@Nova не сте единствени,само што сме помали и κај нас веќе две 3κи излегоа со дво дневна тт до 38.7 и послабо,незабележливо одбивање на хρана. Тешκо е,многу тешκо и син ми самиот ми κажуваше κаκо го боли,а за гρизење да не споменувам,лом сме со мм,а најде голо месо-гρизе Го носев јас и на стоматолог,помодρени му беа непцата онаму κаде тρебаше да ниκнат забите,он виκа твρди непца(и наследено од неκој(мм))и тешκо пρобиваат забите. Туκу,деновиве на дρуга маκа сме ние. Синκо штипи κој ќе стигне,посебно деца. Пρемногу штипе,κај ќе стигне и што ќе дофати. Веќе ми е сρам од сите што идат κај нас,децата заминуваат со модρинκи,флеκи,гρебнатинκи од син ми. Му κажуваме деκа не смее таκа,го подудиρаме по газето но него се му е κаκо шала и пρодолжува. Κаκо да постапам не знам,сте имале ли ваκва ситуација?
Веројатно му е интересна реакцијата на другите, нешто ново му е. Не го ударајте туку на наредната случка (ти или сопругот) ќе клекнеш долу на негова висина, гледајќи го во очи со сериозен тон ќе му речеш дека тоа што го прави не е убаво. Секогаш истото да го повторувате и ќе престане.
Истото ни се случува и нас,само што да не го подречам апетитот е ок,ама затоа нервозата и кенкавоста се на завидно ниво.
@westt и син ми еден период какаше како коза, баш како тртки, ама тогаш одбиваше да јаде со лажица и затоа имаше тврда столица. Веројатно е од храна, дај му компот од сливи, повеќе супи, мека храна и ќе му се регулира.
Да Леона стави му,ние вчера кога бевме кај матичната(мислам дека ни е истата др. во Букурешт,како да те читав еднаш) она рече дека многу деца и доаѓале со коњуктивит,има вируси и од нос,грло и на очи се шири
Ne pie nikakvi sokovi denes cel den go drzam na inat da jade I pie zdravo ama ne nisto ne stavi v usta. Postoi li lek od apteka za olesnuvanje grevota e.
А зошто лек кога кака секој ден? Ќерка ми какаше во 5 дена еднаш со викање и траеше цел месец. Клизмите не се решение туку замачкување на проблемот. Ако пие цедени сокови давај портокал. Ако можеш ленено семе секој ден по една лажичка во јадењето. Какање секој ден, а е потврдо не се третира со лекови, може да му направиш поголем проблем со мрзливи црева.
Majki nekoj domasen lek protiv kasel? inaku za ocite nas ni pomagna so caj kamilica,i go miev ocite okolu 3/4patk na den.
Ако никако не сака сокче од слива, течна храна, овошје или зеленчук, може да пробаш со чепчиња Glicero-Lax (на нас ни ги препорача аптекарка, на природна база се). Внатре се 5 чепчиња 74 ден. Кај нас делуваат неколку минути откако ќе се стави чепчето. Се разбира тоа е последната опција. Исто на нас ни помага и пудинг од Humana со гриз, бисквити и житарици. Се надевам ќе ти помогне .
Побарај неколку страни наназад, постирав едно сирупче домашно што ми го кажа една мајка додека стоевме во чекалната на педијатар, и имавме ефект, смируваше сува кашлица.
Од кога предните долни и горни забчиња (зборам за единиците) излегоа целосно. Значи пред да наполни годинка , околу 8 месеци беше ми се чини и не беше некое секојдневно миење, одвреме- навреме ја користевме четката (малечка и специјална за бебуши, ја има во сите аптеки) за да ги исчистиме остатоците од храна. Сега веќе секојдневно ги миеме наутро и навечер, тоа ни е утринска рутина и штом влеземе во купатило сама бара да ги миеме забите. Долго време ги миев без паста бидејќи не сакаше од детските, а сега користиме некаква паста од странство ми ја носеа па со неа ги блескаме малите забки. Не знам колкаво е твоето малечко но ако имате забки важно е да им одржувате хигиена за да ги заштитите од кариес. Не ретко гледаме малечки 4-5 години деца со црни и изронети заби, и не изгледа баш убаво па колку и да се слатки дечките, а и болно е. Не е само храната одговорна за здравјето на забите туку и хигиената која им се посветува. Плус се стекнува и навика кај децата дека забите треба редовно да се мијат.
@snegulkata ние имаме полни 20 месеци ние од време навреме ги миеме запчињата но она повеке игра со четката и сама сака да си ги мие не ме остава никако јас да и ги измијам... Може име на пастата да ми дадеш да си земам и јас ако веке вие вас добра... Се размислувам дали да и земам четка на батерии она што е па така и поинтересно ќе и биде или уште е мала за таа четка? Хмм ама баш никогаш не сакам да си ја видам малата така со скапани запчиња јас сматрам дека забите се најважни и дека треба редовно да се подржува хигиена во делот на устата бидејќи сешто јадеме па после одма кариес ако не ги миеме редовно..... Мене ми е да не и го повредам мевцето некаде зошто ги немаме сите заби затоа..
Најмека четкичка ќе користиш и полека ќе четкаш, нежно. Сега се во фаза на вадење уште заби и имаат болни непца секако. Јас користам четкичка од дм и паста вадемекум 1-6 години. Паста ставам мнооогу малку и не секојпат. Некогаш и само со водичка му ги мијам запчињата.
Додеκа е отвоρена досκусија оκолу забите,да пρашам,им давате ли нешто на малите за запчињата(таблети,витамини) или не? Мене ниκој ми нема κажано до сега да му давам нешто на син ми.