно време како новороденче. Пие вода како да јадела сол пред легнување. Ова трае од летоска. Станува на секој саат два за вода знае да испие и литро само додека спие. Најчесто пие од пола литро. Пробав да сменам шише не ми успеа. Пак пие вода. Не и е жешко во никој случај. Има три петтки последната никако да искочи ја чекам да не е до тоа. Али во секој случај не е за жалење спиеме со паузи. Прва година не и спиевме. Има и полошо и полоши деца ака Гого или на ХелоуКити Најчесто игра сама кога е дома. Јас можам да ја заиграм и се повлекувам. Остатокот си игра сама. Најчесто е со мечињата им раскажува приказни к со нив спие. Врти сликовници, црта и спушта топки по железница. Навечер во период од 18-19 часот играме секоја вечер сите заедно фудбал, ракомет, криенка и остали друштвени игри. Кога е викенд најчесто е надвор на лулашки по два до три саати на ден. Измеѓу јаде, гледа цртани, преспива, си игра. Преспивањето го средив магично со правење темница од ролетни. Ја носам во соба си поигрува 15 минути во 11.30 спуштам ролетни и заспива. Спие по два до три саати. Во кола се вози до градинка 15 мин без таблет. Без храна и играчки, едноставно седната сама на седиште и си гледа надвор. Толку и е макс потоа мора да најдеш занимација. Над 1 час не доседува повеќе во кола сака да стане. За спиење сама немам намера ни следна година да пробувам. Ќе спие со нас. За откажување пелени ќе каже сама кога ќе созрее за тоа. Од 21 месец поимот мама е конкретен со значење. Дотогаш мамакаше сега знае зошто вика мама. Мама васа (вода), мама ова мама она. Од вчера и сврза два збора мама ноу хенде ( не ми ги миј рацете). Значи од 21 месец е скроз друго дете во разбирање. Се што збориме разбира и мораме у шифри сега да се разбираме. На самиот повик ајде Емили да се бања имаш драма со фрлање на под и остало додека не заврши главата потоа е океј. Ова трае повеќе од шест месеци со бањањето. Ама се навикнавме. Носи 24ка веќе месец и половина. Следните нарачки ми се 25ка. Со чизмите завршува со оваа бројка. Ближи до 90см височина, тешка е 14.100кг. Искача на голема еднаш на пет до шест дена. Во понеделник е на У7 завршна контрола на две години за проверка на развој. Ќе мора се сама да прави што ќе и рече педијатарот. Ќе видиме како ќе ја отценат. Деловите од телото ги знае на три јазика. Боите не ги знае. Геометриските фигури ги знае. Толку
Ајде и јас да поткренам генерација @Yowannty ,@Septemvri @Мариаа. @Mia Fuentes , @The Unicorn , @marchi-cool @ocicka2014 @Flower123123 @Mecence <3 . Други не ми текнува 15+ месеци Официјално завршен скок @The Unicorn до кај сте? Од груба моторика: оди профи, трча. Веќе не паѓа како до сега, заобиколува играчки. На кривина како птица со рацете балансира. Се качува на кревет со помош на перница. Ја фрла перницата на земја, се качува на неа и оп, се скрстила на кревет. Слегува наназад( пукнав дури ја научив) . И сеуште лази во делови од денот. Обично кога И се спие. Фина моторика: јаде со лажица. Секој ден е подобра. Со вилушка не. Парчиња веќе јади од дамна. Го реди конусот, цилиндрите една врз друга, ама се нервира, кога и раскажувам сликовница таа врти и покажува со прст што сум рекла. Ги спојува животните на играчката како на сликата. И циркусот се труди да го совлада ама не може Спојлер овие и се омилени. Храна:Јаде се ама минимално. Вода пие од цевка. Шишиња фрливме. На пат сме и лажливката да ја фрлиме. Само за спиење ја користи и тоа минимално додека премини од Цице во длабок сон. Спиење:После скокот да не ја порекнам си спие. Еднаш два пати се буди ама ништо не е веднаш презаспива. Кај 3-4 обично, ја земам кај мене и тераме гушнати до кај 6. Од 20:00 легнува. Денски има 2 дремки. Еве моментално од 9:30-10:30или 11:00 и попладне од 14:30-16:30 во просек Зборување: Мама веќе го користи смислено кон мене и ми е чудно што е мала. Према синко и 4 деца на сестра ми и јатрвами. Кога ме нема вика мама, мама прво обично, па ако не се јавам повишува тон и акцент и на крај вреска на цел глас мамамаааааа. Ако е мм тука го моли со мама мама и Аш. Значи ја нема мама. кажува 20 зборчиња, но се разбира. Донеси ги чевлињата ќе одиме Чао. Оди го носи. Ако и речам не тие,оди ги враќа и ги носи другите. Весело бебе е само игра и се смее. И врескањето е намалено деновиве. Ретко плаче сега само со причина( во скокот се лигавеше). Ги знае сите делови на телото, повеќе животни да ги посочи и некои имитира, знае што е храна и право пап'п' п или мммм ако е вкусно. Ги знае сите посатки во кујна. Кога менуваме печена сама ја фрла во ѓубрето. Бери се по земја не сака ништо растурено да биде. И трошките од земја ми ги носи. Многу го имитира брат и. Телефон не и давам ни под разно а телевизор 2-3 пати по пола час песнички слуша. Свири пијано со батко. Омилено нешто и е. Во кола кога се возиме редовно заспива макар и тогаш да станала. За облекување е тешка низ цела куќа се бркаме за пелена а облеката е оф оф. И сака многу да ја оставам сама да земе од плакар И тоа да И го облечам. И и правам ќеф. И за забите да кажам. Прво запче на 11,5 месеци ( 11 дена пред 1 роденден) 15 месеци дури 8 заби има. Прво кецови долу, па двојки горе. Па двојки долу и кецови горе наеднаш. (мислам ме разбравте, се изгубив во забите) Првите 4 со мака, потоа преку ноќ. Па горе долу тоа е од нас. Ве чекам.
Мали е моментално мастер про за качување по столови, комоди, и се што може да докачи. Телевизорот го закачивме уште кога прооде, ама сега поштено се качува на комодата што е под тв, и оди да ја гушне Биби. До сега мислев зошто имам играчки по дома кога само тави и тенџериња го занимаат, ама веќе има и омилени играчки, листа сликовници, покажува со прсте што и каде е. Дури сега можам да речам дека немам бебе веќе. Секој ден надвор шутира топка, дома пред спиење ги собираме играчките заедно. Шишиња фрливме и ние. Маката е цуцлата. До сега успеав преку ден да биде без неа и само навечер за заспивање ја користи. Ако успееме да ја фрлиме, топ. Осеќам дека ќе биде проблем. Менување пелена и облекување алишта или јакна, е друго ниво на боречка вештина моментално.
@Presrekna мене ми личи ко сега да влагаме у 8ми скок. Со сите скокови до сега беше вака. Одкако ќе завршат у апликација јас почнувам да гледам промени во однесување. Ја позајмив вашата шема: 15 месеци Груба моторика: се качува на трпезарија. Го повлекува столот се качува на стол и од стол на трпезарија за 2 секунди. Оди и трча стабилно одамна ама у последно време многу паѓа. На прав пат од ништо. Прагови поминува ко мува без глава ич не пази како на среќа да ги проаѓа. Фина моторика: Реди кула ама некогаш ги меша големините. Таа играчката со фигури (која фигура во кое дупче оди) уште ја нема совладано , сите фигури ги става во големата дупка каде што му ги собира. Разгледува сликовници сам. Прецизно лови секаква трошка. Пробува да јаде со вилушка ама повеќе јаде со раце. Премногу си го сака кучето и по цел ден му се пика да го гали ама несмасен е. Пример ќе седне до него да го гушка и ке му го наседне опашот, или дур го гали ќе го штипне. Куче почна да бега од него и у последно време ова ни е проблем. Храна: Јаде само со цртани. Мрмљање: Ња-ња, ма-ма-ма, да, аде... Спиење: Преку ноќ спие по 11 саати , со една дневна дремка од околу 2ипол часа. Не пие ни млеко ни вода преку ноќ. Знае да покаже каде му е к....о. Животните ги учиме ама не ги знае уште. Имитира се што ќе направиме. Научил дека кога ќе се засркне му давам одма вода и сега вода ми бара со преправање дека кашла. Сака многу да се бања. Навечер кога ќе го соблечам сам оди во бања. Не сака да ја суши косата со фен. На секаков начин пробува да се шмугне да избега. Млеко пие уште од шише. Цуцлата и кај нас е голем проблем. За миење заби се бориме. Не дава јс да му ги исчеткам туку сака он сам да ја дежи четката и да ја шмука. Ѕирка првата 4ка, а долната последна двојка уште ја нема веќе почнав да се загрижувам. Ме радува што покажува голема љубов кон животни. На секое куче надвор се радува и оди сам да го гали. Капа на глава никако не трпи. У секунда ја вади со протестирање а главчето му смрзнува кога шетаме. Зимава како без капа.... Ми личи како да нема страв од ништо. Со татко му се превртуваат, го фрла у воздух, прават секакви акробации и се кине од смеење. Надвор кога не сака да дојде по мене му викам чао и демек си одам не ме ферма си тера негов филм ич не му е гајле што е сам. Му се скрив позади дрво еднаш, ниту се загрижи што ме нема, ниту тргна да ме бара...си играше со камчињата. Толку ми текнува.
Ме изнасмеавте со оваа играчка за редење на коцки-форми. Мојава вчера, ме начека со правосмукалка во ходник, ама дур донесам цревото, она во отвор напикала коцки. И ја пуштам правосмукалката.. Кога почна да пука Си нашло детето дупче.
Еве и за синко споредба: 16+ Груба моторика: оди по секаков терен, внимава на играчки и прагови, ама се случува да се сопне ако брза, пример ако мисли дека ке излегува некаде. Се качува секаде, се спушта со нозете прво ама во последно време умее од седечка позиција да скокне на нозе. Многу е внимателен и кога ползи под нешто, маса, стол. Умее да оди наназад. Фина моторика: најситна трошка ја фаќа со палец и показалец ама не е ново, поодамна умее. Лажица знае како се користи. Си игра со коцки, конус, и останати едукативни играчки ама преферира да е во движење и да истражува. Сликовници кине и става во уста. Храна: борба се води за храна, јаде со лажење. Јас го хранам а друг му нуди работи како на пример лосиони, лекови, џоистик, кутија веледа да отвора и затвора. Одбива секаква храна. Спиење: спие по 10 до 12 часа ноќе и денски една дремка од 1 и пол до 2 часа максимум. Спие во креветче ама наутро околу 6 7 знае да се разбуди да цица и ако не го ставам до нас ке се разбуди. Кога јаде преку ден ноќе не се буди за циц пауза воопшто. Говор: мама тато деде и баба се со значење. Имитира животни и блебети на негов јазик. Разбира се, дури и затечени се наоѓаме кога ке стане да направи или покаже нешто а не му е кажано, туку ние возрасните збориме. Знае каде му е пупето, око, нос, уста, уво. Умее да гали и масира. Носи 23,5 најк, собните патики кего колев му се 24 ама скоро кнап. Тежина и висина не знам.
Гледам колку имам пропуштено. Чевли носи 18на кеги Колев со еден прст простор напред. Детектор на секоја ситница е. Заби сака да мие сама. Знае после четкање од моја страна следува награда шмукање на четка. @The Unicorn исто и мојава имитира се живо. Средни сме да кивнеме или накашламе. Некни свеки ја кренала во раце и рекла око лелелее баба тешка си. И сега штом ја види вели оооо лелала баба. . @Мариаа. Да ми го гушниш зетко фудбалер на баба тој од кога има проодено нормално ќе игра фудбал. @srekice и нас правосмукалката ни е омилена. Јас метам, таа пред, зад газ ми е секогаш. И ме имитира. @MilaSs12 И мнооооогу е претпазлива, се прави со големо внимание да не се чукне, падне. Плашлива е И затоа долго проодуваше Инаку сеуште нема но ближи 10 кг а околу 76 см. Палчиште
@Presrekna и синко имитира се. Кашлање, кивање, ц ц ц, леле леле, ај ај, кога дига нешто се напнува како стар кога дига. Синко исто долго проодуваше, ако се земе во озбиз дека од 6 и пол лази, некаде од 7 и пол се исправа сам на нозе, со месеци одеше потпрен за мебел и ѕид, на 11 прооде. Се прави внимателно, се пробива без да се чукне. Синко килажа околу 11 12 се врти а во висина оди постојано, тенок висок е. А какво буце бил лани.
@FreeMind мислев никој нема да ми се придружи Е да сум згрешила погоре сум напишала 18 години, а мислев на 18 месеци @LoveHope, @happygirl, @Happyinlove оддамна ве нема нешто да напишете, не заборавивте . Ајде @Happyinlove оправдано, сигурно незнае главата каде и е и со малово, ама другиве....
Ајде ако успеам на кратко, оти бебе се џитка по телефонот. (Прави и вели Ало, мафка за Чао и вика Та.) 15+ месеци ќофтето мајкино. Си го кажува скратено името ама јасно, мама, тата, баба, деде, дада, дете, ела, аде, кака, мана(мандарина), ана(ананас), нани нани, туте (цуцле; истовремено не знам како ќе и го земам), дуде (дунде), пее и повторува животни. Прво животно после маче и куче и беше кокошка (коко), исто и на брат ми му вика Коко (Кико). Кажува каде се пелените (ете) и покажува кај дундето, коса, очи, нос, уста, уши. Покажува кога сака нешто да и дадеш. Цртани не пуштам, слушаме музика, а не е ни заинтересирана. Сака да игра со поголеми дечиња со врсници не. Парчиња јаде од некои 10+ месеци, шише носиме само за надвор. Цуцла има уште само му се токмам ама уште јас не сум спремна знам ќе следат плачки и непроспиени ноќи. Инаку убаво спие, со една дремка од 2 часа. Од играчки, ги имаме сите сликовници, најмногу ја сака Црвенкапа и Животни од фармата. Најомилени играчки и се овошјето и зеленчукот шо се сечат и пак се лепат и најтопло ги препорачувам! И животните уште ни се хит и бебето уште го храни. Сортерите со форми ги годи ама не ги сака многу. Во фаза на качи слези сме, и многу е опасна. За одење и трчање си е супер, приметува и фаќа и најмали трошки и за разлика од внука ми која буквално се пика в уста, ни ги дава или сама ги фрла во ѓубре. Сака домаќински работи, за се ни помага. Фенот и правосмукалката се Бу, а машината за перење прави Шшшш. Неможам да се пожалам, не е многу палава, ама ја гледам дека е курназ и си гледа да го добие то шо го сака, и мило ми е. Ова испаѓа како фалење ама има многу работи, секоја фаза од развојот си е интересна и уникатна. ♥️
И јас да пишам за Нада Груба Моторика: многу стабилно оди, се качува и слегува од кревет без проблем, обавезно внимава на прагови, на ивица од маса, комода, многу е стабилна и кога трча, сега сме во фаза на скокање, и успева на кревет уште на земја да се научи, знае капа сама да си стави на глава Фина Моторика: оддамна ги збира трошките по земја, никогаш не ги става во уста, ми вика мамаа кака и одма ми ги дава, исто памперсот знае каде се фрла, стое пред корпата со ѓубре и чека да го фрла, ако покапа со вода или сок обавезно тоа го брише, ако има некоја фиока или крило од плакар подотворен обавезно го затвара, не сака нешто да и штрчи, ги отвара сликовниците и ги бакнува и гушка децата, кажува чао, дава бакнеж. Храна: мојата најболна тема Претежно јаде овошје, зеленчук мнооогу, манџи секакви домашни зготвени. Има денови кога баш добро си јаде, а има денови по 2 3 лажици од секој оброк. Спиење: има денска дремка од 2 3 саата, и навечер сврзува 12 саата, некогаш станува за вода или млеко. Говор: кажува мама или скратено ма, баба или ба, деде, татЕ, цице(чиче), нана(Нада), ајде, ај, као, тикитики(кога миеме заби), ма(маче), кога е какана кажува кака.
Официјално со полна година, и со направена контрола дури, 82цм и 15.5кг. Проверена крв, железо во ред, ехо на коски (не знам како да го преведам поинаку) исто така во ред. Ептен ми олесни, значи од физички аспект е добар. Уште не покажува чао ама што да му правам. Овде прават и преглед на вид, ама оставивме за следен пат. Да запишам и јас мајлстоунс, пошто и онака не му водам дневник. Груба моторика: Оди странично покрај маса држејќи се, бутка столица понекогаш ама сам не се пушта уште. Овие два дена се обидува да се исправи сам без држење ама завршува во клечечка положба, до толку може. Се прекачува преку кутиите што му ги имаме ставено како преграда меѓy дневна и влезната врата, ама иде со фаца надоле, не знае да се качи па да се симне со нозе. Ваљда е рано за ова уште? Стои по три четири секунди макс, ама кога сака, не секогаш. Знам дека сите мали сакаат да играат ама ова и на побрзо зборење клати глава, ко рап да слуша, многу е смешен. Имам забележано кога седи некогаш со рацете кренати го врти телото лево десно како оро да игра, не знам што му е ова. Фина моторика: Уште сме во "Сите патишта водат кон устата" фаза. Негови книги (и оние со страници од дебел картон), мои книги, се е испогризано како глувци да имам дома. Ама деновиве почна убаво да ги врти страните, па дури со показалецот се труди една страна да фати само. Трoшки секакви од секаде изнаоѓа, пред некој ден ископа мини фиденце од просторот меѓу паркетот... Има играчка топче што се пушта по онаква увртена лизгалка, почна убаво да го пушта; си играме со форми, знае дека се става во дупка ама не знае кое во што, и не ги поврзува по боја. Обожава ситни работи, дома сѐ што има копченца и светла, сѐ што можел сѐ стиснал, имаме голем стелиризатор за чинии и прибор, омилена играчка му е во трпезаријата. Знае да вклучи светло и одма гледа накај лустерот. Генерално сѐ што се прави со показалче испружено, сѐ сака да прави. Тука спаѓа и брцање во уста и нос на нас. Храна: Џабе ќе пишам, ќе смени до после. На два дена мења буквално, не можам ред да му фатам. Битно знам дека сѐ што сум му дала го прифатил горе доле, јаде и кашесто, и парченца, и шпагети, само зависно од расположението изгледа. Работи како леб и сл. што е згмечливо, мy се лепи низ прсти и го нервира. Па почнува да се мачка по фаца, да се кубе, not very pretty. Ако јас го ранам, ми брца во тањирче, па му давам и нему лажица, се обидува да јаде, ми дава на мене, фрла на земја итн. Спиење: Спие околу 10 саати навечер, со прекини за кенкање кое се смирува само со цицка, ова здравје еден ден кога ќе го одбијам кога ќе тргне во школо ќе се среди ваљда. Проблемот е што некако ко нон стоп да вади заби, па мислам и заради тоа малку проблеми со спиењево, зашто се тегне за уши, се чеша по глава, закенkува и почнува да плаче веќе ако го оставам. Преку ден спие два пати, некогаш по пола саат, некогаш по саат и пол... Заби: Доле два кеца, горе кец и двојка кои доолго време беа набабрени, па се познаваше линија, па и крв имаше.. Сега гледам истото се случува и со другиот кец горе, не знам што ќе беше ова, и мачно и долго. Друго да додадам, тоа што не покажува чао и не плеска со рацете, педијатарката на контрола претпостави дека едноставно он не ги сака тие движења и затоа не ги прави. Зашто кога плескаме со рачиња, он се трга и ми ги бута рацете. Па не знам. Секако ќе продолжам да го учам. За зборување немам што да кажам, слуша многу јазици и не очекувам многу брзо да почне да зборува. Дури ни мама не кажува, т.е. кажува ама не конкретно за да ме вика. Си има некои брболења, деновиве нон стоп вика тка тка тка да да да, којзнае што сака да каже. И испушта некои звуци ко да се дави, или ко да пее блек метал песна, некогаш се дешава кога го шетаме и таман поминуваме покрај некого.. Малце е језиво. И така мислам дека тоа е. Кои малечки се исто околу година? Мислам дека @haruki , друг? Да видиме до кај сме. Што работите со нив во последно време? Уште нешто само, почнува ептен да си игра со курето, имам читано за ова ама хмм сум заборавила, ги учите како се вика што е тоа уште од сега? Или се игнорира? Cе остава да си играат?
@rainbowmama нека му е среќен роденденот на слаткото бебе со убавите копанчиња Ај да пишам и јас 13м Груба моторика: оди стабилно веќе и трча. Сеуште се сопнува на прагот. Се качува и симнува на кревет. Воопшто не внимава затоа шо нема ништо кај неа полека. Фина моторика: покажува со прсте,плеска со рачиња од 9м, собира ронки од земја ама не ми ги дава туку пак ги фрла,не става веке ништо во уста. Почна да листа сликовници многу сум среќна оти до пред некое време само ги кинеше, исто покажува со прстето каде е мачето пример на сликовницата. Играме со форми ама не и задржуваат многу внимание,сака коцки и знае да состави и извади неколку. Генерално е многу активно бебе и повеке сака игри со топка. Храна: јаде парченца од 8м, јаде претежно сама освен кога треба нешто со лажица, вилушка знае да користи ама јаде со раце. Јаде се кога не вади заби, тогаш живее од краставици. Пие АД два до три пати во 24ч. Благо не давам освен пудинг и бисквити. Пие многу вода и цеден сок од портокал. Спиење: спие по 10ч преку ноќ сеуште се буди за млеко. Преку ден има две дремки само затоа што се буди многу рано точно во 6ч и неможе да издржи со една. Едната е 40мин, другата до саат и пол максимум. Заспива сама. Заби: има 12 заби и на пат е првата тројка. Дава да миеме заби ама само навечер, насабајле е борба. Говор: мама,тата,баба,ало(аwo)ајде(ајде) Го знае значењето на сите зборови кога ги применува,знае кој е кој и не бара вика по нас. Не знам точно килажа и висина, на 10м беше 10кг. Носи бр 20 Многу сака музика игра по цел ден, гледа кокомелон и Пепа прасе два пати по пола саат во денот. Сака многу деца и животни,посебно животни или поточно кучиња љубов и се,писка на цел глас им се треси од радост. Ако се доближи куче залетува да го гушка го фаќа за уши им бута раце во уста. Активна е, пргава,бесна не седнува освен кога јаде,извршува команди ама не слуша прави бели уште сега. Заборавив да кажам покажува носе,уста,око,уво,раче мафта за чао,дава 5че,имитира куче и маче. Се плаши многу од правосмукалка и нутрито. Мислам дека се кажав На рати пишувам од сабајле. Не знам кој погоре напиша дека е добро да бидеме поделени на две под групи како кај бебињата стварно се сложувам. Ајде и @KuklickaSk и @Larahappy да пишат, друг не ми текнува.
@rainbowmama машала буце, синко на година беше 83 цм со 11,5 кг и беше малку буце. Сега има иста килажа а висина не знам, ке го мерам, конечно.