@joy1 штом се био и без шеќер немаш фрка А претпоставувам не се од Мк? Што друго давате како ужинки на дечињата освен овошје? Дајте некоја идеја, мене ми снема
Од дм од германија се Мојата грицка бисквити,ако имам домашен мафин или крекери ке и дадан од тоа,овошен јогурт,кисело млеко..тоа :/ И мене идеите ми се исцрпени.
Мамици јас само да споделам импресии од вчерашната прошетка по снегот. Синоќа врнеше снегче и ја изнесовме еден час надвор на снегот. Ја облеков соодветно и оп во парк на снегчето. Среќа невидена, трчење низ снегот, се мававме со снежни топки, падни - стани, уживанција за сите... Битно ја исликав многу пати па обавезно ќе ги извадам тие слики како спомен од првата средба со снегот. Многу се радуваше, ама повеќе од еден час не можев да ја оставам надовор бидејќи страв ми беше да не настине (за среќа супер е денес). Утрово татковци од зградата се ангажираа да направат снешко голем, па ептен кефот и се направи на малата. Денес цел ден бучи ,, Вне нег (врне снег), има Нешко адното (има Снешко надвор на ладното),,
Овошниот јогурт е домашен? Како го правиш отприлика? Мојава почна ептен да пребира, почна и овошен јогурт да ми одбива, ме става на маки. Не се секирај Снегулке, од малку ладничко зијан нема, они се разболуваат од вирусите, не од ладново. Еве да ја видиш каков снешко беше мојава во Крушево, ем вееше снег, ем ветер бричеше, јас дури се исплашив колку беше црвена ама она гајле немаше
Хелоууу мами,како сте? @zuto ,пишав и ја поназад,исто и на ќерка ми беше окцето и бевме на очен и дијагноза коњуктивитис,еве една недела е на терапија капки тобрекс и маст хлорамфеникол,и се исчисти.Туку друга мака сега цела недела е дома и незнам од кај ја најде една сува кашлица и нос затнат,нема тт,ама вчера одма ја однесов за крв и брисеви,крвната слика ок,леукоцити се во граница,црп малку качено вредности до 3,нејзе и е 4.После ќе ја носам да ја слушне матичната,ама сакам и од вас совет што давате за сува кашлица,јас и направив со мед и кромид сируп,се смирува ама почна да изведува не ми ја отвара устата.
Majki sin mi ima 2 god I 3 meseci ,veke eden mesec ima problem so stolicata. Znaci odi redovno po 3 4 pati na den no problem e toa sto kaka samo tvrdi gomna kako kikiritki golemi . Sovet?
Да,нас така ни рекоа,ама и да капнело 2-3 не било страшно,оти не дава убаво да и ставиш,едвај и отварам око
Значи сите различно. Кај син ми немс гурелки, нема никаков исцедок само зацрвенети му се очите па на тел др.рече ако не се повлече да сум ставела тобрекс. Инаку и ќерка ми најверојатно поминува низ вирус, одбива да јаде и има ниска т. Ако така помине добро ќе бидеме.
Мајки, чувајте нерви за петките. Ова е лудило од болка и нејадење, трети ден сама го носи дентиноксот и ми вика да ја мачкам. И прв пат гриза, лом сум целата.
Ох срце малечко, којзнае колку го боли штом само бара да го мачкаат, спас бара! Ајде што побрзо да ги извадите и да се смири и малата па и ти со неа. Ние со тројките моментално се замараме, ама само на првата крена тт еден ден и толку беше! За некој ден и се поврати апетитот и сега одвреме навреме ми вели ,,болиии,, и ми покажува во устето! Жалнички се ептен, ама мора да издржеме се! Потешка приказна ли се петките од тројките? Нели тројките беа најстрашни, и јас се тешев дека најтешкото го минуваме без драми... но најверојано ни пола не сме поминале од тешкото...м?
Кај неа тројките највеќе удрија на нејадењето. Друга мака искрено не видовме, беше нервозна лошо спиеше ама ништо трагично. Четворките повеќе ја намачија, тогаш можеби беше и фаза ама не си ја препознавав едно 2-3 месеци. Темперстура од заби досега не ми кренала, со четворките пред да пробијат имаше пролив. Петките болат! Болат многу повеќе од сите претходни, по она што го гледам, и тоа долна прво ќе вади, тек горните. Ќе помине и ова ама душата топка ми е. За умор не зборам ич ...
Да, ефектот е пола саат. Обично пред спиење ја мачкам од што ако на секој саат почнам, ќе треба и јас шише да си отворам и пијани да си се чуваме. ) @westt очигледно е период кај децата, и други мајки го поминавме тоа без логично објаснување што со таа разлкка вие немате запек.