Многу пари е, не би можела да си дозволам, па и х 2. Зборовите на мм се дека тие биле неисплачени бебиња, не сум им давала да плачат, па според него, тука лежи зајакот. Може и во право е. Јас цело време бдеам над нив и ако шушнат, на нозе сум. Еххх.. Го проплакав мајчиното млеко дур ги добијам. Моиве момци не се будат за игра, ќе им се скрши сонот и им требам за да си продолжат. Густо е кога двајцата ќе се разбудат во исто време и двајцата ме бараат мене. Мм колку и да се труди, не успева да ги заспие. Доволно е да лежи до едниот и да го гушка, додека му дојде редот Па додека го заспијам едниот, другиот се подрасонил. Не се случува често ова, ама тешко е навистина.
Те разбирам. И јас 8 години ја чекав Ајде стрпи се уште малце. Ништо не е вечно. Битно полни раце радост имаме. Плус, изгледа се од гарда на "неспиечки бебиња". Мојата е на мене. Има лесен сон. И тешко презаспива. Да беше на татко и камо
Хаха кај си колешке!!! Дали да отварам уста или не, ќе ме навратиш многу на времето, мене ми се чини ко цела вечност да помина од кога го баталивме нишкањето Дојди да те гушнам дека едниот е занимаван дур му дојде редот, зашо и двете само тебе те бараат, пардон двајцата По навика пишав, ради моите цурки Толку за вечерва од мене, ќе пишам можеби утре, ме разнежни читајки те колку и да ти е тешко Добра и мирна ноќ.... и да, ќе биде се во ред, ќе заспиваат сами, верувај ми!
Нема да ти се свиѓа мојата книга тогаш Јас многу истражував на тема тренинг за спиење зошто решена бев дека сакам да применам некаков уште додека бев трудна. Во едно видео велеа: сите методи на тренинг на спиење се cry it out (со плачење), разликата е само како и колку ќе го оставиш да плаче. И според се што прочитав јас, навистина е така. Тие мајки кои се како мачки на штрек на секој плач на детето не верувам дека можат успешно да спроведат тренинг. Можеби ќе ја најдат "финтата" на детето (нишкање, пеење, темница, што и да е) за да полесно заспива, но целта на тренингот на спиење е самостојно да заспива, без никаква помош. Ова не го кажувам да ве обесхрабрам, туку баш напротив да знаете што е потребно ако сакате да имате вистински ефект.
Да оставиш бебе да плаче за да се осамостоело ,читај : за ти да имаш мирен долг сон! Ај у реду е, не фала!
За да има бебето мирен сон, а со тоа и јас. Ќерката ми е скоро 2 години, и за разлика од почетокот кога само можев да кажам дека функционира методот, сега можам да кажам и дека долгорочните ефекти се исплатат. Сега во 21ч сама си бара да спие, сама легнува во креветче, најчесто заспива во рок од неколку минути, и најчесто спие 10ч непрекинато, како што било и поголемиот дел од овие две години. Не дека немала лоши денови, не дека не станала никогаш, ама неспоредлив е квалитетот на сон што го добива со тоа спиење со станување на секои 2 часа. Одлично напредувала, немала здравствени или развојни проблеми, емотивно е одлично созреана според мое мислење. Здравје со следното дете истото планирам да го применам. Како и во секој друг мој пост на темава, пак ќе речам дека ова не е за секого. Не е лесно и не е едноставно. Ама е ефективно. Капа симнувам на секоја мајка која може да станува цела ноќ, да оди на работа, и остатокот од времето пак сосема да се посвети на детето. За мене тоа не беше опција, зошто тогаш времето поминато со детето не беше добро искористено. И мислам дека сум подобра мајка ако не сум како зомби цел ден. Затоа упорно го споделувам моето искуство зошто повеќето мајки бараат некакво решение за ноќното спиење на нивните деца. И веќе има некои мајки на форумов кои ефективно спровеле некаква форма на тренинг на спиење, без разлика дали е тоа со истиот метод кој јас го користев или некој друг. Само затоа што не одговара за некого, не значи дека нема да одговара за никого.
Јас само да ги посоветувам мајките да си прочитаат за ефектите за оставањето на бебето да плаче за заспивање и да се научи само да се заспива. Според една студија и бебето и мајката се во стрес, само што бебето и откако ќе заспие е уште во иста состојба, во состојба на стрес, а мајката се смирува, зашто нели, мисли дека успеала во намерата, бебето е заспано, супер. А бебето учи дека и да плаче нема никој да му помогне и дури и да се разбуди ноќе не плаче, само си седи во тивок очај додека не презаспие. https://raisedgood.com/sleep-through-night-self-soothing-good-babies-stop-setting-mothers-to-fail/ https://raisedgood.com/stop-cry-to-sleep/ https://raisedgood.com/parents-need-rest-sleep-training-isnt-answer/ Посебно оваа статија е одлична и обавезно прочитајте ако се мислите за тренинг. Добро е поддржана со факти.
Ако бев мајка на едно бебе, можеби е ќе го оставев да поплачи, ама можеби! Со близначиња таа опција е невозможна. Стрес му се прави и на другото бебе. Па оди смири две бебиња... Јас уште од сам старт имам одредени ритуали за заспивање, и функционираа до првиот роденден. Од 4 месеци врзуваа цела ноќ. Сеуште заспиваат во 21 часот, сами си бараат, и да сакам да ги држам подолго, не успеваат. Може и јас грешка пишав, ние немаме проблем со непреспиени ноќи, не бараат игра среде ноќ. Верувам дека ова е проблем и кај други мајки на близнаци. Всушност, ако само едниот се разбуди, нишкањето за да презаспие трае 5мин. Тешкиот дел следи ако меѓусебно се разбудат, а со тоа и заспивањето трае подолго. Верувам дека веќе научија дека ноќта е за нанење, кога се будат во текот на ноќта, никогаш не ги носам во дневниот престој, не им зборувам, туку само галам и трудам да презаспијам бебе. Јас сум строга мајка во однос на воспоставување ред, време за оброци, игра, денски дремки, шетки... Сето ни е според наша програма уште од раѓање и не отстапувам никогаш, во било какви услови. Ама да ги оставам да плачат, едноставно неможам. Каква порака им испраќам на моите деца? Не сум тука за вас? Никој нека не го сфати ова лично, ве молам, само разменуваме мислења. Кажувам дека неможам. Еве сношти како ја поминавме ноќта. Заспани беа во 21:20. Едниот стана во 02 за да го земам до мене. Продолжи да нане. Другиот заплака кај 05. Го заспав со нишкање за 5-6 минути. И двајцата се разбудија во 07:40. Ова е ок. Јас наспана, тие наспани. Ваквите ноќи се во ред. Нас ни е проблемот ако будењето кај едниот предизвика будење и кај другиот. Од тука ми е потребата да умеат да презаспијат сами бидејќи не ни успева јас со едниот, мм со другиот. И двајцата мене ме бараат. Па така, тој што е со мм или ќе се расони, али ќе си кенка, па на тој начин му смета на другиот. Ете тоа. Близнаците се посебна наука, џабе не велат. Повикувам некоја мајка на близнаци, да сподели како се справуваат во ваква или слична ситуација. Гледам @Emma2 пишала Поздрав до дадичките тете Емма. Можеби не сум во право, но неможам да бидам мајка која ги слуша децата како плачат по неа. Едноставно не. Јавно и заблагодарувам на @Spidy за експедитивноста, веднаш ми ја прати книгата.
А што паѓате толку у несвест кога @Spidy убаво кажува 'Не е за секој', не ве присили да правите така. Возрасни сме, ќе си прочитаме секоја што е добро, што не за дете и сами ќе одлучиме. А Емка да некогаш и мајката треба на раат да спие. Моето се буди од навика, ништо буквално не и фали , а да си преспива цела ноќ и јас и она ќе сме си одморени Може и @lackygirl ќе се наспиеше како човек последните 2г
Cry it out методите се најефиктивните методи за бебиња и деца. И тоа нема психолог кој нема да го потврди. Звучи страшно, но во суштина детската психологија се тоа одлично го објаснува. За едно дете да расте по сите параметри правилно потребно е добар сон плус расположена мајка. Мајката мора да е наспана за да функционира и тоа нема некој да го оспори. Се е лага или америчка драма на лигавење како аргумент. Не постои таква мајка. Овде може се да си кажеме, но обаа која не спие точно знае што збориме. У реду е да плаче стани легни али не и да се филмаме дека сме у реду. Ако не можеш да бидеш спиди ќе си кукаш и ќе си плачеш. И така. Не сме спиди нема да бидеме. Но тоа не значи дека методот е суров. Ние не сме тој профил тоа да го износиме се додека не дојдеме до точка на анксиозност и депресија. Е тек тогаш ќе ги видите зборовите на Спиди што значат. Плачело малото и оставало психолошки траги врз развој...океј. Мајка нервозна расплакана не остава психолошки траги, јок. Ставете на вага мерете што е полошо. Не секој има некој да му фрли бебе и да иде у друга соба да плаче два саати. Најчесто нема на кој да го фрли или нема соба за плачење.
Суви сливи, семиња со јогурт, само давам на сабајле да не е многу касно за да не и е тешко на мешето.
А кој припадна во несвест? Нормално дека секој може да пише и да сподели мислење, а и нормално дека на крајот секој ќе направи како што му одговара. Инаку, и ние возрасните се будиме, одиме до вц, ни се пие вода, можеби ни е топло или ладно, а очекуваме бебе од некој месец да спие цела ноќ. Па и децата дури. Јас, наместо тоа, а така и правевме, дремнував додека маж дежураше, се менувавме, се крпевме некако, тоа за мене е подобро решение. И да, ќе си кажам без да припаднам во несвест.
Супер штом сте се менувале со сопругот, дур си дојде мојот малата ќе стане 5 пати, а јас нишкам и се замавнувам од што ми треба сон. Ајде дете од 1м ќе плаче од се ама кажи ми зошто моето е 2г и уште станува за да ја подржам? И така цела вечер. Малата се зборува, сакам вода, сакам какам и се друго и пак станува. Не е тоа навика? Идеално е да може сега некој да ја понишка да сврзам 2-3 часа. Неможам јас да кажам како е подобро за некоја друга мајка кога секое дете е различно.
Мојата пет години ќе направи и уште станува. Пие вода, мочка, некогаш ладно и е, некогаш топло и е. Само што сега си легнува и презаспива сама. А на две години беше така, исто. Немој да мислиш дека не разбирам како е, добро си го истргав и јас делот со неспиењето. Заспав еднаш надвор на маса. Буквално. Ама, според мене, не е решението да ги оставиме да плачат, децата да плаќаат за нашите маки. Зошто тоа баш така му доаѓа. Такво е времето, да, за жал, сите на работа, се нема на кого да се остави, на крајот од исцрпеност едноставно се нема друго решение. Немаме веќе поддршка, нема на кого да оставиш дете еден саат да се поспиеш и да собереш сила. Тука нешто и некако треба да се смени. За мене е погрешно што се наметнува дека е сосема океј да плачелo, нема врска ништо, баш супер, ќе си спие и подобро е за детето, а едноставно не е така. Како може за мало бебе да е убаво да плаче кога знаеме дека бебињата единствено комуницираат со плачење? Значи знаеме дека имаат некаква мака, па дури и само да е за топлина и допир. Ама ќе си викаме океј е, подобро за него, после ќе си спие поубаво. Не е ни логично тоа, ни сфатливо на било кое ниво. Ќе спие и твоето, немој да мислиш дека нешто погрешно си направила, па затоа се буди. Си има некаква потреба, ама ќе си среди и тоа, па ќе си презаспива само.