Сеа имаш една фаза на 18м кај што не ти спие детето и после бум, како свеки да ја слушаш Инаку почнува прво зборчиња различни и повеќе, потоа има две зборчиња , пример. Мама кака, мама папа,мама ам и тн. Па после имаш мама сака ам, и после цели реченици. Вака некако оде, секое дете различно временски . Мојата е 23м, една реченица и е пример. Бабо оди дома дедо, јас одам дома маче. Јас јакам адење (кај што не треба става ј, кај што треба не) Мама оди наму собата. Сега доби уште еден бум во зборувањето, што го поврзувам со одење во градинка.
Преведи ми што значи МАМА КАКА. Го зборува нон стоп Кога сме кај свеки, треба на бајачка да се носела за да се пушти Незнам што очекува она на 18 месеци. Раскази да и кажува. Муабети да си тера Сум ја подбрала, се собра и си отиде. Ама ми ја потече веќе
Ваљда те гледала како какаш или она кака/мочка Реално до 2г нема простор за грижа, нормално ако детето реагира кога ќе го викниш и има поглед тоа се приметува од авион. Супер е твојата, таман си е.
Мајки на поголемки дечиња, дали и кога ги оставивте малите да преспијат кај баба? Баба му сака да го земе една вечер, има таму креветче, ама некако мислам дека е мал, па уште не сум дозволила.
13 месеци, два пати дo сега првиoт пат 2 нoќи, втoриoт една. Нoрмалнo кoга jа земав се натажи, ама каj баба супер била и jадење, спиење без прoблем. Си играла, дури маjка ми вика не пoкажа дека и фалите нoрмална си беше. Дo дететo си е.
Син ми има два пати останато првиот пат кога реновиравме имаше 10 месеци и еднаш на 13 месеци. Супер поминале ни мама ни тато барал и јадел и спиел цел ред како дома
Да не е Мама сака? Да не ти бара нешто? Кај синко беше на 19 месеци експлозијата потоа како што пиша Бејб сега знае и песнички 2, 3 да кажи, зборува се и скоро сите зборчиња ги кажува убаво. Имате време вие, супер е за сега малата @KuklickaSk уште не го имам оставено јас 2 год е, мн станува ноќе и мислам дека ќе плачи и ќе треба да одиме ноќта да го земаме, поради таа причина не се осмелувам уште
Неможам да поврзам што асоцира. Се надевам ќе укопчам за брзо. Ја приметив кога и почнува омилен цртан, пружа рака накај Тв и вика ДИ. Јас така и викам дојди. Се надевам тоа им го кажува, да дојдат @KuklickaSk Ако си има однос со бабата, а ти доверба во нејзе, остави ја да преспие. Јас кај мајка ми само со мене би ја однела да спие, не од што се плашам, туку неможам без нејзе. А и јас сакам со мама да, се гушнам Кај свеки ни преку ден не би ја оставила, ни пет минути сама.
@srekice кај нас кака значи кокомелон и какано. Ко - значи отвори/затвори. Гу - друг/друго. Ке го научите и вие бебешкиов јазик за брзо Едит: и за јаболко вели апл, од цртаните има научено
Да да, супер е со баба му, се чуваат денски, преспивал денски. Ајде ќе пробаме, ако треба ќе трчаме во сред ноќ
Чим денски преспива оставај без гајле. Јас сега ќе ја оставам на мајка ми да се снаоѓа, а ја нема видено една година фактички прв пат ја гледа. Ама воопшто не се секирам ќе си најде начин.
Ја прочитав и цела дискусија за спиењето, потребите на детето и на мајката (@FreeMind затоа 100 likes од мене) и ете сум пропуштила дискусија ради многу обврски. Мајките и во ова модерно време на достапни информации не знаат што ги очекува кога ќе се роди бебето. Додека си трудна никој, буквално никој не зборува дека детето проаѓа низ скокови, дека може да не сака да спие, да не сака да се бања, да не сака во количка. Гледаме, те преплавени сме со слики на бебиња и деца кои се насмеани, кои спијат, кои мирно седат во количка додека мајка им пие кафе во кафич. Сите ќутат и сите мислиме дека ете и нашето дете ќе биде кукла која ќе спие, ќе сака во количка, нема да се треска од земја баш кога ќе решиш да пиеш кафе. Да се биде мајка е тешко. И тоа нема никаква врска со твојата желба да си родител. Се откажуваш од многу работи кои те правеле среќен пред детето. И во ред е да се откажеш од некои работи, и да имаш други, нови (поубави) приоритети. Ама, не сите се носат исто со новата ситуација. Не сите имаат помош. Има огромен број на мајки кои страдаат од постпородилна анксиозност, некои уште пострашно од депресија и има молк околу тоа. Огромна тишина зошто мислиш дека не си мајка ако некако не ти е убаво со детето. И верувајте дека нема ништо полошо и пожално во исто време од мајка која прикрива анксиозност и депресија. Недостаток на сон ги прави работите уште полоши, зошто ок, може има неколку мајки кои се среќни што стануваат 10 пати ноќе, ама бројот на оние кои се нервираат на секое станување и се буквално здробени е многу поголем. Затоа секоја стручна помош е повеќе од добредојдена. Тренингот за спиење, не мора да значи и не е оставање на дете да плаче цела ноќ. Гуднајт на пример работи со gentle method во кој не го оставаш да плаче. На крај ќе напишам дека сите имаме различен стил на живот, и различно убедување како треба или не да растеме дете. Ама во ниту еден случај не си дозволувајте да кажете дека мајката која направила тренинг го оштетила детето за цел живот.
Синко има јасни мама баба и дедо. Има чече за цефче, тенџере стуткано го кажува, тат за сат. И кога ке види куче коза маче квачка, ги имитира без да го прашам. Се друго кажува со некое ммм, и ме носи со рака кај му требам и покажува што му треба.
@KuklickaSk ја оставив прв пат на 10м една ноќ помина без проблем. Од тогаш ја имам оставено уште два пати по два дена, дете весело си игра со јаде си спие исто како дома
@KuklickaSk јас го немам оставено синко, а нема ни да го оставам сега брзо. Заспива со цицка и ако се разбуди, презаспива само со цицка. Ноќе ме бара мене ако се разбуди. Ако случајно сум во веце и го земе татко му, плаче. Преку ден седи со сите баби и дедовци, денска дремка без проблем, не ме бара кога ке стане. За ноќе ке почека уште некое време.
Мајки, дали има место за паника и грижа...не секогаш но, од време на време малиот знае саммо да си се насмее..му поминува некоја мисла и се сеќава или...
Кога ке го одбивам ке намалувам подои и ке најдам начин. Се надевам. Инаку, знае и да ја преспие цела ноќ без воопшто да се буди, вчера имаше една циц пауза. Некогаш и во кола го успиваме затоа што со цицка не сака. Кога јаде убаво си ја преспива ноќта без проблем.