Бела, буци мој е 14кг и јас некогаш му давам таква каша за вечера. Ништо не е грешка, житарки со млеко се. Дади само малку количински повеќе
Не се големи, слободно давај, има табела, за таа возраст потребно е околу 200 гр каша, значи 4 5 големи лажици. Тоа се житарки со млеко, ке знаеш дека се најадени.
Мајки да ве прашам нешто син ми многу ги чеша очите повеќе десната, не му се црвени ниту му се со солзи Прашавме очен доктор рече да му ставам физиолошки 3 дена денеска почнав ама нема промена знам дека е рано ама денеска почна и да се жали да кажува окото до сега само го чешаше. Докторот рече може да му е од алергија ако ги чеша двете до денес едната ама денеска почна двете. Не знам каква алергија сабајле му правам шејк и ставам малку една капка кокосово млеко и му имам давено ананас мислете може од овие да има алергија. Исто така докторот рече дека може со прлави раце ги има фатено очите и му има влезено нешто. Што мислете вие? Се плашам да не има нешто посериозно. Поздрав
А ако бебе од 16 месеци јаде како според табелата за 6?!? Душа ми извади со нејадење. Од инстант кашите и тоа само 2-3 врсти јаде по 100 мл млеко и тоа со молби и лажење. Се пробува а ништо не јаде. Денес од ручекот 4 пати касна се што и понудив плукаше. И гладна да ја оставам исто не јаде, само што е понервозна.
Оф леле си ја нашла правата личност за нејадење. Да те потсетам дека на година синко цицаше месец и пол од заби. Анемичен беше. Болна тема ми е јадењето т.е. нејадењето. Палента за појадок секој ден, вечера пудинг со житарици. Ручек кога како, денес не сакаше каша со месо, паштета со леб јадеше.
Земав мало пакување Слипи гаќички од зегин,некако најефтина варијанта ми излегоа. Ќе ги пробаме па ако се добри ќе тераме, по ценава испаѓаат исто со пелени Бејби лав,така да не ми менува. Детево се допре на шпорет на дрва и се изгоре на прстињата...срцево мислам уште ми трепери ,луѓе не знаете кое врескање беше тоа па и после додека не се напи сируп.... Педијатаров рече под млаз ладна вода да изладиме па да го мачкам со дермазин. А за болката далерон сируп да му дадам. Откако го испи сирупот по некое време му дојде подобро, почна дури и да фаќа со рачето,од време на време ќе викнеше дека го боли...срце на мама убаво Сепак не го пуштам утре во градинка, доволно се вознемири денес, да се надеваме до среда дека ќе помине
Вечерва jа легнав на спална вo 20 и 30 сo намера да завршиме сo нишкањетo и да пoчне сама да заспива. Се вртеше, рипаше, ми чепка вo нoс, ме удира сo глава ,а jас глумам дека спиjам. Заспа сама вo 21 и 30. Дали акo прoдoлжам сo рутинава ќе се скрати времетo на заспивање и ќе и стане навика? Некoе искуствo? 13 месеци има
И за дремката на пладне (една имаме) истo правеше или барем за таа дремка барем некoе време да нишкам?
Јас ја успивав со цицање, така што ја одвикнував од цице а не од нишкање. Преку ден ја успиваше маж ми, некако полесно се справуваше. Релативно е, ама за 3 дена се забораваат. Мислам да пресечеш и со денското. Да знае дека нема веќе нишкање.
Pampers pants имаш 6-ка.Овие сега кај нас се комфорт и се поголем модел. Килажа 15+ се. Мојата од памперс актив бејби пелени носи 5-ки,а од гаќички носи 4-ки. На акција се во Веро 859 денари. @bela.m На 4-ка слипи гаќички ти одговара 4-ка пуфис. Тесен модел се, само се доста повисоки. И тоа ми се свиѓа најмногу. Јас тој број го користам. Инаку во Дм се 655 денари 46 пелени. Ќе видам утре во Веро дали ги има. На акција најмногу се исплатат. Вака само памперс можи се најисплатливи. Иако и нив ги зезнаа. Имаше едни 12h и беа незаменливи. Овие комфорт им се покрш малце. Ако најдеш 12h негде, тие земи ги. @NNA А брис правевте? Да не му влегло прашина? Сте биле надвор да дувало? Нас ни се случило ѕжтака, па Тобрекс капки ки препиша матичната. Не се јаки а многу помогнале. @Presrekna Твојата палчица не јаде??? Ние секој ден јадеме исто. Доручек овесни, ручек палента со телешко /урда и јајце, вечера е гриз
Аааа фала што ме потсети за надвор да бевме надвор и свекрва ми ги тресеше дрвата и сигурно му има влезено нешто. Фала многу што ми помогнаа. Ке му ставам капки. Дај Боже да му помине. Поздрав
Незнам какви капки имаш. Пази колку смеат да стојат отворени. Тобрекс смеат еден месец. Со помин да му е на лепотанот
Затоа и те тагнав тебе. Бидејќи знам дека не јадете и ме разбираш. Барем тоа го јаде!?! Мојата се јаде а всушност ништо. Да јадеше 3 јадења ќе и ги давав, а вака не знам што да и направам. Пробува, јаде прв залак, вториот и третиот со лажење, веќе четвртиот го плука или го држи во устав едно 5-6 мин и толку. Ако денес на среќа јаде нешто утре може да не го сака. Значи нема омилено јадење и скроз минимално јаде. Само чисто овошје сака периодов. Ако ставам житарки се мршти, а со бисквити нема шанса да помине. Леб, тарана дробено јогурт, супа сл нема шанса. За благо пак уста не отвара. Само и готвам и јас го јадам. Мислам ослабнав од блендирано/пасирано и здраво што јадам. Нити од нашето јадење не сака. Некогаш и грицки, смоки, нешто глупости и нудам ќе ги проба и толку. Значи ќе ме полуди една педа чоече.
@Presrekna не не, мајката јаде, дури и на диета е. Детето заебава со јадење. Го викам комарец, висок а слаб е. Бабите ме тешат добар бил ама знам дека ме гледаат дека се нервирам и дробам па да ме смират. Велат во иднина ке немал проблеми со дебелина. Околу 12 кг се врти од 1 година, значи 4 месеци само во висина оди. Пред некој ден јадеше три оброка, ручекот цел го смота, јас пресреќна, се разјаде. Нареден ден патент на уста. Ке грицне некое смоки, не е битно дали се лино или некои солени, не се возбудува на забранета храна. Не ни бранам ништо, не јаде ни тоа ни тоа. Маки наши.
@Presrekna @MilaSs12 само за утеха ви се јавувам. Моето е 23 месеци и едвај 11 кг има,на 1 год имаше 10,5 кг Зеленчук свеж јаде,овошје баш,ама баш ништо не јаде ниту банана,јагода,цреша ( како едни од поубавите овошја). Од јадења јаде млеко и бисквити,палента,шпагети,макарони,јуфки, чорби од грашок или компир,чорба од зелка,супа,тавче ориз и ориз и спанаќ. Ова се јадењата кои ги вртам нон стоп и тоа некогаш јаде,некогаш по неколку лажици. Јајца и житарки не сака. По благо не е,некогаш Монте пудинг јаде,чоколади и др.благо не обожава многу. И за доручек и вечера е или тестенини,или палента или млеко и бисквити. Затоа цица . Често ми скока оброк поради цицање,најчесто појадокот зошто штом отвори очи веднаш бара да цица. @Presrekna додека интензивно цицаше,некаде до 18 месеци,успеав да дојдам до 54 кг,а бремена останав на 58. Откако поднамали со цицање и јас се вратив во нормала и дојдов до 57,сега дури и ред почнав да водам на јадење,да не одам нагоре. И јадењето што останува од него го давам на маалското куче,не го дојадувам веќе јас .