Може, супер се, ама најчесто нема големи броеви, до 21 одат. А кожни целосно меки има до 25. Ама ако се исправа, како што кажала Бејби, дебели чорапи термо.
@BabyT* @MilaSs12 Епа да, ќе видам, стапалцево и тоа ко бебето ми личи, машала. Ако не најдам доволно големи тогаш подебели чорапи со гумички да не се лизга. Фала ви!
Εве ги нашите топлинки , како тие од првата слика што ги имаш поставено. Не е проодена , ама ги носи гази со нив , ок се важно ми е што лесно се виткаат , не се тешки и топлат
Каков закаснет скок е овој што не фати? Значи цел ден плаче, цел ден кенка, цел ден паѓа, се удира, вика ако му земеш нешто....Ако му заврши кокомелон bath song и почне друго видео?? Трагедија! Ќе се мрднамммм. Успат и 4ки вади ги чеша ушите, ја корне косата. Хаос! Урочен е! Од љубомора дека беше толку мирен дур сите бевте у скок!
Урочен е, од мене. Па како така ние да се мачиме тука ти се Фалиш како ти е бебуш миренне беше Фер. Ама имаш речено да се врати на тој што ми го има урочено признај! Ние на скокот му рековме чао , бебе 2-3 дена бајче, сега пак ѕверче. Само приплакува, исто плаче кога ќе заврши или паузира песната на ТВ. Не дај Боже да снема струја или интернет. Плачки со врескање.Јас Ако ја кренам за преслекување вреска и мрда со раце и нозе не се додржува Не јаде, раце гнете нон стоп во уста се лигави и цица ко новороденче. На 2 часа. Ако не и дадам трета светска војна. Градите ми се полнат и ме болат. Ова дете за навек ќе ја сопре менструацијата. 2 и плус години како немам добиено.15++ месеци од пораѓај. @Мариаа. Ме теши има надеж за живот.
Не е закаснет на време е. Кажи колку е јако? Најлошо нешто беше тоа кај мене два месеци траеше. Со тројките во комбинација. Викај помош ако имаш јел ќе потрае.
Мајки, од кога се смета дете за проодено? Вчера беба се пушти, од масата до троседот направи 3-4 чекори без да се држи некаде. Значи прооде веќе така?
И заблагодарувам на @KuklickaSk што не помисли. Искрено, незнаев дека постои темава. Заглавена сум уште кај бебињата, а моите палавковци се веќе далеку од бебиња. Се тркам постојано со времето, па кога ќе најдам згодно, подетално ќе ги објаснам достигнувањата и промените кај моите близначиња. Со оглед на тоа што близнаците, а генерално и прематурчињата покасно почнуваат да прават се, и ги достигнуваат своите врсници дури после втората година, задоволна сум од нивниот досегашен развој. Иако се близнаци, тие двајца се небо и земја. Имаме две денски дремки, заспиваат навечер во 21:30, ама од кога не фати регресија, не нѐ пушти сеуште. Секогаш спијат во исто време. Само така денот има ред. Но, добри два месеци ноќното спиење не е тоа што беше. Најлошо е кога двајцата ќе се разбудат во исто време... Лазат и двајцата, се исправаат, самостојното седење сеуште не е скроз стабилно. Паткаме по дома и покрај тоа што голем дел од ортопедите не препорачуваат. Мама, тата, баба, дада, деде, да, не, ти-та (за часовникот) гоооол... се брмчи по цел ден. Си зборуваат и се караат на некој нивен јазик. Кога ги заспивам се гушкаат и се навалуваат на раменцата еден на друг. Умеат да вртат страници од сликовници, фаќаат секаков ситнеж... Со јадење немаме мака, кркаат убаво, прилагодено за возраста. Веќе месец дена преминавме од ад на Алпско без лактоза, можам да кажам дека го обожаваат. Ќе успеам да најдам време за прикажувања со генерацијата. Размената на искуства-злато вреди. Убав ден мајки, се читаме во зависност од обврските
Оф, јас со едно немам време, можам да замислам со две. Гушки до другарите и пишувај кога ќе можеш, ни фалиш тука.
Мајки предложете што да давам за вечера и појадок,нешто поразлично од к.млеко ,палента,тарана,млеко со банана и бисквити.
И ја незнам што се жали@Presrekna. Јас добив вториот месец. Пмс на најако. По кутија блокмакс пијам на циклус. Плус дете со тантруми, закачено ко коала за мене
Мојот прво со карлица иде у десно Ни тег од 100 кг не би го додржил колку станал лош деновиве за менување пелена... Размислувам да купам од гаќичките,може полесно ќе биде,во скут