Се е јасно ама мене ми треба сон, не утеха дека ќе спие можеби за 5,6 години. Уморен си и нервозен и таа нервоза се пренесува на детето. И пак ќе кажам убедена сум дека станува од навика, затоа што кога ќе ја занишам продолжува.
Нишањето најтешко се отфрла. Јас кога ја одбив исто го заменив со нишање, ништо друго не ми помогна. Е после... На секое станување нишање. Па стана многу тешка, па јас седнав и така ја нишав седната. После легнав, па на крај до мене ја спуштив. Пробај и со зборење, дека е веќе голема и тешка, нека си легне да и пееш, нешто пробувај, можеби ќе упали. И не значи дека пак немало да станува ако не си ја нишала, нешто друго ќе било.
Дали немам пробано Станува од кревет и ме влече да ја земам, во спротивно тантрум. Се друго што ќе пробам ја иритира. Си има дури место каде да ја нишкам и ако не е цврсто заспана, а ја легнам пак одново.
Истото е и кај нас, буквално тантрум има ако не го земам да го нишам Хронично не наспана 2 год...цицање по цели ноќи до 14 месеци... За друго дете ТРЕНИНГ одма од 4 месеци, цицка ноќе само до 6 месеци еве ваков план имам само пак ова да не го поминувам. Се навикнав да не спијам ама тешко е без сон, главоболки скоро секој ден, се отрув од апчиња имало и помирни периоди ама во главно си станува по 2 до 3 пати.
од секогаш сум сакала 2 деца За второ сигурна сум дека ќе биди поинаку нема да оставам на случајност Фала за честитките
Не душо. Второто од старт на АД и цуцла. Само во креветче. Остај ти ова со цицањето до 6 месеци Сме им створиле навика, да се будат на два часа и да презаспиваат со цицање. Ни, сепак мислам дека е до детето. Исто како што е до човекот. Јас тешко задпивам. Лесен сон имам. Се будам за јадење, за вода. Ме фаќа нервоза. Со години сум одела ноќни смени, и никогаш не сум ги спиела. Ме буди шумит на лисјата надвор буквално. Андреа е на мене. А мм а види перница заспива. Топ не го буди
Кај синко е сосема поразлично. Кога има периоди на јадење, воопшто не се буди ноќе. Се буди околу 6 7 за циц пауза и презаспива уште 1 2 часа. Да не му дадам цице ке се разбуди. И кога ке се подразбуди со цице веднаш презаспива. Вака е откако почна да јаде.
Има разлика од будење и будење навечер. И моето сега се буди неколку пати па тоа е се во ред и прифатливо. Има едно друго будење што го знам уствари подобро било без спиење да го наречам ни ден ни ноќ со месеци. Станување на секои 40 мин навечер и преку ден преспивање од само 30 мин дремка. Од камен да си ќе пукнеш и ќе го фрлиш низ прозор. Затоа кој има навистина проблем точно знае дека тоа само со тренинг се решава. Впрочем има луѓе кои и тоа го работат, зошто не е заебанција детето да не ти спие со години. Прво за детето не е добро станува хиперактивно и раздразливо, потоа за цело семејство. Си има табели препорачано спиење според години и тоа треба да се настојува да се исполни барем во граници.
Го знам и тоа и тоа будење. Станување на десетина минути, само што си легнал и задремал да стануваш да нишкаш. И да, така со месеци. Еве пет години биднаа ноќ немам преспиено. Ама, не тренинг никогаш не ми било опција. А детето ако се буди секако ќе се буди, само нема да викне по мама и тато зашто знае дека нема да дојдат и да му помогнат некако. Го научило тоа од тој тренинг. Дека е џабе. А „експерти“ за спиење има секакви. Има дури и такви што детето од стрес почнало да повраќа, а експертот им рекол на родителите дека сака само внимание, да го остават и кога ќе види дека трикот, да, трикот, не му успева ќе престане да го прави тоа. Денешните експерти за спиење се насочени кон тоа родителот да е, нели, задоволен, отколку кон доброто на детето.
Преку родителот и детето е задоволено. Токму затоа тргаат од таму. Зошто не е само ноќта туку и денот треба да биде убав. Да опстане семејството, да се развива во хармонија, итн. Токму од таму тргаат психолозите дека тие тренинзи се буквално за добро на детето и не се такви бездушни како што се претставени. Сепак тие тренинзи се одобрени од медицинска фела како добар пристап и гледам дека се и широко препорачани како што има советувалишта за доење, масажи и остали аспекти за помош на родителството. Моментот на себепрегазување кој е најпопуларен во “детето пред се” води кон многу негативни последици. Самиот момент на објаснување на тренингот од таа призма оставено да плаче и повраќа е голема антикампања кон здраво родителство и директно штети на здравјето на мајката фигура од кое зависи и здравјето на детето нели.
Поентата е да не е себепрегазување. Да се има помош. Да го причува некој еден саат додека дремнеш да собереш сила. Поентата е дека дојдовме до такво општество што веќе се нема никаква помош и тука доаѓа моментот мајката или детето? А не треба. Родител не си само дење, родител си и ноќе. Не може ноќе да не бидеш родител, за дење да може да бидеш. Колку се ноќе ранливи децата, колку и тогаш им е потребен родител. А фактички му се кажува ноќе снаоѓај се, дење тука сум. Не е во ред и нема да биде никогаш. Колку и да се обидуваме да се оправдаме дека го правиме тоа за да можеме да функционираме.
Не би ги поставила така работите на плус и минус мајката или детето бидејќи ништо страшно не му се дешава на бебето. Чим психолози го препорачуваат апсолутно ништо лошо не му се дешава. Бидејќи си родител 24/7 токму затоа мораш да мислиш и за своето здравје. А здравје без сон нема.
Како не му се случува ништо? Не отвори ништо од тоа што постирав погоре? Еве да ти цитирам: CIO causes stress. And here’s why: Ignored crying increases blood pressure in the brain, raises stress hormones, obstructs blood from draining from the brain, and decreases oxygenation to the brain. Excessive crying results in an oversensitive stress system. Later in life this can lead to a fear of being alone, separation anxiety, panic attacks and addictions. In babies, chronic stress can lead to an over-active adrenal system, and increased aggression, impulsivity, and violence. One study showed persistent crying episodes in infancy is linked with a 10 times greater chance of the child having ADHD, resulting in poor school performance and antisocial behaviour. Pediatrician William Sears has claimed that "babies who are 'trained' not to express their needs may appear to be docile, compliant or "good" babies. Yet, these babies could be depressed babies who are shutting down the expression of their needs." Оставаш мало бебе да плаче и мислиш дека ништо лошо не му се случува. Океј.
Тренирањето на децата е само еден правец во воспитување на децата. Има многу различни правци кај самите теоретичари и практичари за тоа дали треба или не треба да се тренираат децата. Инсистирањето на тренирање е едниот екстрем, другиот е природно родителство и помеѓу нив има разични нијанси. Ама во денешно време секој треба да си го одбере тоа што за него и за семејството е најдобро. Никогаш немало и ќе нема еден единствен рецепт за среќа и хармонија.
Не знам зошто толку трагично се сфаќаат овие тренинзи за спиење. Кој не сака, не мора да го прави ако мисли дека не е во ред, или нема да успее во истиот. Ама да се убедуваме дека подобра опција е некој да дојде да ни го нишка детето, за да ние мајките кралици спиеме, ич не ми е во ред мене лично барем. Детето го правиме свесно двајцата родители, и само ние двајцата сме должни да се грижиме за него, не баба, тетка, стринка. Немаме сите некој да дојде и да го нишка детето во сред ноќ, да ни го причува што велите. И да имам, не сакам да ми иде никој во сред ноќ, нормално. И да, оти детето пред се, се забораваме ние и нашите потреби. Една од тие потреби е и мирен сон за да функционираме дење. Не би сакала ниту да замислам како е 5 год да немам сврзан сон ноќе.
4 година по ред немам сврзан сон2 год и 2 месеци се разлика,како првото така и второто,на доење е,се буди на саат,два,пола... Со мене спијат двете,никого не сакаат освен мама,се будат една со друга,немам помош,сама заспивам,презаспивам,добра сум,фала на прашање Јас неможам да поднесам да плачат,кревка сум. За се треба карактер,цврст став.Така и за тренингот.Не осудувам никој,секој го прави за своето дете она што мисли дека е најдобро.Јас не би можела.
Не ве цитирам сите, но ќе се поврзам на последниот пост на @Presrekna која ме цитираше за доењето и створањето на независност кај децата. Во принцип, доењето конкретно игра улога како метод на „утеха“ на бебето, и метод со кој се одговара на потребите на бебето. Исто е тесно поврзано и со доење навечер како метод на презаспивање на бебињата, кој често слушам дека бил „најлошиот метод на презаспивање“ што е ТОТАЛНО неосновано и безврска. Во принцип, доењето кај деца кои се доени нуди сигурност, смиреност, топло катче каде што бебето се чувствува безбедно. Кај бебиња или деца кои не цицаат тоа е прегратка, нишкање, било каков човечки контакт кој ги смирува. И гледам сте го истерале муабетот кон спиење навечер и независност. МНооогу имам читано на темава, прво почнав од тоа кои се реперкусиите од спиењето навечер на доењето и лактацијата, а потоа читав и за општо прос енд конс за тренинзи, од ментален развој на бебињата или децата. Околу тоа дека бебето треба да спие цел ден, да преспива после годината само, да е независно, па кој сака нека го рече, студии докажуваат спротивно. Се работи за школа која била наметната во средината на претходниот век, најчесто базирана на детачмент начин на гледање на децата, и во подем кога шемите за спиење биле диктирани од бебиња хранети со формула. Од тука, има и денес експерти кои промовираат одредени методи, но сериозно, реалноста е дека тие студии не се апликативни, бидејќи воопшто не се основани на парови од мајки и бебиња кои би биле компатибилни со денешните мајки и бебиња. Значи кога @Unicorn_ праша за реални студии, тие се тие, кои викаат дека одговорот на барањата на бебето води кон негова самостојност, самодоверба и сигурност, бидејќи во најкритичните фази на осознавање на светот имало потпора, знаело дека има заштита, и било многу похрабро да го истражува светот и околината. Тоа е најздрав пат на формирање на самодоверба. А доењето е еден начин на утеха, и метод со кој одговараме на нашите бебиња. Е сега, препораките се дека бебињата т.е. децата треба да се остават да кажат кога се спремни, и дека секое форсирање на нештата само заради тоа што НИЕ како родители мислиме така, може да е контрапродуктивно. @RainBow пишала одлични ПОТВРДЕНИ со студии ФАКТИ околу методите кои ги применуваме за наметнување на спремност на нашите деца да ја преспиваат ноќта. Значи потврдени. @KuklickaSk пиша нешто околу среќата на мајката погоре. Делумно се согласувам со напишаното. Зошто делумно... затоа што е во ред да се мисли и на мајката и на нејзините емоции, НО, она што треба да се акцентира, е дека на мајката треба да ѝ се објаснат одредени ситуации... викаме мајката да е среќна, но, пример, јас сум мајка која е среќна да го тепам детето како воспитна мерка. И ќе се најдат 10 проценти од мајките кои ќе се согласат со мене. Работата е што е среќата за нас? И до каде можеме да си дозволиме да се скриеме позади фактот дека „и мајката треба да е среќна“ во споредба со „извини, ама раѓање бебе носи со себе одговорност“ дури и кога нештото не нѐ прави баш најсреќни на светот. Она што го пиша @FreeMind дека CIO e најефективен, точно е. Но, работата е што вие де факто НЕ сте го научиле бебето да заспива само и да ја преспие цела ноќ, туку само да не СИГНАЛИЗИРА кога ќе се разбуди. И не се согласувам дека постојат универзални параметри за растот на децата, кои толку многу унифицираат од кога треба да спие бебето само. И не, не се согласувам дека добар сон е сон во кој мајката не е будена од бебето и мисли дека бебето ја преспало вечерта. И јас сум таа што не спие со второто од Х причини, или пак можеби едноставно си е позахтевно, и сум сосема во ред со тоа. Да, сум била фрустрирана до немајкаде, но, тоа воопшто не ме прави несреќна. Ме прави реална дека не е сѐ сјајно. И сметам дека со тоа што сум реална во моите очекувања, и со тоа што ЗНАМ дека е нормално и очекувано, немам никаков ризик од анксиозност и депресија. Баш од причините што сум бескрајно свесна дека ова што ми се случува е сосем во ред, и што свесно и едуцирано носам одлука и секако, не дозволувам општествено наметнати неиздржани норми да ми се мешаат во мојот однос со моето дете. И моето друго 6 годишно дете се буди. Ќе ми побара вода, ќе сака да моча. И тоа е исто така ок. Јас се будам, мочам, вода пијам. На крај, точно е дека е тоа западен тренд со кој се стигматизираат потребите на бебето и се удира акцент врз мајката. И ако ве интересира, можам и за потеклото да ви раскажам. А за студии, има еден куп. И за тоа дека спиењето заедно и НЕ е толку хазардно колку што изгледа... дури и американската асоцијација на педијатри го сменија мислењето во погледа на ова... плус со мерења на нивоа на кортизол кај CIO ситуации... И не, не е фрка ако сакате да пробате CIO. Ама таква одлука се носи на база на истражување, а не на тоа што некој така ви рекол. Едит: ако некој сака истражени и докажани статии, пишете ми. Кој сака и тука ќе ви ги постирам.