@Presrekna со лесно нека ви е, и со помин. Од мене знаеш детали, ако нешто ти текне или имаш прашање, пиши во секое време. @MilaSs12 со поголемата ни се имаше случено нешто слично ко што викаш ти. Ама толку плачеше што бев на низок старт во 3 сабајле да одам на итна. Ништо не ја смируваше. А кога гледавме вечерта ништо немаше. Те ја стегавме за уво да не ја боли, температура, грло, ја фаќав по телото... страшно беше искрено. На крај буквално нудевме Киндер чоколадо да ја подмитиме да престане. По 2 дена видовме дека се тројките или четворките, не памтам. Може и не беа само тие, туку беше и некој лош сон плус... ама ова се има 2 до 3 пати случено и толку. @The Unicorn што убаво напишано.. со насмевка сум посабајлечки... Инаку на тема нокшир.. со првото го скокнавме. Три пати дали седна. Никогаш не се искака. Ама со нејзе имавме проблеми малце, не сакаше да кака, па беа драми додека се навикне.. мислев дека ѝ се кака па ме лаже.. еднаш ѝ излезе ректумот од притискање... што да ви кажувам. Се надевам со мали ќе е поинаку. Ама абер нема од кажување, а јас сакам и со него иста шема, т.е. да го ставам на адаптер на шоља директ. Edit: @lackygirl дали сте пробале да спиете заедно цела ноќ? Извини, може имаш пишувано, ама не сум запознаена со твојата ситуација. Инаку има и многу методи кои се применливи кај деца што не се баш тренинзи со плачки, туку се gentle and holistic.
Ноќен терор ми личи, ти пишале и претходно. Кај поголемиот син поминавме со ова, меѓу првата и втората година, не паметам точно, ама знам дека не траеше долго. Прејаки стимулации, поактивни денови, преголема возбуда - тие беа причините за такво ноќно будење. Додека цицаше, тоа не се случуваше, подоцна почна. Во тие моменти, единствено што помагаше е земање во раце, нишкање и тивко пеење или зборување, чекав да се смири и да се разбуди сам, не го будев јас. После без проблем презаспиваше. Може и забите да се причина, не знам, не сум го поврзала тоа со нивното вадење.
Од ко е роден до мене е, додека цицаше до 14 месеци спиеше на цицка можам слободно да речам само последниот месец така помалку цицаше, цело време е исто ништо не се сменило, пробував некои финти ама ништо. Додека цицаше му давав само цицка и одма презаспиваше, легнат, не в раце, а сега иди в раце, ако не го земам тантрум. Од ко го одбив стана многу тешко заспивањето, не пие никакво млеко, цуцла не, само со нишање в раце успеваме да го заспиеме а тежок е од 5 месеци е 10кг, сега има 2 год со 17.4кг неможиме ни физички да издржиме повеќе Тежок случај е Пред 2 месеци ја извадов страната од креветчето и пак е до мене на иста висина е со душекот споено со нашиот душек, во креветче сам нема спиено ни еден ден.
Женски мерак ми беше да читам 10-тина страни наназад, здрави и информативни дискусии поткрепени со научни студии, интересни и искрени лични примери, прекрасни сте! Јас никако повторно да се укотвам на форумов, таман ќе почнам да читам и да пишувам поредовно, и ќе се прекине магијата. Нејсе, еве ме пак. Во групава официјално требаше да влезам на 28-ми ноември, славевме прв роденден, тогаш бебка стана дете. Бев ненормално радосна и тажна во исто време, зар е можно дека веќе нема да имам бебе? Трето дете ми е голема желба, ама апсолутно нереална за во блиска иднина. И баш ќе ви пишував импресии, но радоста ја прекина вест за смрт во блиска фамилија на мм. Ужас. Ама ај да не вртам на негативно. Детуле ми прооде на 11.11. Сега веќе набива километража низ стан. Се пика сегде, љубопитна е и се труди да зборува. Омилем збор и е "кака". И додека сфативме дека тоа и' значи "ква ква", на секое нејзино кака, ние и го мирисавме дупето. Еднаш сврза спиење цела ноќ. Ама не се прелажав, знаев дека е еднократно частење . Се' уште се будам минимум 2, максимум 5 пати во ноќта и мојата сага со несепиењето продолжува... Ви ја прочитав супер-дискусијата на тема спиење/неспиење. И јас сум тип што сака да прочита се' за се'. Но сепак, знаев дека нема да можам да применувам техники за спиење уште пред да се роди првата ќерка. Со втората бев спремна, се бодрев за да издржувам и најчесто ми успеваше да останам токму, иако на почетокот не сврзував многу сон, зошто морав да бидам преку ден со големата, а навечер со бебуш. Сум имала жути минути и денови, ама некако функционираше... Ама веќе сум burned out. Комплетно. Двете ќерќи ми се ултра темпераментни, љубопитни и со големи ега. Бистри, забавни и захтевни, но ретко се двојат од мене, се борат за внимание за мене нон-стоп, некогаш и со меѓусебно буткање, кубење и удирање. Почнав со работа од октомври. Големата заспива после полноќ, најверојатно зошто нема каде да ја потроши енергијата. И почнав да станувам одвратна. Да се дерам и да губам трпение. Бар еднаш во денот се развикувам, особено ми се случува во периодот од 11 вечер, додека да заспие големата, кога сум преморена до распаѓање. Утредента се собирам, си викам, ајде денес е нов ден, со фино, со убаво, со објаснување, со играње... Ама, во седум навечер ме фаќа првата криза, во 11 веќе сум надвор од кожа. Како и да свртам, колку и да се трудам, веќе пукам по шавови. Кога сум бар малку одморена, 95% сум сигурна дека ќе го задржам трпението, ама со вакво хронично неспиење имам чувство дека генетскиот код ми се менува и навистина не сакам да ги трауматизирам децата. Не знам ни што ми беше поентата со пишувањево, знам дека ја имав, ама постов заврши со жалење. Можеби затоа не пишувам често. Како и да е женски, ми недостасува вашата сила, да ве прочитам, да си речам дека не сум сама, не сум единствена со проблемите, не сум луда, не сум лоша мајка, не си ги сјебувам децата... Ама штом почнам да читам (најчесто кога ќе заспијат двете мои ѕверки), веројатноста дека ќе заспијам со телефонот во рака на првиот пост е огромна.
Оф душичка. Ако те теши, посреќна си за нијанса од мене Мојата несака кај татко и. Ако ме нема кога ќе отвори очи, настанува хистерија. Презаспива 50% во раце, со шетање во раце низ ходник. Колениците, половината и нозете ми знаат. За навек се отарасив од целулит. Само понекое капиларче гратис добив Среќа што е 9 кила уште, па се трпи. Се крстам и ова да помине. Можеби заби ја мачат. Мислам, сигурна сум. После се надевам ќе спие со 1-2 кратки будења
Мајки, дали сте давале сирупче за железо и какво искуство имате. Малку ми беше настинат и не јадеше неколку дена, па правевме крвна слика и железото му беше паднато, меѓутоа матичната не ми препиша ништо за тоа. Дали сте давле вие, искуства, м?
За возрасни, за деца е до 100. Со јадење ке го поправите, ама не е воопшто лош. Затоа не ти дале суплемент за железо.
Мајки ви благодарам на советите и поддршката. Ако треба ве барам. @The Unicorn дојди да те гушнам. Ме разнежни,, насмеа, расплака и расположи во периодов кога имам лоши мисли и грижи. Знам ќе пројде. Оптимист сум. Ја сфаќам коронава како непоканет гостин. Затоа сум учтива со неа, ќе ја истрпам и со убаво ќе ја испратам. Знам звучи смешно, но гледајќи ги синко и мм во кревет, со милион обврски по дома, бебе, готвење, плус јака храна за нив. .. Морам да се тешам. @Kaetana фала ти ептен секогаш си ми поддршка. Тераме со доење и покрај некои симптоми што ги имам (вртоглавица, главоболка и болки во зглобовите) @MilaSs12 и мене ми личи на ноќен терор. Ќе помине, знам лошо е за гледање ама тоа е. Ќе издржиме
Почна регресија на 18м (+-) и кај нас. Штом и мојов буден, а тоа се дешава на регресии само. 4м, 8м, 12м, 18м, и следна 24м, пуштена е на најјако... два дена сум зомби, ама сеа се дотерав, да ме гледаат во алишта не во лице, па и со маска, леле до израз подочњаци.
Два дена само?? Кај нас е веќе две недели, влегува во трета. Многу е напорно. Стварно ми иде да укинам дневно спиење. Гледам последна двојка излегува. Ама цело непце и е потечено. Не ми личи во блиска иднина да се среди спиењето. За штикли и дотерување те молам, не ми скоривај јадови Колку ми фали да се намонтирам, да крцка Сега штикли по дома може да носам. Шминки и парфеми за нови ги чувам
@Presrekna секој ден ве помислувам генерацијо Знам дека сте добри и дека ќе бидете уште подобри. Поддршка од нас Со лесно да врват деновите.
Внука ми на 4 месеци имаше Ковид. Имаше температура два дена и три дена затнато носе и толку. Брзо и помина. Другата внука и син ми на 4 години двајцата поминаа без симптоми (ако не се брои два дена затнат нос). Само со лесно да ви поминува.
Како изгледа прозборувањето кај децата? Знам глупо прашање, ама како оди тоа Нечи имаше периоди кога брбљаат без прекин, но се стишува и ништо. Сега е во таа фаџа нели, 18 месеци. Кога би требало да има експлозија на говорот. Е, она почна да кажува зборови, често се неразбирливи, ама чисти зборови. Мама, тата, баба се чисти. Други се кратки и долги зборови. Тоа ли е тоа? Ке почне и моево да збори нели
Ме интересира дали некоја мајка се соочила со спазам? Кој детски невролог го посетивте и како го решивте проблемот?