Андреа го прави ова со пелена неколку месеци. Сака да ја соблече. Јас не сум пробала нокшир сеуште. Некако рано ми е. А и сега на би можела. Ладно е, и плус она хистерише за облекување
@Presrekna Во план ми е да купам еден. Да стои во тоалет. Кога доаѓа со мене да се учи да седнува додека ме чека По соби несакам да ми стои.
За сеќавањата не се согласувам со тебе, затоа што иако за повеќето луѓе можеби датираат околу 3 години, секогаш нели постојат и исклучоци од сите правила и од сите глобални статистики. Јес да се драстично поретки, ама ги има. Ова што го пишуваш ти е точно, НО, има еден друг момент согласно мое гледиште. Баш затоа што жената била или е многу второплановска во овој процес, меѓу одредени жени се јавува едно движење на основа на револт. Од таму се раѓаат моментите дека не треба да се дозволи животот да ни се смени, жената има право да шета, да излегува, да го живее животот како што бил претходно. Не дека не се согласувам, но, она што сметам дека го забораваме е дека сѐ ќе си дојде во свое време. Имаме огромен проблем со наметнати културолошки и општествени норми, и ја забораваме билошката норма. Уште сме под секакви влијанија кои се аутдејтед, неосновани, ама на некои луѓе и сто студии да им покажеш, џабе е, кога мајка или свекрва је увек во право. Или ја имаш и онаа самоуверена група, абе јас правев вака и супер ми беше, како ти не можеш. Грешиме во сам старт со очекувањата кои ги имаме од нашите деца. Уште неродени ние имаме слика дека од тогаш и тогаш бебето треба тоа и тоа да го прави. Се согласувам дека мора да се симне притисок од мајката, но тоа се прави со ЕДУКАЦИЈА. И тоа не само на мајката, туку и на партнерот, обавезно! Јас никогаш не би осудила некој зошто не дои, или зошто направил CIO ако едноставно било неизбежно. Проблемот е што денес многу моменти се пласираат како „беше неизбежно“ а де факто не е баш така. Дефиницијата на неизбежно треба да ја ревидираме. Не ги потиснувам или дискредитирам емоциите на мајката. Туку нивното потекло и основа.
Жени нокшир да тргниш од соба е нај лесно. Мојата цело време и беше пред очи. Еве сега го преместив и си оде во тоалетот . Сакам да кажам дека тоа толку и не прече во процесот одпосле да се тргне. Секако кога сака да оде мене ми кажува па јас ја носам каде што е оставен. Друго што е многу битен момент е , да и сметаат каките и мочките, кога ќе се искака да сигнализира, да кака клекнато и потскриено во некое ќоше и тогаш пак оно ако сака, ништо со сила. Нашиот процес беше прелесен, ама само затоа што детето само покажа дека е спремно. И не мислам дека е некој достиг тоа што е одвикната затоа што тоа е дел од развојот, секое дете ќе стигне кога ќе биде спремно како и за се друго. Ама е многу олеснителна околност.
Мене искрено ми е грдо нокшир во дневна. Ај и не толку битно. Приметувам детево е некако многу принципиелно. Имитира се што правиме. Еве пример од прееска. Бевме по улица да шетаме. И виде скршена саксија. Ја зема и ја исправи и почна да собира лисја покрај пат. Детево чистеше. Истото јас го правам во двор, и она од што гледа си поврзува работи. Затоа сакам нокшир во бања. Сигнализира кога кака. Клекнува и одма знам. Сега бидејќи е ладно нема да почнам, само да се научи дека треба да седи додека сум и јас во тоалет. Она, сеуште не збори за да ми даде на знаење. Иако јас од раѓање повторувам, мочана/какана пелена. Браво дете. Она, сама ја фрла пелената во корпа уште пред година. Сега веќе сама ја, зема и оди да фрли. Па чека раце со сапун да мие
И нокширот од Гого стои во дневна ама ретко го користи, плус никој не иди дома, не ми смета воопшто а и купатилото ни е долу немам време да трчам долу ако ми потреба. За сеќавањето пред 3 години не верувам дека е можно, пред некое време баш дискутиравме на темава со неколку членки од генерација Јас "памтам" кај што го дои мама, брат ми тогаш сум имала 3 год, е сега дали памтам или мама ми раскажала па си имам слика од тоа незнам точно, хепи памти на 3 и пол години како го земале бебето (брат и) од болница, пред 3 год мислам дека е невозможно. Еве споделете искуства тука вие од колку години памтите.
И мене ми е прегрдо нокшир во дневна. Еднаш бев на гости и на детето му даваа цртани да гледа и да кака пред нас, мислам стварно не е во ред колку и да ти се блиски, се знае каде се моча и се кака. Јас ни пелена не менувам во дневна ако имало некој порано, сега секако никој не доаѓа, едноставно си го носам во спална, зошто на некој може ќе му се згади без разлика што е бебе
И јас не ја соблакем во дневна. Несакам да гледа некој ако е тука. Јас и од свекрвата ја кријам кога ја облекувам после бањање. Несакам да си сврзе дете во глава дека пред сите треба да седи голо Комшиката цело лето го шеташе нокширот по двор и тераса. Знам секогаш кога сакаше детето нокшир. Мене ми е неубаво, иако се деца
Мене не ми текнало за грдата слика на нокшир во дневна, ама во право сте, грдо е. И јас еднаш присуствував на какање, и почна да смрди, да корне. Колку и да сме блиски, се знае каде се врши нужда.
Грдо или не јас го носам нокширот во дневна. Смрди секако и кога и менувам пелена, па не ми менува нешто многу од тој аспект. Секако отворам балконска врата после тоа. Ирис почна пред некое време да се крие кога кака, или зад креветчето нејзино или зад креветот наш. И земав нокшир чисто да видам како би реагирала. Немав намера да ја форсирам, па во зависност од нејзината реакција ќе го скриев ако беше потребно. Прво и го оставив неколку денови да си игра со него, го полнеше со играчки, потоа кога ќе ја сетев дека кака ја седнував облечена, па сега неколку денови соблечена, и сега стои скриен зошто веќе не е за играње. Се смее, забавно и е скроз кога ќе го види препознава. Уште не сигнализира на начин што ќе дојде и ќе ми покаже сама, па до тогаш ќе го носам во дневна. Кога ќе почне сама да ми кажува дека има потреба за вц, во план ми е да земам адаптер за шоља.
И јас никогаш не сум помислила на ова, ама во право сте. Нам педијатарката ни рече да почнеме да го ставаме на нокшир, ама мислам дека е рано. Немам ни купено. И дефинитивно ќе стои во вц. Евентуално во неговата соба? Искрено, имам пред други луѓе сменето пелена, ама сум прашала дали им пречи. А свеки и сред ресторан сакаше да му менува (искакана). Ја испратив во вц... Свашта. Веќе си клекнува кога кака, ама не знам дали е спремен? Како да знам? А машките за мочање во нокшир како? Со стоење од одма или? Се изнапрашував глупости. Бебе нѐ радува деновиве научи да праќа пољубац. Смотано бебешки, нели, ама ние живи среќни. Уште не плеска со рацете ама добро. Битно почна чао да покажува. Прв пат на продавачката во продавничка доле. Полека си премина на една дремка. Јаде доручек околу 9 и пол, заспива околу 12-1, се буди околу 2-3 и дури тогаш јаде ручек. ОК е вака? Ама па меѓу ручек и вечера некако малку време останува. Битно јаде деновиве. Почна макарони сам да јаде. И по цел ден си ломоти нешто ама ништо конкретно, дури ни мама уште не вика.
Сега ме замисливте, синко се фаќа за пелена и сигнализира дека е полна, треба да ја сменам. Не секогаш ама често. Се крие кога кака, поодамна, сега и прави пффф со уста и рака дека смрди. А ладно е со голи нозе да седи во купатило.
Кај нас нокширот стои во соба, од таа причина што е ладно во купатило. Сама се соблекува и си седнува, а веднаш го носеме во купатило, фрламе во шоља и го миеме и пак го враќаме во дневна. Не мириса воопшто.
Мене не ми смета за тоа што ќе мириса. Мене ми е да не се научи во дневна, па пошто кај нас често има некој, да мора да ја соблекувам пред баба, дедо, девер. Тоа ми е поентата да ја научам во тоалет. Да сме сами со мм не е проблем. Јас мрзам и кога јаде да имам публика во кујна
Види тоа го зборам дека не е трајно решение. Детето кога ќе стане свесно дека треба да кака/мочка во нокширот ќе го прави тоа во секоја просторија. Ама додека е во процес на одвикнување подобро е нокшир во дневна отколку каки во гаќи да чистиш
Ако е какан и ако имаме гости го слекувам во спална, ако е само мочан во дневна пред гости, не ми е ич непријатно тоа е мало дете, бебе, се знае кај кака и кај моча, нокширот е скриен во ќош до печка не се ни гледа, не го чувам на маса а кога беше мало бебе в ред го слекував во дневна не ми беше гајле од гостите ич
На почетокот кога се почнува со процесот најчесто децата не можат да се исконтролираат.Не може да научи веднаш да се воздржи,а и многу често се заигруваат па им текнува баш во последен момент,кога имаш време само да му соблечеш гаќички.Тоа кратко траеше и после без проблем си почна на адаптер.
Јас на 2 ума бев што да правам околу нокширот. Се мислев да оставам за понатака, сепак ниедно дете не останало ненаучено. Ама се изначитав искуства дека подоцна кога ги запознавале децата со нокшир, често не го сакале воопшто, се плашеле од него. И иако по книга стои дека тој процес обично е од 2 до 3 години, мене искуствата ми значат повеќе. И си реков ако не пробам нема да знам. Секако постоеше опција и сега да се "заплаши" и бев спремна да го фрлам, па понатака поинаков да и земам да не ја потсетува на овој, ама супер го прифати, башка скроз најобичен земав од таа причина. Е сега често не ја сетувам, значи не успевам на секое какање да ја ставам на нокшир, па очекувам овој период да потрае зимава. Може и подолго. Мене само ми беше битно да не се плаши од нокширот. Денеска е претерано кенкава, си плаче без причина. Ќе си седне долу на под и ќе си плаче. Онака си кенка цел божји ден. Ова прв пат го прави. Температура нема, да ја боли нешто не верувам, што може да е?
И бебе мое клекнува кога кака од коа ке се искака ја прашувам дали има каки и се тегне за пелена но сметам дека е многу мала 13м е. @rainbowmama нема ужинка?