Од роденденот спие сам во своја соба. Додека спиеше со нас во спална, повеќе се будеше, не бевме спиени сите. Откако го одбив, спиеше со татко му во спална неколку ноќи, и после тоа го префрлив во неговата соба. Не знам зошто осудувања. Плус нашиве не се веќе тоолку мали. На форумов има искуства од мајки на уште помали бебиња што спиеле во своја соба. Ваша одлука, мене ми беше најпаметна одлука.
Јас немам проблем со спиење со нас, навистина е доволно место за сите. И потпилно те разбирам што сакаш да кажеш со постов. Но што станува со осамостојувањето на детето во овој случај? Ние како родители имаме еден поглед на нештата, оние кои се занимаваат професионално со детски развој имаат друг поглед од нас. Они велат дека бебе спие во свое креветче од прв ден, а може и во своја соба од една година. Тоа за негово добро бидејќи на тој начин учи дека е посебна единка, станува помалку зависно од други, учи да биде самостојно, му ја зголемуваш довербата дека си секогаш тука само треба да викне и мама ќе се појави и ред други работи кои и те како се битни за правилен психолошки развој на детето. Потребно е од една година детето да се остава само да ги прави нештата за да добие на сигурност. А со тоа и на самодоверба. А знаеме што значи самодовербата во тинејџерство и подоцна.
И јас го подржувам твоето размислување. Кога ќе се осети спремна сама да спие во својата соба, тогаш нека спие. Пишав порано за внука ми. Со сестра ми спиеше до три ипол години. Наеднаш реши дека сака сама во своја соба. Еве ја, радостии. Сама спие. @ocicka2014 Тебе не ти треба наше мислење. Си го знаеш детето. Ако е спремно само да спие во соба, оставај го. Ти најдобро го знаеш. Што мораш по дома да им кажуваш како спие. Не спијат со вас они.
Воопшто не се мисли. И јас истово го дискутирав пред некое време. Колку подолго чекаш, толку ќе се приврзува за тебе и за двајцата ќе биде потешко. Веќе е доволно голем дечко и треба да му се отвори нова перспектива, кога веќе почнува да резонира и сега е тоа време кога за него е најлесно да разбере. Дека има дел од домот што е негово катче каде ќе прави работи сам, и дека без разлика што во тоа катче понекогаш ќе биде сам, мама ќе биде секогаш тука за него кога ќе му треба. Ова е битно за неговиот ментален развој, фундамент е да гради независност и самодоверба понатака како ќе расте и исто така помага за зајакнување на врската меѓу вас двајца и градење доверба еден со друг. Јас и пред годината ќе ја префрлев да имав опција. Сега здравје на пролет.
Сепак зависи и од детето. Мојава сака да спие сама, се фали со нејзината соба и ни покажува каде спие. Инаку, ни ја не би имала проблем да спие со мене ако сака. Ама не сака сега веќе. А и не направила проблем и затоа спие таму сама. Со сила не бидува убавина, ама треба да се проба.
Да имавме детска соба, да спиеше по цела ноќ синко, јас би го преместила да спие сам, ама право немаме соба, второ детево не се научи да ка преспива цела ноќ, станува уште неколку пати ноќе И станува и ме бара цело време, ако не дојди в раце не презаспива сам, го имам оставано да не го земам, станува многу лошо, плачи многу, се мава во креветот, настанува таннтрум, потоа следи 1 цел час седење во тишина за да се смири и заспие... Има различни деца, не се сите спијачи и јадачи
Синко од прв ден спие сам во креветче без проблем. Последниот месец спие сам до 5 6 7 сабајле кога има циц пауза. Потоа спие меѓу нас уште 2 часа, ако го ставам во креветче се буди. Уште малку ке се селиме во стан и ке има своја соба ама ке спие со нас уште некоја година.
Точно така сите сме во право иако сите имаме различни ставови и мислења Мене за доењето ми викаат голема е нема ништо хранливо во млекото, ќе ја направиш мамина маза, треба да се оддели и осамостои. Напротив студиите имаат покажано дека доени деца се посамостални со поголема самодоверба. Доста читав за доењето не дека многу сакам да мудрувам. Но и тоа не е до мајката. Некои немаат млеко, некои деца сами се одбиваат. Некогаш едноставно викаш готово. Јас сеуште а и бебето не сме спремни да се одбиеме. @Kaetana ја поканувам на дискусија. Според мене така и спиењето е индивидуално до детето е. Има деца од мали се осамостоени во соба, а веќе женети сеуште се држат за фустанот на мајка. @FreeMind мислам дека се согласуваш со ова како и јас со твоето мислење од психолошка страна.
За сите работи можат да се најдат докази, доколку сакаме да најдеме нешто да си го поткрепиме ставот. На крајот, сите деца се различни и имаат различни потреби, исто како што и ние како родители различно размислуваме. Ако детето сака да спие само во соба, нека спие, ако повеќе сака со родителите нека спие со родителите, во зависност и од условите, нели. Ние немаме можност за посебна соба уште, ама не ни сака да спие сама, ниту пак јас сакам. Супер ни е уште. И нема некоја посебна врска со самодовербата, би рекла напротив, колку се се осеќа детето посигурно, толку е и посамоуверено. Премногу сме фокусирани на тоа што може само детето да направи, отколку на она што е навистина важно понатаму, а тоа е самодовербата. Дали можело само да се облече, само да јаде, дрн, дрн, тоа е некако само на површината. Поважно е колку е понатаму самоуверено да сака само да ги прави работите, отколку ние само да ги туркаме кога уште не се спремни. Затоа следете си ги сопствените деца и нивните потреби, ако гледате дека нешто не оди не го туркајте со сила, бидете само тука за детето да знае дека секогаш има некој до него.
Јас би сакала да ги прочитам тие студии кои ја образложуваат поврзаноста помеѓу доењето и самодовербата кај детето. No hard feelings, само сум љубопитна а не успеав ништо да ископам на темата. Треба да се загрижам дека детето ќе ми биде несамостојно и без самодоверба? @Presrekna златна си го имаме муабетов на тема доење ја и ти Може ми е скриен комплекс дека не успеав на темата...којзнае
Децата се најважни, ама важна е и мајката. И тоа (скоро) секогаш се заборава. Ако мајката може и сака да спие со детето, супер. Ако мајката може и сака да дои, супер. Колку што има мајки и деца, има и различни мислења што и како треба да се прави. Заедничко на сите е притисокот врз родителите (мајката најчесто) што треба да прави. Јас не можев да спијам воошто со бебето до мене, буквално око не склопував. Детето ми спие само од 2 или 3 недели. Сега го земам само кога ќе стане во 6 на спална. Има убава соба, убав кревет и душек, и го слушам пак и кога се врти, станувам кога плаче, станувам да проверам дали е покриен итн.. Јас немам можност, а ни желба да го ставам да спие со нас во соба. Сакам да имам бар ноќе простор за мене (и маж ми). Да, брзо растат, ама и нас ни треба сон, ни време поминато со возрасен (сопруг) во кое нема да збориме за детето. И ние одиме на работа, работиме работа која бара концентрација и ни треба сон. Квалитетен. Во спротивно (барем во мојот случај) се таложи нервоза и џабе што спие детето со нас, ако ние секој ден стануваме нервозни зошто сме спиеле на штрек. И за доењето е исто. Доев, имав многу млеко и доев само затоа што знам дека тоа е најдобро за бебето. Искрено, едвај чекав да завршам со доење. Ниту ми беше нешто посебно убаво, нити сакав да трае тоа додека сака детето. Го одбив на 11 ипол месеци, без плачки. Доколку некоја мајка сака да дои додека сака детето, ок е нека дои. Ама притисокот да се дои додека сака да цица детето е исто голем колку што е притисокот да се даде дохрана ако не напредува детето. Ако не и поголем. Па мајки кпи даваат адаптирано млеко или решаваат да не дојат после 6 месеци се преиспитуваат каква мајка се. Пак ќе кажам, детето е најважно, ама забораваме колку важни се мајките и нивните чувства.
Дали се каете кога ќе му се развикате на детето? Не викам за чести испади, но повремени, при судар со хормони пред добивање ( не е оправдување знам) .. Ми се случи синоќа, се разбуди сред ноќ како вообичаено, но овојпат бев напната па се развикав, сега цел ден ќе мислам и најверојатно само тоа ќе ми биде преокупација..како преживувате вакви денови?
Не не викам за такви работи. Мојата е баш темперамент од дете, пр сега си ја стави украсната кутија од глава и ја скина, и кажав НЕ со повишен тон, после зема се качи на тросед и наназад сакаше да скокне, директно во стаклена маса, за тоа и се развикав, исто сношти пред спиење се качи нс крај од спалната и пак сакаше да скокне а зад неа има елементи. Воглавно не и се дерам, ама има ситуации каде ме вади буквално од кожа како на пр тие 2 денеска што се случија.
Се од збор до збор Кај мене е од прв ден на Ад мислам прв ден дома, во болница имавме не успешни обиди да цица криво ми беше знам дека е за нејзино добро но во ниту еден момент јас не уживав во тоа, и ми требаше време да сфатам нека не сум немајка оти моето бебе не цица. Пред се мое тело е кај нас и те како се наметнати многу работи врз мајката. Не спие во своја соба ке спие од пролет, ама спие во креветче од прв ден. Бебе среќно мама и тато среќни. Слобода за нас и за неа.
Хахаха. Темата не спои а и муабетот ни оди. Не мила детето ќе ти е со самодоверба немај гајле. Дете не се води по книга. Немој да мислиш дека сум критички настроена кон оние кои не доеле. И синко е малку доен. До 10 месеци. Но од три месеци со по еден два подои само беше. И за чест на честото разболување години спиевме заедно. Има поголем кревет. Одев кај него. Многу е (беше ) приврзан за мене, но тоа не значи мала самодоверба или несамосталност. Напротив многу е самостален и убеден во себе.Од 1 одд оди сам редовно по кампови, најмалку еднаш годишно по 7-10 дена. На 10 год беше на Камп во Лондон, сам со други деца, Дубаи на натпревар со нас ама таму повеќе беше со Индијци кои го водеа натпреварот, лани авионски сам беше Тунис на натпревар. За секаде сам се спрема од мал. Од куфер до учење. А навидум е толку близок и зависен од нас. Значи до детето е и карактерот и самодовербата. Важни се и другите работи околу, но основата е вродена. За мене побитно е охрабрувањето на детето, бодрењето. Воспитувањето. Да знае дека си тука за се во животот, да се обрати кај тебе за се, кога му требаш, не да се плаши да каже заради твоја реакција, отколку тоа што не ќе спие или ќе спие со тебе. Истото важи и за доењето. Еве близначки родени истовремено, гледани исто како една се различни целосно. Едната пука од самодоверба другата се крие зад неа. @KuklickaSk . Точка после твојот муабет. Се на место. Како ти што не можеш да спиеш со бебе, јас не можам без неа. За доењето како тебе беше сестра ми. Не убаво чувство туку и одбивност чувствуваше. Ја доеше внука ми до 6 месеци од солидарност. Едвај чекаше да ја одбие. Јас плачев за млеко. До 11 месеци( може го нема никаде ова моето) пиев лактил капсули и по 1 Л чај за доилки. Се чувствував лошо кога требаше да и дадам АД на почетокот. Не сум спремна за двете работи. А и бебе ужива. Да видам дека не сака да цица нормално ќе потиснам чувство и ќе ја одбијам. А по карактер ова бебе ми е потврдоглаво, посамостално. Сама се соблекува наутро, сама мие заби. Сама сака да јаде. Ако и ставам јас во уста плука и продолжува сама да јаде. Поуверена е некако во споредба со синко на нејзина возраст. Така да девојки уживајте во мајчинството како ви одговара.
Јас со големото дете еве го 7 и кусур години не спие само во кревет. не знам како ќе спие во соба кога ќе се преселиме. До година спиеше во креветче потоа со мене. Второво ми е на цицање и најзгодно ми е до мене. За спиење само во соба на 20 месеци јас не би рекла. Децата ќе имаат тантруми и ноќни кошмари и потребни сме им навечер. Големото од 2 години па до кај 4 навечер плачеше вриштеше во сон никогаш не разбрав зошто. Да трчам во тие моменти од една до друга соба не можам и не планирам. За цицањето сестра ми е цицана до 3 години. Нема тука уопште простор за дискусија. Мене многу ме иритира ко ќе ми речат ајде веќе големо е ај до година да се цица ама веќе големо е. Извини големо е на 5 години а не на 1. Јас никогаш не коментирам кој колку и зошто да дои или да не дои. Да си помислам во себе некако е во ред ама да се мешам во нечија одлука зошто?
Ајде и јас да напишам нешто околу нашето спиење. Јас моите палавковци уште ги заспивам во количка. Врм, врм, напред-назад, за 15 минути се заспани и двајцата. На возењето претходи галење и една наша успиванка. Но, сега веќе е проблем преместувањето од количката во креветчињата, веќе не се мали бебиња, па често знае да им се скрши сон и да продолжам со нишкање... Едното близначе, секоја вечер се буди во исто време (околу 2, кога беше бебче околу 4) и не заспива додека не го земам до мене на спална. Само што го ставам до мене, заспива. И убаво ми е. Ми годи. Прво си велев, што ако и двајцата го прават ова, дури тоа ни значело воопшто не проспиена ноќ за мене, ама ете го другиот, исклучиво во креветчето нани. Искрено, некогаш ми е криво што тој нема потреба од шушкање во мене во среде сон. Првично не сакав и настојував да го презаспијам и вратам во креветче, но не одеше и се откажав. Гледам колку брзо, брзо, брзо растат... Кога да спијат до мене ако не сега? Спиењето до првиот роденден ни беше повеќе од одлично, потоа следеа оскудно проспиени ноќи, за постепено да се среди, но не и да се врати по старо. Регресија, скокови... Незнам на што се должи.. Рутината ни е од раѓање иста, немам направено промени во тој дел. Се научија и двајцата да кенкаат и да бараат нишкање. Едниот па другиот. Некогаш и двајцата во исто време... Сакам да ве прашам, информирани ли сте за програмите на Dr. Goodnight, за самостојно заспивање кај бебињата и децата? Целисходни ли се? Или пак, некој случајно да не има остварено консултација па да сподели искуства? Со близначиња и тоа како е од огромна помош самистојното заспивање и не будењето во текот на ноќта. Незнам, може е фаза и ќе помине, , но едно знам дека ми се удри од нос фалењето дека на две бебиња наметнав ист биоритам и дека сум изнаспана мајка. Се сеќавам на зборовите на @BirMelek дека кога-тогаш децата наплаќаат со неспиење.
За Dr goodnight јас се распрашав. Треба да ги научиш прво сами да презаспиваат. Пакетот што ми го понуди беше 200 евра, и мене ми беше многу. Да знае сама да заспие нема ни да ми треба помош. Од цицање ја одвикнав ноќно. И пак не преспива ноќ и се буди. Некогаш веднаш заспива. Ама некогаш, барем еднаш неделно е три часа навечер будна и изводи Синоќа од 01-04 будна. Си играше со топче. Ми идеше да и дадам да цица од што сум уморна веќе