Јас на нокшир пробав два пати да ја ставам кога ќе осетев дека ќе сака да кака, ама не сакаше да седне воопшто. 14 месеци има. Ама и ладно е , ако немате греење во вц и јас би го носела во соба, така и за првото дете правев. Сега не форсирам, здравје од март ќе почнам кога нема да биде толку ладно, тогаш ќе биде 18 месеци. Планирам и гакичкиве да и ги купам , па скроз ќе го извадам памперсот а и да се измоча нема да протечат и надвор да сме
Па нема класична ужинка. Не знам ни каде би ја ставила. Јаде по некое парченце овошје меѓу оброци некогаш, мада не обожава. Или залче две ако јадам нешто лепчесто па да му дадам. А може и не му треба ужина, и онака е, да не речам, д е б е л. Ти што даваш обично?
Доста таму какви слатки бутчиња има Иначе кај мене се буди рано и во 8ч појадува така да тука имам вметнато ужинка меѓу појадок и ручек, после меѓу ручек и вечера има уште една ама не секогаш. Иначе давам овесни со овошје,само овошје,пудинг,бисквити,некое мафинче, парченца зеленчук, смоки,цеден портокал такви работи.
Сум отворила дискусија. Ако секое искуство ми е добредојдено. Сега да не ме сфатите дека веќе бебе Кака мочка на нокшир или адаптер. Тоа се дешава еднаш денот или на 3-4 дена. Ми беше мисла дали може да осеќа, да не е инфекција случајно. Ви благодарам. Ми треба совет. Синко од пред 4 дена е позитивен на КОВИД. Од на школо фати. Нигде буквално нигде не одеше. Дури ни со јавен превоз не го праќавме мм го носеше. Ете и тоа не било ништо. Не битно од каде закачил. Од денес и мм е позитивен. Прашањето ми е дали во групата има мајки кои се со бебиња а во фамилијата да имаат+. Ми требаат за совет. Ако не сака да се каже барем во лп нека пише. До сега јас и бебе сме добри. Ви благодарам
Јас и мм бевме позитивни, мм не го тестираа ама имаше симптоми. Малиот немаше никаков сиптом и беше супер цело време.
@Presrekna со лесно нека е на синчето и на мт. На другарка ми малото беше позитивно (18 месеци има) и лесно го помина , мала температура имаше и толку. Не мора да значи дека ќе фатите и вие. Од цело семејство само мајката и едното дете беше позитивно.
Мајки дали имате контакт од детски невролог бидејќи очајна сум по помош? На државно нема термини никаде а на приватно ми е премногу скапо. Би ви била од срце благодарна ако ми помогнете. Имајте убава вечер.
Пред еден месец го прележавме,сите позитивни. Малата само една ден температура и потечна столица. На обична настинка потешко мине. Ако треба нешто плус слободно прашај.
Дали некоја мајка има вакбо искуство? Неколку дена по ред, синко си заспива бо 9 10 ама се буди по 15 мин или по 1 час и седи буден до 12 1. Вчера и денес, заспива и по час два се буди со плачење. Неутешно плаче, се смири на цицка и продолжи да спие. Тие неколку минути плачеше и се тегнеше а не беше буден како претходните денови. Го ставив до мене и спие до сабајле без проблем. Дали ова е ноќен терор? Што да направам? @Kaetana @Spidy @Annath можеби сте поупатени?
Темата “Форумџики кои ја одбележаа годината” ме инспирираше да ве поздравам. Овде на наша територија. Имам моја листа на нај форумски мајки. Ама тие у позитивна смисла. Нај сакав да се скарам ама не успеав : @Presrekna 3 пати пробав, 3 пати не успеав. Женава не влага у конфликт едноставно. Ти спремен да се расправаш она ќе ти врати ‘Душо, мила, не ме сваќај погрешно’ и ти иде да ја гушнеш. Нај мисли на мене и ми дава совети коа сум у тесно : @Septemvri Нај страв ми е од : @FreeMind Пред неа пазам што зборам. Да не згрешам па да ме исече у корен. Плус и да сакам да и реплицирам ќе се здткам. Нај другарка можам да бидам со : @Мариаа. Не ме сакаше на почеток ама со тек на време ја придобив и станавме бфф иако она уште не го знае тоа. Нај ќе те убеди и у тоа што не веруваш: @Kaetana културно и со аргументи. Нај љубоморна сум и на : @Yowannty Зашо си го шеткаше бебе покрај море, дур ја го шетав најмногу до 100 метри од дома пола саат заедно со куче у полициски час. Кршев закон у реду е. Нај Се Знам : @Spidy У право е скоро стално, ама ме напиња бе! Нај сочуствувам со : @lackygirl Нема врзано сон поише од 2 часа две години и жива е. Нејќам да сум и у кожа. Нај ме смее : @srekice со свеки и @BabyT* Нај би и оставила бебе на чување: @danichap Ќе ми го врати нашетано, наиграно со научена таблица множење на памет. Клише, ама сите сте посебни!
ме насмеа пред спиење. Да не сум офф, да кажам нешто, нишав 20 мин во раце, дојдовме в спална, го легнав почна да плачи и да се дрецка в кревет, го зеде татко му и назад в дневна уште 10 мин и заспа, ај да спие ама како што пиша ќе стани за 2 сати вака нешто е скоро секое заспивање навечер. Мирна ноќ на сите
Моето искуство со ноќни терори е дека има разлика во плачењето, баш е така исплашено, и одма се смирува ако доволно се свести за да види дека не е сама, и веднаш заспиваше. Не се случило многу пати, ама обично е неколку дена по ред. Било и одма по заспивање и сред ноќ, за тоа немало правило.
Сега синко не беше сам, со татко му, јас до веце бев. Штом го земав и му дадов да цица се смири. Панично плачеше и се смири за брзо. Читав дека се јавуваат кај деца од 2 години, па и 18 месеци, синко е 16+. Знаеш ли што ги предизвикува? Фала многу.
Немам многу информации на темата, зошто не било нешто страшно и често што се случувало, не сум почувствувала потреба да истражувам повеќе. Јас си го поврзувам со сонувањето, зошто често малата имала некој поактивен ден кога тоа се случувало. Секакви периоди ќе имаат, ама ако се случи еднаш или два пати не мислам дека има потреба од грижа. Ако веќе се повторува секоја вечер подолг период, тогаш можеби може нешто да се промени. Не знам точно колку пати се има случено кај ќерката, може 5 пати досега, што не сметам дека е страшно.
Царица си Кога ќе го праќаш кај Дани кажи само да ја облечам и ти ја подавам. Да не настине надвор секој ден на ладното.
Добро кажи ми, се буди ли и седи по 2-3 часа будно. Да си игра како цел ден да спиело. Неможам, синоќа од 00:30- 02 будна. Завчера исто. Душа немам. Колената ми потекоа од нишкање, пошто она така презаспива сега само. Се тегне и ми се качува во прегратка Ваква не била, долго трае ова Се мислам да и укинам и тоа дневно спиење, зашто како него да ми го преседува будна навечер @The Unicorn Срцка си. Не рчкај за свеки, да не кажам што и беше врвот пред некој ден
Не, не седи одма презаспива, ама иди в раце кај мене па го легнувам, ретко се случува да бара в дневна, еве ноќеска така беше, стана во 3ч го презапав, само што го легнав пак стана пак в раце, го легнав и заминав во ВЦ се враќам ги нема в спална, барал Онаму (дневна) и таму го однесол татко му и за 10тина мин заспа, се ова од 3 до кај 3 и 40ч. После во 5 си дојде до мене...во 7ч станавме за на работа, тој стана во 7 и 15 очиве ми мижат мене, ме печат. Ако го земи татко му ко ќе стани бара секогаш во дневна, со мене одма презаспива. За второ сано тренинг ова поќе не, не се издржува, не се издржува