Големи се гачките на памперс. Мојата носи 4-ка, а е 9 кг и нешто. Доста ти е 5 ка. Исто како и обична пелена.
Па зависи колку е високо детето. Синко летово носеше 6ка гаќички имаше 12 кг и 83 цм. Сега носи 7ца гаќички со иста килажа а повисок е. Има пуфис гаќички ама моделот им е потесен, 6ка сигурно ке ти треба а може да е тесна. А вака ср меки и тенки. И минис има гаќички, 30тина пелени се 270 300 денари. Зедов едно пакување за кај мајка ми, немав од моите, и не се лоши. Посебно па за во градинка, можеш да ги пробаш. Мене не ми се допаѓа што е тврда пелената кога е полна, а не пропуштаат и памучни се. Гаќите во зегин се 999.
Малиов ми плачеше прееска за кулен и чадена печеница, ги грабна од фрижидер и се одра од плачење да му дадам да јаде. Касна малку печеница и ми вели ох ох, демек убаво Мм му дал завчера да проба, па затоа бара Дали смеј да јади вакви нешта?
Затоа и прашав, шо поубаво од зготвено месо. Ама ај разбери се. До душа не е крив тој, не гледа нас и копира.
Според тоа што сум читала, најлош тип на месо се сувомеснатите, секое друго е поздраво. Ова и за возрасни зборувам. Др Митов, не знам колку го следиш, го прашаа како ги храните децата дома, и тој вика, во најголем дел здраво, не забрануваме ништо за да не се створи голема желба ама нешто што апсолутно никогаш не го даваме на деца е сувомеснато и чипс.
5ка од памперс ќе му бидат таман. И мојот е тука негде со килажа, 5ката му се комотни. 6ка ќе му бидат преголеми.
Ве читам погоре,па и ја да си се пожалам. Синко има 16 месеци. Последниве 3-4 дена стана лепенка за мене,буквално во секоја секунда бара да сум до него,и по цел ден само мама мама,доаѓа со татко му и ме чекаат пред вц да искочам и вика мама мама.... Вчера бевме на гости и цело време ме викаше и ме влечеше и јас да сум седела во детската ,седам таму и си играат редат коцки реди и он и јас полека станувам и одам во дневната ,и ете го тој мама мама и пак доаѓа ме влече,буквално цела вечер. Значи коа ќе го оставам кај мајка ми на чување си седи мирен си игра ,а кога ме гледа тооолку многу е досаден што не знам веќе како да постапам...
Само таму ги има, јас на попуст ги начекав. Ама едно пакување потрошив и толку. За таа цена пелената некако е влажна кога е полна. Е како досаден. Ке помине и синко ми е лепенка, на иста возраст се. Мајка си е мајка, гушкај го додека е мал.
@Sofi.ja а да ги пробаш Слипи гаќичките од Зегин? Јас ги користам за близнаците, супер ми се. Имаат по околу 10-11 кг. и користам 4ка. Инаку, мене душа ме здоболе читајќи те дека се сомневаш на некоректен однос во градинка. Реагирај им, со арно разговарај. Инаку, 289 денари се Слипи гаќичките број 4 со 30 пелени внатре.
Ти се свиѓаат слипи? Јас земав и многу влажно држат И се исфрли детево лом се направи. @Sofi.ja Врти сучи, памперс се најисплатливи гаќички. @MilaSs12 Во Зегин имаат пуфис 6 и 7-ца гаќички. Мене ми се па ептен убави. Ги чекам на попуст у Дм, и ќе си направам залихи. Ние 4-ка користиме, витка става има малата.
Мене лично памперс ми се подобри. Гаќички има 7ца. А премиум 6ка е иста големина со 6ца гаќи памперс. Пафис се помал модел. И бејби лов се супер, ама најчесто нема број, а има 6, 6+, 7. Гаќички не сум ги пробала ама широк модел биле.
Повлажни се од памперсот да, ама па не ми протекле. Памперс актив сменив од тие причини. Можам да пробам и пуфис гаќички. Знаеш кои одговараат на 4ка Слипи и како се со цена? Инаку, сакав да се консултирам со вас. Мајки, абе грешка ми е што некогаш како вечера им давам од инстант кашички те на Холе? Мислам, не се големи веќе? 13 месеци се, ама многу ги сакаат бре. Имаме за вечера разновидно мени, но давам еднаш-два пати неделно и од овие. Што мислите?
И јас се секирав, слабичок е синко а висок. 6ка актив бејби уште летово му беа мали. Не знам зошто, ама 6ка премиум кеар се за 1-2 цм поголеми од 6ка актив бејби. На акција беа прерходен месец па изнакупив многу затоа што се прескапи, 800 денари 38 пелени. Бејби лов купив едно пакување и беа одлични ама неколку пати бев и ги немаше. Така да, и бејби лов ако начекаш купи си. 6+ или 7 се, темно зелено пакување.