Еве и јас ќе пишам 14+ Груба моторика: Уште не е проодена, станува, стои во место без да се држи некаде, таман викам ќе тргне ама ќе се заклати и ќе падне. Околу масата оди трча дури држејќи се. Ама сама никако да се пушти , што се вика не и дошол денот Фина моторика: имаме полно книги од големата ќерка, ги врти , покажува со прст нешто што ќе види ќе каже нешто нејзино и толку. 5 минути разгледува книги. Сите играчки и се здосадија , па игра сп тенџериња, отвора фијоки, игра со штипки , со се само не толку со играчките. Обожава да отвора шишиња и да ги затвора капачињата , ова може 15 минути да го прави. Играме криенка, јас бегам таа по мене лази Храна: јаде се од тоа што и нудам, јаде претежно парчиња, ептен ручекот и го мелам ради месото. Креми уште јаде, чоколино, ванилино, гриз. Исто така цица уште, бетер е станата од новороденче, по цел ден ми виси на цицка. ама ајде нека тера уште некое време така. Сокови не пие. Млеко исто така не сака никакво. Среќа јаде кисело млеко, зденки, кашкавали, колку толку ќе внесе нешто калциум. Спиење: ако стане пред 7 часот наутро, може и три пати во денот да заспие. Претежно спие два пати дневно , дремките и траат по саат ипол. Навечер се буди за цицање. Некогаш еднаш, некогаш 100 пати. Заби: има 6 заби, 4 горе и 2 предни доле. Ѕирка четворката, и баш затоа гледам дека се лигави многу овие денови и рацете нон стоп во уста. Говор: учи два јазика (мк и грчки) јас и зборувам на мк , татко и на гр. Кажува мама, тата на двата јазика, прави чао со рака кога ќе и кажам чао , на грчки кажува и чао. Кажува баба на грчки. Дада (на сестра и на мк). За ало го става тел на уво и вика А! Некои зборови ги кажува по нејзино . За многу зборови разбира кога ќе ја прашам нешто кај е, и ми го носи. На почеток така е кога учи два јазика, по третата година ќе ги совлада убаво и двата, ова од искуство На 13 месеци беше мерена , беше 80см , и 10.800 тешка. Сега нареден месец сме на вакцина па ќе видиме. Носи бр. 20 Многу е бесна, на моменти не се издржува ама жива и здрава да е, ќе пораснат
Здраво дечки Со недели не сум читнала тука. Дете е 20.5 месеци и колку и јас да го мразев ова пишување возраст во месеци, полесно е вака Будалче ми е, само си збори цело време и не застанува ни една секунда. Во поглед на груба моторика е право мајмунче. Секаде сака да се пентари и размислува како да намести столици за да се качи некаде. Јаде сама, манџи јас и давам затоа што се завршува на блузите. Сортери и со по 9 форми одамна мести, сложувалки со 3 дела исто. Сака коцки, цело време кули прави. И цртање. Обавезно барем еднаш во денот блокот и боичките се надвор и цртаме. Имаме дел од денот посветен на читање, па така е задлабочена тогаш и само така газот и седи мирен. И во градинка била највнимателна од сите деца кога им читале. Секој ден кажува по некој нов збор. Вчера седнуваме да јадеме и се возбуди "мама дај уда (урда), дај ајце(јајце), дај леб. Обожава колички, авиони и најбитно багери. Па така и купив багер и сега цело време го товара и истура во камион. И тука одма македонштината, па како багер, па девојче е. Не можам да се објаснувам веќе стварно, нема доволно зборови очигледно за да им се објаснат некои работи на луѓево. Дури и во продавница жената ми рече дали да го пакува. Не, за ќерка ми е. Па еден поглед попреку кога си добив. Страшно, што да кажам. Најголем успех ќе ми биде да ја воспитам поинаку од стереотипите и предрасудите на ова поднебје. Уште една недела ќе оди во оваа градинка, малку пауза, па од Јануари продолжува во државна што буквално ми е преку улица. Тешко ќе биде знам, ептен убаво се адаптираше овде, веќе нема никакви плачки, ама тоа е. Некако не сум посебно воодушевена од градинкава, не се ни жалам, ама маркетинг прави страшна работа. А и финансиски не утепа скроз. И така. Дојдов, си пишав, да си одам сега. А да, ќе заборавев. Се спремате ли за родендени? Ситуацијава е катастрофа, ама мене почна веќе да ме фаќа еуфорија па почнав да нарачувам ситнурајки. Маж ми пак се крсти. Се надевам дека ќе се подоправи нешто до март, а ако не пак не ни бега едно торте и свеќички по дома сами. Уште малку цели 2 години. А изгледаше така далечно.
@thinkerbell јас уште не се припремам за роденденот, ама со оглед што првиот покрај тоа што бевме сами тројцата, некако не украсив ништо затоа што сметав дека короната магично ќе ја снема за еден месец и дека ќе прославиме роденден и крштевка заедно , сега и да бидеме пак тројцата сакам да имам убав успомен од овој 2 роденден. Не ми се верува дека зборуваме за 2 роденден, кога ли ми летна времето.
Па што не кажете дека има скок во 64 недела? Денес е громчето, претпоставувам според однесувањето. Сабајле се дереше да му отвораж фрижидер. Сега се дереше што му понудив каша.
Исто и јас мислев @paleska3. Дека ќе поместиме месец, два само. Ама цела година ќе помине очигледно. Овој пат и јас дома ќе си украсам убаво ако не испадне ништо, и она ќе се радува и ќе разбира повеќе.
Моето оди за рака не се пушта уште. Прави чекори без да паѓа ама гледа дека бавно оди па се пушта и со лазање ќе пролета таму кај што тргнало. Се качува на кревет и слегува наназд со брзина на светлината. Јаде со лажица со вилушка и со прстињата. На друг начин не јаде шанса нема јас да го хранам. Парчиња веќе јади одамна. Од играчки само со топки игра и каталози од Авон се мислев што играчки да понудам ама добар избор ми даде @Presrekna си направив скриншот и ќе барам деновиве. Кога големиот пишува домашна тоа одма се нацртува кај него врти и покажува со прст во книгите. Листа се што ќе види и личи на книга. Големиот па никогаш не сакаше ни сликовници ни читање ни па некогаш фатил во рака. Скок сега брзо не знам,ни видовме ни чувме. Нас тантру два пати не фатија и латник му излага (ако даваат реакција на тоа) Храна:Јаде се минимално и повеќе пати. Јаде и секогаш кога ќе видам некој друг да јаде. Вода пие од цевка. Шишиња не употребивме освен првите 2 месеци кога се будалеев и давав дохрана со АД. Лажливката за чешлање заби ни послужи. Заспиваме со цицање се смирува со цицање. (Се мислам како ли ќе се одбиеме и дали ќе дојде време за тоа) Спиење: Еднаш два пати се буди некогаш. Некогаш па ич и со тера цела ноќ да спие ама ништо не е веднаш презаспива. Од 19:00 до кај 20:00 веќе сме заспани. Станува околу 6ипол до кај 7ипоч најкасно. Денски има 1 дремка. За зборење малку послабо. Што знам нема многу голем репертоар. Знае да каже мама чао ајде бате тато... Знае делови од телото знае мачињата да ги избрка кога ни влегуваат дома знае дека се на земја е каки и ми дава што и да најде. Ги разбира значењата на Да и Не. Знае дека кога ги земаме патичињата ќе одиме чао.
Тоа размислувам како на вам мартовските деца тоа ептен лошо ви се погоди. Ни прв ни втор роденден. Иако имаше корона уште во Јануари сепак немаше толку галама за моево па има прв помпезен. На вториот речиси сами ако дојдат еден пар пријатели можеби. Но ќе слави два пати Одиме во Македонија на 19ти и спремам кејк смеш исто како цел роденден на тема кокомелон. Сестра ми има 42ри роденден на 30ти Декември и се погоди таман за заедно да слават сите три (мајка ми е на ист ден со Емили). Сестра ми ќе ја дува четворката, а Емили двојката. Торта порачав, колачиња, декор за таму. Темата за нејзиниот роденен веќе ја одбрав и порачав декор. Иако ќе бидеме сами речиси веќе и купив и облека и за нас дури Едноставно јас не можам да се помирам со ефектите од короната. Не ја занемарувам болеста, но се трудам да живеам нормално колку што можам. Тоа значи декор ќе има, а гостите ќе ги замислувам
Роденден ќе прави на 10.12 дома секако, баби дедовци, доста е Тема БАГЕРИ, ајде на забава Јас спремам веќе правам корпа од багер Имам и од али порачано нешто стигна, уште треба да стигнат ако не здравје тоа што имам ќе направам, од пред 1 месец ме фати еуфорија Спремни со алишта дури и јас си купив една кошула/фустан можи и кармин да ставам оти нели дома без МАСКА @FreeMind гостите Online
Хаха моето дете го опиша? Скоро се е исто, освен што јаде и кога му растат заби и нема 12, туку 8 запчиња. Висок е 88cm со 14.200. Голем е многу цел, кога одиме на лулашки сите мислат дека има 2 години Исто така е мнооогу активен, оди, пробува да трча, се качува без проблем на кауч, на кревет, на клуб масичка. Коцки редиме, ама он ги вади сам, и ги става од една во друга кутија. Става буквално се во уста. Трошки собира од земја и си ги лапка. Почна да не гризе и да не штипе. Од зборови кажува мама, баба, ае за ајде, да за дај и омилено њам њам секогаш кога некој стои во кујна или кога е воодушевен од јадењето. Од пред некој ден почна да кажува нешто што звучи њањањања и појма немаме што значи. Разбира многу повеќе последниов месец, буквално дете стана, не е веќе бебе. Ќе му кажеме донеси ја топката, ја носи, го носи возот со даљинско да го возиме. Дете. Ја гледа Биби од сабајле само, ги обожава песните од Биби, посебно рапот на 'подајте си рака'. Мрда со газ на музика, мавта со рака. Спие сам во кревет, од 8 до 630 сабајле. Има 2 дремки, една од 40/50 мин и една од 1 ипол саат. (@haruki ти викам близнаци се) Ноќе не пие ни млеко ни вода, пред спиење пие само млеко 150мл, па миеме заби и оди на спиење. Сака многу животни, оди кутриња да ги фати, ги гали кучињата пред зграда и баш се радувам дека не се плаши. Сака многу и дечиња и кога одиме на лулашки трча по сите поголеми деца.
Мамс, ми треба помош. Количката ни се оштети па сега се мислиме да земиме нова. Дали некоја има на FreeOn? Глупаво ми е да купам сега на 15 месеци нова, скоро никаде не одиме со количка ама сепак... И ќе остани за второ Шо велите? Предлог? Лесна да е, и да се спушта за спиење. Данке
Како сте Мами? Ние да ви се пофалиме пред 2 недели проодивме и сега дома ни е многу забавно. Секаде се качува во релна во фиока на пониски столчиња врз кутии со играчки Сите шкафови и фиоки сега имаат лепенки па остна да најдам чаре уште за качување на столчиња... Незнам неколку денови станува од сон со силно врескање плачење липање и скоро секоја вечер во ист час. Заспива во 20 а во 21 почнува хорор... За заблиња незнам ги има избадено горе двете единици и двете двојки а доле само двете единици ама па со јадење е супер...
Синко синоќа ја промаши комодата и се удри до окцето, плачеше 2,3 мин, за 5 минути се однесуваше како ништо да не било, а мене срце во петици (уште ми е) го поминав со 3%хидроген. Состојбата од вчера не е влошена, на допир не покажува реакција дека го боли. Дали има потреба од лекар да го носам утре и дали да мачкам нешто ? ја имам кремата на фризидерм за удрено што е.
Те чекав да пишеш знаев дека исти работи прават па како може и дремките до минута да им се исти и љубовта кон кучињата ѕверчиња
Kikaa boo libro, буквално со два прста можеш да ја возиш,се спушта,се пакува како куферче. Слична има и од Лорели
Моето дете е 21 месец и се уште гајле нема да зборува. Разбира се што ќе му се каже, ама вели само мама, дада. Има ли место за паника
Зависи што друго прави детето и колку навистина разбира. Дали те следи со очи, покажува со прст, те зема за рака до она што го сака да му дадеш, итн. Многу елементи се во игра раскажи повеќе.